Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска ги отфрли економските закани на американскиот претседател Доналд Трамп кон неговата земја, оценувајќи дека таквите „неуспешни политики“ дополнително ќе го засилат непријателството меѓу Иранците и „ќе донесат нови неуспеси“. Изјавата на Арагчи следуваше неколку часа откако Трамп му се закани на Иран со „разорни економски мерки“. Американскиот претседател најави „економска војна и ...

Организаторите на маратонот во Едмонтон во Канада признаа дека патеката на годинашната трка била подолга за дури 674,7 метри. Традиционалниот маратон во Алберта често се користи како квалификациска трка за престижниот Бостонски маратон. Сепак, по трката одржана во неделата, голем број незадоволни учесници се пожалиле дека нивните уреди покажувале дистанца поголема од стандардните 42 километри и 195 метри. Организаторите првично ги отфрлиле ...

Актерката Дакота Џонсон и музичарот Рол Модел, чие вистинско име е Такер Пилсбери, ставиле крај на љубовната врска по помалку од една година. Извор близок до поранешната двојка за „Пипл“ открил дека 36-годишната актерка и 29-годишниот пејач раскинале „пред извесно време“. Нивните претставници засега не се огласиле за информацијата. Џонсон и Пилсбери првпат ги поттикнаа гласините за романса во декември 2025 година, кога беа забележани на ...

Премиерот Христијан Мицкоски не паѓа на предизвикот на лидерот на ДУИ Али Ахмети и чека претседателот на СДСМ Венко Филипче да му фрли ракавица за предвремени парламентарни избори напролет. Ова сублимирано е последната размена на пораки меѓу партиските лидери за можни предвремени парламентарни избори, тема што Мицкоски ја рециклира повеќе од една година. Премиерот повтори дека граѓаните му дале мандат од четири години, но и дека не е кукавица ...

Засега нема докази дека цариници од Македонија комуницирале со осомничените за шверцот на повеќе од пет тони марихуана, велат од Обвинителството кое порачува дека треба Србија да прави проверки кај нивните цариници. – Ние ги прибавивме податоците за сите тие транспорти, не само за петте кои сега се предмет на новата истрага, туку и за други за кои имавме индиции дека на граничните премини биле присутни цариници кои биле на смена. Досега ...

Турскиот гигант Трабзонспор направи прекрасен гест за младиот навивач Исак Кирни, приредувајќи му нова средба со неговиот фудбалски идол. Исак стана познат по огромната љубов кон Ливерпул и Мохамед Салах, поради што англискиот клуб во минатото му овозможи неколку незаборавни моменти, меѓу кои и средби со египетскиот ас и други фудбалери. Откако Салах летово го напушти Ливерпул и кариерата ја продолжи во Трабзонспор, младиот навивач веднаш ...

Еден од најкултните филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија, годинава одбележува 10 години од светската премиера, кога филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Чикаго интернешенл филм фестивал). Јубилејот ќе биде одбележан на 25 август (вторник), со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“, на отворената катна гаража во „Скопје Сити мол“, во ...

Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода обезбеди бесплатни училишни униформи кои ќе ги подели на сите 5.500 ученици во основните училишта на нејзина територија. Секое прваче пак, кое есенва ќе седне во училишните клупи, од Општината ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училишен прибор. Според градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска овие мерки се директна институционална поддршка за значително олеснување на ...

Додека власта речиси секојдневно во партиски соопштенија го обвинува лидерот на опозицијата и поранешен министер за здравство Венко Филипче за криминал со изградбата на модуларните болници за време на ковид-кризата, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), по пет години од отворањето на предметот, го затвори во предистрага и не најде никаков криминал во изградбата на овие помошни болници, откако во една во Тетово ...

Поранешниот претседател на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, а сега дел од Вреди јавно го прашува лидерот на ДУИ Али Ахмети зошто во 2001 година како командант на ОНА се откажал од почетната позиција за поделба на Македонија. Дали тоа го сторил од „љубов кон унитарна Македонија“ или поради евтино пазарење. Ибрахими ја отвора темата откако на годишнината од Рамковниот договор Ахмети повтори дека тој ја одбил понудата од македонска страна за ...

Лажен лекар од Штип доби кривична пријава откако измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра, убедувајќи ја дека нејзината внука паднала и тешко се повредила. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.М.(23) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘измама’. На 03.06.2026 пријавениот измамил жена од Пробиштип за сума од 2.500 евра, претставувајќи се како лекар, кој ...

Невоспоставени внатрешни контроли, слабости во јавните набавки преку набавки по цени повисоки од пазарните и набавки без оправданост, како и исплати без соодветна документација се утврдени во работењето на државниот студентски дом „Пелагонија“ Скопје, што предизвикува несоодветно користење на јавните средства, информираше Државниот завод за ревизија. „Со ревизијата на јавните набавки за свежо месо од 2023 година, преработки на месо, месни ...

Тамара Тодевска откри како ќе изгледа насловната фотографија на новиот албум „Кукла жива“, кој ќе биде објавен на 3 септември. Поп-пејачката на насловната слика позира во смело црно издание. Црно-белата фотографија е дел од визуелниот идентитет на новиот проект. На црно-белата фотографија пејачката е со кратка руса коса, а телото ѝ е прекриено со црна, сјајна креација која остава впечаток на скулптура и ја нагласува нејзината силуета. Со ...

Струшката полиција поднесе кривична пријава против двајца жители од селото Велешта и фирма поради нелегални ископи на руда во близина на изворите Шум од кои се снабдува Струга со вода за пиење. Со ископите, се сомничат дека ја загадиле и заматиле струшката вода 30 пати над дозволеното. „ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица од струшкото село Велешта, на возраст од 50 и 54 години, како и против правен субјект од истото село ...

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје. Фестивалот ќе биде отворен на 20 август, во 20:30 часот, во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Приказната во филмот „Кон запад, во Запата“ ...

Притисокот врз српската заедница на Косово и мерките на Приштина предизвикаа незадоволство во Белград, а како еден од можните одговори Александар Вучиќ ја спомена можноста за промена на текот на реката Ибар. Како што изјави, во таков случај „ќе видиме што ќе прават Албанците и како ќе се однесуваат“. Водниот систем Ибар-Лепенец има стратешко значење за снабдувањето на Косово со вода за пиење и за производството на електрична енергија. Оттука ...

Ислам Абази, актуелниот раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција нема да бара нов мандат од колегите. -После осум години човек треба да знае дека е доволно, треба да им се даде можност и на другите колеги – изјави Абази кој претходно остави простор за негова кандидатура. Пред да биде избран, во 2022 година тој раководеше со Вишото јавно обвинителство Гостивар, каде треба да се врати. Обвинителите од цела ...

Поранешниот шеф на глобалниот маркетинг во Челси, Кристијан Перслоу, зборуваше за ситуацијата со англискиот клуб кој трета година во низа влегува без генерален спонзор на дресот. Иако спонзорствата се еден од основните извори на приходи за фудбалските клубови, Челси веќе трета сезона ќе настапува без натпис на предната страна од дресот. Таквата ситуација трае откако клубот го презеде американскиот бизнисмен Тод Боли, кој го купи Челси откако ...

Холандскиот супермодел Карен Мулдер, една од најплатените манекенки во деведесеттите години, по две децении молк повторно проговори за тврдењата за злоупотреба што ги изнесе во 2001 година и по кои нејзината блескава кариера практично заврши. Мулдер (57) во своето прво интервју по 20 години, за германското издание на „Вог“, тврди дека била „затворена“ и „замолчена“ откако јавно обвини моќни личности за сексуална злоупотреба. „Ме принудија да ...

Научник, кој со децении работел со програмата на Пентагон за НЛО тврди дека видел докази оти САД кријат тела на припадници на четири различни вонземски раси, пронајдени во летала што се урнале на Земјата, објави „Дејли мејл“. Д-р Ерик Дејвис, астрофизичар специјализиран за напредни технологии за погон на летала, изјави дека лично видел доверливи фотографии и документи на американската влада кои, според него, го потврдуваат постоењето ...

Пожарите што со денови горат во Мариово и на други локации во земјава засега не претставуваат критична закана за човечки животи и за населени места, но ситуацијата може да се промени буквално од час во час. Огнената линија на мариовскиот пожар, според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на моменти достигнувала и повеќе од 20 километри, а тешкиот и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денес порача дека Владата е подготвена за разговори со Бугарија за надминување на отворените прашања, но нагласи дека тоа треба да се прави во рамките на јасно утврдените црвени линии. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет, Мицкоски се осврна и на изјавата на бугарскиот премиер Румен Радев дека Софија го поддржува проширувањето на Европската Унија, но останува на барањата за ...

Од МВР информираат дека се поднесени кривични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп, меѓу кои и бивш директор на прилепскиот „Тутунски комбинат“, поради сомнеж дека сториле повеќе кривични дела и го оштетиле буџетот на комбинатот за над 3,3 милиони денари (над 53 илјади евра). Тие, меѓу другото, се сомничат за кривичните дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување службена ...

Нов систем за полевање на зеленилото се поставува во Ново Лисиче, спроти паркот „Авионче“, околу Спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“. Од Општина Аеродром информираат дека овој простор за првпат добива современ систем, со кој ќе се овозможат подобри услови за одржување на тревниците и на зелените површини. Системот, како што велат од Општината, ќе биде во должина од околу 2,5 km и ќе опфаќа повеќе од 300 прскалки, со што ќе се ...

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен го замени „домаќинството“ со Рен во првото коло од француското првенство, откако големите топлотни бранови сериозно го оштетија теренот на стадионот „Паркот на принцовите“. ПСЖ требаше да ја започне одбраната на титулата со натпревар против Рен на домашен терен, но дуелот сепак ќе се одигра на стадионот во Бретања. Француската лига соопшти дека теренот во Париз не ги исполнува потребните услови, особено кога ...

Администрацијата на Доналд Трамп се обидува да депортира маж кој се претставува како поранешен шпион на ЦИА, а кој по нападите на 11 септември се инфилтрирал во Ал Каеда и добил дозвола да живее во САД откако помогнал во осудувањето на терористи, објави „Си-би-ес њуз“. Агенти на Службата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) го уапсиле Блерим Скoро, татко на три деца роден во Косово, пред имиграциска канцеларија во Њу Џерси, каде што претходно ...

Астрономите ја открија најбрзата позната ѕвезда во Млечниот Пат. Ѕвездата „С301“ се движи со брзина од околу 25.000 километри во секунда, или околу 100.000 пати побрзо од комерцијален авион. Ова значи дека при максимална брзина достигнува околу осум проценти од брзината на светлината. „С301“ е исто така најблиската позната ѕвезда до супермасивната црна дупка „Сагитариус А*“, која се наоѓа во центарот на Млечниот Пат, пишува „Гардијан“. ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска до 13 часот регистрирал вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои осум сè уште се активни, додека четири се целосно изгаснати. Активни пожари има во повеќе делови од земјата. Најголем број жаришта се регистрирани на територијата на Прилеп, Новаци и Могила, каде што гори ниска вегетација на повеќе краци во близина на селата Чаниште, Крушевица, Лопатица, Орле и Мојно. Пожари се активни и во ...

НУ Драмски театар Скопје со претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ, на 19 и 20 август учествува на најголемиот сценско-музички фестивал во Црна Гора. Претставите ќе бидат изведени во Стариот град на летната сцена „Помеѓу црквите“, со почеток во 21 часот. Претставата „Плејбои…“ е четирипартитна копродукција на НУ ...

Вредноста на синдикалната кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари, информира денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). За храна и пијалаци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облека и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.370 ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76