-Големиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк, е мртов. Никој не го разбираше или немаше срцето на младите во Соединетите Американски Држави подобро од Чарли. Тој беше сакан и почитуван од сите, особено од мене, а сега, тој повеќе не е со нас. Меланија и моите сочувства се упатуваат до неговата прекрасна сопруга Ерика и семејството. Чарли, те сакаме! – напипа Трамп на социјалната мрежа Truth social. „Во чест на Чарли Кирк, вистински голем ...

Полска употреби оружје за да собори дронови над својата територија, откако тие повеќепати навлегле во нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина, соопшти рано во средата Оперативната команда на полските вооружени сили на платформата X. „За време на денешниот напад на Руската Федерација, насочен кон цели во Украина, со повеќекратни упади на дронови беше повреден нашиот воздушен простор“, се наведува во изјавата. „На барање ...

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат на денешната прес-конференција што ја најави Службата за општи и заеднички работи на Владата. Најавено е присуство на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-претседателот на Владата ...

Според првичните податоци на Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот се наоѓа 4 километри северозападно од Неа Стира, а хипоцентарот бил на длабочина од 2,3 километри. Професорот по геологија и претседател на Организацијата за антисеизмичка заштита на Грција (ОASP), Ефтимиос Лекас, за ЕRTnews изјави дека регионот каде што се случил земјотресот важи за „асеизмичко подрачје“ и дека станува збор за област кој не произведува големи ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација. „Кога зборовите стануваат дела – заедно со општина Битола успеавме да го изградиме стадионот во вистинска гордост на градот и дом на македонската репрезентација. Горд сум на сите што беа дел од овој процес,“ напиша ...

Парламентот на Франција ѝ изгласа недоверба на Владата на Франсоа Бајру, и со тоа земјата ќе го добие петтиот премиер за нешто помалку од две години. Националното Собрание гласаше со 364 за и 194 против смената на Бајру. Овој пад беше најавуван откако пратениците и од десницата и од левицата најавија поддршка за пад на владата. Претседателот Макрон го назначи Бајру за премиер во декември, на местото на Мишел Барние кој остана само три месеци на ...

Фудбалската репрезентација на Македонија ја декласира Лихтенштајн со 5-0 во септемврискиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 и се врати на врвот на табелата во групата. Победата е значајна за националниот тим пред клучните октомвриски дуели со Белгија во Брисел и со Казахстан во Скопје. Првиот гол го постигна Елиф Елмас во 15. минута, со спектакуларен соло продор во кој издрибла четворица противници пред да го матира ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, им упати честитки на младите репрезентативци до 19 години за двете победи против селекцијата на Босна и Херцеговина. „Пет победи во низа за младите селекции се радост и надеж за иднината на нашиот фудбал. Сепак, пред нас е уште многу работа, а овие резултати се поттик да продолжиме уште посилно“, порача Омерагиќ. Тој истакна дека македонската фудбалска јавност има причина да ...

Синоќа, по 2:30 часот наутро, полицијата почна да ги пушта студентите и граѓаните во групи од зградата на Ректоратот во Нови Сад. Приведени се неколку студенти, кои со марици се однесени во полициската станица „Стари град“, а уапсен е и еден лекар кој бил дел од медицинскиот тим на студентите. Норберт Шинковиќ, професор на Филозофскиот факултет, за „Н1“ изјавил дека студентите и граѓаните се засолниле во Ректоратот откако полицијата ...

Денес во 14:43 часот, силен земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер ја погоди областа на планината Голија, на половина пат меѓу Рашка и Сјеница. Епицентарот е лоциран во поширокиот појас околу селото Црчево, во местото Дуга, а потресот бил плиток, на околу три километри длабочина. Тресењето беше широко почувствувано: граѓани од Нови Пазар, Трстеник, Чачак, Краљево, Ужице, Крагуевац, Љиг, Јагодина, Алексинац, Аранѓеловац, Ниш и Панчево ...

Битола по цели 31 година повторно ќе биде домаќин на еден репрезентативен натпревар. На 9 септември, на стадионот „Петар Милошевски“, младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ќе го одигра квалификацискиот дуел против Италија. Продажбата на влезниците започнува, а цената изнесува 200 денари. Билетите може да се набават онлајн преку eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола. Ова ќе биде историско враќање на ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Како што информираа вчера од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, ...

Меѓународната групна изложба „ДЕВЕТ ГЛЕДНИ ТОЧКИ | Централна точка – Хенри Мур”, ќе биде отворена вечерва во галеријата ОСТЕН. Преку слики, цртежи и графики ќе се претстават делата на реномираниот британски уметник Хенри Мур и на девет современи автори од различни делови на светот. Изложбата претставува визуелен дијалог инспириран од уметничкото наследство на Мур – неговите полуапстрактни бронзени скулптури и експресивни цртежи што ја ...

СУДЕЊАТА НА МЕККОЛ Кејт Меккол е адвокатка која никогаш не изгубила случај, но има и проблем – таа е алкохоличар на рехабилитација. Презема да води голем случај за да биде вратена во судница. Тоа треба да и помогне за да си го врати старателството над нејзината ќерка. Копајќи по предметот открива тајни што и го доведуваат животот во опасност. Не пропуштајте го интересниот и динамичен трилер „Судењата на Меккол“ на Прва Скопска ТВ во сабота во ...

Регионален спортски саем, во организација на Министерството за спорт, ќе се одржи на 10 септември во хотелот „Хилтон” во Скопје. Преку девет панел-дискусии, работилници и сесии за вмрежување ќе се дискутира за развојот на спортот, инфраструктурата, спортската дипломатија, медицината и промоцијата на здравиот живот. Настанот ќе заврши со претставување на Националната стратегија за развој на спортот 2025-2028, која ќе ја дефинира идната насока на ...

Екипата на Еурофарм Пелистер со трофеј ја стартува новата сезона 2025/2026 на домашната ракометна сцена. Тие вечерва во Кавадарци го добија дуелот за Супер куп трофејот против лутиот ривал Варрдар со 28-27. Дуелот започна со два гола на Пелистер, кој таа предност ја одржуваше со 4-2, по што Вардар израмни на 4-4. Гол за гол се играше до 6-6, па следуваше серија на црвено-црните од четири погодоци, за предност од четири гола 6-10. Шампионот ...

Најмалку 15 лица загинаа, а 20 се повредени во главниот град на Португалија, Лисабон откако трамвај излета од шини. Несреќата се случи на линијата „Глорија“, отворена во 1885 година и го поврзува плоштадот „Ресторадориш“ во центарот на Лисабон со квартот Барио Алто, познат по ноќениот живот. Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза, изрази сочувство до роднините на жртвите. Во Лисабон е прогласена тридневна жалост за да се оддаде ...

Националниот фудбалски тим ги одработува подготовките за натпреварите кои ги очекуваат во следните денови. Прво е пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија, кој може да биде и „загревање“ за домашниот натпревар со Лихтенштајн од квалификациите за СП 2026. Победа на тој натпревар и трите бода ќе бидат од голема важност пред гостинските натпревари со Белгија во октомври и со Велс во ноември. Играчот од одбраната, Никола Серафимов, кој од оваа ...

Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека дејствуваат заедно против Вашингтон, напиша АФП. Трамп започна со гест на почит кон Си, повикувајќи го кинескиот лидер да им оддаде почит на Американците кои загинаа помагајќи ѝ на Кина против „ многу непријателски странски окупатор“ и повикувајќи тие да ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го назначи поранешниот репрезентативец Николче Новески за раководител на скаутинг службата. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека назначувањето на Новески е голем придонес за федерацијата. „Задоволство е што ваков професионалец прифати да биде дел од нашиот тим, заедно со Пандев, Христов и Ибраими. Верувам дека со неговото искуство, авторитет и познавања ќе изградиме систем кој ќе донесе ...

Алкалоид со негатива од 10 гола се враќа од првиот квалификациски дуел против фаворитот Хановер за пласман во групната фаза во Европската лига, откако на гостински терен беше совладан со 37-27. Реваншот е закажан за 6. септември во салата во Автокомнда, актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп со поддршка од домашната публика ќе има шанса да се покаже во подобро издание и секако да ја поправи реализацијата. На оваа средба, Алкалоид ...

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа над 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри. Официјален претставник на ...

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во северниот кинески пристанишен град Тјанџин, објавија кинеските и руските државни медиуми, на регионален безбедносен самит за кој Кина се надева дека ќе се спротивстави на западното влијание во глобалните прашања. На почетокот од четиридневната посета на соседот и најголем трговски партнер на Русија, Путин беше пречекан со црвен тепих на пистата од високи градски функционери, како што беше ...

Македонскиот фудбалски првак Шкендија не успеа да ја сочува предноста од 2-1 од Скопје, на гостувањето кај Лудогорец во Разград. Тимот од Тетово успеа да се избори за продолженија, но во нив домашните стигна до два гола и до пласман во Лигата на Европа. Куртулус уште во 9. минута успеа да го донесе Лудогорец до предност, а во 24. минута бугарскиот тим имаше веќе 2-0 со голот на Чочев, резултат кој го носеше во групите во Лигата на Европа. ...

Сирени за воздушен напад оддекнаа во Киев околу три часот изминатата ноќ најавувајќи ги руските дронови и ракети кои како огнени топки завршуваа во станбени згради. Најновиот напад на Москва врз Киев зема најмалку 15 човечки животи, вклучувајќи четири деца на возраст од 2 до 17 години, а неколку десетици се повредени, соопштија украинските властите, пренесуваат светките медиуми. Дел од повредените Украинци сведочат за тоа како ја поминале ноќта ...

Белградска Црвена Звезда не успеа да се квалификува за новиот формат на Лигата на шампионите втора година по ред, откако синоќа одигра само 1:1 на гостувањето кај кипарски Пафос. По поразот од 1-2 во Белград , српскиот шампион имаше водство до 89-тата минута на реваншот, но потоа Кипраните постигнаа гол и испишаа историја за клубот. По голот што го постигна Жажа за домашниот тим, сè ескалираше. Прво на трибините, а потоа и меѓу фудбалерите. ...

Руските трупи навлегле во регионот Дњепропетровск во централна Украина, соопштија денеска украински воени аналитичари. Експерти од службата за ситуациона мапа „Дипстејт“ ги означија градовите Запориске и Новохеорхијивка во регионот како окупирани од Русија, пренесе ДПА. Москва со недели зборуваше за напредување во областа западно од силно оспоруваниот регион Доњецк. Украинската армија ги негираше последните тврдења. – Украинските вооружени сили ...

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Турција денес, недела, 24 август 2025 година, во 20:58 часот. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 39,1797 и географска должина 28,1272 јужно од градот Баликешир. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 ...

Во основното училиште „Кочо Рацин“ во Центар, Скопје, заврши комплетната реконструкција на мултифункционалното игралиште, кошаркарското игралиште и поставувањето на нови фитнес справи на отворено. Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека во овој проект се инвестирани 4,6 милиони денари, како одговор на барањата на жителите на Центар. Мултифункционалното игралиште е целосно обновено за фудбал, одбојка и ракомет, кошаркарското игралиште ...

„За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во населбата Драчево“, најави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, откако заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид на активностите на терен. Во објектот со три занимални, со вкупна површина од 300 метри квадратни ќе бидат згрижени 75 дечиња. Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека во Кисела Вода листите на чекање се сведени на нула и оти ова е ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
78%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
7.72
81%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 5ᴼ
2.06
54%
1019
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.71
86%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 15ᴼ
0.89
89%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
100%
1018
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
92%
1017
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
85%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 12ᴼ
0.0
100%
1019
Currency

61.6038

Currency

53.109

Currency

69.9353

Currency

34.7637

Currency

37.8005

Currency

66.4259

Currency

7.46382

Currency

0.6608

Currency

0.34499

Currency

0.52573

Currency

1.26453

Currency

0.60212