Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Силно невреме вчера зафати делови од Германија и предизвика огромна материјална штета, а во градот Фирстенвалде во покраината Бранденбург беше потврдено торнадо, објави весникот „РНД“. „Настанот во Фирстенвалде несомнено беше торнадо“, потврди Германската метеоролошка служба (ДВД). Силниот ветер соборил повеќе дрвја низ градот, а според снимките и фотографиите од местото, на еден објект му бил откорнат и покривот. На терен до доцна во ноќта ...
Полицијата вчера привела 15-годишно момче од Кичево бидејќи возело мотор без возачка дозвола и удрило велосипедист кој завршил со тешки повреди. „На 18.08.2026 во 18:10 часот, на улица ‘Влашки пат’ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 15-годишник од Кичево. Претходно, тој управувал мопед со кичевски регистарски ознаки без положен соодветен возачки испит и удрил во велосипед кој го управувал А.А.(68) од кичевското ...
Инфлацијата во Австрија забележа забавување во јули, покажуваат најновите податоци на „Статистика Австрија“. Годишната стапка падна на 2,8 проценти, од 3,2 проценти во јуни, а главна причина за намалувањето биле пониските цени на храната. Сепак, трошоците за транспорт, горивата, рестораните и здравствените услуги и натаму вршат силен притисок врз семејните буџети. Податоците покажуваат дека поевтинувањето на дел од основните прехранбени ...
Симптомите на алергии кои се интензивираат во текот на ноќта се честа појава, а причините често се кријат во спалната соба. Освен алергените во околината, и самата лежечка положба може да го влоши чувството на затнатост на носот и други тегоби, пишува „Хелт“. Сепак, неколку едноставни промени во навиките и околината можат значително да ги ублажат реакциите и да го подобрат квалитетот на сонот. Прашина и мувла во спалната соба Ноќните алергии ...
Долгоочекуваниот боксерски дуел меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа доби нова локација. Наместо на „Вембли“ во Лондон, големиот спектакл ќе се одржи на 20 ноември во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Иако британските навивачи со години го очекуваат судирот на двете боксерски ѕвезди на домашен терен, организаторите се одлучиле за американската варијанта поради телевизискиот пренос преку Нетфликс. Борбата е планирана за американскиот прајм-тајм, ...
Иранскиот фудбалер Надер Мохамади ги воодушеви љубителите на фудбалот со својата неверојатна техника на изведување аут. На натпреварот меѓу Спартак и Уфа, Мохамади изведе аут по кој топката прелета дури 51,6 метри и заврши во опасната зона пред противничкиот гол. Според статистичката агенција „РуСтат“, станува збор за рекордно достигнување. Топката во текот на летот достигнала височина од 10,8 метри, па изгледаше речиси како уфрлување од ...
Принцот Хари и Меган Маркл планираат да се вратат да живеат во Велика Британија, шест години откако заминаа во САД. Се очекува парот и нивните две деца, принцот Арчи (7) и принцезата Лилибет (5), крајот на овој месец да се преселат во имот кој не е во кралската сопственост, пишува „Гардијан“. Се верува дека имотот се наоѓа надвор од Лондон, а децата се веќе запишани да тргнат на училиште во септември. Кралот Чарлс минатата недела бил ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања за економска изолација на Иран, заканувајќи им се со „огромни економски последици“ на сите земји што ќе му помагаат на Техеран или ќе продолжат да соработуваат со него, пренесува „Гардијан“. „Денеска ја најавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било земја! Секоја земја што ќе им дозволи на своите финансиски институции, компании, аеродроми или ...
Селтик направи голем исчекор кон пласман во групната фаза на Лигата на шампионите, откако на домашен терен убедливо го совлада ЛАСК со 3-0 во првиот плеј-оф натпревар. Шкотскиот состав уште од почетокот ја презеде контролата, а резултатот беше отворен во 26. минута преку Бенџамин Нигрен. До паузата Камило Дуран зголеми на 2-0, а истиот играч во 67. минута со својот втор гол ги постави конечните 3-0. Многу важна победа оствари и Бодо/Глимт, ...
Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето. Бобе денеска споделува рецепт за вистински гурмански деликатес – пита со виршли. – Понекогаш највкусните јадења се создаваат од едноставни состојки што речиси секогаш ги имаме дома. Овие запечени виршли со кашкавал се совршен пример за брз, заситувачки и неодоливо ...
Повеќе од 100 луѓе загинаа откако се урна импровизиран рудник за рачен ископ на злато во близина на границата со Камерун, соопштија локалните власти во Централноафриканската Република (ЦАР), пренесува Ројтерс. Локалните медиуми објавија дека до уривањето дошло во селото Замбоје, на околу 50 километри од градот Бабуа во Централноафриканската Република и на неколку километри од Гару-Булаи, во источен Камерун. Жерве Ганагорох, волонтер на ...
Повеќе од 300 компании присуствуваат на Светската конференција за роботи, која ќе трае до недела, прикажаа над 2.000 експонати и лансираа повеќе од 150 производи. Конференцијата доаѓа во време кога роботиката се појавува како нов фронт во соперништвото меѓу САД и Кина, а ентузијазмот на инвеститорите за секторот достигнува нови максимуми во Кина, пишува Ројтерс. Кинеските производители на роботи ги претставуваат своите најнови машини на ...
Украинските демонстранти, кои пред еден месец бараа враќање на поранешниот министер за одбрана Михајло Фодоров, денес го критикуваа назначувањето на неговиот наследник Евгениј Хмара, објави „Укринформ“. Демонстранти се собраа во Мариинскиот парк во Киев, откако украинскиот парламент ја одобри кандидатурата на Хмара за министер за одбрана. Како што пишуваат украинските медиуми, толпата со гнев го пречекала назначувањето. Откако беше објавено ...
1854. Умрел Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична идеалистичка филозофија. Најпознати негови дела се „Идеја за филозофијата на природата“, „Систем на трансцеденталниот идеализам“ и „Филозофија на уметноста“. Роден бил на 27 јануари 1775 година. 1943. Роден е Драган Николиќ, српски актер. Тој студирал на Белградската академија за драмски уметности. Во 1967 година дебитира во филмот „Кога ќе бидам ...
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје попладнево тргна кон Мариово, каде ќе помогне во справувањето со големиот пожар што го зафати регионот, информираше скопскиот градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи соопшти дека помошта е испратена на барање на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Кога гори македонска земја, нема граници. Има само една обврска – да бидеме заедно, да ...
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 20 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Денеска ќе имате можност да покажете колку сте способни кога работите под притисок. Не брзајте да прифатите дополнителни обврски пред да ги завршите започнатите задачи. Во љубовта, партнерот ќе очекува повеќе разбирање, а слободните може да добијат порака од личност од минатото. Внимавајте на заморот и одвојте време за одмор. Бик Вашето ...
Најздравата запршка не бара брашно ниту лажици маст. Една состојка од вашата кујна ја згуснува подобро и го интензивира вкусот. Пробајте уште вечерва. Ќесичка овесни снегулки за помалку од 100 денари има во речиси секоја кујна, а ретко кој ја гледа како замена за брашно. А токму тука започнува најздравата запршка, онаа што не создава таков тежок слој маснотии на врвот на супата или на манџите. Зошто запршката од брашно секогаш малку ви ...
Постојат луѓе на кои им е потребно многу друштво и постојана комуникација, но има и такви на кои им се сосема доволни една или две блиски личности. Сепак, тешко е да се замисли човек кому никој не му е потребен и кој нема ниту еден пријател. Како што минуваат годините, кругот на луѓе околу нас природно се намалува. Работата повеќе не нè собира секојдневно со десетици колеги, децата растат и добиваат свои обврски, а сè помалку имаме трпение ...
Казуо Инамори беше една од најпознатите личности во јапонскиот деловен свет. Тој основал силна компанија и бил познат по својата работна етика, но и по својата филозофија која нагласувала дисциплина, секојдневни навики и лична одговорност. Неговиот пример често се наведува кога се зборува за ставот на Јапонците кон работата и секојдневната дисциплина. Сепак, утринската тромост не е нужно знак на мрзеливост. На неа може да влијаат недоволниот ...
Можеби уште како деца сте ја слушнале реченицата: „Ако некој е лош кон тебе, тоа значи дека му се допаѓаш“. Иако ваквото однесување меѓу две деца може да изгледа наивно, во возрасните љубовни односи може да прерасне во манипулативна практика позната како „негинг“ (negging), пишува „Вајс“. Станува збор за однесување при кое едната личност намерно го омаловажува, навредува или потценува партнерот или личноста за која е романтично ...
Астон Вила продолжува со сериозното засилување на тимот, откако клубот официјално потврди две нови засилувања непосредно пред почетокот на сезоната. На „Вила Парк“ пристигнува Матео Руџери од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра, со можност сумата да биде зголемена преку дополнителни бонуси. Италијанскиот фудбалер треба да донесе нови решенија во тимот на англискиот премиерлигаш. Второто, но можеби и поинтересно засилување е јапонскиот голман ...
Атлетико Мадрид ја започна новата сезона во Примера со триумф, откако на домашен терен ја совлада Малага со 2-0. По првите 45 минути без голови, „јорганџиите“ успеаја да го скршат отпорот на гостите во второто полувреме. Во 70. минута Ли Канг-ин постигна одличен погодок за 1-0, со што на најдобар можен начин го одбележа својот официјален прв настап по трансферот од Пари Сен Жермен. Конечниот резултат го постави Алекс Баена во 85. минута, ...
Американскиот пејач и актер Џастин Тимберлејк сподели ретки семејни фотографии од своите синови Сајлас (11) и Финеас (6) и им овозможи на обожавателите мал увид во нивното заедничко лето. Тимберлејк (45), кој ги има синовите со сопругата Џесика Бил (44), на Инстаграм објави серија фотографии од семејните моменти во изминатите месеци. Двојката е позната по тоа што ја чува приватноста на децата и многу ретко ги покажува нивните лица на ...
Швајцарските гласачи најверојатно следниот месец преку референдумот ќе го отфрлат народниот предлог, со кој во Уставот попрецизно и построго би се дефинирала неутралноста на земјата, покажува медиумска анкета објавена денеска, пренесува Ројтерс. Речиси две третини од испитаниците се изјасниле против иницијативата за неутралност, според анкетата спроведена за весниците „20 Минутен“ и „Тамедиа“. Швајцарците на 27 септември ќе гласаат за ...
Френсис Клифорд Смит осум пати ја јадел својата „последна вечера“ пред погубување. Но, откако секојпат му била одложена егзекуцијата, тој стана затвореникот со најдолг стаж во историјата на САД, пред да почине во јуни на 101-годишна возраст, пишува „Би-би-си“. Осуден за убиство во 1950 година кога имал 25 години, Смит до крајот на животот ја одржуваше својата невиност. Според службениците од затворот во Конектикат, тој во последните години ...
Гравитациската сила не е иста во сите делови од Земјата, а оваа нерамномерност влијае и на вистинскиот облик на нашата планета. Сега, НАСА објави визуaлизација што живописно ги илустрира овие глобални разлики, пишува „Евроњуз“. Што е геоид? Геоидот е име за математички модел што покажува како би изгледала Земјата ако е обликувана исклучиво од гравитацијата и ротацијата. Ако сите надворешни влијанија како што се плимата, ветровите и струите ...
Атлетико Мадрид практично го смета случајот со Хулијан Алварез за завршен уште од моментот кога целата ситуација изби во јавноста. Две јавни појавувања на извршниот директор Мигел Анхел Хил Марин само го потврдија тоа, со јасна порака дека вратата е затворена. Секојдневно се појавуваат нови информации за интересот на Барселона, но Атлетико не отстапува ниту милиметар. Ништо не се променило од самиот почеток. Сите кои досега зборуваа за ...
Доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тогаш сум спремен да свикам лидерска средба, да договориме термин и повторно да ги победиме СДСМ на избори, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Сител. Тој посочи дека со неговата партија добиле мандат од граѓаните за четири години, кој завршува во пролетта 2028 година. „Сè уште имаме техничка влада, што значи дека крајот на мандатот на оваа ...
Британската кралица Камила првпат јавно проговори за тешкото емотивно искуство што го доживеала додека со членовите на кралското семејство ја чувала во тајност дијагнозата за рак на својот сопруг, кралот Чарлс Трети. Камила рекла дека „копнеела да го изговори тоа, но дека очигледно не можела“, откако дијагнозата на кралот Чарлс беше официјално објавена во февруари 2024 година. Кралицата за тој период зборувала во краткиот филм снимен во ...
Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што горат со денови. Едно лице загина во пожарите, неколку други се повредени, а ситуацијата може дополнително да се влоши од нов топлотен бран проследен со ветер и продолжување на сувата сезона, пренесува српски Курир. Најголемата борба со пожарот се одвива во природниот резерват Делиблатско Песочиште, на Столови во близина на Краљево и во областа Кладово. View this post on Instagram A ...