Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Американската поп-икона Мадона го прослави 68-от роденден во Грција, а прославата на островот Крф била далеку од обична – со традиционална музика, грчки специјалитети, кршење чинии, големо обезбедување и посебни мерки со кои ѝ била обезбедена приватност. Кралицата на поп музиката го прослави роденденот во селото Курамадес, каде што со семејството и пријателите вечерала во традиционална таверна. Покрај Мадона биле нејзините деца, како и ...
Група од 29 држави ја тужи „Мета“ и бара потенцијални казни до стотици милијарди долари и промени во деловните практики на компанијата. Судењето веќе почна, а „Мета ги отфрли обвинувањата од американските држави дека намерно се обидела да ги направи децата зависни од Фејсбук и Инстаграм, со цел да профитира од тоа, пренесува Њујорк тајмс. Четирите држави што ја претставуваат групата што тужи – Калифорнија, Колорадо, Кентаки и Њу Џерси – ја ...
Во јуни, Ливерпул одби понуда од 25 милиони евра, од италијанскиот шампион Интер за Кертис Џонс. Ливерпул го проценуваше 25-годишниот фудбалер, кој има уште една година од актуелниот договор, на околу 35 милиони фунти. Сега се очекува новата понуда од 30 милиони фунти од „неоаѕурите“ да биде доволна за двата клуба да постигнат конечен договор. Извори од Италија тврдат дека усна согласност веќе е постигната, но двата клуба наведуваат дека ...
Исидора Трифуновиќ, сопруга на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, јавно проговори за инцидентот што се случи на почетокот на август во трговски центар во Белград. Откако при излегување од продавница се активирал алармот против кражба, таа беше приведна и против неа е поднесена кривична пријава под сомнение за кражба. Исидора тврди дека облеката „случајно завршила во нејзиното ќесе“. Во поткастот „Безбедно место“, Исидора раскажала дека таа и ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги ...
Езри Конса, дефанзивецот на Астон вила, утре треба да ги помине медицинските прегледи и потоа да потпише долгорочен договор со Арсенал. Неговиот трансфер би можел да биде комплетиран во следните денови, но речиси сигурно нема да биде навреме регистриран за првиот натпревар на „топџиите“ во новата сезона. Арсенал во петок ја започнува одбраната на титулата во Премиер лигата против Ковентри, додека следниот меч го игра на 31 август, кога ...
Лекари во Шри Ланка отстраниле огромен камен од мочниот меур на 55-годишен маж, тежок дури 3,1 килограми. Медицинскиот тим верува дека станува збор за најголемиот досега документиран камен од овој вид што бил отстранет со хируршка интервенција, објави Би-би-си. Операцијата била извршена минатата недела во Општата болница во Тринкомали, на истокот од земјата. Пациентот првично бил примен во болница поради мозочен удар. Додека го лекувале, ...
Македонската репрезентација до 20 години е подготвена за настап на Медитеранските игри во Таранто, каде што младите македонски фудбалери ги очекуваат три натпревари во групната фаза. Селекторот Александар Таневски го објави списокот од 19 фудбалери на кои ќе смета на турнирот. Македонија е во група со Тунис, Турција и Мароко. Голмани: Стефан Јованоски, Давид Илоски. Одбрана: Златко Радески, Адис Мурати, Давид Голубов, Лука Атанасовски, ...
Сопругата на актерот Сашко Коцев, докторката Смиљана Бундовска се потсети на почетоците на нивната љубов и на годините поминати заедно, споделувајќи стар спомен на Фејсбук. „Среќни 15 години пријателство! За уште многу“, напиша Смиљана, а веднаш под пораката додаде „+4“, со што посочи дека на 15-те години што ги одбележува Фејсбук треба да се додадат уште четири. Така, нивната заедничка приказна трае вкупно 19 години. Таа сподели и колаж со ...
Бројот на загинати во земјотресот во Колумбија се искачи на 312, објави Националната единица за управување со ризици од катастрофи, јавува Анадолу. Агенцијата соопшти дека 4.611 луѓе се повредени, а 290 сè уште се водат како исчезнати, додавајќи дека се спасени 358 луѓе. Оттаму наведоа дека од земјотресот биле погодени 143.470 семејства и 294.278 лица во 15 департмани и 470 општини, додавајќи дека се оштетени илјадници објекти. „Исто така, ...
Пејачката Оливија Родриго тајно и помогнала на студентка од Универзитетот во Алабама да дипломира, покривајќи ги трошоците за нејзиниот последен семестар. Студентката Џејми Кози, која дипломирала односи со јавноста, откри на својот профил на Тикток дека популарната пејачка ѝ донирала 5.000 долари за школарината, гест што го чувала во тајност повеќе од една година, пренесува „Пејџ сикс“. @jamiemcausey Thank you for everything @Olivia Rodrigo ...
Љубителите на баскетот и добрата забава овој викенд ги очекува нов спортски настан во Скопје. На 22 и 23 август, на плоштадот „Прв Центар“ во Аеродром, ќе се одржи првото издание на 3х3 баскет турнир – Drompton. На турнирот ќе учествуваат 12 екипи, кои ќе се борат за престижната прва титула, но и за главната награда од 70.000 денари. Покрај атрактивните 3х3 натпревари, организаторите подготвуваат и дополнителна забава за присутните. На ...
Американскиот рапер Је, порано познат како Канје Вест, ќе одржи два концерта во Санкт Петербург во октомври, со што ќе стане најпознатиот западен музичар што настапил во Русија од почетокот на руската инвазија врз Украина пред четири години, пишува „Гардијан“. Контроверзниот музичар ќе настапи на 10 и 11 октомври на „Газпром арена“ во Санкт Петербург, а интересот за концертите е огромен. Руските обожаватели побрзаа да обезбедат билети веднаш ...
Македонската уметница и планинарка Илина Арсова, се осврна на состојбата со туризмот во Охрид и сподели повеќе забелешки што, како што вели, ги слушнала од домашни и странски посетители. Таа зборува за однесувањето на дел од возачите, моторните чамци во близина на брегот, условите за велосипедистите и пешаците, цените и квалитетот во рестораните, како и за бесправните градби и доградби. „Деновиве бев туристка во Охрид па се запознав со ...
НАТО денес соопшти дека е подготвен да одговори на каква било закана, по наводите дека Иран разгледувал можност за напади врз американски воени цели во Европа доколку Доналд Трамп дополнително ја ескалира војната, јавува „Вашингтон пост“. „НАТО е подготвен да одговори на каква било закана и секогаш ќе го направи она што е неопходно за одбрана на сите сојузници“, изјави претставник на НАТО. Претставникот, исто така, потсети дека НАТО во ...
Ник Кирјос се најде во центарот на голем скандал, откако беше суспендиран поради позитивен допинг-тест на кокаин. Австралиецот бил тестиран за време на турнирот во Мајорка во јуни, а анализата покажала присуство на бензоилекгонин, метаболит на кокаинот. Кирјос е суспендиран од 4 август и има право на жалба. Тенисерот самиот ја потврди информацијата преку социјалните мрежи и порача дека ја презема одговорноста за случајот. Кирјос во ...
Септември 2026 година започнува под влијание на две сосема различни енергии. Тригонот на Јупитер во Лав и ретроградниот Сатурн во Овен, сè уште е силен на почетокот на месецот и ги наградува добро поставените планови, искуството и трпеливата работа. Уште на 1 септември Марс во Рак влегува во квадрат со Сатурн и открива каде трошоците се поголеми од проценетото, роковите се прекратки или деловните одлуки се донесени под притисок, пишува ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС) остро ги отфрли новите американски санкции насочени кон претседателката на овој суд и вишиот обвинител во Канцеларијата на неговото обвинителство, оценувајќи ги мерките како „флагрантен напад“ врз судската независност, јавува Анадолу. Најновите санкции од власта на Доналд Трамп се насочени кон претседателката на МКС, Томоко Акане од Јапонија, и Абдулаје Сеје од Сенегал, виш обвинител во Канцеларијата на ...
Работнички продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а клубот официјално го потврди ангажманот на повремениот македонски репрезентативец Кристијан Николов. Искусниот бек пристигнува со богато интернационално искуство и треба да биде важна опција во ротацијата на скопскиот тим. Николов во кариерата настапуваше за повеќе европски клубови, а со своите репрезентативни настапи се етаблираше како еден од поискусните македонски ...
Од Град Скопје информираат дека утре и во петок, во раните утрински часови повторно ќе се врши авионска дезинсекција против комарци. Исто така, од Градот информираат дека од недела (23 август) до среда (26 август) ќе се изврши теренска дезинсекција на територија на Скопје. Прскањето ќе се врши од 22:00 до 03:00 часот наутро. Граѓаните да ставаат комарници на прозорците и да ја чистат застоената вода, надлежните ќе прскаат и ќе информираат ...
Најмалку 23 луѓе утринава загинаа во директен судир меѓу автобус и камион на автопат во бразилската сојузна држава Парана, пренесува „Ројтерс“. Во несреќата, која се случи околу 3 часот наутро по локално време, беа повредени уште петмина. Повеќето од загинатите биле патници во автобусот, а загинал и возачот на камионот, соопшти Федералната сообраќајна полиција. Првичните информации укажуваат дека камионот преминал во спротивната сообраќајна ...
Младиот црногорски напаѓач Андреј Костиќ ја менува средината и до крајот на сезоната ќе настапува за Спарта Ротердам како позајмен фудбалер од Милан. Костиќ има само 19 години, но веќе привлече големо внимание со настапите за Партизан. Минатата сезона беше редовен дел од белградскиот тим, забележувајќи 35 настапи, 11 голови и една асистенција. Неговите игри му донесоа трансфер во Милан, кој за неговите услуги плати 3,5 милиони евра, а преку ...
Британскиот актер Том Холанд се очекува да заработи најмалку 100 милиони долари за главната улога во новиот филм „Спајдермен: Нов ден“, пренесува „Гардијан“. Неименувани извори упатени во договорот на Холанд велат дека тој однапред добил хонорар од 20 милиони долари, што е двојно повеќе од она што го зема за претходниот филм за Спајдермен, „Спајдермен: Нема пат кон дома“ од 2021 година. Но, извонредниот успех на овој филм во кино-салите ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откри кои се трите клучни работи што му помогнале да изгради долг и успешен брак со сопругата Јелена Ѓоковиќ, неговата љубов уште од средношколските денови. Новак (39) и Јелена (40) се запознале како средношколци во Србија. Откако тој се преселил во Монте Карло за професионално да се занимава со тенис, повторно се зближиле додека Јелена студирала во Италија. Подоцна започнале заеднички живот, а во 2014 година ...
Компанијата „Мател“, во соработка со сопствениците на авторските права за ликот на Мерилин Монро, произведе нова специјална кукла „Барби“ по повод 100 години од раѓањето на филмската легенда. Новиот модел е инспириран од познатиот розов фустан што актерката го носеше во филмот „Мажите повеќе сакаат русокоси“ од 1953 година., пишува „Холивуд репортер“. Ова е седма по ред кукла изработена во чест на Мерилин Монро. Нејзиниот дизајн верно го ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ја разреши Ирина Мудра од функцијата заменик-шеф на кабинетот на претседателот поради истрага за можни финансиски злоупотреби, објави „Њу војс оф Украина“. Украинското Национално биро за борба против корупцијата (НАБУ) претходно пребарало локации поврзани со Мудра во рамките на операцијата „Форест Гамп“. НАБУ соопшти дека во операцијата е откриена наводна криминална организација во која биле ...
Додека во македонската јавност се поставуваат прашања дали и каков дијалог се води со Бугарија, под или надвор од радарот, од јавно достапните соопштенија извесно е дека од страна на Софија во моментов најмногу се води разговор на една тема: Ива Михаилова. Ретко се случува на страницата на бугарското МНР да се видат последователни соопштенија на една иста тема, како што е во случајот со младата девојка од Кочани, која својот живот и кариера ...
Ждребе на францускиот одгледувач „Штала Монсо“ постигна нов ценовен рекорд на престижната аукција на едногодишни ждребиња во Довил, каде што беше продадено за 4,6 милиони евра. Според организаторите на аукцијата, ждребето од расата „норманди“, „уште еднаш се впиша во книгата на рекорди“, со „надминување на претходниот рекорд од три милиони евра, кој беше поставен минатата година“, пренесува „Фигаро“. Родено од кобилата Дедли Најтшејд и ...
Осумдесет и двегодишен маж вчера бил пронајден починат во двор од семејна куќа во скопската населба Ќерамидница, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 18.08.2026 во 11:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на населба Ќерамидница во Скопје починал Т.Б.(82) во Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт“, соопшти МВР. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било ...
Селин Дион откри дека симптомите на реткиот невролошки синдром на вкочанета личност почнала да ги чувствува дури 17 години пред лекарите конечно да ѝ ја постават дијагнозата. Во декември 2022 година, канадската музичка ѕвезда јавно соопшти дека ѝ е дијагностициран синдромот, кој предизвикува силни мускулни грчеви и во одредени моменти може речиси целосно да ја онеспособи. Поради здравствената состојба, Дион најпрво ја одложи светската ...