На осмите по ред локални избори во Северна Македонија, ќе се бираат градоначалници и советници во сите 80 општини и во Градот Скопје. Државата за овие избори предвиде 9,7 милиони евра. Голем дел од кандидатите веќе се познати. Кампањата официјално ќе започне 20 дена пред денот на гласање. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска (9 август) ги распиша локалните избори во Северна Македонија на кои треба да се изберат градоначалници и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин ќе се сретнат во Алјаска кон крајот на следната недела за да разговараат за иднината на војната во Украина. Средба што треба да се одржи на 15 август, Трамп ја најави на социјалните мрежи, а подоцна ја потврди и портпаролот на Кремљ велејќи дека локацијата е логична со оглед на релативната близина на северозападната американска држава до Русија. Портпаролот на Кремљ додаде ...

Се започна со реакцијата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, продолжи со невообичаено остра изјава од руската амбасада во Сараево, а досега резултираше со итни консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации. Сето ова е дел од руската „офанзива“ во обид да се спаси позицијата на прорускиот лидер на водечката српска партија во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, кој беше осуден на затвор и му ...

Во Белата куќа беше потпишан мировен договор меѓу Азербејџан и Ерменија, со посредство на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Лидерите на двете земји - азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан - доцна синоќа (8.8.2025) по европско време, потпишаа заедничка декларација со која се обврзуваат на траен прекин на непријателствата, воспоставување трговски и дипломатски односи и меѓусебно ...

Сеизмолошката опсерваторија може да остане без 13 станици за мерење земјотреси бидејќи завршува меѓународен проект. Таа е единствена која е овластена да ја одржува сеизмолошката мрежа во Северна Македонија. Што значи овој проблем за државата и што треба да стори власта? Овде секој ден ни е различен, не знаеме што нѐ чека кога ќе дојдеме на работа – дали ќе има земјотрес или не, дали ќе ни се смени тоа што сме планирале да го работиме дента или ...

Се очекува лидерите на Ерменија и Азербејџан да потпишат мировен договор постигнат со посредство на САД, кој би можел да стави крај на деценискиот конфликт, кога нивните лидери ќе му бидат домаќини на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа на 8 август. Ерменскиот премиер Никол Пашинијан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, исто така, ќе потпишат договори со Соединетите Држави за „заедно да ги искористат економските можности, ...

На 8 август, израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање на контролата врз градот Газа, објави канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Нетанјаху претходно изјави дека сака да го преземе целиот Појас Газа - одобрениот план конкретно се фокусира на градот Газа, најголемиот град во енклавата. Порано, ОН предупреди дека проширувањето на воените операции на Израел ризикува „катастрофални последици“ за палестинските цивили и ...

Пракса станува пред избори спортските трибини да се користат за политички битки со етнички предзнак, велат аналитичари за РСЕ. Според нив, на политичките партии полесно им е да дебатираат за говор на омраза отколку за спроведени локални проекти. Во само една недела, на два различни спортски меѓународни натпревара, еден кошаркарски и еден фудбалски, на кои присуствуваа високи политички функционери одекнаа етнички скандирања од трибините исполнети ...

Трите големи банки и една средна банка ќе ги намалат надоместоците за платежни услуги за граѓаните и компаниите, соопшти денеска (7 август), гувернерот Трајко Славески. До ова доаѓа токму на негова иницијатива со која побара од банките да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите. Првиот човек на Народната Банка очекува ова да го направат и другите средни и помали банки. Според Славески, ...

Царините на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија во сила, ставајќи ја на тест стратегијата на републиканците за намалување на трговскиот дефицит. Царините значат дека компаниите што внесуваат странска стока во САД ќе мора да плаќаат даноци на владата, а експертите велат дека тие компании би можеле да ги префрлат трошоците на потрошувачите. „Полноќ е!!! ...

Ажурираниот трговски договор меѓу ЕУ и Украина е лоша вест за Киев, ја сигнализира моќта на земјоделското лоби на ЕУ и е злокобен знак за тоа колку ќе биде тешко за земјата, разурната од војна, конечно да се приклучи на ЕУ. Договорот, кој беше прелиминарно договорен од Брисел и Киев на крајот на јуни, сега е потврден со конкретен предлог од Европската комисија, во кој Радио Слободна Европа имаше увид. Се очекува членките на ЕУ да го одобрат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата меѓу специјалниот претставник на САД и рускиот претседател Владимир Путин во Москва во среда (6 август) „донела голем напредок“ и дека наскоро би можел да се сретне со Путин. „Постои голема веројатност средбата да се одржи многу наскоро“, рече Трамп откако неговата портпаролка потврди дека американскиот претседател е отворен за средба со Владимир Путин за да разговара за руската ...

Македонските туристички водичи кои плаќаат данок на државата, бараат да ги заштити од нелојална конкуренција - странските водичи кои ги водат странските туристи низ државата. Инспекците ги проверуваат само домашните водичи. Бројот на странски туристи расте, а властите формираа работна група да ги детектира проблемите. „Земјата ви е преубава, чувајте ја“. Со овие зборови, туристи од Шпанија, ја поздравиле на заминување од овде, Лиде Стојановска ...

Пакистан почна со депортирање на авганистански бегалци пред официјалниот рок за нивно заминување, соопшти Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), предупредувајќи дека овој потег може да доведе до присилно враќање на повеќе од милион луѓе. „УНХЦР ги повика властите веднаш да ги запрат присилните враќања и да усвојат хуман пристап кој поздразбира доброволно, постепено и достоинствено враќање“, се наведува во соопштението на ...

На 25 август ќе се договара терминот за нов оглас за избор на судија во Европскиот суд во Стразбур. Како член на новата Комисија, претседателот на Уставниот суд, Костадиновски верува дека се ќе заврши на време. Тројцата кандидати кои „не беа по мерка на Владата“ имаат право пак да се кандидираат. Следната недела новоформираната петчлена комисија при Министерството за надворешни работи би требало да го отпочне процесот за избор на тројца ...

Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, се очекува да се сретне со високи претставници во Москва на 6 август, додека се шират гласини за тоа каква порака ќе упати на само два дена пред рокот на Белата куќа за Русија да постигне напредок во прекинот на огнот со Украина. Иако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за Русија и секундарни санкции за земјите што сè уште купуваат руска нафта, сепак не се очекува рускиот ...

Над 300 лица ќе се обучат да станат нови пожарникари. Тие се пријавија на повикот на Владата да работат на превенција од пожари, а нивната обука започнува денеска. Во иднина ќе може да бидат вработени во локалните противпожарни единици, но и во новата единица која ќе биде формирана во Дирекцијата за заштита и спасување. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов денеска информираше дека дел од пријавените 500 кандидати отпаднале во првичната селекција, ...

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69, се пофали денеска (5 август) министерката за образование Весна Јаневска. Таа изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година кога просечна оценка беше 3.26 и бидејќи немало голем број препишувања. Бројот на ученици „препишувачи“ е 172 и истите ќе имаат право да полагаат во августовскиот испитен рок. Поднесени се 507 приговори по ...

Речиси 250 тони тежеле пратките што во еден месец македонските граѓани ги нарачале само од една странска онлајн платформа за трговија. Меѓутоа, за неквалитет и небезбедност нема институција каде може да се пожалат затоа што тоа се производи на странски фирми. Македонските институции прават анализа за евентуални нови мерки за царини и давачки. Во ЕУ веќе се води истрага и за безбедноста на некои производи. Девет од 11 пара чевли купени од онлајн ...

Порано во јули, беше постигнат договор европските сојузници на НАТО да купат американско оружје, вклучително и ракети „Патриот“, за Украина. Иако Германија неодамна објави дека два ракети „Патриот“ наскоро ќе се упатат кон Киев, остануваат прашањата дали овој договор навистина ќе ѝ го даде на Украина она што ѝ е потребно во наредните месеци. Договорот, објавен од американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ...

Обвинителството испитува елементи за кривично дело за скандирањата против Албанците на кошарскарскиот натпревар меѓу Северна Македонија и Романија што се одржа вчера во Куманово. Премиерот Христијан Мицкоски ги осуди навредливите скандирања , но рече дека станува збор за поединци и најави истрага и санкции. Во реакција за инцидентот на кошаркарскиот натпревар во Куманово меѓу Северна Македонија и Романија, македонскиот премиер Христијан Мицкоски ...

Државата ги дискриминира земјоделките – заклучи Комисијата за заштита од дискриминација, која заедно со Хелсиншкиот комитет ги тужи Владата и Министерството за здравство. Над 14.000 жени регистрирани како индивидуален земјоделец се без право на платено породилно отсуство, но и боледување. „Два пати имав патолошка бременост, но поради работата не можев да одмарам доволно. Ми се случувало и да не ми е воопшто добро, некогаш дури и поради умор, но ...

Системот „Сејф сити“ во Скопје во моментов лови од 5 до 11 илјади прекршоци по сообраќајниците. Уште не е во функција, се тестира, но ако продолжи ова темпо на непочитување на законот, полицијата ќе се затрупа со казни. Казни затвор за потешките прекршоци нема зошто не е сменет законот за прекршоци. Во моментов се менуваат неколку закони за да може да профункционира проектот „Безбеден град“, a главна новина која се предвидува, според ...

Во страв од секојдневните руски напади со беспилотни летала, жителите на Костјантинивка масовно ги напуштаат своите домови. Градот во Донецк, кој порано броеше десетици илјади жители, сега станува симбол на тишина и отпор. Жена се збогува со својот дом кон крајот на јули во украинскиот град Костјантинивка, во регионот Донецк. Потресени од зголемениот број русики напади со беспилотни летала, жителите на Костјантиновка во украинскиот регион Донецк ...

Mинистерот за спорт Борко Ристовки вели дека во личен разговор со претседателот на Eвропскиот олимписки комитет му било укажано дека државата ги нема потребните капацитети и комплекси за младинската Олимпијада. Иако признава дека организацијата во одреден момент затаила, сепак, вели дека тоа не било на катастрофално ниво. Министре, изминатиот период бевте мета на жестоки критики во јавноста поврзани со Европскиот младински олимписки фестивал. ...

Повици за единство, за борба против корупцијата и економски напредок испрати македонската претседателка Гордана Силјановска- Давкова од Мечкин камен. Таа упати критика до ЕУ за билатеризацијата на процесот на проширувањето и менувањето на правилата на игра. Време е за нова пролет на нашата Република, враќање кон републиканските корени, порача македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова од крушевскиот Мечкин камен каде што се чествува ...

Високо горе, познатите рути на глобалниот воздушен сообраќај исчезнуваат. Таму каде што пилотите некогаш летаа по едноставни трансконтинентални рути, сега се движат по небо кое изгледа како скршено стакло - милиони летови во пренатрупани коридори. Во исто време, огромни делови од воздушниот простор остануваат морничаво празни или исполнети со летачки ракети и дронови. Оваа промена не е случајна. Ширењето на војни, регионални непријателства и ...

Со централна прослава на „Мечкин Камен“ во Крушево и со положување цвеќе на повеќе локации низ државата денеска се одбележуваат 122 години од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 81 година од Првото заседание на АСНОМ – два клучни столба во македонската државност. Централната прослава ќе се одржи во Крушево, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на ...

Безбедносната состојба е стабилна и под контрола, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова по состанокот на Советот за безбедност во Вила Водно кој траеше повеќе од два и пол часа. Како што рече на прес-конференција, теми на разговор биле три прашања - безбедносната состојба во регионот, Европа и светот, пожарите во Северна Македонија и регионот и за евроинтегративниот процес на државата. „Од воведните излагања и од средбата ...

Во пресрет на локалните избори, јавноста е сведок на засилени најави за милионски инвестиции во инфраструктурни проекти, финансиска поддршка на пензионери и млади спортисти во повеќе скопски општини, но и кривични пријави за опозициски градоначалници. Според аналитичарите тенка е линијата меѓу јавниот интерес и изборниот профит. По милион евра за изградба на базен и реставрација на Саат Кулата во Чаир, најави вицепремиерот Изет Меџити, на само ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
1024
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1023
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.23
55%
1028
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
0.9
84%
1025
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1023
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
56%
1023
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
71%
1025
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 5ᴼ
2.57
90%
1024
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
95%
1024
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1023
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599