Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Приватни плажи, кади од милион долари, вечери со вино, виски, пури и караоке - или настапи на руски поп-ѕвезди чија слава датира од 1990-тите. Тоа се некои од карактеристиките на „ултралуксузен“ комплекс вили во Дубаи каде што Сергеј Чемезов - санкционираниот од Западот шеф на огромниот руски државен одбранбен конгломерат Ростек и близок сојузник на претседателот Владимир Путин уште од времето кога беа офицери на КГБ во комунистичка Источна ...
Европската Унија додели милиони евра за поддршка на граѓаните за време на енергетската криза, а јавноста и денес не знае како точно се потрошени овие пари. Наместо како директна помош за домаќинствата, дел од парите се слевале кон државната компанија ЕСМ, покажува истражувањето на граѓанската мрежа „Бенквоч“. Истовремено, на сметките се прикажуваа субвенции и до 90 отсто, а цената останувала иста. Во текот на една година, претходната Влада ...
Косово е во непрогласена вонредна состојба - вака политикологот Дритеро Арифи, професор на колеџот УБТ во Приштина, ја опишува институционалната состојба во Косово. Според него, оваа ситуација е последица на неуспехот на членовите на Собранието на Косово да го завршат конституирањето на оваа институција до 26 јули. На тој датум истече рокот од 30 дена што го одреди Уставниот суд за членовите на Собранието, на кои, според одлуката на истиот суд ...
Шеф на кабинет на собранискиот спикер, поранешен обвинител, поранешен државен правобранител, адвокати и вработени во институцијата „Народен правобранител“ се дел од 17-те кандидати за Народен Правобранител. Огласот беше распишан откако досегашниот омбдусман, Насер Зибери заврши порано затоа што замина во пензија на почетокот на месецот. За позицијата на Зибери конкурирал актуелниот шеф на кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши, ...
Обвинителот Љупчо Коцевски се најде во двојна опсада - Собранието му изгласа интерпелација, но, без правен епилог. Од друга страна, неговото разрешување како формална и правно обврзувачка постапка што ја иницираше Владата, засега стои во место и нема најава дали и како ќе продолжи. Собранието на Северна Македонија на 29 јули 2025 година ја изгласа интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, која беше предложена од опозициската ...
Од почетокот на мандатот на актуелниот парламентарен состав, 65 пратеници добиле надоместок за патни трошоци. Највисоката сума исплатена на пратеник е 13.200 евра или по околу 1.000 евра месечно. Девет пратеници, пак, решиле да изнајмат стан за што месечно се плаќаат најмногу по 400 евра. Собранието на Република Северна Македонија исплатило 18,6 милиони денари или околу 303.320 евра за патни трошоци што ги побарале пратеници за период од 13 ...
Во Финска се одбележуваат 50 години од Хелсиншкиот завршен акт, кој го отвори патот за ОБСЕ. Со руската инвазија на Украина, политичкото „запушување“ и намалената доверба која ја става на тест организацијата, се наметнуваат многу прашања за нејзината идна улога во европската безбедност. 50 години по Хелсиншкиот акт, ОБСЕ се соочува со големото прашање: дали сѐ уште може да го одржи мирот? На 31 јули и 1. август, стотици официјални лица и ...
Најмалку шест лица загинаа, а 52 се повредени - вклучувајќи девет деца во Киев по рускиот напад со ракети и беспилотни летала во текот на ноќта, според шефот на воената администрација на градот. „Киев претрпе последици од комбиниран руски напад на повеќе од 27 локации“, рече Тимур Ткаченко на 31 јули. „Областа Соломјански беше силно погодена, заедно со Свјатошински, Шевченковски и Холосиевски“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ...
Земјотрес со магнитуда од 8,8 степени, еден од најсилните во историјата, го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија во среда, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации во Тихиот Океан, објави Ројтерс. Во текот на изминатите неколку часа, повеќе земји, вклучувајќи ги САД и Јапонија, издадоа предупредувања за цунами и наредби за евакуација. Цунами брановите сега ја ...
Државна организација спроведува тестови за „невропрофилирање“ на 10.000 деца и тинејџери за да идентификува лидери и „антилидери“ во обид да го зголеми патриотизмот и да ги насочи младите кон улоги за кои резултатите сугерираат дека одговараат. Ако звучи како 1984 или некоја дистописка иднина, не е. Тоа е Русија во 2025 година - време кога претседателот Владимир Путин, кој ја вовлече својата земја во разорна војна против Украина и во растечка ...
Економијата бележи раст, но дел економски експерти предупредуваат дека тоа е делумно поради задолжувањата, што ја доведува во прашање одржливоста на растот на БДП. Други, пак, сметаат дека не може да се зборува за економски успех со и натаму ниската реализација на капитални инвестиции. Македонската економија бележи раст од над 3 проценти, што Владата го претставува како доказ за успешноста на нејзините политики. Но, дел од економските експерти ...
Српска бригада за специјални воени операции ја заврши заедничката вежба со кинеска бригада во Кина и покрај силните противења од Европската Унија и САД. Заедничката вежба се одржа од 19 до 28 јули во покраината Хебеј во северна Кина, додека Србија, земја кандидат за членство во ЕУ, се обидува да ја балансира својата европска интеграција, одржувајќи блиски врски и со Пекинг и Москва. „Обуката даде поттик на воената соработка и ја подобри ...
Седницата на Собранието се одржува во ситуација кога јавниот обвинител е дециден дека интерпелацијата како инструмент воопшто не е предвидена со законот, додека Левица се повикува на Уставот и бара тој да си замине поради нефункционалност, политички влијанија и „разноразни скандали и афери“. Пратениците во македонското Собрание на пленарна седница денеска (29 јули) дебатираат и ќе гласаат за интерпелацијата на републичкиот обвинител Љупчо ...
Документот е означен како „строго доверлив“ и е испратен на адресата на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА). Станува збор за понуда за обновување на лиценцата за форензичката алатка на израелската компанија „Cellebrite“, која се користи за отклучување и пребарување на паметни телефони. Овој документ, до кој Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше пристап, датира од септември 2015 година. Тоа, веројатно е само еден од низата протечени ...
Приватните градинки обединети во Асоцијацијата „Полет“ предлагаат државата со по 250 евра месечно да го субвенционира престојот на деца, кои тие ги згрижуваат. Овој износ е помал од државните субвенции што ги добиваат јавните градинки, кои кубурат и со места и со кадри. Реализацијата на овој предлог, би чинела 3.780.000 евра за згрижување на нешто повеќе од 1200 дечиња. „Јас не познавам родител кој не фатил врски за да го запише детето во која ...
Радио Слободна Европа го „улови“ министерот без ресор Шабан Салиу како доаѓа во суд со службено возило, а е осомничен во случајот за пожарот во Кочани. Други медиуми објавуваат слични можни злоупотреби на службени возила. Тендерот за „обоените“ таблички пропадна, а МВР најде алтернативно решение. Владината шкода со службениот возач и овој понеделник го чекаше Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за ...
На најавата за кинеско училиште аналитичарите гледаат како пропаганден трик на Кремљ. Дури и ако тоа никогаш не се отвори, сметаат тие, самиот факт што се промовираат вакви тврдења го одразува зголемениот напор на Москва да ја вовлече Кина подлабоко во својата окупациска стратегија. Во Луганск, кој е под руска окупација – место каде што експлозиите сè уште одекнуваат низ разурнатите улици, а ветувањата за реконструкција во голема мера остануваат ...
По налог на ОЈО, Финансиската полиција собира дополнителна документација за низата кривични предмети отворени за Државната лотарија. Се водат предистражни дејствија и за други јавни набавки спроведени во време на минатото раководство. Од Артан Груби и Перпарим Бајрами сѐ уште нема ни трага ни глас. „Ако не се врати доброволно, ќе најдеме соодветен начин како да го вратиме“, изјави министерот Панче Тошковски на 26 декември минатата година, нецели ...
Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ) постигнаа трговски договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп. Соопштението дојде откако американскиот претседател се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во еден од неговите голф-центри во Шкотска. Трамп рече дека главната пречка е „праведноста“, наведувајќи ги бариерите за американскиот извоз на автомобили и земјоделски производи, објави ...
Изјавата на црногорскиот министер за култура, Славен Радуновиќ, предизвика бурни реакции во јавноста во Црна Гора, откако го доведе во прашање останувањето на Котор под заштита на УНЕСКО. Повеќе од 65 невладини организации побараа разрешување на министерот за просторно планирање Славен Радуновиќ поради неговата изјава дека Црна Гора треба да размисли дали има поголема штета или корист од тоа што Котор е под заштита на УНЕСКО. На 24 јули, ...
Во неделното интервју за РСЕ, еко-активистот и советник во Општина Ново Село, Костадин Ристоманов, тврди дека се палат депонии во околината на Струмица и дека зад тоа стои организирана шема за профит од рециклиран бакар и фантомски бизниси со отпад, додека посочува дека институциите за тоа молчат. Господине Ристоманов, периодов секојдневно објавувате дека се пали депонијата Шапкар и дека жителите на Струмица и околината дишат отров, а властите ...
Точно 30 години откако Меѓународниот кривичен суд го обвини Радован Караџиќ за геноцид и злосторства против човештвото, Босна и Херцеговина останува длабоко поделена. Неговата политика е жива, а негирањето на злосторствата се уште доминира во јавниот и политичкиот дискурс. Ирма Грабовица имала 11 години кога во март 1993 година загинала од шрапнел од граната од шрапнел додека си играла во дворот на една зграда во Сараево. За нејзиниот татко, ...
Со години, руските технолошки регулатори крцкаат со забите, поради растот на Јутјуб YouTube, видео платформата која е главен извор на во голема мера на нецензурирани вести, информации и забава, а да не зборуваме за главен извор на приход за многу руски инфлуенсери и блогери. Властите ја забавија платформата во сопственост на Google, обидувајќи се да ги фрустрираат руските гледачи со тоа што ќе ја забават на неподнослива брзина. Тие му се ...
Откако преговорите меѓу Русија и Украина на 23 јули завршија без поголем напредок, Вашингтон објави продажба на воена опрема на Киев во вредност од 322 милиони долари. Два системи на оружје што Украина веќе ги има ќе бидат зајакнати со дополнителна опрема и поддршка при продажбата, се вели во соопштението за печатот од Министерството за одбрана на САД. Вашингтон вели дека Украина ќе може да купи „артикли и услуги поврзани со одржување за ...
Пензионерите ќе добијат нови линеарни покачувања - два пати по 1.000 денари. Власта вели тоа е солидарна политика, опозицијата обвинува за измама. Пензискиот фонд, пак, со години е зависен од префрлање пари од државниот буџет. Кој губи, а кој добива и како овие мерки ќе се одржазат на фондот? Од фалби за борба со нееднаквоста и зголемување на стандардот на пензионерите до критики за историска измама со која се крадат пензионерите се движат ...
Условна затворска казна за А. Н. и М. К. изрече скопскиот кривичен суд за лицата кои на 9 јули ја нападнаа новинарската екипа на телевизијата Алсат. Инцидентот се случи за време на големиот пожар на дивата депонија во скопско Визбегово, додека новинарите беа на терен и известуваа за сериозното загадување на воздухот. И двајцата обвинети признале вина и се согласиле со сите обвинувања за кои ги товари Обвинителството. Прогласувајќи ги за виновни ...
Новиот Закон за игри на среќа предвидува големи промени за тоа како државата во иднина планира да го регулира коцкарскиот бизнис со казината и обложувалниците. За Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа тоа се радикални решенија кои ќе доведат до целосно затворање на бизнисот. Коцкањето во Северна Македонија стои пред најголемата трансформација во својата историја со новиот Закон за игри на среќа, кој би донел драстични промени што ќе го ...
Образложението е дека објектот што веќе е изграден е статички нестабилен и прашање е дали може да издржи надградба и инсталација на потребната медицинска опрема. Министерството за здравство не одговори која фирма ја направила оваа проценка и кога ќе почне повторно да се гради нова болница, бидејќи „активностите се во рана фаза“. Во меѓувреме, граѓаните и натаму се лекуваат во објект што се распаѓа стар еден век. Нема детали како и каде и кога ...
Соединетите Американски Држави се загрижени поради извештаите за соработка меѓу Универзитетот во Црна Гора (UCG) и Националниот центар за суперкомпјутери во Кина, изјави Стејт департментот за Радио Слободна Европа РСЕ). „Оваа институција ја води Националниот универзитет за одбранбена технологија на Кина, кој е под санкции на Министерството за трговија на САД“, се наведува во одговорот за РСЕ. Државниот универзитет на 18 јули, потпиша Меморандум ...
Иако секој трет стан во државата е празен, побарувачката е голема и ја надминува понудата, што е и главен фактор кој ја крева цената на квадратот. Додека расте цената, расте и побарувачката за кредити. Државни станови, пак, се градат, но не доволно за да ја урнат цената. Гувернерот Славески најави мерки, но колку државата реално може да интервенира во цените? Ако пред една година за стан од 50 квадрати во некоја од населбите во Скопје сте дале ...