Ракометарите на Македонија ја одиграа првата контролка во Стара Пазова и избраниците на Кире Лазаров славеа над РК Нови Београд со 85:44. Станува збор за тест натпревар во кој момците на Лазаров одиграа три полувремиња по 30 минути и така сите ракометари добија поголема минутажа. На подготовките Македонија ќе одигра уште две средби. Утре се соочуваме со Динамо Панчево, додека на 29 декември со Саудиска Арабија. Настапот на СП, Македонија го ...

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези до летачки борбени беспилотни летала. Ги искористиле за напад на руските позиции во регионот Харков во северна Украина и победиле. -Станува збор за десетици единици роботска и беспилотна опрема истовремено на мал дел од фронтот, објасни портпаролот на 13-та бригада на националната гарда. Тоа беше импресивен ...

Оваа зима фудбалскиот клуб Вардар го ангажираше младинскиот репрезентативец на Македонија, Димитар Тодоровски. Овој играч во редовите на скопските „црвено-црни“ доаѓа од екипата на Брера Струмица. Тодоровски, како играч од средниот ред, запиша вкупно 16 настапи и два голови за Брера, а претходно настапуваше и за Работнички. Претходно Вардар се засили со Словакот Михал Пинтер, Георгије Јанкулов, Михаил Маневски и Мите Цикарски. Оваа сезона ...

Министерството за спорт ја организираше церемонијата на која беа избрани најдобрите спортисти за 2024 година. По прогласување на Бобан Илиоски и Милјана Рељиќ за најуспешни во изминатата година, беше доделена награда и за најдобрите репрезентации. Најдобри репрезентации за 2024 година беа женската и машката ракометна селекција, додека наградата за тренер на годината му припадна на селекторот на ракометарите, Кире Лазаров. -Сакам да се ...

Ескалира ситуацијата во Црна Гора. Земјата се најде во уставна криза, што ги прави поделбите во Црнагорското општество надвор од контрола. Сите се на своите барикади, про-европските сили што ја одржуваат посебноста на Црна Гора и нацијата и проруските и просрпските антиевропски опции, кои сега, кога Александар Вучиќ, се најде во деликатна ситуација, поради протестите на учениците и студентите, се во офанзива, анализира Јутарњи. Собранискиот ...

Казахстанските власти соопштија дека 28 лица го преживеале падот на патничкиот авион во близина на Актау, меѓу кои и три деца. Се верува дека 39 лица загинаа во несреќата. Казахстанското Министерство за транспорт соопшти дека во авионот имало државјани на пет земји – 37 Азербејџанци, шест државјани на Казахстан, тројца државјани на Киргистан и 16 Руси. Според Министерството за вонредни ситуации на Казахстан, од местото на несреќата досега се ...

Интернационалецот од Украина, Дмитро Горига и во иднина ќе го носи дресот на Вардар 1961. Левиот бек дојде во двократниот европски шампион пред стартот на оваа сезона и во изминативе месеци остави одличен впечаток, па двете страни седнаа на маса и ги договорија сите услови според кој Горига ќе остане во клубот од Скопје најмалку до крајот на натпреварувачката 2025/2026. –Како клуб работиме на формирање тим и задржување на сите играчи за кои ...

Парламентот на Словенија гласаше за измена на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кој се забранува величење или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот. -Забраната се однесува на земји, организации и групи, т.е. знамиња, симболи, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот, пишуваат медиумите во Словенија. Следствено, во листата на забранети биле вклучени и четници и усташи, ...

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер, соопшти синоќа актуелниот ракометен првак. Репрезентативниот кружен напаѓач и еден од капитените на Еурофарм Пелистер се обврза на нов едногодишен договор, со опција и за втора сезона во нивниот дрес. „По враќањето од Германија, Пешевски пронајде своја нова домашна средина во Битола и задоволство ни е што нашиот проект се совпаѓа со неговиот. На половина ...

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, со објава на својот инстаграм профил ги подгреа надежите на јавноста дека наскоро би можел да се врати во националниот тим, и тоа заедно со неговиот колега од Динамо Загреб, Аријан Адеми. Адеми се збогуваше со македонскиот дрес минатата година, додека Ристовски реши да не настапува поради конфликт со селекторот Благоја Милевски, но веројатно новата владејачка гарнитура во ...

Олимпија Милано стави крај на губитничката серија во последно време, па така по три неуспеси во низа, конечно победи во домашното првенство. Тимот на искусниот тренер Месина ја надмина границата од 100 поени и успеа да слави над Трапани со резултат 105:90, натпревар на кој како клучна се покажа третата четвртина. Домаќините го добија овој период со 31:16 и практично го решија прашањето околу победникот, па така во последните десет минут само ја ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац за прв пат потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран летово, пишува „Тајмс оф Израел“. На комеморацијата за локалните безбедносни службеници, Кац им се закани на Хутите во Јемен, откако бунтовничката група поддржана од Иран продолжи да врши напади врз Израел. Кац истакна дека Израел ги поразил Хамас, Хезболах и, како што вели, ги заслепил одбранбените системи ...

Авион на „Бритиш ервејс“ кој летал од Лондон до Шарм ел Шеик принудно слетал на аеродромот во Венеција откако четири лица се пожалиле дека им е лошо, јавија денеска италијанските медиуми. Веднаш по слетувањето на авионот, на пистата пристигнало амбулантно возило кое се погрижило за еден патник и три стјуардеси, а пожарникарите ја блокирале областа околу авионот, објави Tgcom24. Патникот и стјуардесите имале поблаги невролошки симптоми, а ...

Масар Омерагиќ денеска го имаше првиот работен ден на новата функција, како претседател во фудбалската федерација на Македонија. Предводникот на мак-фудбалот најавува дека доаѓаат нови подобри денови како на клупски, така и на репрезентативен план. На денешниот брифинг со новинарите, Омерагиќ најави дека ќе се направат неколку промени за подобро функционирање на најважната споредна работа во светот. За брзо време може да видиме крај на ...

Валенсија е предодредена да има грчевита борба за опстанок оваа сезона, а тоа го потврди и на последниот натпревар кој го одигра во 2024-та година. Наместо помирни и повесели божиќни и новогодишни празници, навивачите на Валенсија доживеаја ново разочарување на „Месталја“, бидејќи нивните миленици на двапати губеа од Алавес, за на крајот да спасуваат бод во 98-та минута. Неинвентивната игра и големиот притисок прават работите да бидат уште ...

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека владата ќе го забрани користењето на видео платформата ТикТок на една година, обвинувајќи ја социјалната мрежа за поттикнување насилство и малтретирање, особено меѓу децата. Албанските власти одржале 1.300 состаноци со наставници и родители по смртта на тинејџерот кој во средината на ноември беше избоден од друг млад човек по расправија, што наводно почнала на видео платформата. Обраќајќи се на ...

Големиот студентски протест во центарот на Белград, на кој се приклучија земјоделци и бројни граѓани, започна со скандирања „Вучиќ, оди си“ и „Рацете ви се крвави“. Десетици илјади луѓе го исполнија просторот околу плоштадот Славија и околните улици во центарот на Белград, јави Бета. Мобилните врски во центарот на Белград не функционираат, јави ТВН1. Протестот во Ниш започна и во 16 часот, со 16-минутно молчење за почит на жртвите во Нови Сад и ...

Масар Омерагиќ е избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешното вонредно собрание, на кое беше и единствен кандидат за функцијата. Тој доаѓа на местото на Муамед Сејдини, кој поднесе оставка откако ја извршуваше функцијата во изминатите седум години. Педесет и петгодишниот Омерагиќ беше избран едногласно. -Трпение, упорност и многу жртвувања! И јас сум човек од фудбалот. Знам како треба и знам во која ...

Синоќа имало пукање пред трговски центар во Берлин, кога неколку напаѓачи отвориле оган врз маж. Полицијата во саботата вечерта извршила голема акција при што едно лице е тешко повредено. Полицискиот хеликоптер и итната помош на терен во моментов трагаат по сторителите. Според досегашните информации, полицијата и пожарникарите биле алармирани за пукање и едно лице со прострелни рани околу 19 часот и 30 минути. Едно лице со прострелни рани ...

Деветнаесетгодишно момче со нож усмрти еден ученик, а повреди уште неколку деца и една наставничка во основното училиште „Пречко“ во Загреб, пренесува Хрватската национална телевизија (ХРТ). Според информациите од хрватските медиуми, починатото дете има седум години, а повредени се пет деца. Напаѓачот, пак, и самиот учел во училиштето и живеел во негова близина. По инцидентот се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила. Повредените ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп може да одигра улога во завршувањето на војната со Русија. -Навистина сакам Трамп да ни помогне и да стави крај на оваа војна, рече Зеленски на конференцијата во Брисел, каде што учествуваше во Советот на ЕУ. Тој ја истакна клучната важност на американската поддршка во борбата на Украина за мир и независност, истовремено признавајќи ...

Оперскиот пејач, Ѓорѓи Цуцковски, кој е првенец на Операта при Националната опера и балет (НОБ), е новиот директор на НУ „Охридско лето”, информираа денеска од оваа институција. Цуцковски доаѓа на местото на Анита Алоска која беше на функцијата в.д. директор измнативе три месеци. -„Охридско лето” за мене претставува бисер на македонската култура и на културниот идентитет на Македонија. Со особена чест и задоволство стапувам на позицијата ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ не сакаше да ги коментира наводите на дел од српските медиуми кои објавија дека би можел да поднесе оставка во следните два месеца. -Не сакам да коментирам, особено не во овој момент. Ќе разговараме за тоа во наредните денови, изјави Вучиќ за новинарите во Брисел, каде што учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан. Според српски медиуми, Вучиќ најави обраќање до јавноста в сабота. Тој додаде дека не му паѓа ...

Досега преговорите се одвиваат добро. A колку е потивко, толку подобро. Нека поминат сите теми па после ќе разговараме. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на маргините на Собранието на третиот ден од почетокот на преговорите меѓу ГЕРБ и ДБ за влада. Вчера неговите луѓе се сретнаа и со БСП. -Јас сум оптимист затоа што она што го гледам во меѓународниот план едноставно не обврзува како народ, како држава, како народ, да издадеме редовна ...

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ беше најдобар поединец кај Олимпија Милано во соочувањето со Панатинаикос во Евролигата. Актуелниот европски шампион покажа сила, моќ и ги разби популарните „манекени“ со 103:74 на соочувањето во Атина. Домаќините имаа пеколна прва четвртина која ја реализираа со 38:15, период кој им даде дополнителни крилја и во продолжението лесно ја завршија веќе започнатата работа. Нено беше најсветла точка ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера ги повика своите сограѓани да ѝ се приклучат на војската на Србија, наведувајќи дека платите во армијата сега се особено високи, пренесува Телеграф. Тој на владината седница рече дека е неопходно да се продолжи со носење војници бидејќи се обезбедени многу пари за да се мотивираат граѓаните со повисоки примања да се приклучат во тенковски единици, извидници и други единици каде има проблем со недостиг ...

Еден од најважните руски генерали Игор Кирилов е убиен во експлозија во Москва. Генерал-полковникот Кирилов раководеше со руските нуклеарни, биолошки и хемиски одбранбени сили. Рускиот истражен комитет кажа дека Кирилов го напуштал својот стан кога била детонирана направа скриена во скутер. Во експлозијата, која се случи само седум километри од Кремљ, загинал и негов помошник. „Отворивме кривична истрага за убиството на двајца војници“, објави ...

Германскиот Бундестаг му изгласа недоверба на канцеларот Олаф Шолц, јавува Би-Би-Си. Планот на Шолц беше да ја изгуби довербата за да го отвори патот за нови избори на 23 февруари. Трипартиската коалиција на Шолц пропадна минатиот месец, откако претставниците на Слободните демократи поднесоа оставка поради долговите, оставајќи ги неговите Социјалдемократи и Зелените без парламентарно мнозинство, токму додека Германија се соочува со продлабочена ...

Поранешната легендарна ракометарка на Македонија, Индира Кастратовиќ и официјално е примена во Куќата на славните на ЕХФ. На свечениот настан Кастратовиќ беше и во друштви на актуелниот македонски селектор, Кирил Лазаров кој минатата го доби истото признание. Заедно со Кастратовиќ, Куќатан а славните доби уште 20 други членови, а седум од нив се ракометарки. Место доби и екс-голманката на Кометал Ѓорче Петров, Луминица Дину која ја освои Лигата ...

Цената на биткоинот достигна нов историски максимум во раното тргување во понеделникот, надминувајќи во еден момент 105 илјади долари, покажуваат податоците на платформата Binance. Ноќта кон понеделникот криптовалутата надмина вредност 105 илјади долари, беше во плус од 3,25 отсто и ги достигна максималните 105,2 илјади долари. На берзата Binance, најголемата берза за криптовалути по волумен, веќе по десетина минути Биткоинот имаше вредност од ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
70%
1020
weather icon

Загреб

23ᴼ / 18ᴼ
1.03
67%
1023
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
60%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.89
89%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.51
81%
1024
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
49%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
7.2
32%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
68%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
55%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
6.17
78%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75