
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска (30 јуни) попладне пристигна во Скопје каде одржува билатерални средби со лидерите од земјите од регионот, додека утре (1 јули) ќе биде дел од Самитот ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст. Кос, која на скопскиот аеродром ја пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија Тимчо Муцунски, веќе ја одржа првата средба со македонската делегација предводена ...
Во Кочани голем интерес за доброволни пожарникари, кои без никаков надоместок гасат пожари на терен заедно со професионалците. Високите температури ги зачестија пожарите, но нема вработувања на најавените 400 пожарникари, а опрема и натаму добиваат само од странски амбасади и донатори. По трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани која беше кобна за 62 млади луѓе, кај локалните жители се зголемил интересот за да станат доброволни пожарникари, ...
Утринава (30 јуни)постепено се нормализира сообраќајот низ Белград откако до доцна во ноќта студентите во блокада и граѓани блокираа голем број раскрсници, улици и мостови во главнипот град на Србија. Во текот на ноќта, полицијата ги отстрани сите блокади на патиштата во Белград и сообраќајот може да функционира нормално, соопшто утрово Министерството за внатрешни работи на Србија. Утрово во 3:44 часот на социјалните мрежи, студентите во блокада ...
По месеци на тлеење на тензии во земјата, Грузија полека повторно се искачува на агендата на ЕУ, поттикната од бран апсења на опозициски личности и нови рестриктивни закони како што се Законот за регистрација на странски агенти и промени во прописите за радиодифузија. Во поголемиот дел од изминатата година, поради недостиг на едногласност, ЕУ се мачеше да формира јасна стратегија кон владејачката партија на власт-Грузиски сон, особено откако таа ...
Отсуството на Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи од јавноста за време на израелско - иранската војна може да се покаже како одлучувачки момент за неговото лидерство и иднината на Исламската Република. Додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше постојано присутен, давајќи дневни изјави и демонстрирајќи решителност - Хамнеи, врховниот командант на Иран, беше во голема мера невидлив, објавувајќи само две видео пораки за време на ...
Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски вели дека наместо да се подобрува состојбата во градот се влошува, создадена е институционална криза. За судскиот процес за трегедијата во која загинаа 62 лица, а 250 се повредени вели дека будно ќе го следат и нема да дозволат „да се тргува со жртвите“. Господине Крстевски, три месеци по катастрофалната трагедија во дискотеката Пус, како ја опишувате моменталната состојба во Кочани? Моменталната ...
Два протести се одржуваат на националниот празник Видовден во центарот на Белград. Едниот е организиран од студенти кои ги блокираат факултетите низ целата земја од ноември 2024 година и бараат предвремени избори. Другиот е од граѓани кои, како што велат, го поддржуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На улиците на Белград, каде што истовремено се одржуваат двата протести, присутни се полициски екипи со опрема за борба против нереди. ...
Изборни процеси, скандали или кризи – сите овие фактори создаваат „плодна почва“ за една земја да стане цел на странско мешање и манипулација со информации (СММИ), вели белгискиот истражувачки новинар Јоп Нутс во интервју за РСЕ. Белгискиот новинар Јоп Нутс кој го истражува странското мешање во различни држави, објаснува што тоа може да значи за довербата на граѓаните во институциите, но и што државата би можела да направи за да ги заштити. Дали ...
Додека Москва ги собираше силите на границите на Украина на почетокот на 2022 година, Сергеј Давидјук беше еден од многуте луѓе кои не очекуваа рускиот претседател Владимир Путин да започне голема инвазија. „Мислев дека ќе ги покажат мускулите и дека тоа ќе биде тоа“, изјави тој за Радио Слободна Европа во неодамнешно интервју. Но, не беше во право. „На 24 февруари се разбудив затоа што летаа ракети и го бомбардираа воениот гарнизон надвор од ...
За првпат во историјата, Европската Унија ќе одржи самит со Молдавија во Кишињев на 4 јули, потег што сигнализира подлабоки политички врски. Нацрт-декларацијата од самитот, до која имаше увид Радио Слободна Европа вели дека ваквите состаноци ќе станат редовна карактеристика на односите ЕУ-Молдавија. Од друга страна, документот е нејасен во врска со брзината на процесот на пристапување на Молдавија во ЕУ. Исто така, таа го повикува Кишињев да ...
Министерства, агенции, комисии, општини, објавуваат конкурси за вработување непосредно пред локалните избори. Негираат дека е обид за нивно партизирање, но за експертите тоа воопшто не е случајно и е пракса на сите влади. Министерството за јавна администрација се уште не го објавува извештајот за бројот на вработени во јавниот сектор, . На нешто повеќе од три месеци пред најавеното одржување на локалните избори, само во јуни објавени се десетици ...
Дали секој потег на владата е катастрофално лош или сите владини политики се идеални? Ако се суди според партиските реакции, не постои средина, - или сѐ е црно или сѐ е бело. Каква е реалноста? Њузлетер 27.06.2025 Деновиве, а тоа стана „нормален“ начин на водење политика од страна на партиите, во неколку прилики се покажаа крајно различните оценки на релација власт – опозиција за одредени прашања. А, за некои од нив, би требало да има национално ...
Ова можеше да биде значајна недела во долгорочната желба на Украина за приклучување кон Европската Унија и НАТО. Но, на крајот, не беше. Додека лидерите на двете институции се состанаа на клучните самити во Брисел и Хаг, евентуалното членство на Киев во двете институции требаше да биде главно. Наместо тоа, сега Украина не е поблиску до приклучување кон ниту една од овие две институции, бидејќи многуте пречки на земјата која е разурната од војна, ...
Се спушти прашината над Фордо, оддалечениот планински нуклеарен објект на Иран, и две други локации за кои САД велат дека ги „збришале“ за време на викендот, во драматична ескалација на нивните напори да ја попречат нуклеарната програма на Техеран. До денес, таа програма даде нешто повеќе од 400 килограми високо збогатен ураниум, што се смета за „блиску“ до степен на рафиниран ураниум што може да се стави во бомба. Па каде е високо збогатениот ...
Додека траеја нападите меѓу Иран и Израел цените на енергенсите варираа, имаше неколку зголемувања за дизелот и на македонскиот пазар. Од РКЕ очекуваат оти по примирјето ќе се задржи стабилноста што најмногу му одговара и на бизнисот. Во спротивно, би можело да дојде до инфлациски скокови. Дали и што може да направи и државата? Нови разгорувања на конфликтите на Блискиот Исток би можеле директно да ги погодат и македонските граѓаните. ...
Еден ден по завршувањето на самитот на НАТО во Хаг, лидерите на ЕУ тргнаa на кратко патување на југ кон Брисел за нивниот редовен летен Европски совет. Почнувајќи наутро на 26 јуни, овој самит може да продолжи и следниот ден бидејќи има многу точки на дневен ред - особено Иран, каде што ЕУ се бори да остане релевантна. Сепак, според дипломатите од Брисел со кои разговаравме, блокот сè уште има за цел да дејствува како канал за потенцијални ...
Извозот е запрен, но не е познато колку и што е извезено. Овој заклучок се однесува на одлуката што пред два дена ја објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ја потврди Министерството за одбрана во соопштение кратко по неговото обраќање. Србија го запира извозот на муниција, рече Вучиќ, нагласувајќи го пред сè извозот насочен кон Израел, земјата што е во центарот на конфликтот на Блискиот Исток, што се заканува со поширока ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го потврди протекувањето на владин извештај за проценка на штетата предизвикана од американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни локации. Тој го нарече „прелиминарен“ со „ниско ниво на доверба“, а откако неколку медиуми цитираа извори кои велат дека документот покажал дека операцијата веројатно само ја запрела нуклеарната програма на Техеран за неколку месеци. Извештајот беше остро ...
Лидерите на НАТО се обврзаа дека членовите на Алијансата ќе трошат 5 проценти од својот БДП секоја година за одбрана и безбедност до 2035 година за да ги исполнат „индивидуалните и колективните обврски“. Ова е втора точка од декларација од самитот во Хаг, која беше усвоена денеска на 25 јуни. Во декларацијата се наведува дека членовите ќе поднесат „годишни планови“ за да демонстрираат „кредибилен и прогресивен пат кон таа цел“, со поширок ...
Судијата од Кривичен суд - Скопје Ивица Стефановски за четворица обвинети денеска изрече казна доживотен затвор за убиствата и грабнувањата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Таткото на девојчето кој беше обвинет за помагање доби ослободителна пресуда. Вака заврши првостепената постапка за грозоморните убиства кои ја потресоа јавноста а кои се случија на крајот на ноември и почетокот на декември 2023 година. Судијата ...
По 12 дена невидени директни непријателства, Израел и Иран се согласија на прекин на огнот што донесе напната мир во регионот. Војната, обележана со разорни воздушни напади, ракетни баражи и тајни операции, ги остави двете земји во неволја. Иако непосредните борби престанаа, политичките, воените и нуклеарните импликации од оваа кратка, но интензивна војна само што почнуваат да се одвиваат. Двете земји побрзаа да прогласат успех, при што ...
Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц изрази задоволство од политичката поддршка за неговиот извештај за Северна Македонија. Предлогот за додавање на зборот „модерен" или современ пред македонскиот јазик беше отфрлен, но извештајот ќе се гласа на пленарна седница во јули. Во атмосфера на жестоки реакции меѓу македонските и бугарските политичари, Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, ...
Додека Комисијата за заштита на конкуренцијата одлучува дали ќе ги казни маркетите за картелско здружување, не се знае дали и како потрошувачите ќе добијат отштета што пазареле по договорени цени. Колективни тужби не се предвидени, а и да ги има би било претешко да се докаже штетата од маркетите, смета Организацијата на потрошувачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата се уште не знае дали ќе ги казни маркетите „осомничени“ за картелско ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на Truth Social, објави дека е договорено „целосно“ примирје во конфликтот меѓу Израел и Иран, кое треба да стапи на сила во фази, потенцијално ставајќи крај на она што тој го нарече „12-дневна војна“. Трамп рече дека примирјето ќе се спроведува во фази во текот на 24 часа, „ и потоа Војната ќе се смета за завршена“. Израелскиот премиер изутрината изјави дека Израел се согласил на предлогот на Трамп за ...
Лидерите на земјите членки на НАТО се состануваат во Хаг на 24 и 25 јуни со едно клучно прашање: Дали можат да се договорат за голема нова цел на трошоците за одбрана од 5 проценти од БДП? Во центарот на вниманието, сепак, ќе биде американскиот претседател Доналд Трамп. Ако се појави. Се погласни се шпекулациите дека тој може целосно да го прескокне самитот, иако повеќето инсајдери на НАТО, за РСЕ зборуваа дека веруваат дека тој ќе присуствува. ...
Иранскиот ракетен напад на воената база Ал Удеид во Катар беше многу симболичен чин, внимателно калибриран за да испрати порака на решителност, избегнувајќи поширок и поразорен конфликт. Иран експлицитно изјави дека бројот на проектили лансирани денеска (23 јуни) соодветствува со бројот на бомби фрлени од Соединетите Американски Држави на иранските нуклеарни локации, сигнализирајќи ја својата намера да даде пропорционален одговор наместо да ја ...
Иран денеска (23 јуни) соопшти дека ги нападнал американските сили стационирани во катарската воздухопловна база Ал Удеид – пренесе АП. Со објава на државната телевизија е наведено дека тоа е „моќен и успешен одговор на вооружените сили на Иран на американската агресија“. Катар пак, соопшти дека дека го задржува правото да одговори директно, согласно со меѓународното право откако Иран ја погоди американската воена база Ал Удеид во Доха како ...
Од ветувања за фуриозен старт до најави дека „доаѓа времето на Македонија“, Владата одбележува една година мандат. Власта вели - гради темели, опозицијата обвинува - граѓаните се на раб на достоинство. Што вети, а што исполни Владата во првата година и дали државата е поблиску или подалеку од ЕУ? Откако пред една година на граѓаните им ветуваше дека Македонија ќе биде „повторно твоја“ и „горда“, Владата сега им порачува дека „доаѓа времето на ...
Неколку часа по полноќ на 22 јуни, мал планински венец на околу 200 километри југозападно од Техеран еруптираше од серија страшни експлозии. Станува збопр за планинскиот венец Фордо, каде што Иран со години градеше голем објект, длабоко под земја, за збогатување ураниум за употреба во цивилни електрани, или, како што инсистира Израел, за употреба во нуклеарно оружје. Експлозиите беа предизвикани од десетина конвенционални бомби најголеми во ...
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да изврши напад врз Иран претставува и опасност и можност за рускиот претседател Владимир Путин: Нападите го погодија стратешкиот партнер на Москва, но може да отворат потенцијална врата за дипломатската важност на Русија. По американските напади на клучните јазли на иранскиот нуклеарен комплекс, Техеран се свртува кон Москва. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во неделата ...