На почетокот на оваа недела, пирати киднапирале товарен брод под камерунско знаме покрај брегот на Пунтланд во Сомалија и го однеле до брегот на регионот Нугал, изјавил денеска сомалиски функционер, пренесе AП. Бродот бил киднапиран во понеделникот, на околу 3,5 наутички милји од Марахе во округот Ајле во Пунтланд, изјавил функционер за Асошиејтед Прес под услов да остане анонимен, бидејќи не бил овластен јавно да зборува за чувствителни ...

Легендарниот хрватски музичар Дино Дворник денеска ќе наполнеше 62 години. По повод неговиот роденден, неговата ќерка Ела Дворник сподели емотивна објава на Инстаграм и се потсети на својот татко, кој почина во септември 2008 година на 45-годишна возраст. Ела објави фотографија од Дворник од неговите помлади години, но и неколку негови стари изјави од интервјуа, во кои музичарот зборуваше за родителството, воспитувањето на својата ќерка, ...

Луис Хамилтон има значително подобра сезона со Ферари во споредба со неговата дебитантска 2025 година, откако ја оствари својата прва победа со италијанскиот тим во Барселона и потоа уште трипати се најде на подиумот. Благодарение на константните настапи, Хамилтон е единствениот возач на гридот кој освоил бодови на секој тркачки викенд досега. Во моментов се наоѓа на второто место во шампионатот со 50 поени помалку од лидерот Кими Антонели. ...

Српски државјанин е осуден на 14 години затвор за обид за убиство во центарот на Прага. Вишиот суд во тој град вчера ја отфрли неговата жалба и ја потврди пресудата на првостепениот суд, пишува чешкиот портал „Новинки“. Минатата година, по конфликт во бар во Прага, 47-годишниот српски државјанин Паљ Домѓони нападнал маж, 20 години помлад, и го прободел во вратот. Пред тоа, чешките власти го ослободиле по грешка, па тој поминал одреден период ...

Академскиот професор Натан Кофнас кој поднесе обвинувања за плагијат против професорот Џејсон Ардеј пред неговата смрт, е суспендиран од неговиот универзитет, објави „Гардијан“. 41-годишниот Ардеј поднесе оставка од својата позиција на Универзитетот во Кембриџ овој месец по објавувањето на обвинувањата на Кофнас за плагијат. Обвинувањата, кои не беа докажани во никаква формална истрага, предизвикаа прашања за достигнувањата на Ардеј. Имаше ...

Пелистер со убедлива победа од 39-17 против Пелистер 2 го одбележа традиционалниот тест-натпревар во Битола, кој привлече големо внимание поради првото појавување на Лино Червар пред домашната публика. Иако дуелот имаше пријателски карактер, трибините беа добро исполнети, а навивачите го поздравија новиот тренер и му посакаа успех во сезоната. Червар ова лето пристигна во Битола со големи амбиции и задача да го предводи Пелистер во битката ...

Притисокот врз првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, продолжува да расте, откако навивачки групи од Европа, Африка и Северна Америка покренаа петиција со која се бара негово заминување од функцијата. Петицијата е започната на 19 август, а за само еден ден собра поддршка од повеќе од 20.000 навивачи. Како главна причина за иницијативата се наведува идејата за продажба на удел од Светското првенство на приватни инвеститори, што предизвика ...

Победничката на изборот за убавина „Мис Гранд САД“, Мекала Ли, остана без својата титула само седум дена откако беше крунисана како победничка. Организацијата на изборот за убавина на 19 август објави дека го раскинува договорот и ја ослободува од сите должности поврзани со титулата. Иако организаторите официјално не ги наведе сите детали, документите до кои дојде списанието „Пипл“ откриваат дека против Мекала Ли се водат и кривични и ...

Уште од 1957 година, кога СССР го изврши сензационалното лансирање на првиот вештачки сателит во историјата, советското раководство постојано барало сè поголеми и повпечатливи достигнувања. На секои четири месеци, генералниот секретар Никита Хрушчов ги прашувал научниците: „Па, што друго имаме?“ Добри вести, сепак, немало многу, пишува „Гејтвејт Раша“. До август 1960 година Советскиот Сојуз веќе успеа да испрати осум кучиња во вселената, но ...

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка и Канада заеднички ја осудија одлуката на израелската влада да објави тендери за изградба на населбата Е1 на Западниот Брег. Тие го повикаа Израел веднаш да го повлече планот и да го запре понатамошното проширување на населбите, пренесе Би-би-си. „Израелските населби на Западниот Брег се нелегални“ Во заедничка изјава, тие наведоа дека меѓународната заедница ...

Хрватската писателка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 18 август 2026 година по борба со ракот. Тажната вест за заминувањето на писателката позната по својот остар јазик беше објавена на нејзиниот фејсбук-профил во нејзин стил – дека се преселила во „област без сигнал“. Зад себе остави две деца – синот Славен и ќерката Асја Хрватин, кои ги доби во првиот брак. Славен ѝ е познат на хрватската јавност како психолог и автор на ...

Манчестер јунајтед е блиску до договор за ангажман на играчот за врска на Брајтон, Карлос Балеба. Јунајтед се обиде да го доведе камерунскиот репрезентативец пред истекот на рокот минатото лето, но се откажа поради процената на Брајтон, која тогаш беше повисока од 100 милиони фунти. Сепак, цената значително се намали, па откако не успеа да го доведе Матеус Фернандес претходно летово, Јунајтед одлучи повторно да тргне по Балеба. Нивната ...

Министерството за енергетика на САД ќе им додели 500 милиони долари грантови на седум компании кои градат домашни проекти за литиум, кобалт и други минерали и батерии, што е најновото во низата инвестиции насочени кон зајакнување на американското рударство и преработка, според документ што го виде „Ројтерс“. Финансирањето доаѓа неколку недели откако претседателот Доналд Трамп ја истакна целта да ги направи САД „суперсила за минерали во ...

Вкупно 22 пожара се регистрирани на отворен простор низ државата денеска до 18 часот. Од нив, осум се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од активните, првиот е на територија на општина Прилеп, село Чаниште – крак кон село Крушевица – село Лопатица и крак кон Црна Река, гори ниска вегетација. Ниска вегетација и деградирана дабова шума горат во општина Крушево во ...

Белгискиот принц Лоран законски го призна 26-годишниот поранешен продавач на автомобили, Клеман Ванденкеркхове, за свој син и наследник. Клеман е роден од врската меѓу принцот и белгиската пејачка Венди Ван Вантен, пренесва „Би-би-си“. Тој бил официјално и дискретно прифатен во семејството на принцот Лоран на церемонија во општина пред шест месеци, но деталите дури сега излегоа во јавноста. Иако официјално станува принц, нема да добива ...

Нови турбуленции во Лос Анџелес Лејкерс би можеле да имаат последици и врз иднината на Лука Дончиќ. Клубот повторно ја менува сопственичката структура, што отвори нови прашања околу стабилноста и долгорочните планови на франшизата. Според информациите, Лејкерси се продадени за рекордни 12,5 милијарди долари, а промените во раководството доаѓаат во чувствителен период за тимот. Дополнителна неизвесност создава и ситуацијата со Дончиќ, чиј ...

Пејачката Нина Јанева на романтичен начин му го честиташе 40. роденден на сопругот Александар Николовски со нивна заедничка фотографија. „Среќен јубилеен 20-ти (+20) роденден, to my stronger half. Сакан, љубен, чуван, жив и здрав да си ни“, напиша Нина на Фејсбук. Александар го прослави роденденот на 19 август, датум кој има посебно значење во семејството на пејачката. И Нина е родена на 19, на 19 јуни 1986 година, а двојката намерно го ...

Летното засилување на Реал Мадрид, Јан Диоманде, во интервју зборуваше за трансферот во редовите на „кралскиот клуб“ и за моментот кога дознал дека гигантот од Мадрид сака да го доведе во своите редови. Младиот фудбалер не крие дека трансферот во Реал е остварување на неговиот детски сон. Тој вели дека отсекогаш имал амбиција да стане најдобар фудбалер во светот и дека сега прави уште еден чекор кон таа цел. Диоманде засекогаш ќе го памети ...

Во новата епизода на „Слободно со Агнеса“ разговараме со Ивана Наскова, за љубовта, модерното запознавање, милениумците, генерацијата Зет, „гоустингот“, врските, бракот, разделбите, стравот од осаменост, погрешните луѓе, погрешните очекувања и за некои стереотипи карактеристични за нашите простори: „Добро, а кога ќе се омажиш?“ На сцената таа ги смее луѓето, а нејзините книги ги расплакува, ат читателите. Интересно, нели? Иако има успешна ...

24-годишен жител на скопското село Ракотинци вчера се обидел да влезе во казино во населбата Кисела Вода во три часот наутро, но имал забрана, по што почнал да се однесува агресивно и бил нападнат од обезбедувач во казиното, соопшти МВР. „На 20.08.2026 во 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред казино на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, М.З.(24) од с.Ракотинци, скопско, се обидел да влезе во казиното иако имал забрана за ...

Кога, на крајот од летото, ќе се сумираат впечатоците и кога ќе се направи селекција на најдобрите изданија за плажа, моделите во кои шармантната Ана Ивановиќ уживала под медитеранското сонце несомнено ќе влезат во најтесната конкуренција. Како сезоната да не беше доволно жешка, поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ одлучи дополнително да ја крене температурата со префинетиот избор на одлични вечерни тоалети и провокативни костими за ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на 18 или 25 октомври, а точниот датум ќе биде познат во наредните денови, објави РТС. „Парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат работите, или на 18 или на 25 октомври, а ќе знаеме за неколку дена. Во ред, сега кога зборувавме за предизборната кампања, бидејќи гледам дека некои не можат да бројат, не е тешко да се пресмета. ...

Загрепчани се загрижени поради водата во реката Сава, за која многумина шпекулираат дека е загадена. Покрај тоа, има снимки од мртви риби на брегот, како и снимка од дрон што покажува како темна и матна вода влегува во Сава од градски отпаден канал, пренесува Индекс. „На 18 и 19 август 2026 година, на реката Сава, во областа од Хрушчица преку Ругвица до Оборово, како и на остатокот од реката Сава, беше забележан голем помор, како што ...

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Турција го започна настапот на Медитеранските игри во Таранто. Македонските одбојкарки загубија со 0-3 во сетови, а Турчинките уште од самиот почеток покажаа дека се големи фаворитки. Првиот сет беше целосно во знакот на Турција, која славеше со неверојатни 25-4. Во вториот сет Македонија успеа да освои повеќе поени, но немаше сили за посериозен отпор. Турција повторно ...

Шпанскиот шампион Барселона официјално потврди дека Жоао Кансело повторно ќе го носи дресот на каталонскиот гигант, овојпат како траен играч. „Жоао Кансело и ФК Барселона постигнаа договор португалскиот фудбалер да му се приклучи на клубот. Дефанзивецот пристигнува со траен трансфер и потпишува договор како играч на Барса до 30 јуни 2029 година“, соопшти клубот. За 32-годишниот Кансело ова ќе биде трет престој во Барселона. Претходно двапати ...

Пет запаливи направи биле фрлени пред сала за свадби во Бирмингем, кога тројца мажи упаднале во местото и запалиле два луксузни автомобили, објави Сан. Инцидентот се случил вчера вечерта околу 20:30 часот пред салата „Ројал Шалимар“ на Хајгејт Роуд, Спаркбрук. И покрај сериозноста на нападот, никој не е повреден, иако „молотовите коктели“ наводно поминале многу блиску до луѓето што биле пред објектот. 🚨 WATCH | BIRMINGHAM | PETROL BOMBS ...

62-годишен жител на Тетово и неговиот син, како и уште еден тетовец, се уапсени откако полицијата ги фатила при примопредавање дрога, а најстариот од нив нападнал полицаец и се обидел да му го земе службениот пиштол, соопшти МВР. „На 19.08.2026 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Ш.Б.(62), С.Х.(41) и Р.Ѓ.(44), сите од Тетово. Полициски службеници забележале како Ш.Б. се обидува да предаде бела прашкаста ...

Бруклин Бекам откри дека продолжува да ги покрива тетоважите посветени на своето семејство со кое е во заладени односи, вклучувајќи ги и оние за мајка му Викторија и татко му Дејвид. Бруклин уште во јануари јавно призна дека не во добри односи со семејството, а до денес ништо не е променето, напротив, пишува „Индпендент“. Во летото 2025 година, тој почна да ги прекрива своите стари тетоважи, посветени на семејството. Сега, тој повторно се ...

Најмалку 13 работници загинаа, а седуммина други се повредени во лизгање на земјиште во нелегален рудник во јужна Колумбија, соопштија локалните власти. Сведоци рекле дека во средата попладне слушнале експлозија во површинскиот рудник за злато, непосредно пред да бидат затрупани работниците, пишува Би-Би-Си. Спасувачите и жителите од околното подрачје успеале да ги извлечат телата на загинатите со помош на багер. Смртоносните несреќи не се ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно е тема на трансфер пазарот. Сè поизвесно е дека за него нема место во Лајпциг и дека ова лето ќе го напушти германскиот клуб, но сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. За Елмас интерес покажаа неколку познати европски клубови, меѓу кои Јувентус, Астон вила и Бешикташ, но сега се појави можност која би значела негово враќање на добро познато место. Според турскиот фудбалски ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Платина

49319.25