Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе испрати дополнителни системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина - најверојатно преку Европската Унија - додека Киев, Москва и остатокот од светот ја чекаат, како што рече, „голема изјава“ за долгиот конфликт. Трамп не даде детали за планираните испораки на „Патриот“ до Киев - кој долго време се залага за системите што ги смета за клучни за одбрана на своите градови од честите ноќни ...

Пекинг јавно се претставува како неутрална страна во војната предизвикана од целосната инвазија на Русија врз Украина, тврдејќи дека го почитува територијалниот интегритет на Украина, нагласувајќи ја потребата од решавање на безбедносните загрижености на Русија. Но, зад сцената, тоа можеби се менува. Според претставници на ЕУ кои разговараа со РСЕ под услов да останат анонимни, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји минатата седмица ѝ ...

Популарна авганистанска пејачка исчезна пред повеќе од еден месец во Кабул, каде што се прослави по својот настап во популарно телевизиско шоу за таленти пред речиси 10 години. Според нејзиниот сопруг, Зулала Хашеми отишла на шопинг за претстојната прослава на Бајрам на 4 јуни, велејќи му дека ќе се врати за „неколку часа“. Оттогаш, никој не ја видел ниту слушнал за неа. „Зулала требаше да оди со нејзината тетка, која живее во близина, но таа не ...

Како што продолжува војната на украинските фронтови , украинските артилериски тимови продолжуваат да ја бранат разурнатата Доњецка област и покрај постојаните напади од руски дронови. Украинската редакција на Радио Слободна Европа ја посети единицата која го користи советскиот артилериски систем „Акација“ во близина на од Русија окупираниот рударски град Соледар. „Работи како часовник откако почна војната“, рече Јегор, војник од единицата. Од ...

Додека пожари беснеат во земјава директорот на ДЗС Стојанче Ангелов смета дека добро се справуваат со нив. Наместо интервентна единица тој доби пренаменети оклопни возила и доброволци во најава, но во интервју за РСЕ вели дека не е задоволен. За жртвите се истражува дали се од пожарите. Господине Ангелов, неделава низ државата имаше многубројни пожари. Во нив има и материјална штета, но и жртви. Каква е вашата оценка, како државата се справува ...

Во Кочани овој Петровден, инаку патрон празник на градот, наместо да се пее и празнува, се молчи и се тагува. Свежи се сеќавањата на ужасната трагедија во кочанската дискотека Пулс која на 16 март зема 62 животи, а во која беа повредени околу 200 луѓе. На комеморација во салата на Центарот за култура „Бели мугри“, организирана од Општина Кочани со поддршка на Црвен крст, граѓаните оддадоа почит со минута молк. Блиските на жртвите, облечени во ...

МВР поднесе кривични пријави против две лица, а Обвинителството поведе постапка и побара притвор за првоосомничениот и мерки за претпазливост за другото лице откако градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вчера беше физички нападната во општина Чаир вршејќи увид на дивоградба. Министерството за внатрешни работи (МВР) одобри 24-часовно обезбедување на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, откако таа вчера беше нападната на Бит Пазар ...

Во една од неговите највоинствени и најпровокативни изјави додека беснее војната на Русија против Украина, претседателот Владимир Путин кон крајот на минатиот месец рече дека „каде што стапнува ногата на руски војник - тоа е наше“. Тврдењата на Москва одат многу подалеку од земјата што нејзините војници всушност ја контролираат во Украина повеќе од 40 месеци по нејзината целосна инвазија: Во септември 2022 година, Путин неосновано прогласи дека ...

Четири месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 лица и околу 200 беа повредени, Кочани во следните три дена ќе го одбележи Петровден, патрониот празник на градот. Вo сабота, на 12 јули, предвидена е комеморација за загинатите, марш за правда, но и музички концерт, што предизвика жестоки реакции во јавноста. В.д.градоначалникот Крстевски во писмено обраќање до јавноста вели дека на општеството му е потребно да заздрави по ...

Ќе гласаме во октомври, ама за некои не е рано за „покажување мускули“. Други велат дека „сè уште има време пред нас“. Њузлетер 11.07.2025 За повеќе половина од вкупно 80 општини плус Градот Скопје, познат е барем по најмалку еден кандидат што ќе се најде на гласачкото ливче. За останатите сè уште калкулираат, мерат рејтинзи, договораат соработки, а некои веќе почнаа и да ги покажуваат „политичките мускули“ и да најавуваат победа уште во првиот ...

Во декември 2024 година, речиси седум месеци пред рускиот министер за транспорт да биде пронајден мртов со прострелна рана во грмушките во близина на неговиот автомобил „Тесла“ во московско предградие, истражителите во Курск го објавија апсењето на поранешниот раководител на развојната корпорација на рускиот пограничен регион. Игор Грабин, тврдат властите, злоупотребил буџетски средства - околу 19 милијарди рубли (250 милиони американски долари) ...

УНЕСКО го одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на загрозени светски наследства, но под услов Северна Македонија до февруари 2026 година да исполни низа конкретни обврски за заштита на неговите природни и културни вредности. Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 47. сесија во Париз го усвои амандманот поднесен од македонските претставници, со кој беше барано да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски ...

Беше грозно, страшно, летаа и хелихоптери, како во војна да бевме, сведочи за РСЕ жителка на Николиќ, крај Дојран. Жителите на Горно Оризаре со лопати и трактори се бореле со огнот. Досега има две жртви. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сомнева оти пожарите се подметнати. И сега има чад, но огнот е далеку од куќите, вели Слободанка Стојчева од селото Николиќ кај Дојран, каде што гори еден од осумте активни пожари колку што во ...

Соединетите Држави и Иран се подготвени да се вратат на преговарачката маса во момент кога тензиите меѓу двете страни се високи, а меѓусебната доверба ниска. Разговорите биле првично планирани за 10 јули во Осло, велат извори за Радио Слободна Европа, според кои состанокот сега е одложен - веројатно за следната недела. Кога и да се одржат, разговорите ќе означат потенцијално рестартирање на нуклеарната дипломатија меѓу долгогодишните противници ...

Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2023 и 2024 година кој денеска беше изгласан во Европскиот Парламент со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ со амандман избришани се македонски јазик и идентитет. Усвоени амандмани за загриженост за улогите на унгарската и српската влада во остварувањето на геополитичките цели на Кина и Русија. Амандманите со кои се бараше да се отстрани македонскиот јазик и идентитет од европскиот ...

За повеќе од половина општини во земјава, познат е барем по еден кандидат за локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно објавија 70 имиња. Партиите на власт ќе соработуваат во некои општини. СДСМ сè уште анализира имиња, меѓу кои и за Скопје. Што е познато досега за локалните избори? Актуелни градоначалници во трка по нови мандати, ниту еден пратеник не претендира да се пресели во локалната власт и само три жени меѓу 70-тината мажи. Ваков ...

Европската Унија се приближува кон конечно усвојување на својот последен пакет санкции, 18-ти по целосната руска инвазија на Украина пред повеќе од три години. Но, сè уште треба да се преговара за две точки. Прво, ограничувањето на цената на руската нафта. Тоа е сè уште во нацрт-предлогот во кој увид имаше Радио Слободна Европа, но се поставува прашањето дали ќе остане таму. Второ, постои словачко вето за прашање што е поврзано со санкциите, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази зголемено разочарување од својот руски колега, Владимир Путин, додека војната во Украина се одолговлекува, велејќи дека размислува за воведување нови санкции врз Москва. Во коментарите дадени во Белата куќа на 8 јули, пет дена по неговиот последен телефонски разговор со Путин, Трамп посочи дека постигнува мал напредок во својата цел за ставање крај на повеќе од 40-месечната војна. „Добиваме многу ...

Откако скопската градоначалничка Данела Арсовска интензивно објавува дивоградби и незаконска легализација во Општина Чаир, се разгоре битката на таа тема меѓу ДУИ и ВЛЕН. Арсовска тврди дека ова е случај само во Чаир, додека градоначалникот Висар Гаину ја обвини дека предизборно одработува за ДУИ. Според тврдењата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска има масовно незаконско легализирање на објекти кои се високи згради, елитни станбени ...

Додека воените лидери на Пакистан неодамна се сретнаа со американскиот претседател Доналд Трамп, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф во Белата куќа, нивниот регионален сојузник Иран беше погоден со ракетен напад од Израел - главниот регионален противник на Исламабад и цврст американски сојузник. Во услови на ескалација на регионалните тензии, двата настани ја истакнаа сложената дипломатска шаховска табла со која се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на 7 јули изјави дека Соединетите Држави ќе испратат повеќе оружје во Украина за да ѝ помогнат на земјата разурната од војна да се одбрани од руските напади. „Ќе испратиме уште оружје. Мораме. Тие мора да бидат способни да се одбранат. Сега се погодени многу силно“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. САД ќе испратат првенствено одбранбено оружје, додаде тој, зборувајќи на почетокот на вечерата со ...

Електронски попис во 2026 е можен, смета власта, но опозициската СДСМ се сомнева дека ќе биде валиден, а ДУИ обвини дека се подготвува „дигитален инженеринг“. Државниот завод за статистика подготвен да спроведе дигитален попис догодина или редовен во 2031. Вонреден попис, но, не теренски, туку електронски најави премиерот Христијан Мицкоски од собраниска говорница само еден ден откако Уставниот суд на Северна Македонија со неодамнешната одлука ...

Организациите за човекови права предупредуваат дека Москва се обидува да го избрише украинскиот идентитет и да ги русифицира деловите од Украина што ги контролира. Според нацрт-директивата, украинскиот јазик ќе биде отстранет од наставната програма во училиштата под руска контрола. Од почетокот на војната во Донбас во 2014 година до целосната инвазија во февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин се обидуваше да ја оправда ...

Украинските напади со беспилотни летала втор ден по ред сериозно ги попречуваат летовите низ цела Русија, а најголемите аеродроми што ги опслужуваат Москва и Санкт Петербург се меѓу оние што беа принудени да ја ограничат активноста во текот на целиот ден на 6 јули. Руското Министерство за транспорт соопшти дека околу 400 летови се откажани до 18 часот по московско време поради „ограничувања воведени за да се осигура безбедноста на летовите“ и ги ...

Кабул би можел да стане првиот главен град во светот што целосно ќе остане без вода, велат експертите, главно поради брзиот раст на населението, климатските промени и лошото управување. Нивото на подземните води во авганистанскиот главен град се намали до 30 метри во изминатата деценија, додека речиси половина од бушотините во градот - главниот извор на вода за пиење за жителите - се исушиле, според неодамнешна студија на невладината ...

Независните кандидати треба да го искористат незадоволството на граѓаните од партиите, смета Горјан Јовановски, советник во Зелен хуман град во Советот на Град Скопје. Според него, изминатиот мандат градската власт воопшто не го подобрила аерозагадувањето. Скопје три години е без ГУП што, вели, е страшно бидејќи во него треба да бидат инволвирани сите страни. Моја претпоставка е дека се чека смена на локалната власт, нагласува тој во неделното ...

Бидејќи неколкумесечната дипломатија предводена од САД не успеа да посредува во прекин на огнот меѓу Русија и Украина, Кремљ го искористи времето за масовно зголемување на воздушните напади врз Киев и другите украински градови. Русија речиси двојно го зголеми месечниот број на ракети и беспилотни летала испукани кон Украина помеѓу декември 2024 и мај 2025 година, според бројките собрани од Проектот за локација и податоци за настани во вооружени ...

Студентите добија функционални лифтови и топла вода во студентските домови откако јавно побараа. Сепак, тие се скептични дека проблемите кои се провлекуваат со години, ќе се решат во претстојната академска година. Власта најавува дигитализација на студентските програми, а во домовите едвај има интернет. Вештачка интелигенција, електронски индекс, дигитален потпис, се новините што образовните власти најавија дека ќе ги воведат. Очекуваат да ги ...

Во еден момент за време на исцрпувачката 110-дневна мисија во разурнатиот украински град Торецк на фронтот, Дмитро, војник од 100-та посебна механизирана бригада на Украина, го слушал радио сообраќајот меѓу руските војници. „Постојано ги слушавме наредбите на командантите до јуришните војници“: „Не земајте никого жив“, рече тој во интервју, минатиот месец во Краматорск. Зборуваше под услов да се користи само неговото име. „Борбите тука беа ...

Нема одговор од МВР до каде е тендерот за регистерски таблички во боја за службените возила. Од СОЗР подготвени да ги обележат и со налепници за да спречат злоупотреби на локалните избори. Во регистерот на Антикорупциска само третина министерства и институции ги пријавиле службените возила. Фотографии од „руинираното“ службено возило на министерството за политички систем на поранешниот вицепремиер, а сега е бегалец од правдата Артан Груби, беа ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1022
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
56%
1025
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.05
71%
1024
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
75%
1023
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
51%
1023
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
59%
1025
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
58%
1025
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 6ᴼ
2.57
82%
1024
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1024
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1023
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.59849