Додека Комисијата за заштита на конкуренцијата одлучува дали ќе ги казни маркетите за картелско здружување, не се знае дали и како потрошувачите ќе добијат отштета што пазареле по договорени цени. Колективни тужби не се предвидени, а и да ги има би било претешко да се докаже штетата од маркетите, смета Организацијата на потрошувачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата се уште не знае дали ќе ги казни маркетите „осомничени“ за картелско ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на Truth Social, објави дека е договорено „целосно“ примирје во конфликтот меѓу Израел и Иран, кое треба да стапи на сила во фази, потенцијално ставајќи крај на она што тој го нарече „12-дневна војна“. Трамп рече дека примирјето ќе се спроведува во фази во текот на 24 часа, „ и потоа Војната ќе се смета за завршена“. Израелскиот премиер изутрината изјави дека Израел се согласил на предлогот на Трамп за ...

Лидерите на земјите членки на НАТО се состануваат во Хаг на 24 и 25 јуни со едно клучно прашање: Дали можат да се договорат за голема нова цел на трошоците за одбрана од 5 проценти од БДП? Во центарот на вниманието, сепак, ќе биде американскиот претседател Доналд Трамп. Ако се појави. Се погласни се шпекулациите дека тој може целосно да го прескокне самитот, иако повеќето инсајдери на НАТО, за РСЕ зборуваа дека веруваат дека тој ќе присуствува. ...

Иранскиот ракетен напад на воената база Ал Удеид во Катар беше многу симболичен чин, внимателно калибриран за да испрати порака на решителност, избегнувајќи поширок и поразорен конфликт. Иран експлицитно изјави дека бројот на проектили лансирани денеска (23 јуни) соодветствува со бројот на бомби фрлени од Соединетите Американски Држави на иранските нуклеарни локации, сигнализирајќи ја својата намера да даде пропорционален одговор наместо да ја ...

Иран денеска (23 јуни) соопшти дека ги нападнал американските сили стационирани во катарската воздухопловна база Ал Удеид – пренесе АП. Со објава на државната телевизија е наведено дека тоа е „моќен и успешен одговор на вооружените сили на Иран на американската агресија“. Катар пак, соопшти дека дека го задржува правото да одговори директно, согласно со меѓународното право откако Иран ја погоди американската воена база Ал Удеид во Доха како ...

Од ветувања за фуриозен старт до најави дека „доаѓа времето на Македонија“, Владата одбележува една година мандат. Власта вели - гради темели, опозицијата обвинува - граѓаните се на раб на достоинство. Што вети, а што исполни Владата во првата година и дали државата е поблиску или подалеку од ЕУ? Откако пред една година на граѓаните им ветуваше дека Македонија ќе биде „повторно твоја“ и „горда“, Владата сега им порачува дека „доаѓа времето на ...

Неколку часа по полноќ на 22 јуни, мал планински венец на околу 200 километри југозападно од Техеран еруптираше од серија страшни експлозии. Станува збопр за планинскиот венец Фордо, каде што Иран со години градеше голем објект, длабоко под земја, за збогатување ураниум за употреба во цивилни електрани, или, како што инсистира Израел, за употреба во нуклеарно оружје. Експлозиите беа предизвикани од десетина конвенционални бомби најголеми во ...

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да изврши напад врз Иран претставува и опасност и можност за рускиот претседател Владимир Путин: Нападите го погодија стратешкиот партнер на Москва, но може да отворат потенцијална врата за дипломатската важност на Русија. По американските напади на клучните јазли на иранскиот нуклеарен комплекс, Техеран се свртува кон Москва. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во неделата ...

Прашањето дали целта на Израел во неговата ескалација на конфликтот со Иран се протега надвор од таргетирањето на нуклеарната и ракетната инфраструктура на Техеран до промена на режимот, стана централна тема на дебата меѓу аналитичарите и набљудувачите. Додека израелските лидери експлицитно не ја прогласија промената на режимот како своја цел, реториката на премиерот Бенјамин Нетанјаху и високи функционери - во комбинација со обемот и ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека дипломатијата не е опција по американскиот напад врз нуклеарните постројки во Иран. Американскиот претседател претходно објави дека САД извеле многу успешен напад врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордоу, Натанц и Есфахан и му порача на Иран дека сега мора да направи прекин на огнот. Во разговор со новинарите во Истанбул, чефот на иранската дипломатија Арагчи рече ...

Земјоделските задруги ќе овозможат директно склучување договори меѓу земјоделците и маркетите, елиминирајќи ги прекупците, што ќе доведе до намалени цени, вели во интервју за РСЕ министерот Цветан Трипуновски. Ннајавува владина кампања за нивно обележувањеза граѓаните да ги препознават. Министре, веројатно како и сите граѓани за време на викенд имате време и простор да отидете да пазарувате храна за дома. Како ви изгледаат цените во маркетите? ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска извршила напади врз три нуклеарни постројки во Иран - Фордоу, Натанц и Исфахан - и дека авионите што ја извршиле мисијата веќе се на пат да се вратат во Соединетите држави. „Го завршивме нашиот многу успешен напад врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордоу, Натанц и Есфахан“, напиша Трамп во објавата на 21 јуни на социјалните мрежи. „Сите авиони сега се ...

Белорусија ослободи 14 затвореници, вклучувајќи го и Сиархеј Цихануски, кој беше приведен во мај 2020 година додека се обидуваше да се кандидира за претседател против авторитарниот лидер Александар Лукашенко. Сопругата на Цихануски, Свјатлана Циханускаја, која на крајот трчаше на местото на нејзиниот сопруг, го потврди ослободувањето. "Мојот сопруг Сиархеи е слободен! Тешко е да се опише радоста во моето срце", напиша таа во објавата на X со ...

Иран и Израел продолжија со меѓусебни напади рано на 21 јуни, активирајќи сирени за воздушни напади низ делови од централен Израел, вклучително и Тел Авив, откако Техеран рече дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека Израел не престане да напаѓа. Околу 2.30 часот Иран активираше ракетен бараж кон Израел, покренувајќи ги израелските системи за воздушна одбрана кои пресретнаа проектили на небото над Тел Авив. Службата за итни ...

Судот во Азербејџан го осуди новинарот и економист Фарид Мехрализада на девет години затвор по обвиненија за кои тој тврди дека се директно поврзани со неговото критичко известување за азербејџанската редакција на Радио Слободна Европа (РСЕ), локално позната како Азадлик Радиосу. Судот за тешки кривични дела во Баку на 20 јуни го осуди Мехрализада и уште шестмина новинари, при што сите ги негираа обвиненијата и тврдеа дека се невини. Во своето ...

Неколку центри за згрижување во цела држава не се доволни да им помогнат наоколу 300 деца принудени на питачење, предупредуваат граѓанските организации. Во лето од Скопје децата „ги селат“ за питачење во туристичките центри. Во Шуто Оризари Дневен центар оставен без финансии заради технички проблем, па вработените со донации ги спасуваат децата. Бебиња се успиваат со лепак и седативи, деца од тригодишна возраст питачат пари од граѓаните, додека ...

Идната седмица некои работи треба да бидат појасни во врска со односите меѓу Скопје и Софија, а во врска со македонските аспирации за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Њузлетер 20.06.2025 Извештајот на Томас Вајц во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент Првиот обид за усвојување на овој извештај, на 4-ти јуни, пропадна, односно, беше одложен за 24 јуни, поради притисоците од бугарските европратеници, кои тврдеа дека Вајц ...

Електронската пошта пристигна во поштенските сандачиња(можеби илјадници меилови) низ целиот свет на 15 јануари 2020 година, најавена како најново ажурирање од меѓународните набљудувачи кои ја следат ситуацијата во источна Украина. Резимето со точки, идентично со оние од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), беше проследено со забелешка „Целосен извештај во прилог“, заедно со лозинка за пристап до приложениот извештај. Ако ...

Во известување до раководството на М-НАВ, Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛМ) бара да се поништи последниот оглас за нови вработувања и да се испочитуваат обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Од Синдикатот повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавуваат реактивирање на ...

Северна Македонија се бори за сопственоста на имот во Хараре, главниот град на Зимбабве, за резиденција која ја доби со сукцесија на дипломатско-конзуларниот имот на поранешната СФРЈ. Објектот е во заложништво од нелегално вселени лица, против кои МНР ќе поведе судска постапка. Над 10.000 километри е растојанието меѓу Скопје и Хараре, главниот град на Зимбабве, а последниот попис, во 2021 година не откри дали и колку воопшто македонски граѓани ...

Еден од вселенските бродови „СпејсИкс“ (SpaceX) на Илон Маск експлодираше за време на рутински тест доцна во среда (18 јуни) во Тексас, соопштија органите за спроведување на законот. Вселенскиот брод 36 доживеа „катастрофален дефект и експлодираше“ во лансирната станица „Старбејс“ кратко по 23:00 часот (04:00 часот по Гринич во четврток)“, пишува во објава на Фејсбук од властите на округот Камерон. Видео споделено со објавата ја прикажува ...

Рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека е подготвен „да најде решение“ за неговата војна со Украина и потенцијално да се сретне со украинскиот лидер, дури и кога бројот на жртви од последниот напад на Русија врз Киев се искачи на 28 лица. „Треба да најдеме решение кое не само што ќе стави крај на сегашниот конфликт, туку и ќе создаде услови што ќе спречат повторување на слични ситуации на долг рок“, рече Путин на брифинг за странските ...

Израел повторно ги нападна Техеран и околниот регион со воздушни напади рано на 19 јуни. Ова се случи на само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не бара“ да се вклучи во борбата, но ќе дејствува доколку е потребно за да го спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Иранските државни медиуми објавија дека беспилотните летала-пресретнувачи на воздушната одбрана на земјата биле активирани над периферијата на ...

Иран лансираше нов пламен од ракети кон Израел во четврток, при што беше објавено дека е погодена болница. Новинарите на АФП јавуваат за насилни, продолжени експлозии во Ерусалим и Тел Авив, а сирени се огласиле во неколку делови од земјата како предупредување за дојдовни ирански ракети. Кратко потоа, армијата соопшти дека граѓаните можат да ги напуштат своите засолништа, додека министерот за надворешни работи рече дека болницата Сорока во ...

Адвокатите на четворица од вкупно петмина обвинети во случајот со убиствата на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, побараа ослободителни пресуди за своите клиенти, на рочиштето кое се одржа на 18 јуни во Основниот кривичен суд Скопје. Судскиот процес пред првостепениот суд е пред крај и останува уште завршни зборови да дадат адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо и секој од обвинетите ...

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи го отфрли повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за „безусловно предавање“ на Иран, додека израелските воздушни напади шести ден по ред таргетираат цели на иранска територија. Зборувајќи јавно по втор пат откако Израел започна напади врз Иран, 86-годишниот Хамнеи рече дека мирот или војната не можат да се наметнат на Исламската република и ги предупреди Соединетите Американски Држави да ...

Една недела откако седна во министерската фотелја, првиот човек на здравство Азир Алиу бара решение за ослободување на сообраќајниот хаос на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од Владата велат дека прашањето е нејзин приоритет, но, се уште нема конечно решение по пропаѓањето на тендерот со албанската „Ѓока констракшн“. Од 300 до 500 нови паркинг места за пациентите кои се лекуваат на Клинички центар и нивните придружници. Ова е само најава на ...

Украинските служби за итни случаи сè уште извлекуваат тела од урнатините на уништените станбени згради во Киев, погодени од руските ракетни и беспилотни летала, додека бројот на жртви во украинската престолнина се искачи на 24. Државната служба за итни случаи информираше дека работници со кучиња трагачи и тешка градежна опрема ги пребаруваат урнатините на 18 јуни за повеќе преживеани од нападот еден ден претходно - еден од најголемите во Киев во ...

Комплетната анализа на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за зголемување на цените на прехранбените производи ќе биде готова во текот на наредната недела, најави денеска (18 јуни) заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, прашан за тоа дали веќе се работи на мерки за намалување на цените на прехранбените производи во супермаркетите. „Ние ги следиме цените максимално преку Државниот пазарен инспекторат правиме анализи и доколку ...

Апелациониот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со паѓањето на настрешницата на железничката станица во тој град, кога загинаа 16 лица. Тие беа осудени на куќен притвор во траење од три месеци. Со оваа одлука на судот, ниту еден од 13-те уапсени по падот на настрешницата повеќе не е во затворски притвор. Како што беше најавено на 18 јуни, Апелациониот суд делумно ги прифати жалбите на бранителите и им го ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1022
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
56%
1025
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.05
71%
1024
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
75%
1023
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
51%
1023
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
59%
1025
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
58%
1025
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 6ᴼ
2.57
82%
1024
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1024
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1023
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.59849