Данска го презеде шестмесечното ротирачко претседателство со Советот на Европската Унија, во период кога главните прашања кои се поставуваат се околу безбедноста и трговијата на Европа и војната што сè уште беснее на нејзиното источно крило. „Европа е во клучен момент. Светот што ја обезбеди нашата слобода и ни овозможи просперитет повеќе не може да се зема здраво за готово“, рече данската премиерка Мете Фредериксен во својата поздравна порака ...

По „убавиот“ летен викенд поминат во село во посета на пријатели со неговата сопруга Ина, новинарот Ихар Карнеи бил расположен кога отишол на шопинг еден понеделник наутро пред две години. Тој не стигнал далеку. Неколку секунди откако го напуштил станот, видел сенка на скалите - и му се приближил офицер од КГБ, како што сè уште се нарекува главната агенција за домашна безбедност во Белорусија речиси 35 години по распадот на Советскиот Сојуз. „Се ...

Иако интерпелациите за Уставниот суд, Судскиот совет и јавниот обвинител формално се наменети за проверка и одговорност, за дел од нив аналитичарите сметаат дека се кријат и политички интереси. Оваа двостраност ги прави интерпелациите и предмет на дебати, но и инструмент на притисок. Во последните месеци, интерпелацијата во законодавниот дом доби нови димензии, особено кога станува збор за судскиот дел - Уставниот суд, Судскиот совет и јавниот ...

Во екот на масовните антивладини протести и барањата на демонстрантите за распишување предвремени избори, српскиот претседател Александар Вучиќ повторно се обрати до Русија. На 30 јуни, Вучиќ им се заблагодари на „руските пријатели“, како што го нарече државниот врв во Москва, за нивното „разбирање“. Тоа беше негов одговор на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров - дека Москва е заинтересирана за смирување на немирите ...

Исполнетоста на реформи во регионот е 75%, но еврокомесарката за проширување Марта Кос побара лидерите да се посветат на остатокот. Добра вест за Кос е што и Босна и Херцеговина ја усвоила реформската агенда. Членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, порача Кос, но македонскиот премиер Мицкоски е повнимателен затоа што, вели, нема гаранции оти уставните измени се последните отстапки што се бараат од Северна Македонија. Секое ...

Започна со повици за одговорност за смртта на 16 лица во Нови Сад. Продолжи со барање за распишување вонредни избори, борба против корупцијата и ослободување на уапсените активисти. Кулминираше со повици за територијален интегритет на Србија. За седум месеци, протестите што ги повикаа студентите во Србија се чини дека го сменија својот фокус, според соговорниците на Радио Слободна Европа. „Ги видовме тие изјави, видовме дека никој не ja спомена ...

На годишниот руски настан за деловни инвестиции, финансиран од Кремљ како прослава на ветувања и можности, највисокиот економски министер на земјата истури „студена војна“ на забавата. „Според бројките, да, сега имаме заладување. Врз основа на моменталното расположение во бизнисот, ми се чини дека сме на работ на транзиција во рецесија“, вели Максим Решетников на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Како тоа да не беше доволно ...

По масовниот протест на Видовден и апсењата на демонстранти, Србија е под блокади. Студенти и граѓани започнаа „граѓанска непослушност“ и бараат избори. Власта засега не сака да ги исполни барањата. Вучиќ активностите на демонстрантите ги стави и во контекст на „терористички активности“ во Србија. По масовниот протест на 28 јуни, сообраќајниците ширум Србија се под блокада. Реагирајќи на апсењата на учесници на студентскиот протест на Видовден, ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска (30 јуни) попладне пристигна во Скопје каде одржува билатерални средби со лидерите од земјите од регионот, додека утре (1 јули) ќе биде дел од Самитот ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст. Кос, која на скопскиот аеродром ја пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија Тимчо Муцунски, веќе ја одржа првата средба со македонската делегација предводена ...

Во Кочани голем интерес за доброволни пожарникари, кои без никаков надоместок гасат пожари на терен заедно со професионалците. Високите температури ги зачестија пожарите, но нема вработувања на најавените 400 пожарникари, а опрема и натаму добиваат само од странски амбасади и донатори. По трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани која беше кобна за 62 млади луѓе, кај локалните жители се зголемил интересот за да станат доброволни пожарникари, ...

Утринава (30 јуни)постепено се нормализира сообраќајот низ Белград откако до доцна во ноќта студентите во блокада и граѓани блокираа голем број раскрсници, улици и мостови во главнипот град на Србија. Во текот на ноќта, полицијата ги отстрани сите блокади на патиштата во Белград и сообраќајот може да функционира нормално, соопшто утрово Министерството за внатрешни работи на Србија. Утрово во 3:44 часот на социјалните мрежи, студентите во блокада ...

По месеци на тлеење на тензии во земјата, Грузија полека повторно се искачува на агендата на ЕУ, поттикната од бран апсења на опозициски личности и нови рестриктивни закони како што се Законот за регистрација на странски агенти и промени во прописите за радиодифузија. Во поголемиот дел од изминатата година, поради недостиг на едногласност, ЕУ се мачеше да формира јасна стратегија кон владејачката партија на власт-Грузиски сон, особено откако таа ...

Отсуството на Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи од јавноста за време на израелско - иранската војна може да се покаже како одлучувачки момент за неговото лидерство и иднината на Исламската Република. Додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше постојано присутен, давајќи дневни изјави и демонстрирајќи решителност - Хамнеи, врховниот командант на Иран, беше во голема мера невидлив, објавувајќи само две видео пораки за време на ...

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски вели дека наместо да се подобрува состојбата во градот се влошува, создадена е институционална криза. За судскиот процес за трегедијата во која загинаа 62 лица, а 250 се повредени вели дека будно ќе го следат и нема да дозволат „да се тргува со жртвите“. Господине Крстевски, три месеци по катастрофалната трагедија во дискотеката Пус, како ја опишувате моменталната состојба во Кочани? Моменталната ...

Два протести се одржуваат на националниот празник Видовден во центарот на Белград. Едниот е организиран од студенти кои ги блокираат факултетите низ целата земја од ноември 2024 година и бараат предвремени избори. Другиот е од граѓани кои, како што велат, го поддржуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На улиците на Белград, каде што истовремено се одржуваат двата протести, присутни се полициски екипи со опрема за борба против нереди. ...

Изборни процеси, скандали или кризи – сите овие фактори создаваат „плодна почва“ за една земја да стане цел на странско мешање и манипулација со информации (СММИ), вели белгискиот истражувачки новинар Јоп Нутс во интервју за РСЕ. Белгискиот новинар Јоп Нутс кој го истражува странското мешање во различни држави, објаснува што тоа може да значи за довербата на граѓаните во институциите, но и што државата би можела да направи за да ги заштити. Дали ...

Додека Москва ги собираше силите на границите на Украина на почетокот на 2022 година, Сергеј Давидјук беше еден од многуте луѓе кои не очекуваа рускиот претседател Владимир Путин да започне голема инвазија. „Мислев дека ќе ги покажат мускулите и дека тоа ќе биде тоа“, изјави тој за Радио Слободна Европа во неодамнешно интервју. Но, не беше во право. „На 24 февруари се разбудив затоа што летаа ракети и го бомбардираа воениот гарнизон надвор од ...

За првпат во историјата, Европската Унија ќе одржи самит со Молдавија во Кишињев на 4 јули, потег што сигнализира подлабоки политички врски. Нацрт-декларацијата од самитот, до која имаше увид Радио Слободна Европа вели дека ваквите состаноци ќе станат редовна карактеристика на односите ЕУ-Молдавија. Од друга страна, документот е нејасен во врска со брзината на процесот на пристапување на Молдавија во ЕУ. Исто така, таа го повикува Кишињев да ...

Министерства, агенции, комисии, општини, објавуваат конкурси за вработување непосредно пред локалните избори. Негираат дека е обид за нивно партизирање, но за експертите тоа воопшто не е случајно и е пракса на сите влади. Министерството за јавна администрација се уште не го објавува извештајот за бројот на вработени во јавниот сектор, . На нешто повеќе од три месеци пред најавеното одржување на локалните избори, само во јуни објавени се десетици ...

Дали секој потег на владата е катастрофално лош или сите владини политики се идеални? Ако се суди според партиските реакции, не постои средина, - или сѐ е црно или сѐ е бело. Каква е реалноста? Њузлетер 27.06.2025 Деновиве, а тоа стана „нормален“ начин на водење политика од страна на партиите, во неколку прилики се покажаа крајно различните оценки на релација власт – опозиција за одредени прашања. А, за некои од нив, би требало да има национално ...

Ова можеше да биде значајна недела во долгорочната желба на Украина за приклучување кон Европската Унија и НАТО. Но, на крајот, не беше. Додека лидерите на двете институции се состанаа на клучните самити во Брисел и Хаг, евентуалното членство на Киев во двете институции требаше да биде главно. Наместо тоа, сега Украина не е поблиску до приклучување кон ниту една од овие две институции, бидејќи многуте пречки на земјата која е разурната од војна, ...

Се спушти прашината над Фордо, оддалечениот планински нуклеарен објект на Иран, и две други локации за кои САД велат дека ги „збришале“ за време на викендот, во драматична ескалација на нивните напори да ја попречат нуклеарната програма на Техеран. До денес, таа програма даде нешто повеќе од 400 килограми високо збогатен ураниум, што се смета за „блиску“ до степен на рафиниран ураниум што може да се стави во бомба. Па каде е високо збогатениот ...

Додека траеја нападите меѓу Иран и Израел цените на енергенсите варираа, имаше неколку зголемувања за дизелот и на македонскиот пазар. Од РКЕ очекуваат оти по примирјето ќе се задржи стабилноста што најмногу му одговара и на бизнисот. Во спротивно, би можело да дојде до инфлациски скокови. Дали и што може да направи и државата? Нови разгорувања на конфликтите на Блискиот Исток би можеле директно да ги погодат и македонските граѓаните. ...

Еден ден по завршувањето на самитот на НАТО во Хаг, лидерите на ЕУ тргнаa на кратко патување на југ кон Брисел за нивниот редовен летен Европски совет. Почнувајќи наутро на 26 јуни, овој самит може да продолжи и следниот ден бидејќи има многу точки на дневен ред - особено Иран, каде што ЕУ се бори да остане релевантна. Сепак, според дипломатите од Брисел со кои разговаравме, блокот сè уште има за цел да дејствува како канал за потенцијални ...

Извозот е запрен, но не е познато колку и што е извезено. Овој заклучок се однесува на одлуката што пред два дена ја објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ја потврди Министерството за одбрана во соопштение кратко по неговото обраќање. Србија го запира извозот на муниција, рече Вучиќ, нагласувајќи го пред сè извозот насочен кон Израел, земјата што е во центарот на конфликтот на Блискиот Исток, што се заканува со поширока ...

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го потврди протекувањето на владин извештај за проценка на штетата предизвикана од американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни локации. Тој го нарече „прелиминарен“ со „ниско ниво на доверба“, а откако неколку медиуми цитираа извори кои велат дека документот покажал дека операцијата веројатно само ја запрела нуклеарната програма на Техеран за неколку месеци. Извештајот беше остро ...

Лидерите на НАТО се обврзаа дека членовите на Алијансата ќе трошат 5 проценти од својот БДП секоја година за одбрана и безбедност до 2035 година за да ги исполнат „индивидуалните и колективните обврски“. Ова е втора точка од декларација од самитот во Хаг, која беше усвоена денеска на 25 јуни. Во декларацијата се наведува дека членовите ќе поднесат „годишни планови“ за да демонстрираат „кредибилен и прогресивен пат кон таа цел“, со поширок ...

Судијата од Кривичен суд - Скопје Ивица Стефановски за четворица обвинети денеска изрече казна доживотен затвор за убиствата и грабнувањата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Таткото на девојчето кој беше обвинет за помагање доби ослободителна пресуда. Вака заврши првостепената постапка за грозоморните убиства кои ја потресоа јавноста а кои се случија на крајот на ноември и почетокот на декември 2023 година. Судијата ...

По 12 дена невидени директни непријателства, Израел и Иран се согласија на прекин на огнот што донесе напната мир во регионот. Војната, обележана со разорни воздушни напади, ракетни баражи и тајни операции, ги остави двете земји во неволја. Иако непосредните борби престанаа, политичките, воените и нуклеарните импликации од оваа кратка, но интензивна војна само што почнуваат да се одвиваат. Двете земји побрзаа да прогласат успех, при што ...

Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц изрази задоволство од политичката поддршка за неговиот извештај за Северна Македонија. Предлогот за додавање на зборот „модерен" или современ пред македонскиот јазик беше отфрлен, но извештајот ќе се гласа на пленарна седница во јули. Во атмосфера на жестоки реакции меѓу македонските и бугарските политичари, Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1022
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
56%
1025
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.05
71%
1024
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
75%
1023
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
51%
1023
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
59%
1025
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
58%
1025
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 6ᴼ
2.57
82%
1024
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1024
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1023
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.59849