Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
САД во вторникот воведоа санкции против претседателката на Меѓународниот кривичен суд (МКС), јапонската судијка Томоко Акане, и против вишиот правник во обвинителскиот тим на Судот, Абдулаје Сеје од Сенегал. Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека „двајцата учествувале во обиди на Судот да истражува, апси или да гони функционери од држави што не ја прифатиле неговата надлежност“. Сеје е дел од обвинителскиот тим што побара ...
Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ја унапредуваат меѓуинституционалната соработка и координација со цел градење посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии. Денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацески, потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете институции. Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека денешното потпишување на Меморандумот за ...
Претседателот на Португалија го потпиша законот со кој се забранува покривање на лицето во јавност, мерка за која активистите за човекови права велат дека ги ограничува правата на муслиманските жени, пренесува „Еурактив“. „Лицето мора да се смета за суштински елемент на човековиот идентитет и комуникација“, изјави претседателот Антонио Жозе Сегуру во соопштение објавено доцна во вторникот. Законот, кој португалските медиуми го нарекуваат ...
По пет години истражување, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека немало сомнежи за кривичното дело, злоупотреба на службената положба за градењето на 19 те модуларни болиници за време на ковид кризата. Оваа истрага во 2021 ја отвори обвинителката Вилма Русковска во 2021 година по пожарот во Тетово кога изгореа 14 лица. Ниту има дејствија на злоупотреби ниту е оштетен буџетот, рече обвинителката Верица ...
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ во документарецот кој од денеска може да се погледне на платформата „Прајм видео“ зборуваше за најтешките моменти од своето детство, бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО во 1999 година. Во март таа година, само неколку недели пред својот 12. роденден, Ѓоковиќ заедно со семејството морал да го напуштил станот во Белград додека низ градот одекнувале експлозии. Ѓоковиќ се ...
По повеќе од две години воени напади врз непријателите на Израел низ Блискиот Исток, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој се соочува со тешка изборна трка за реизбор, сѐ повеќе го насочува вниманието кон уште еден, според него, противник – Турција. Во вторникот, израелски воени авиони бомбардираа база во северна Сирија, на кратко растојание од турската граница. Нетанјаху изјави дека Турција се обидува да воспостави воено присуство во ...
Европол и Обединетите нации предупредуваат дека криминалните мрежи за нелегален отпад сѐ почесто ги таргетираат земјите каде што има помали казни, пренесува „Н1“. Европол уште во 2022 година посочи дека криминалните мрежи сè почесто го насочуваат отпадот од Западна Европа кон Централна и кон Источна Европа, додека криминалците користат легални компании за незаконско постапување со отпад. Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ) ...
Столе Попов е еден од најзначајните македонски филмски режисери и автор чие име е неразделно поврзано со развојот и афирмацијата на македонскиот филм. Роден е на денешен ден, во Скопје, 1950 година, а неговата професионална кариера започнува во период кога македонската кинематографија постепено добива нова генерација автори подготвени да излезат од дотогаш воспоставените рамки. Уште во студентските години Попов покажува силен интерес кон ...
Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои денеска ќе им бидат презентирани на членовите на Амбасадорскиот совет, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Амбасадорскиот совет денес и утре се ...
Натпреварот од четвртото коло меѓу Скопје и Тиквеш ќе се одигра во тренинг-центарот „Петар Милошевски“, во рамки на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија. Дуелот првично требаше да се игра на стадионот во Автокоманда, но теренот сè уште не ги исполнува условите за одигрување натпревари од Првата лига. Тоа е лоша вест за навивачите на Скопје, кои ќе мора да почекаат уште малку пред да имаат можност повторно да го гледаат својот ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, а 31 се целосно изгаснати. Најсериозна е состојбата кај селото Чаниште во општина Прилеп, каде противпожарните екипи и натаму се борат со огнената стихија. Огнот се шири во четири крака – кон селата Крушевица и Лопатица, еден крак се движи кон Црна Река, а пожарот зафатил и правец ...
Во дебатата за пушењето често се губи најважната разлика: никотинот не е исто што и чадот. А токму чадот, кој е резултат на согорувањето на тутунот, е главниот извор на токсичните материи што го прават пушењето толку штетно. Кога оваа разлика се игнорира, јавноста добива поедноставена и неточна порака дека „сѐ е исто“, а возрасните пушачи остануваат без информации што можат да бидат клучни за нивното здравје. Ова прашање е особено важно за ...
Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на државната матура. Освен на интернет-страницата http://www.matura.gov.mk, резулатите се објавени и на огласните табли во училиштата. „Учениците кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до Училишната матурска комисија. Во согласност со упатството на Државниот испитен центар, приговорот, ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) денес објави дека пожар во атарот на селото Никуштак, во Општина Липково, навреме бил откриен преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери. По детектирањето на пожарот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица Куманово и подружницата на „Национални шуми“ – Куманово, за да преземат соодветни мерки и да интервенираат на терен. „Системот за рана детекција овозможува ...
Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, доживеа неочекувана елиминација во осминафиналето на турнирот во Синсинати. Белорусинката загуби од 20-годишната чешка тенисерка Сара Бејлек, која ја оствари најголемата победа во досегашната кариера. Сабаленка подолг период не игра на препознатливото ниво, иако и натаму ја задржува лидерската позиција на ВТА-листата. Бејлек приреди вистинска сензација и покажа дека е способна да се носи со ...
Американската актерка Сандра Булок првпат отворено проговори за тешката болест и смртта на нејзиниот долгогодишен партнер Брајан Рандал, кој почина во август 2023 година на 57-годишна возраст, по тригодишна борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС). Гостувајќи во поткастот „SmartLess“ на Џејсон Бејтман, Вил Арнет и Шон Хејс, 62-годишната актерка откри дека Рандал побарал неговата дијагноза да остане во тајност. Таа ја почитувала ...
За време на денешната посета на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Топличкиот округ, работник на Јавно-комуналното претпријатие „Мерошина“ му кажа дека добил отказ бидејќи не одел на митинг, на што Вучиќ му одговорил дека сите ќе добијат отказ доколку тоа е точно, пренесува „Н1“. Граѓанинот рекол дека осум години работи со договор на дело, но добил отказ бидејќи не одел на митинг, а Вучиќ одговорил дека тоа е „малку глупава ...
Руски балистички ракети рано утрово убија 12 луѓе, а повредија повеќе од 30 во Киев, со што во украинската претстолнина утре, 21 август, е прогласен Ден на жалост. Во нападот беа оштетени објекти и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од градот, пренесува Ројтерс. Пожар избувна, а горните катови на деветкатна станбена зграда беа уништени во киевската населба Соломјански, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Според ...
Четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен потпиша нов договор со Ред Бул, според кој ќе остане во австрискиот тим до крајот на 2030 година. Иако Холанѓанецот имаше договор со Ред Бул до крајот на 2028 година, во изминатите месеци се шпекулираше за неговата иднина. Мерцедес не криеше дека сака да го ангажира, а ситуацијата внимателно ја следеше и Мекларен, особено поради клаузата во договорот која му овозможуваше на Ферстапен да го ...
Доколку имате гласно ‘рчење, прекини во дишењето за време на спиењето, будење со чувство на гушење, утринска главоболка или прекумерна поспаност во текот на денот, можно е да постои опструктивна слип апнеа (sleep apnea). Каде точно настанува блокадата на дишните патишта? DISE (Drug-Induced Sleep Endoscopy) е современа дијагностичка процедура, која овозможува да се види како се однесуваат дишните патишта во услови слични на природниот сон. ...
„ЕрАдвајзор“ (AirAdvisor) рангираше 23 европски авиокомпании според трошоците и откри кои компании нудат најдобра вредност за парите за вашето следно патување. Сите авиокомпании не се еднакви. Иако сите знаат дека нискобуџетните авиокомпании нудат поевтини билети, значителни разлики постојат и меѓу националните авиокомпании. Истражувањето на компанијата „ЕрАдвајзор“ (AirAdvisor), глобална служба за надомест поради проблемите со летовите и ...
Од почетокот на годинава заклучно со мај, од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...
Суд во Кина денес го осуди основачот на кинеската компанија за недвижности „Евергранд“, Хуи Ка Јан, на доживотен затвор поради финансиска измама од огромни размери, пренесува весникот „ЦНА“. „Евергранд“ беше една од најголемите компании за недвижности во Кина и еден од симболите на долгогодишниот бум на пазарот. Компанијата масовно се задолжуваше за да го проширува бизнисот, но пристапот до кредити драстично се намали откако кинеската влада ...
Еден од обвинетите за кочанската трагедија во дискотеката „Пулс“, Шабан Салиу, кого премиерот Христијан Мицкоски го смени од функцијата министер без ресор, непосредно по владината реконструкција, добил нова функција, национален координатор за следење на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030. За новата функција, Салиу се пофалил на својот фејсбук-профил уште на 22 јули, една недела откако беше сменет од министерското место. – Со ...
Јувентус би можел да биде без Федерико Гати на стартот на новата сезона и тоа поради бизарна повреда, дефанзивецот на „старата дама“ беше соборен од навивач кој втрча на теренот. Инцидентот се случи за време на традиционалниот пријателски натпревар меѓу Јувентус и вториот тим на италијанскиот гигант. Во еден момент голем број навивачи втрчаа на теренот, а еден од нив се упати кон Гати, но се лизна и одзади го удри фудбалерот на Јувентус во ...
Актерката Никол Кидман (59) неодамна објави серија фотографии од патувањето кое го опиша како „незаборавно искуство“, на својот инстаграм-профил. На одморот ѝ се придружија нејзините ќерки Сандеј Роуз (18) и Фејт Маргарет (15) и сестрата Антонија, со кои уживаа во природната убавина на Исланд и луксузот на бродот со кој крстареа. Покрај прекрасните пејзажи, опуштениот изглед на актерката го привлече вниманието на нејзините следбеници. View ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува, особено долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 13 до 21 Целзиусов степен, а максималните дневни температури ќе достигнат од 32 до 39 степени. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена ...
Министерот за здравство Сашо Клековски конечно признава дека ПЕТ/КТ не работи повеќе од еден месец, но сега се обидува проблемот да го претстави како техничка игра на зборови: „скенот не е расипан, проблемот е во циклотронот“, реагира Левица. Како што посочува опозициската партија, за пациентите со рак оваа разлика е безмислена. Ако поради нефункционалниот циклотрон не може да се изврши ПЕТ/КТ снимање, велат оттаму, тогаш ПЕТ/КТ услугата не ...
Босанскиот фудбалски судија Бојан Макариќ од Бијелина бил брутално претепан за време на турнир во мал фудбал што се одржувал во Брезово Поле. Макариќ, кој и оваа сезона се наоѓа на Б-листата на судии за најсилната лига на Босна и Херцеговина како помошен судија, го судел турнирот во Брезово Поле кога физички бил нападнат од еден од играчите, чиј идентитет не е објавен во јавноста. Порталот „Правда БЛ“ објави вознемирувачка фотографија ...
Еден од првите македонски синџир на маркети „Тинекс“ по 32 години работење ги празни рафтовите и ги затвора вратите на своите продавници. Според она што го затекнавме во еден од поголемите маркети спроти Зелениот пазар во Скопје, на рафтовите сè уште има чоколади, конзерви, некои замрзнати производи… Делот каде што некогаш стоеше месо и месни производи, како и млеко и млечни производи, е сосема празен. На крајот на 2024 година „Тинекс“ ...