Четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига носи интересна програма, а Фудбалската федерација на Македонија ги одреди и арбитрите за сите пет натпревари. Колото ќе се игра во петок, сабота и понеделник, додека недела е резервирана без прволигашки фудбал. Фудбалскиот викенд започнува денеска со два натпревари. На теренот на ФФМ, од 17 часот, Скопје ќе го пречека Тиквеш, а главен судија ќе биде Фуркан Идризи. Два часа подоцна, во Штип, ...

Кражбата на „Мона Лиза“ е позната како „уметнички грабеж на векот“, но самиот грабеж бил прилично едноставен. Во вечерните часови во недела, 20 август 1911 година, низок маж со мустаќи влегол во музејот „Лувр“ во Париз и се упатил кон Салон Каре (Salon Carré), каде што сликата на Леонардо да Винчи била изложена заедно со неколку други ремек-дела. Обезбедувањето во музејот било слабо, па човекот лесно успеал да се скрие во еден магацински ...

Нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија ќе ја намали моќноста на еден од своите реактори поради историски ниските нивоа на реката Дунав предизвикани од суша. Ова е првпат во 52-годишната историја на електраната екстремните временски услови да ја принудат да го намали производството, пишува бугарската новинска агенција БТА. Превентивно намалување на моќноста Министерството за енергетика објави дека „моќноста на петтата единица на Козлодуј ...

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради дефект на приклучна цевка, денеска без вода ќе останат повеќе улици во населбата Лисиче. Прекинот е од 09:00 часот, а без вода ќе бидат корисниците од улиците „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“, „Благоја Мучето“, „Архитект Сотир Томовски“, „Димитар Благоев“ и дел од улиците „Митре Влаот“ и „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на ...

Американскиот рапер Канје Вест, познат и како Је, треба да одржи два концерта во Санкт Петербург, Русија во октомври, но Кремљ вели дека организирањето средба со претседателот Владимир Путин не е во неговиот домет. На прашањето во четвртокот дали Путин би можел да се сретне со контроверзниот американски изведувач во текот на својата претстојна посета, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, брзо го отфрли предлогот, пишува „Политико.еу“. – Ова ...

Шпанската фудбалска федерација сака да ја продолжи успешната приказна со Луис де ла Фуенте и веќе започна преговори за продолжување на договорот со селекторот. Актуелниот договор на 65-годишниот стратег е со важност до 2028 година, но по историскиот успех на Светското првенство, челниците на федерацијата сакаат соработката да продолжи најмалку до 2030 година. Токму тогаш Шпанија, заедно со Португалија и Мароко, ќе биде домаќин на Мундијалот. ...

Нова генерација израелски доселеници се врати во населбата Кадим на окупираниот Западен Брег, две децении откако беше евакуирана од претходната израелска влада, објави Би-би-си. Триесет „пионерски семејства“ од Тел Авив во четвртокот пристигнаа во населбата, соопшти регионалниот совет на доселениците, „јавајќи на бранот еврејски национализам поттикнат од сегашната израелска влада“, пишува Би-би-си. Тие пристигнаа во мали групи, некои под ...

Англискиот голгетер Хари Кејн добил неверојатна понуда од Ал Хилал, која според информациите би му носела околу 85 милиони фунти годишно, но ниту огромната плата не била доволна да го убеди да ја напушти Баварија. Кејн, кој има 33 години, пристигна во Баерн во 2023 година од Тотенхем и за кратко време се претвори во еден од најважните фудбалери на германскиот гигант. Со своите голови и лидерските способности, англискиот напаѓач се наметна ...

Федералната влада во Нигерија планира да ги декриминализира обидите за самоубиство во земјата, каде што проблемите со менталното здравје остануваат во голема мера стигматизирани, објави „Африкањуз“. Реформата има за цел да ги намали смртните случаи и обидите за самоубиство за 15 проценти до 2030 година, со што Нигерија го менува својот одговор од казна кон грижа и поддршка. Обидот за одземање на живот во моментов според Кривичниот законик е ...

На пазарот постојат низа производи за внесување никотин, од класични цигари и вејпови до никотински ќесички, а секоја опција носи специфични ризици. Доктор Рајан Зафар, невропсихофармакологот од Империјал колеџ и виш истражувач во „Драг Саенс“, објаснил која форма на консумирање е најштетна, при што една јасно се издвојува. Иако некои опции се значително полоши од другите, неговиот главен совет е едноставен: „Ако не користите никотин, не ни ...

По летната пауза, повторно доаѓа време за најголемата фудбалска сцена во Англија. Новата сезона во Премиер лигата носи големи очекувања, амбиции и бројни прашања, а уште пред првото коло јасно е дека нè очекува жестока битка на сите делови од табелата. Од борбата за шампионскиот трофеј, преку местата кои водат во Европа, па сè до битката за опстанок, секој бод повторно ќе има огромна тежина. Особено внимание привлекува фактот што дури девет ...

Чартер-авион се урна во близина на оддалечена радарска станица во западна Алјаска во САД, при што загинаа сите осум луѓе во леталото, соопштија воздухопловните американски власти, пренесува Си-ен-ен. Авионот „Цесна 441“ полетал од Енкориџ и се упатил кон Кејп Њуенхам, околу 450 милји (724 километри) југозападно од градот. Според првичните информации на Федералната управа за воздухопловство, леталото се урнало во близина на дестинацијата ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со кој се воведуваат санкции против руски поединци и организации вклучени во создавањето на анимираната серија „Маша и Медо“, која, според украинските власти, промовира руски наративи, објави „Киев индепентент“. „Воведени се санкции против пет руски поединци и четири организации вклучени во создавањето и дистрибуцијата на анимираната серија „Маша и медо“, која промовира проруски ...

Украина мора сама да одлучи кога ќе одржи избори, а Европската Унија е подготвена да ѝ обезбеди поддршка во текот на изборниот процес, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер. Таа рече дека Украина треба самостојно да одлучи кога ќе се одржат изборите, целосно почитувајќи ја сопствената правна рамка, додавајќи дека ЕУ е подготвена да ја поддржи Украина во текот на изборниот процес, особено во почитувањето на релевантните ...

Кимберли Стјуарт, ќерката на рок-легендата Род Стјуарт, го чека своето трето дете. Манекенката и претприемачка ја објави веста за бременоста на Инстаграм, нешто повеќе од една година откако роди син, пренесува „Пипл“. Ова бебе ќе биде седмо внуче за познатиот музичар. Стјуарт во средата сподели фотографија на која позира без маица, покривајќи ги градите со рацете и истакнувајќи го трудничкиот стомак. „Упс, повторно го направив тоа“, напиша ...

Италија треба да го прекине договорот со Албанија за притвор на мигранти бидејќи тоа ги загрозува безбедноста, слободата и човековите права на барателите на азил и мигрантите, повика „Амнести интернешнл“. Во извештајот, во кој се разгледува договорот од 2023 година, организацијата за човекови права соопшти дека стотици луѓе биле присилно пренесени во објекти во Албанија, каде што ограничениот пристап до адвокати и судови ја поткопува нивната ...

По одредена возраст, некои деца со попреченост не се во можност да го продолжат образованието во типична средина, а имаат потреба од постојан надзор. Често едниот од родителите, поради потребите на своето дете, не е во можност да оди на работа и да ги извршува своите лични активности, па најпосле и се соочува со неможност за социјализација. Од неодамна Скопје доби нов Дневен центар за лица со попреченост над 14 години. Лоциран е во ...

Градоначалникот на италијанскиот град Комо, Алесандро Рапинезе, донесе одлука за забрана на возење велосипед во историскиот центар на градот, откако беше удрен од велосипедист, објави Би-би-си. Забраната стапува на сила во септември и се однесува на околу 30 улици, што значи дека велосипедистите, без разлика дали возат електрични или обични велосипеди, ќе мора да се симнат од нив и да ги туркаат во тие области. Рапинезе веднаш се најде на ...

1765. Роден е британскиот крал Вилијам Четврти кој на престолот бил од 1830. се до неговата смрт во 1837 година. Неговите поданици му го дале прекарот „Лудиот Били“, а го нарекувале и „кралот морнар“ бидејќи од 1778 до 1790 година служел во морнарицата. Имал десет вонбрачни деца со ирската актерка Доротеј Џордан пред да се ожени во 1818 година со една германска принцеза. 1897. Англискиот лекар Роналд Рос го открил видот комарец пренесувач на ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Во сабота ...

Бројни финансиски резултати за раст на економијата презентираше денес и вчера премиерот Христијан Мицкоски. Тој информираше дека бруто-домашниот производ е зголемен за 120 милиони евра за две години, дека просечната плата во нивниот период на владеење расте за 70 проценти повеќе отколку во периодот на СДСМ, а дека пензиите се за 325 проценти побрзорастечки на месечно ниво. Овие бројки предизвикаа лавина реакциии, како партиски, така и ...

„Мора да имаме владин авион, ако сакаме да бидеме сериозна држава, а идејата за негово купување не е повлечена, ниту пропадната, рече вечерва директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски, во гостување на „Канал 5“. Тој рече дека Владата за само две години потрошила околу два милиони евра за сервисирање на сегашниот владин авион, кој е од 2004 година и често бил во дефекти. За тој авион нема оригинални ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 21 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Денес ќе бидете подготвени да преземете иницијатива и да завршите нешто што подолго време го одложувате. На работа може да добиете дополнителна одговорност, но добро проценете дали имате време за неа. Во љубовта избегнувајте избрзани реакции – искрениот разговор ќе ви помогне подобро да ја разберете другата страна. Внимавајте на ...

Подготовката на секое вистинско јадење започнува – со сечкање кромид и, најчесто, со солзи. Веројатно на секого понекогаш му се случило да си ја „исплаче душата“ пред да динста кромид, да мора да избега од кујната или да сече со паузи за кромидот да не се маринира во сопствените солзи. Добрата вест е дека постојат неколку едноставни трикови кои можат значително да го намалат солзењето на очите при сечењето кромид. Пред сè, ако носите очила, ...

Дали денот го започнувате со омлет, кајгана, јајца на око или, пак, повеќе сакате тврдо варени јајца? Можеби ви се чини дека станува збор само за вкус, но токму ваквите мали, секојдневни избори понекогаш можат да откријат интересни црти од нашата личност, пишува „Сенса“. За големите животни одлуки често размислуваме долго, но забораваме колку нашите навики можат да кажат за тоа какви сме. Начинот на кој ја избираме храната, што правиме прво ...

Вежбањето пред спиење на многумина им изгледа како совршена идеја. На крајот од денот, тоа е можност да ги разбистрите мислите, да ја потрошите вишокот енергија и, уморни, но задоволни, да потонете во длабок и квалитетен сон. Но, експертите предупредуваат дека работите не се толку едноставни и дека одредени навики при вежбањето можат да имаат сосема спротивен ефект. Д-р Шелби Харис, клинички психолог и специјалист за бихејвиорална медицина ...

Во четвртиот таков случај во Куманово од јуни наваму и третиот само во последните три недели, мало дете од градот завршило во болница откако се затруло, а во конкретниот случај тоа испило бензин, јавува „Куманово њуз“ Се работи практично за бебе од 16 месеци. „На 19.08.2026 околу 22:28 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете, кое испило бензин“, информираат од кумановската ...

Најтешкиот дел од емоционалната манипулација е тоа што најчесто не изгледа како манипулација. Изгледа како некој да има тежок ден, или да е малку ладен, или да му треба простор, или едноставно да е брутално искрен. Додека да почне да се чувствува како шема, повеќето луѓе веќе поминале месеци објаснувајќи си го тоа. Над една третина од возрасните доживеале емоционална манипулацијаемоционална манипулација во блиска врска, според анкета на ...

Министерството за внатрешни работи информира дека е ставена во функција „веб-апликацијата со мобилен интерфејс“ наречена „Безбедна земја“ (‘Safe Country’), што во оваа фаза е наменета за странските државјани – сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички. Возачите од странство преку апликацијата ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да ...

Во интересна соработка со Фабрицио Романо, познатиот фудбалски инсајдер, 23-годишниот тенисер Карлос Алкараз ја информираше јавноста дека чекањето заврши. Шпанецот потврди дека ќе ја брани титулата во Њујорк. Седумкратниот гренд слем-шампион пред четири месеци го повреди зглобот на десната рака на турнирот во Барселона, поради што беше принуден без борба да му го предаде мечот од второто коло на Томаш Махач. Оттогаш не одигра ниту еден ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07