Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Ќе се ограничи маржата на вештачките ѓубрива и растот на цените на ѓубривата на домашниот пазар. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, за 10 отсто ќе се намали продажната цена на резервите ѓубрива што продавачите ги набавиле по стари цени. Овие одлуки ги донела Владата на денешната седница, а ќе важат до 31 мај годинава. Дополнително, информира Трипуновски, се воведува и обврска за ...
Министерството за одбрана на САД објави дека американските специјалци спровеле ноќен напад и заплена на бродот „М/Т Тифани“ во Индо-пацифичкиот регион, и според официјалното соопштение, сè поминало без инциденти, пренесуваат медиумите. Овој потег јасно става до знаење дека Вашингтон ја заострува контролата врз морските патишта, таргетирајќи бродови кои, и покрај меѓународните санкции, служат како клучна логистичка поддршка за Иран. ...
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи веќе еден месец има минус по добро владеење, односно ги бојкотира владините седници и никој не знае дали до реконструкцијата на Владата, најавена за крајот на мај или почетокот на јуни, ќе се појави на „Илинденска“. Информацијата дека Фетаи не доаѓа на работа ја откри министерот за здравство Азир Алиу, сопартиец на Фетаи од Вреди. Од Владата велат дека како колективно тело функционираат непречено и ...
Владата по скратена постапка и без консензус од опозициските СДСМ и ДУИ реши да ја укине пржинската влада. Министерот за јавна администрација Горан Минчев веќе го пуштил во собраниска процедура Предлог-законот за изменување на Законот за Влада. Тоа ќе значи дека пржинската влада да важи уште за следните редовни парламентарни избори во 2028 година или за евентуални предвремени избори дотогаш, а на изборите по нив т.н. техничката влада да ...
Тргувањето со биткоин денес се одвива во услови на зголемена активност, силен интерес од инвеститорите и изразена ценовна волатилност. На глобалните криптопазари, најпознатата криптовалута повторно се движи околу психолошката граница од 75.000 до 76.000 долари, што ја става во центарот на вниманието на финансиските аналитичари и трговците. Истовремено, обемот на тргување е значително зголемен, што укажува на силен интерес и активност на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на мировните преговори во Пакистан меѓу Иран и САД во интервју за американските медиуми изјави дека всушност тој не сака да го продолжи примирјето со Иран доколку пропаднат преговорите. Тој потврди дека САД се во силна преговарачка позиција и дека на крајот ќе постигнат, како што рече, одличен договор. „Не сакам да го правам тоа. Немаме толку многу време“, рече Трамп кога беше прашан околу ...
Меѓународните потерници за поранешниот премиер Никола Груевски се активни и важечки, иако на веб-страницата на Интерпол не се објавени. Македонија може да побара и приведување и екстрадиција на поранешниот премиер ако пребега во трета земја. Ова е дел од објаснувањето на Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ за тоа дали се активни потерниците за Груевски, откако оваа тема се актуализираше по големата победа на идниот ...
Министерството за образование и наука (МОН) ги заокружи преговорите за новиот закон за високото образование. Последната средба на оваа тема, министерката Весна Јаневска ја оствари со коалицискиот партнер Вреди, со што се отвори патот законот утре да биде проследен во владина процедура. Според Вреди, во процесот на подготовка на законите, биле одржувани континуирани консултации со ректори и професори, при што барањата на универзитетите, ...
Исламската Република Иран сакаше да изврши „холокауст“ против Израел и Евреите, изјави премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху на државната церемонија по повод Денот на сеќавањето на жртвите на Херцелска Гора, пренесува Тајмс оф Израел. „Режимот на ајатолахот во Иран планираше уште еден холокауст. Се обиде да нè уништи со нуклеарно оружје и илјадници балистички ракети. Да не дејствувавме решително, имињата Натанц, Фордо и Исфахан можеби ќе ...
Шесте земји од Западен Балкан ризикуваат колективно да изгубат повеќе од 700 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија (ЕУ) до средината на годинава поради неуспех во спроведувањето на реформите, предупреди еврокомесарката за проширување Марта Кос. Од овие 700 милиони, потенцијалната загуба за Македонија би била 49,2 милиони евра. – Минатата недела им напишав на властите во регионот да ги забрзаат реформите или нивните граѓани ќе ...
Фудбалерот на Митјиланд, Аламара Џаби, преживеал тежок напад во кој бил избоден со нож, по што итно бил опериран. Веста за нападот врз 19-годишниот играч ја шокираше спортската јавност во Данска, но и пошироко низ Европа. Од клубот соопштија дека Џаби бил подложен на две операции, по што извесен период поминал во индуцирана кома. Во меѓувреме е разбуден и, според последните информации, неговата состојба е стабилна. „Аламара Џаби е сериозно ...
Актерката Салма Хаек (59) објави фотографии од доделувањето на наградите Breakthrough во Лос Анџелес на социјалните мрежи, каде што привлече внимание со елегантно издание и фризура во која беа видливи сиви прамени. На свеченоста косата ја носела крената во структурирана пунџа, при што сребрените тонови јасно се истакнувале на нејзината темнокафеава коса. Фризурата ја нагласила природната боја на косата наместо да ја прикрие. Хаек носела црн ...
Денеска почина долгогодишната новинарка и уредничка во Македонската радио телевизија, Лилјана Алтипармакова, соопшти семејството на Фејсбук. Погребот ќе се одржи утре (22 април) во 11 часот и 30 минути на гробиштата „Бутел“ во Скопје. Алтипармакова го помина целиот работен век во МРТВ како спикерка, новинарка и уредничка, останувајќи едно од препознатливите имиња и лица на оваа медиумска куќа. Како презентерка на централниот Дневник на ...
Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Татјана Димитровска, му пратила порака на ревизорот Миле Столевски кога тој ѝ го положил испитот за да добие сертификат со највисок степен на доверливост „државна тајна“, покажуваат пораките што во суд ги презентираше Обвинителството. Димитровска е обвинета за компјутерски фалсификат и одавање службена тајна. Според презентираните пораки, таа му напишала на Столевски – „Ај честито и злато ...
Во галеријата „Остен“ на 21 април (вторник), во 19 часот, ќе биде отворена изложба на карикатури од членовите на Хрватското друштво на карикатуристи, а ќе има и проекција на документарен филм за Ото Рајзингер. Со години „Остен“ – Скопје и Хрватското друштво на карикатуристи (Hrvatsko društvo karikaturista – HDK) негуваат длабока и трајна соработка вкоренета во меѓусебно почитување на уметноста на карикатурата. Оваа изложба не е само ...
Во евиденцијата на Фондот за здравство има починати лица кои имаат активно здравствено осигурување, а на чие име се осигурани и други членови од семејството, рече на денешниот брифинг со новинарите, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски. Причината за овој проблем лежи во Управата за водење матични книги, која неажурно ги доставува податоците за починатите до ФЗОМ. Финансиската полиција „нишани“ три болници: Со баснословни 115 илјади евра ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ на 6 јуни ќе одржат голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Двајцата музичари им даваат шанса на своите фанови да бидат директни учесници на концертот и да настапат со нив на сцената. На 25 април (сабота), со почеток во 11 часот, ќе се одржи аудиција за сите кои имаат талент за танцување и се постари од 17 години. Станува збор за перформанс на две песни, а танчарите избрани преку аудицијата ќе бидат ...
Главниот предизвик со кој се соочуваат Велика Британија и другите европски членки на НАТО денес повеќе не е само прашање на колективна безбедност, туку конвулзивна борба за опстанок на Американците во алијансата, пишува германскиот весник „Берлинер Цајтунг“. Сепак, цената што Европа ја плаќа за тој опстанок нагло расте, достигнувајќи нивоа што наскоро би можеле да станат неодржливи, наведува медиумот. Според германскиот весник, американскиот ...
Дел од родителите и семејствата на жртвите од трагедијата во кочанската дискотека со поднесок до Советот на јавни обвинители изразиле сериозна загриженост да не биде продолжен мандатот на јавната обвинителка Ивана Трајчева која го водеше предметот за обвинетите полицајци за трагедијата. Од „Здружението на граѓани 16-ти март 2025“ бараат да се преиспита ваквата одлука или да се обезбеди нејзино понатамошно вклучување во предметот. Поднесокот ...
Скопје е целосно подготвено да биде домаќин на Светското училишно првенство во ракомет од 21 до 29 април 2026 година. Овој голем настан ќе собере околу 700 млади ракометари од 21 држава кои ќе се борат за светскиот трон. Денеска со ждрепка македонската М-18 и женската В17 ракометна репрезентација ги добија своите противници. Ракометарите предводени од селекторот Горан Кузманоски ќе бидат во групата А заедно со Република Српска, Грузија, ...
Ова кремасто јадење можете да го направите во само една тава, без дополнителни садови, и тоа за 30 минути. Брз ручек за целото семејство. Состојки: – маслиново масло – кромид – доматно пире – лук – лути пиперки – њоки – зеленчуков бујон – сушено оригано – сушени домати – млад спанаќ – пармезан – грчки јогурт – кора од лимон – сол и црн пипер – свеж босилек или магдонос Подготовка: 1. Во голема тава на средна температура, пропржете го ...
Директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, уверува дека се работи на решение за времетраењето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната, за што вели дека во Брисел се одржуваат редовни состаноци, процес во кој олеснувач е Транспортната заедница. Закоњшек денеска пред собраниската Комисија за европски прашања ги презентираше клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Меѓународната заедница – Транспортната ...
Европската Унија се очекува утре да донесе клучни одлуки за доделување финансиски пакет од висина од 90 милијарди евра за Украина, наменет за поддршка на Киев во периодот 2026-2027 година. Оваа информација ја потврди високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, по пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи што се одржува во Луксембург, објави Ројтерс. „Во среда ќе донесеме важни ...
Тројца доктори вратиле 1,5 милиони денари, односно 25 илјади евра во буџетот на јавните здравствени установи каде што работат, затоа што парите им биле неправилно пресметани на платата, односно сумите им биле натплатени, информираше денеска директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски. Тој не ги откри докторите ниту јавните здравствени установи кај кои што биле констатирани ваквите неправилности. Но, докторот за кој премиерот Христијан ...
Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), остана без вреден винтиџ костим што го носеше за време на својот изненадувачки настап на фестивалот Коачела, каде се појави заедно со Сабрина Карпентер. Пејачката преку Инстаграм откри дека исчезнала целата комбинација од нејзината лична архива и побара помош од јавноста за нејзино пронаоѓање. „Сè уште сум еуфорична од настапот во петокот навечер на Коачела! Ѝ благодарам на Сабрина и на сите што го ...
Две болници од Скопје и една од внатрешноста заработија пријави од финансиската полиција, затоа што набавиле прескап софтвер за сметководство, за кој постојат сомнежи и индиции дека е платен над реалната цена, дознава „Слободен печат“ од свои добро упатени извори. Секоја од овие јавно-здравствени установи, софтверот, односно информацискиот систем го плаќала со баснословни суми, поточно секоја болница од државните пари искеширала 115 илјади ...
Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) треба да постапи по заклучоците на Државниот просветен иснпекторат (ДПИ), вели министерката за образование Весна Јанавска за скандалозниот случај со студентите кои незаконски, без соодветно завршено образование биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии. Јаневска потврди дека се констатирани нерегуларноста на Филозофскиот факултет, но не при упис на ...
Маслото од плодот на дивата ружа, познато како масло од шипка, се добива од семките на растението Rosa mosqueta (најчесто од сортите Rosa canina и Rosa rubiginosa), кое расте во Јужна Америка, пишува „24 сата“. Андските Индијанци од Чиле со векови ги познавале неговите нутритивни и противвоспалителни својства, па го користеле во народната медицина, како и за нега на кожа и коса. Придобивки од маслото од шипка Маслото од шипка е богато со ...
Билансот на организацијата за заштита на човекови права, „Амнести интернешнел“, за изминатата година е вознемирувачки, а нејзиниот најнов извештај покажува дека човековите права сè почесто се кршат ширум светот, како од држави, така и од индивидуи. И во повеќето случаи, сторителите остануваат неказнети. „Извештајот на Амнести 2025“, кој беше објавен на различни локации во светот, наведува дека 2025 година е карактеризирана со „предаторско ...
Огромна колона со десетици камиони денеска се забележува на патот кај Скопска Црна Гора, каде тие се практично заглавени. Дел од шоферите за „Слободен печат“ велат дека колоната се протега до преминот Блаце, а поради гужвата можеби ќе треба да спијат во камионите. Според АМСМ, колоната е најверојатно поради пренасочувањето на товарниот сообраќај од Стенковец до бензинска пумпа „Дизел“, за што е јавено утрово уште во 06:45 часот. „Дојавата за ...