Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Иако секој трет стан во државата е празен, побарувачката е голема и ја надминува понудата, што е и главен фактор кој ја крева цената на квадратот. Додека расте цената, расте и побарувачката за кредити. Државни станови, пак, се градат, но не доволно за да ја урнат цената. Гувернерот Славески најави мерки, но колку државата реално може да интервенира во цените? Ако пред една година за стан од 50 квадрати во некоја од населбите во Скопје сте дале ...
Годишен извештај на хрватската Безбедносно - разузнавачка агенција за безбедносните предизвици на Западен Балкан. Безбедносно - разузнавачка агенција на Хрватска оценува дека односите меѓу Косово и Србија остануваат нестабилни и дека во такви околности ескалацијата на тензиите во Косово претставува постојан ризик. Во својот годишен извештај, агенцијата фрла светлина не само врз безбедносната состојба во Хрватска, туку и врз настаните во Западен ...
Зелен хуман град ќе стане партија за да не мора да собира 3500 потписи, туку со илјада да може да предложи советницит во Градот Скопје. Независните советниците се жалат на дискриминација во изборите а пратениците од владејачкото мнозинство им порачуваат дека без потписи немаат легитимитет . Малкумина на број, без државни пари и партиска војска зад нив, независни општински советници велат дека се сардисани на изборниот фронт од моќните и богати ...
Некој разговара со чет бот за да поправи нешто по дома, а некој за да има „пријател“. Светската статистика покажува дека секој шести човек на планетава е осамен. На толку осамени, очекувано е да има луѓе кои полесно ќе се поврзат до компјутер отколку со човек, велат психотерапевтите. Од дигитално гледање на кафе до обид да се биде „сам свој мајстор“за поправка на кафемат. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат дека чет ботовите -компјутерски ...
Лидерите на ЕУ се упатуваат кон Пекинг на самит со Кина во услови на зголемени трговски тензии и војната во Украина. Со оглед на тоа што американските царини се закануваат и односите меѓу ЕУ и Кина се затегнати, Брисел се соочува со тешки прашања за неговото стратешко и економско балансирање. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе се сретнат со кинескиот претседател и ...
Кога Русија ја започна целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година, Ксенија Колдин завршуваше 11-то одделение во Вовчанск, град на околу 70 километри од нејзиниот роден Харков. Шест месеци подоцна, додека земјата беше во војна, таа и нејзиниот помлад брат беа принудени да одат во Русија. Тие не беа на фронтот, но сепак двајцата беа меѓу илјадниците жртви од конфликтот. Порано овој месец, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја ...
За една група украински волонтери, ризикот од ракување со ракети на фронтот дефинитивно е подобар од убаво, мирно пензионирање. „Степските Волци“, се единица што не е официјално признаена од украинската армија - но нејзините членови, кои сите се постари од 60 години, им се добро познати на војниците што се борат против руската инвазија. Тие често вршат работа што се смета за премногу ризична за редовните војници: собирање погрешно испукани ...
Родителите на деца со попреченост преку петиција бараат законски измени за да добијат статус на родител-негувател. Голем дел од нив не можат да работат поради целосната посветеност на децата. Исклучени од пазарот на труд, сметаат дека треба да добиваат месечен паричен надоместок од државата. Од надлежното министерство велат дека се отворени за соработка и размена на идеи. „Кога имате дете со попреченост, не е едноставно да го чувате додека ...
Локални избори годинава ќе бидат првата битка за опстанок на коалицијата Вреди. Во меѓувреме, политичарите ги заменија летните одмори со теренски активности, промовирајќи дел од проектите со пари од буџетот, пред официјалниот старт на изборната кампања. Престојните локални избори може да бидат тест за владината коалицијата. Исходот од битката меѓу владејачката коалиција Вреди (Влен) и опозициската ДУИ може да ја одреди судбината на владината ...
Приватното здравствено осигурување се попримамливо за граѓаните. Се почесто се вртат огласи за вработување во кои меѓу другото како едно од поволностите е и дека вработениот ќе може да се лекува во приватни болници. Осигурителните компании нудат најразлични пакети, државата крева раменици. Скопјанецот Јаков К. има мала семејна фирма во која и тој самиот е вработен. Од пред речиси три години одлучил дека освен што ги подмирува сите давачки кон ...
Иран ќе се сретне со претставници од Велика Британија, Франција и Германија - таканаречената Европска тројка - во Истанбул на 25 јули за да разговараат за нуклеарната програма на земјата, бидејќи западните земји го зголемуваат притисокот врз Техеран да постигне договор или да се соочи со нови санкции. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, доцна на 20 јули изјави дека разговорите ќе се одржат на ниво на ...
Еквадорската влада во неделата го екстрадираше во САД главниот трговец со дрога Адолфо Масијас, познат по прекарот „Фито“, еден месец откако беше фатен. Масијас избега од затвор со максимално обезбедување во 2024 година. Американското обвинителство објави обвинение против него во април. Опишан како водач на бандата „Лос Чонерос“, Масијас е обвинет за дистрибуција на кокаин, заговор и вооружено насилство, вклучително и трговија со оружје. Во ...
Новите закони за администрацијата се донесени и сега ќе се чека да ги дадат првите резултати. Власта ветува реформа додека констатира дека 40% од административците ништо не работат. Синдикатите велат проблем се партиските и роднинските вработувања, а недостигаат стручни работници. Ќе се промени ли состојбата со новите закони? Закони за јавната администрација во Северна Македонија имало и ќе има, а за да нема партиски и роднински вработување ...
Министерката за образование Весна Јавевска смета дека не може да се исполни барањето на родителите на децата со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти, затоа што потребите во училиштата се, како што вели, променливи. Дел од родителите јавно посочуваа дека со честите промени на образовните асистенти се создава ризик за регрес во образовниот процес на нивните деца. Министерке, во ек на летниот распуст дел од родителите на ...
Основното јавно обвинителство Скопје денеска (18 јули) поднесе Обвинителен предлог против едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. На 11 јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката Арсовска, со кое предизвикал телесна повреда кај оштетената и чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста, информираат од Обвинителството. Додека градоначалничката ...
Шест тимови во смена ги покриваат повиците кон Итната медицинска помош во Скопје, но при непогоди, главниот град е оставен едвај со два. Службите прават хиперселекција на повиците и постојано алармираат за нови вработувања и нови возила. Министерството за здравство најави конкурс за 40 вработувања. „Да дојдеше порано Итната медицинска помош, можеби животот на еден од нив двајца ќе беше спасен. Или нејзиниот живот, или на бебето“, вели блиска ...
Скопје од крајот на јуни се соочува со сè почести прекини и слаб притисок на вода. Причините – прекумерна потрошувачка, слаба мрежа, диви приклучоци и урбанистичкиот хаос. ЈП Водовод најавува решенија следната недела, а Владата вели дека не е надлежна за проблемот. Експерти предупредуваат дека градот се планира како да имаме бескрајно вода, а ја немаме. Летото носи високи температури, а со тоа и зголемена потрошувачка на вода – што е вообичаено ...
Кога седум месеци по целосната инвазија, рускиот претседател Владимир Путин нареди, како што рече, „делумна мобилизација“ на мажи способни за борба за да се поттикне војната во Украина во септември 2022 година, ефектот беше видлив на улиците и на границите на земјата. Регрутерите упаднаа во канцеларии, се криеја пред станбени згради и се движеа низ возовите на метрото во потрага по мажи кои биле предмет на повик, а стотици илјади Руси избегаа од ...
Од 50 депонии во државата само Дрисла и гевгелиската имаат интегрирана еко дозвола, а на повеќе од 1000 диви депонии некотролирано се исфрла отпад. Еко-активистите тврдат бројката стигнува до 3 илјади и алармираат дека ако нема мерки ќе горат сѐ повеќе депонии. Лекарите предупредуваат дека последиците од ваквите пожари не се гледаат веднаш, но може да бидат сериозни. Под клима наместо на тераса и со вклучен прочистувач за воздух, како да е зима, ...
Постигната е согласност да продолжат активностите за изградбата на прекуграничниот тунел, кој ќе биде изграден во согласност со постоечкиот технички проект доставен од страна на Македонија. Двете страни во Брисел се обврзале да ги истражат можностите за заедничко аплицирање за финансирање од ЕУ или од партнерските финансиски институции за заедничка изградба на тунелот кај Деве Баир Во Брисел се одржал состанок на македонските и бугарските ...
Првата заедничка обука на српската и кинеската армија е нов чекор за двете земји во продлабочувањето на воената соработка. Така, Србија стана единствената земја-кандидат за членство во Европската Унија која има воена обука со Кина. Кинеското Министерство за одбрана објави заедничка обука на специјални единици на кинеската и српската армија „Мировник 2025“. Обуката ќе се одржи во покраината Хебеј, на северот од Кина, во втората половина на јули, ...
Пензиите во септември секако ќе се зголемат - ако е процентуално зголемување, тие со најниска пензија ќе добијат плус по околу 700 денари месечно. За да има линеарно зголемување треба да се смени законот за пензиско и инвалидско осигурување, а неизвесно е дали тоа ќе се случи до распишувањето на локалните избори околу 8 август. Пензионерите од септември треба да добијат повисоки пензии, но уште не се знае на кој начин и за колку. Едниот начин е ...
Граѓанскиот отпор продолжува, но и правна битка најавуваат активистите против изградбата на две мали хидроцентрали на реката Дошница, на планината Кожуф. Тие велат дека јавноста е целосно исклучена од процесот на одобрување на мали хидроцентрали. Од друга страна, Владата му го продолжи рокот за изградба на концесионерот за двете мали хидроцентрали за една година. Багери пристигнаа и до брегот на реката Дошница, на планината Кожув и почнаа со ...
Додека Русија останува преокупирана со војната во Украина, нејзиното влијание слабее по должината на нејзината јужна граница, особено во Ерменија и Азербејџан. Оваа промена на моќта отвора врата за други играчи, вклучувајќи ги Турција, Европската Унија и САД, да го прошират своето присуство во регионот, велат аналитичари за Радио Слободна Европа(РСЕ). На 10 јули, ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се ...
Додека пожарникарите се бореа со пламените јазици изминатите денови, пратениците дебатираа за ребаланс на Буџетот. Владата уверува дека работи на модернизација на службите, но без прецизен одговор дали предвидела да им купи нови возила. Опозицијата бара повеќе пари за пожарникарите, но колку и таа ги опреми додека беше власт? Охридските пожарникари се надеваат дека наскоро ќе добијат неколку нови противпожарни возила. Не од државата, туку од ...
Кога американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека ќе даде „голема изјава“ за Русија, се шпекулираше дека тој би можел да искористи речиси 4 милијарди долари неискористена американска воена помош за Украина или конечно да воведе санкции врз Москва и нејзините главни трговски партнери. Наместо тоа, Трамп на 14 јули објави дека европските членки на НАТО ќе испратат постоечки системи за оружје како што се ракетните системи ...
Додека министрите за надворешни работи на ЕУ се собираат во Брисел на 15 јули на нивниот последен официјален состанок пред летната пауза, Грузија повторно е високо на агендата поради влошената политичка ситуација во јужнокавкаската република по неодамнешните апсења на неколку опозициски политичари. Само кратката точка за дискусија меѓу министрите минатиот месец, околу ситуацијата во земјата, сега е главна тема за разговор - и овој пат може да се ...
Опрема од 13 милиони евра не е ставена во функција во болниците ширум Северна Македонија, кои немаат ниту кадровски ниту просторни услови. Дополнително, опрема со вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет. Ревизорите ги лоцираа слабостите на здравството во кое лекувањето е сѐ понедостижно. „На листата за снимање со ПЕТ-скен бев ставена во јануари 2024 година, но ме повикаа во јануари 2025. Кога и да прашав на шалтер за мојот ...
Функционирањето на институцијата Народен правобранител се доведува во прашање откако досегашниот омбудсман Насер Зибери замина во пензија, а наследник нема. Дополнително недостасуваат уште најмалку петмина заменици. Последиците од правниот вакуум ќе ги почувствуваат граѓаните. Гласот на обесправените чии граѓански права биле прекршени од институциите ќе нема кој да го слушне. Функционирањето на механизмот за заштита на граѓанските права„Народен ...
На 15 јули се очекува министрите за надворешни работи на Европската Унија официјално да го потврдат договорот за воведување санкции врз поединци и субјекти кои ЕУ ги смета за одговорни за „дестабилизирачки дејствија“ во Молдавија, земја каде што Русија сè уште има големо влијание и има повеќе од 1000 војници во сепаратистичкиот регион Приднестровие. Режимот на санкции првпат беше воспоставен во 2023 година со цел да се заштити Кишињев од обидите ...