Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ од денеска и официјално има нов клуб. Популарниот Нено за првпат во кариерата ќе настапува во Германија, откако стана дел од редовите на Баерн Минхен. Трансферот од рускиот Зенит во баварскиот гигант денеска беше официјализиран и потврден од самиот клуб. „Баерн е голема и многу респектабилна организација, а кога тренерот Светислав Пешиќ ќе ве повика, тоа е голема чест“, изјави Димитријевиќ. ...
Спортскиот директор на Баерн Минхен, Драган Тарлач, го прокоментира трансферот на Ненад Димитријевиќ во германскиот гигант, потенцирајќи дека македонскиот репрезентативец има огромно искуство кое може да го пренесе на екипата. Димитријевиќ се приклучи на евролигашот и се очекува да биде големо засилување, нешто што го потврдува и самиот Тарлач. „Со Нено во тимот, нашиот ростер ќе биде уште посилен, особено на овие позиции каде постојано ...
Македонскиот кошаркарски интернационаец, Ненад Димитријевиќ ќе го гледаме во нова средина во продолжението на сезоната и тоа во таборот на актуелниот германски шампион Баерн Минхен. Нено го повика повикот, предизвикот и ќе биде дел од Баерн, тим кој е главен фаворит за пехарите на домашната сцена, а воедно настапува и во Евролигата што значи дека нашиот репрезентативец ќе има можност одново да игра на главната сцена на стариот континент. ...

