Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Во иницијатива до Уставен суд, Дениз Мустафаоглу од заедницата Инженери бара судиите да ја оценат уставноста на „паушалните фактури“ - тие што не се засноваат на реално измерени вредности од струјомерите. Уставниот суд формираше предмет. Од ЕВН велат дека редовно се отчитани 95 отсто од броилата. Од почетокот на 2025 година до 20 август до РКЕ пристигнале 770 жалби за сметки за струја, речиси девет пати повеќе отколку лани. Уставен суд формира ...
Велика Британија, Франција и Германија, таканаречената група Е3, предупредија дека ќе активираат механизам во ОН што би можел повторно да воведе глобални санкции врз Иран, кои честопати биле заканувачки, но никогаш не биле искористени. Нивниот рок е: крајот на август, освен ако Техеран не постигне опиплив напредок во нуклеарните разговори со САД. Таканаречениот механизам „snapback“ е посебен процес создаден со нуклеарниот договор со Иран од 2015 ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го одбележа Денот на независноста на Украина со порака дека неговата земја „нема да ја изгуби“ борбата против Москва, во услови на нови напредувања на боиштето и интензивна дипломатија за ставање крај на војната што трае повеќе од три години. „Украина сè уште не победила, но сигурно нема да изгуби“, изјави Зеленски во телевизиското обраќање до нацијата на 24 август. Украинскиот претседател додаде ...
Кога еден татко во Таџикистан го обвинил својот 15-годишен син за кражба на пари во вредност од 50 евра, тој не го однел во полиција, ниту пак го искарал. Наместо тоа, му ги врзал нозете на момчето со јаже, го влечел со автомобил и сето тоа го снимил. Тинејџерот починал од повредите. Убиството во јули предизвика шок во таџикистантското општество, каде физичкото казнување е забрането од 2024 година. Сепак, во многу семејства во централна Азија, ...
И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот на ДИК Борис Кондарко уверува дека има механизми да се обезбеди непречено спроведување на изборите. Можно е изборниот процес да поскапи, но, како што вели, правото на учество во изборите е загарантирано. Се подготвувате за осмите по ред локални избори во земјава, кои се најголемите предизвици со коишто очекувате да се соочите во текот на подготовките? Веќе ...
Русија во текот на ноќта лансираше десетици дронови кон украинските цели. Ова е најновиот во низата воздушни напади кои ги намалија надежите за прекин на војната во Украина по минатонеделниот самит на Алјаска. Украинската војска соопшти дека соборила или пресретнала речиси триесет од повеќе од 50 дронови кои Русија ги истрела рано на 23-ти август. Сè уште не е познато дали има жртви или штета на теренот. Вкупниот број дронови беше помал во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека ќе донесе одлука за својот став за руската сеопфатна војна против Украина во рок од две недели и повторно предупреди дека тоа може да вклучува санкции против Русија. Говорејќи со новинарите во Овалната соба на 22 август, рече дека прво сака да види дали рускиот претседател, Владимир Путин и украинскиот претседател, Володимир Зеленски ќе се сретнат. „Мислам дека ќе знам. Мислам дека ќе знам каков е ...
Тоа е најпознатата уметничка куќа во Русија, каде што Чајковски премиерно ја изведе „Лебедово езеро“, каде што водечките балетски танчери и симфониски музичари на Русија се оценуваат за нивната техничка извонредност и се почитуваат за нивната уметност. Сега вработените во Бољшој театарот ќе бидат оценувани, и следени, и според друг критериум: нивниот интерес и ставови за тоталната војна на Русија против Украина. Реномираниот московски театар ...
Град Скопје ги повика граѓаните на јавна дискусија за новиот ГУП на градот. Малку граѓани учествуваат, а меѓу оние кои доаѓаат има и надеж дека може да биде подобро, но и скептици дека може тие да влијаат. Според архитектот Марко Пановски вака се дава лажна надеж дека идеите на граѓаните ќе бидат имплементирани. „Секои избори слушам - ќе ја шириме улицата „Цветан Димов“ на шест коловозни ленти, ама уште е 'тесно грло' за возила, ќе има катна ...
Речиси половина од младите во Северна Македонија, која според Евростат е на трето место по иселување во Европа, позитивно гледаат на Европската Унија, но 46 отсто не веруваат дека земјата ќе стане дел од неа, покажува новото истражување. Властите промовираат реформи, а бранот на емиграции не запира „Се трудам да придонесам за подобрување на состојбите овде, но тоа не значи дека не сум размислувал за иселување. Голем дел од луѓето од мојата ...
Удари со палки, штитови, раце, лакти, туркање, шлаканици, прскање со хемиски средства, пцуење и закани доживеале новинарите и фоторепортерите од полицијата кои известуваат од граѓанските протести во изминатите месеци, покажуваат податоците од Независното здружение на новинари на Србија (НУНС). И покрај пријавите до властите, обвинителството и полицијата, засега не е познато дали некој од случаите на употреба на полициска сила против новинари е ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека однесувањето на Русија по самитот меѓу САД и Русија минатата недела и разговорите со висок профил во Вашингтон со европските лидери е знак дека Москва нема намера да преговара за мировен договор за завршување на војната во Украина. „Сега, сигналите што доаѓаат од Русија се едноставно скандалозни“, напиша Зеленски доцна на 21 август, откако Русија масовно го засили своето воздушно бомбардирање. ...
Посебна комисија на Министерството за здравство ќе ги „чешла“ кардиолошките интервенции во приватните и државните клиники, откако кардиохирургот Сашко Кедев обвини дека вакви операции се вршат исклучиво за профит. Фондот за здравство лани исплатил 16 милиони евра за операции во две приватни болници. Министерството за здравство ќе формира тричлена Комисија за стручен надзор, составена исклучиво од странски кардиохирурзи со цел да ја анализира ...
Државниот завод за ревизија констатира дека мерките и активностите за заштита на жените-жртви на родово базирано и семејно насилство не се доволно ефективни за превенција, поддршка, заштита и целосна реинтеграција на жртвите. Центрите за социјална работа се соочуваат со недостиг на кадар, а дел од нив не ги исполнуваат условите за обезбедување ефикасна заштита на жртвите. Системот за заштита на жените-жртви на семејно насилство е сè уште ...
Руските сили извршија масовен воздушен напад врз Украина во текот на ноќта на 21 август, со комбинација од беспилотни летала и ракети врз повеќе региони во земјата, сопштија украинските власти. Властите пријавија цивилни жртви и значителна штета на станбени области и инфраструктура. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 574 беспилотни летала и 40 ракети во ноќен напад. Во Лвов, град во западна Украина, руски ракетен и ...
Откако завршил воена служба во родниот Казахстан во есента 2023 година, Кирил Нисанбаев заминал на работа во Русија. Родниот град на Нисанбаев, Рудни, се наоѓа на нешто помалку од 100 километри од Русија и не е невообичаено локалното население да бара работа во соседната земја. Само неколку месеци подоцна, Нисанбаев се јавил на своето семејство од центарот за притвор на мигранти во рускиот град Чељабинск, каде што работел во фабрика. „Тој рече ...
Претседателката Гордана Сиљаноска-Давкова предложи НАТО Клинички центар во Штип, кој ќе ги поврзе здравството и одбраната и ќе се стимулира продуктивно инвестирање, а не само трошење на оружје. Владата уште не ја разгледала идејата, а болницата во Штип во која би бил сместен се гради една деценија. Македонската Армија го одбележа својот 33-годишен јубилеј низ свеченост која ја потенцира нејзината клучна улога во заштитата на суверенитетот и ...
Вчера (19 август) не се појави на работа во канцеларијата во Бања Лука. Наместо тоа, Милорад Додик посети неколку градови во Република Српска (РС). Тој ги претстави како официјални посети во својство на претседател на РС, иако тоа не е официјално веќе 24 часа. Со одлуката на Судот на Босна и Херцеговина, со која се потврди одлуката на Централната изборна комисија за одземање на неговиот мандат, Додик ги изгуби сите уставни и законски овластувања ...
Само неколку часа пред неговиот самит во Алјаска со Владимир Путин минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп му се јави телефонски на белорускиот моќник Александар Лукашенко. Потег, што изненади многу аналитичари и политичари. Трамп на социјалните мрежи го опиша Лукашенко како „високо почитуван претседател“, и рече дека неговиот разговор со него се фокусирал на ослободувањето на 1300 политички затвореници. Според Валер Кавалеуски, ...
Додека системот се надградува во рамки на дигитализацијата во здравството, матични доктори и натаму тешко наоѓаат термини за специјалистички прегледи, а пациенти се жалат дека не можат да завршат преглед или да земат лекови затоа што системот „паѓа“. Од Министерството за здравство велат дека креираат поедноставен, побрз и подостапен систем. Следење на детскиот развој, поддршка на патронажната служба, прегледи од областа на медицина на трудот за ...
Стотина млади од самохрани и еднородителски семејства ќе студираат со донации од граѓаните. Тие шест години чекаат надлежните законски да ја намалат на половина партиципацијата за нивното образование, а нејасно е дали ќе бидат опфатени со најавените измени на Законот за високо образование. Девојка од внатрешноста студира во Скопје, обидувајќи се да ги покрие трошоците со минималната плата на нејзината самохрана мајка, инаку, текстилна ...
Лидерите на Европската Унија (ЕУ) денеска (19 август) ќе одржат видеоконференција за да ги разгледаат резултатите од разговорите во Вашингтон на 18 август за завршување на војната во Украина, по што американскиот претседател Доналд Трамп телефонски го повика рускиот претседател Владимир Путин за да договори средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Сите членови на Европскиот совет, највисокото политичко тело на ЕУ, ќе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му телефонираше на рускиот претседател Владимир Путин за да започне со подготовки за средба лице в лице меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски по еден ден вонредни состаноци во Белата куќа на 18 август, како дел од напорите за завршување на војната во Украина. Трамп рече дека му се јавил на Путин за да разговара за можна средба со Зеленски откако го угостил него и лидерите на Велика ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска (18 август) изјави дека ова ќе биде ‘голем ден во Белата куќа’ додека го чека неговиот украински колега, Володомир Зеленски и европските лидери да пристигнат на разговори за завршување на борбата во Украина. „Никогаш не сме имале толку европски лидери овде во исто време. Голема чест за Америка!“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа Truth Social. На разговорите во Вашингтон се очекува да ...
Во последните 12 години, речиси секој чаирски градоначалник во предизборната програма ветува базен за Чаирчани, ама никој до сега не запливал во него. Од трите базени ветени во последнава деценија, само еден е до половина готов. Од општината тврдат, виновна е претходната централна власт. Инвестиција од милион евра, за изградба на модерен базен во близина на основното училиште „Адем Јашари“ во населбата Серава во скопската општина Чаир, најави ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, поддржан од присуството на клучните европски сојузници, треба да се сретне со претседателот Доналд Трамп на состанок што би можел да помогне во одлучувањето за иднината на неговата загрозена нација, дури и кога се чини дека Трамп го префрла товарот на Зеленски за завршување на војната со Русија. „Претседателот Зеленски од Украина може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака, или може да ...
Во недела навечер во неколку градови во Србија се организирани протестни собири. Граѓани кои се противат на Владата се собраа, во Нови Сад и Ниш. Како што објави Н1, граѓаните во Ниш се собраа пред полициската станица. Причината за собирот беше апсењето на четворица студенти кои учествуваа во демонстрациите во претходните денови. Собраните не успеаја да стигнат до полициската станица, бидејќи беа спречени од полициски кордон. Како што објави Н1, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека постигнал напредок на бојното поле на својот источен фронт против руските сили, додека двете страни барале воени предности пред планираниот состанок на Зеленски во Белата куќа на 18 август со претседателот Доналд Трамп. Ова доаѓа откако Трамп на 16 август се откажа од барањето за итен прекин на огнот во војната и рече дека страните наместо тоа треба да преговараат за целосен мировен договор, ...
Судството е последната алка која ќе мора да застане на браникот на татковината, вели во интервју за РСЕ заменик директорот на Национални шуми, Кирил Михаилов, коментирајќи дека е залудно да се фатат и стотици пиромани и дрвокрадци, кога тие во судска постапка добиваат мали парични или условни казни. Господине Михаилов, во средина сме на летото, пожарите не запираат. Можете ли да кажете со колкав човечки капацитет Национални шуми учествува во ...
Инцидентите не го одминуваат ниту петтиот ден од масовните антивладини демонстрации во Србија кои се одржуваат и денеска на 16 август во неколку градови. Во Ваљево, беа демолирани просториите на владејачката Српската напредна партија. Демонстрантите фрлаа камења и факели, а во просториите избувна пожар. Пожарникарите интервенираа за да го изгаснат пожарот, додека демонстрантите се повлекоа од местото и немаше собири пред просториите. Полицијата ...