Светската музичка ѕвезда Шер конечно ја потврди вистината која со години се криеше, таа има 15-годишна внука по име Евер. Првата средба меѓу бабата и внуката се случила минатиот септември во вилата на пејачката во Малибу. Шер минатиот јуни лично ја контактирала Кејти, мајката на девојчето, за да ја дознае вистината. Иако нејзиниот син, Елајџа Олман, уште во 2021 година споменал дека има дете, пејачката не била сигурна дали тоа е вистина или ...

Европската Унија постави јасни правила за тоа како треба да се создаваат паметните телефони и, што е уште поважно, колку долго треба да траат. Новите правила, кои се воведуваат во фази помеѓу јуни 2025 и февруари 2027 година, ги става издржливоста и можноста за поправка во преден план, што би можело да го промени начинот на кој се градат паметните телефони, пишуваат светските медиуми. Новите правила бараат од брендовите да ги преиспитаат ...

Осудените за насилството при упадот во Собранието на 27 април 2017 година останаа и без последната надеж дека ќе се повтори судењето, откако Апелациониот суд донесе одлука со која барањето не им се прифаќа, објави „Фокус“. „Жалбата е неоснована. Судиот го ценеше жабениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеноро ...

Тешко болни пациенти често во своите соништа повторно се среќаваат со починати блиски лица, а се појавуваат и визии на врати, скали и светлина, за кои се смета дека помагаат во прифаќањето на процесот на умирање. Луѓето понекогаш пријавуваат дека гледаат силна светлина за време на искуства блиски до смртта, но оваа симболика на премин често се појавува и во соништата како што се приближува крајот на животот. Пациентите на палијативна нега, ...

Австралиската актерка Ребел Вилсон се појави на суд во Сиднеј во понеделник за да се соочи со тужба за клевета поднесена од Шарлот Мекинес, главната актерка во режисерското деби на Вилсон „The Deb“, поради обвинувања поврзани со објавите на Вилсон на социјалните мрежи, пренесува „Гардијан“. Мекинес тврди дека Вилсон лажно сугерирала во своите објави на Инстаграм дека таа приватно ѝ се доверила дека била сексуално вознемирувана од еден од ...

Пристапниот пат кон гробиштата „Камник“ конечно се асфалтира, нешто што граѓаните, кои често го посетуваат овој простор на кој се наоѓаат вечните почивалишта на нивните блиски, со децении го бараа. Всушност, не станува збор само за асфалтирање на патот, туку за сообраќајно-инфраструктурен проект што предвидува воспоставување кружен тек со влез од една страна и излез од друга, наместо да се вози во двете насоки како досега, со што треба да се ...

Трагите од кокаин што ги загадуваат реките и езерата се акумулираат во мозокот на лососот и го нарушуваат нивното природно однесување, предупредуваат истражувачите. Научниците истакнуваат дека овие промени би можеле да имаат непредвидени последици за опстанокот на популациите на риби. Новото истражување се фокусираше на млади атлантски лососи вештачки изложени на дрогата и неговиот главен метаболички производ. Резултатите покажаа дека ...

Промоција на книгата со репортажна поезија за Андалузија со наслов „Ex nihilo“ од Звонко Димоски, на 20 април, во 19 часот, ќе се одржи во „Буква“ во Скопје. „Многу патувам. Многу слушам. Многу гледам. Секогаш кога го правам ова, ми се враќа прашањето: Што останува во мене кога си заминувам од некое место? Со Андалузија беше поинаку. Таа не си замина, ниту јас од неа. Таа се всели во мене. Ништо не ме возбудило толку силно колку Андалузија. ...

Министерот за правда на Србија Ненад Вуиќ денеска го посети Ратко Младиќ во затворот во Хаг, по што побара од претседателката на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, Грасиела Гати Сантана, Младиќ да биде пуштен на лекување во Србија, соопшти министерството, пишуваат српските медиуми. Ратко Младиќ, кој издржува казна доживотен затвор, на 15 април доживеа мозочен удар. „Младиќ е во многу сериозна состојба, има лоша ...

Србија се соочува со директни барања од Брисел да испрати свои трупи против Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Парламентарното собрание на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ), објави прорежимскиот „Спутник“. Лавров тврди дека „бирократите во Брисел“ директно побарале од Србија да испрати свои војници во наводниот нов блок против Русија, за којшто самиот Лавров тврди дека го ...

Многу ентузијасти веруваат дека со помош на вештачка интелигенција може да се „хакира системот“ и да се дојде до добитна лото комбинација што носи милиони. И додека машините одамна победуваат шаховски велемајстори, останува прашањето: дали можат да ги пробијат системите каде што владее чиста случајност? Математиката е јасна – вештачката интелигенција не може да гарантира победа, но може да укаже на обрасци кои човечкото око лесно ги ...

Бројот на дестинации кои се сметаат за ризични за патување значително порасна во последните неколку години. Според најновите податоци, листата е проширена за уште 12 земји, па денес дури 76 од вкупно 226 држави и територии се наоѓаат на таканаречената „црвена листа“. Препораката е овие места да се избегнуваат поради безбедносни, здравствени или правни закани. Од вкупниот број, 14 земји се означени како целосно небезбедни за каков било ...

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека во последниот период нема комуникација со својот колега, вицепремиерот за политики за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, наведувајќи дека тој не присуствува на седниците на Владата. Алиу во гостувањето во емисијата „360 степени“ нагласи дека отсуството на Фетаи не е поврзано со здравствени причини. Алиу и Фетаи се дел од коалицијата „Вреди“, а тие останаа во Владата кога лидерот на ...

Американскиот пејач Ди фор ви ди (D4vd), чие вистинско име е Дејвид Бурк, е обвинет за убиството на 14-годишната Селесте Ривас Хернандез и се соочува со смртна казна доколку биде осуден, пишува „Дејли мејл“. Останките од девојчето беа пронајдени во багажникот на автомобил „тесла“ кој беше запленет во Холивуд во септември. Возилото било регистрирано на адресата на Бурк во Тексас, според полицијата. Пејач е обвинет за убиство од прв степен со ...

Оваа година, многу луѓе бараат „автентични“ искуства до одморот во странство, наместо туристички стапици со сè вклучено (all-inclusive), според податоците на ABTA, здружението на британски туристички агенции. ABTA, исто така, вели дека двајца од пет Британци планираат оваа година да одат на одмор во земја во која никогаш не биле. Ова се случува во време кога војната на Блискиот Исток некои ги тера да се префрлат на европските дестинации, ...

Малкумина знаат дека Драган Мијалковски дел од своето детство го поминал во Дом за деца без родители во Загреб. Легендарниот пејач, кој работеше со познати хуманитарни организации како Црвениот крст, во една прилика раскажа за тешкото детство, а текстот е објавен на порталот „Текст“. „Јас во моето детство случајно сум бил штитеник во Дом за деца без родители во Загреб. Не дека немав родители, но тие беа разведени, па не можеа да ме чуваат. ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска побара отворање на Ормускиот Теснец за сообраќај, во телефонски разговор со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, пренесува Ројтерс. Си рече дека Пекинг поддржува итен и сеопфатен прекин на огнот и напори за враќање на мирот на Блискиот Исток. „Ормускиот Теснец треба да остане отворен за нормална пловидба, што им служи на заедничките интереси на земјите во регионот и на пошироката ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура до 3 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде ...

Ракометарите на Вардар вечерва славеа во финалето против Охрид со 24-23, а по освоениот трофеј задоволството не го криеше Милан Лазаревски. Лазаревски не заборави и да им честита на своие соиграчи. „Многу тежок натпревар, вакви се сите дерби дуели кои ги игравме сезонава. Секоја чест за моите соиграчи, бевме извонредни денеска, но честитки и до Охрид, сериозен нов проект, со сериозни вложувања и сериозни амбиции. Ништо од она што го одигра ...

Aктерката Шарлиз Терон во новото интервју за „Њујорк тајмс“, остро реагирала на изјавите на нејзиниот помлад колега Тимоте Шаламе за балетот и операта, кои последните недели предизвикаа бурни реакции во уметничките кругови. Терон, која пред актерската кариера вежбала балет, не го криела своето разочарување. – О, се надевам дека еден ден ќе налетам на него. Тоа беше многу непромислен коментар за една уметност, всушност две уметности, кои мора ...

Унгарскиот премиер Петер Мaѓар изјави дека неговата земја повторно ќе се приклучи на Меѓународниот кривичен суд (ICC) и дека ќе биде подготвена да ги спроведува налозите за апсење, вклучително и оној што се однесува на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави Политико. Виктор Орбан, кој беше на власт 16 години, минатата година најави повлекување на Унгарија од Меѓународниот кривичен суд, откако го прими Нетанјаху во Будимпешта. ...

Актерката Ен Хатавеј (43) е прогласена за најубава ѕвезда на светот за 2026 година според изборот на списанието „Пипл“. По тој повод, таа се фотографираше за насловна страница и даде големо интервју за магазинот во кое се осврна на својата кариера и откри некои досега непознати детали. Ен вели дека самата себеси си е најстрог критичар, а со текот на времето ја напуштила идејата за совршенство, што ја направило полета, посамоуверена и ...

45-годишен жител на струшкото село Ливада ќе одговара откако бил уапсен поради мачење животни и предизвикување општа опасност, соопшти МВР. Тој доби кривична пријава откако, според полицијата, водел агресивно куче од расата кангал држејќи го на ремен низ прозор од автомобил, а во селото Биџево го пуштил, по што кучето нападнало и задавило друго куче, во сопственост на жител на селото. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи ...

Париз отсекогаш бил град на романтиката, но новиот „Café Pli“ му дава сосема нова димензија на овој епитет. Ова е првиот кафе-бар во Европа каде што посетителите можат да напишат писмо до своето идно „ја“ или до некоја сакана личност, а истото да биде испратено на нивната адреса по пет, 10 или дури 20 години. Концептот е едноставен, а искуството е магично. Во срцето на 11-тиот арондисман, гостите можат да изберат прибор за пишување, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека денеска во Пакистан ќе биде потпишан договор со Иран. Трамп претходно во интервју за „Њујорк пост“ наведе дека американска делегација предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс е на пат кон Исламабад. Тој посочи и дека е подготвен да се сретне со највисоките ирански претставници доколку се постигне напредок во разговорите. „Треба да се води дијалог со Иран, претпоставувам дека ...

Пејачот Јоце Панов ја трогна јавноста со искрена и длабоко емотивна објава посветена на својот покоен татко, споделувајќи дел од болката што ја носи со себе повеќе од три децении. „Татко мој, имав 11 кога те изгубив, ти имаше само 49… Празнината никогаш не исчезна – само научив да пеам низ неа. Под ѕвездено небо и со твојот лик зад мене, по 30 години ти ја посветив сцената, песната и тишината меѓу нотите. Ако некаде слушаш… се надевам дека ...

81-годишен возач вчера попладнето се вклучил и возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, соопшти МВР. Околу 17:30 часот, полицајци од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата успеале да го сопрат возачот на „Хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки кај наплатната станица „Сопот“. Зад воланот бил М.А. (81) од Крива Паланка, за кога било констатирано дека подолго време возел во спротивната лента на автопатот. ...

Во Македонската филхармонија во Скопје во неделата се одржа нешто повеќе од обична стенд-ап комедија. Популарната Тијана Дапчевиќ преку ликот на Марина Станковиќ со својот најнов проект „Менопауза“ успеа да ги насмее присутните до солзи, соголувајќи ја својата интима, хормоните и брачниот живот во петтата деценија од животот. Низ брутално искрени изјави, таа покажа дека менопаузата не е само медицинска состојба, туку врвен комичен материјал. ...

Поради војната со Иран, конфликтот во Појасот Газа во голема мера исчезна од фокусот на меѓународната јавност. И покрај тоа што повеќе од половина година формално е на сила прекин на огнот, напорите за трајно политичко решение речиси и да не бележат напредок. Веќе со месеци траат меѓународни посреднички иницијативи за стабилен прекин на огнот меѓу Хамас и Израел. Последен ваков обид беше посетата на делегација на Хамас во Каиро, која во ...

Управата за извршување на санкции соопшти дека е унапреден работниот ангажман на осудениците затворот во Струмица. „Како дел од процесот за ресоцијализација и стекнување нови вештини, затворската економија од неодамна е збогатена со развој на сопствена живинарска фарма“, велат од Управата во објава на социјалните мрежи. „Проектот започна со набавка на 50 садни кокошки, со што се отвора нов сектор за работа во рамките на установата. Оваа ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
33%
1005
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
46%
1002
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1001
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
44%
1006
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.82
54%
1005
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
95%
1001
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
5.36
54%
1008
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
33%
1007
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
52%
1007
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
2.57
36%
1005
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
4.47
51%
1001
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
31%
1009
Currency

61.6417

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.4874

Currency

67.3773

Currency

7.79601

Currency

0.72213

Currency

0.33373

Currency

0.52486

Currency

1.16149

Currency

0.55145

Родиум

320703.70

Бакар

12.80

Платина

64237.19

Рутениум

51376.89

Сребро

2542.61

Калај

59.08

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.61

Паладиум

45332.55

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Злато

146959.62