Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
„По повеќе од една деценија застој, Скопје конечно ќе ја добие Универзалната сала во сјајот што го заслужува, ќе стане симбол на културата на нашиот град. Вчера беше завршена постапката за избор на изведувач, донесена е Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за реконструкција на објектот по принцип „Клуч на рака“. По завршување на законските рокови и потпишување на договорот, ќе започнат градежните активности. Особено сум ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, ги искажа своите впечатоци по нерешените 1:1 против Казахстан во меч од квалификациите за Светското првенство 2026. – Да можам, би ја сменил почетната постава и дел од играчите. Не бевме изненадени од Казахстан, но имавме малку материјал за анализа. Планот беше да се наметнеме со одредена тактика, но не функционираше, па направивме замени уште на полувремето. Второто ...
Се уште се расчистува ситуацијата околу предизвиканиот пожар и пукањето пред српскиот Парламент во Белград. Засега е познато дека е запален еден од шаторите кои се поставени од страна на студентите што се спротиставуваат на долготрајните блокади низ Србија. При пукањето повредено е едно лице а уапсено е друго кое го извршило нападот. За ова веднаш се огласи претседателот на Србија Александар Вучиќ кој настанот го карактеризира како терористички ...
И покрај потпишаното примирје во Појасот Газа, речиси секојдневно се појавуваат снимки од насилства и јавно погубување цивили. Јавноста е повторно шокирана од новите снимки кои прикажуваат припадници на Хамас како брутално тепаат и погубуваат палестински цивили. Израел го обвини Хамас за прекршување на прекинот на огнот и ја запре хуманитарната помош, додека вчера американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го искорени Хамас доколку ...
Се уште не се фатени крадците кои во неделата ја посрамотија Франција ограбувајки го познатиот музеј Лувр. Полицијата трага по криминалната банда, а се вршат и проценки колку вреди стариот царски накит кој го снема од витрините на музејот. Кураторот од Лувр ги проценил загубите на околу 88 милиони евра. Група од четворица крадци насилно влегоа во галеријата Аполо во Лувр кратко по отворањето на музејот во неделата наутро, користејќи скали од ...
Европската Унија подготвува предлог за мировен план со цел запирање на војната во Украина. Документот вклучува итен прекин на судирите и безбедносни гаранции за Украина. Како дел од планот, Киев би добил и финансиска поддршка за обнова на земјата и забрзан пат кон членство во ЕУ. Санкциите против Русија постепено би се укинувале, но околу 300 милијарди долари замрзнати руски резерви би биле вратени дури откако Москва ќе се согласи да придонесе ...
Најавената средба во Будимпешта помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот Владимир Путин на тема војната во Украина е ставена во мирување, откако Трамп изјави дека не сака „бескорисен состанок” и дека го поддржува предлогот на Киев и европските лидери за замрзнување на конфликтот на постојната линија на фронтот. Од друга страна рускиот министер Сергеј Лавров порачаа дека Русија бара „долгорочен и одржлив мир” и дека замрзнување на ...
Во наредните три недели на плажата Зрќе во Новалија ќе бидат урнати 124 бесправно изградени објекти. Ова соопшти Државниот инспекторат на Хрватска. Од нив, 119 се наоѓаат во камп, а пет се угостителски објекти изградени без дозвола надвор од градежната зона. Инспекторатот соопшти дека отстранувањето ќе се врши на трошок на сопствениците. Акции за уривање на нелегални градби ќе има и во други делови oд Хрватска. Од 2019 година досега во Хрватска ...
Во поплавите што го погодија централниот и источниот дел на Мексико загинаа 76 лица, а 27 се водат како исчезнати. Како што е соопштено околу 120 населби, по повеќедневните обилни врнежи, останале изолирани. Најпогодена од поплавите е сојузната држава Идалго поради планински области каде што пристапот е отежнат поради оштетени патишта. Повеќе од 12.700 припадници на армијата и морнарицата се распоредени во сојузните држави погодени од ...
Словенечката полиција целосно блокирала улица во градот Пивка, Словенија, откако, на тротоарот во близина на продавница, локалец кој живеел во блиска станбена зграда со три истрели ја убил воспитувачката во градинка, а потоа се самоубил. Соседот на убиецот, кој ја гледал трагедијата од својот балкон, не ја слушнал расправијата, но забележал дека соседот ѝ се заканил на жртвата и влегол во зградата. Таа продолжила да оди по тротоарот, а тој ...
Поранешниот француски претседател Никола Саркози од денеска почнува со отслужување на затворската казна, откако беше осуден на пет години затвор за илегално финансирање на својата кампања со пари од Либија. Саркози ќе стане првиот поранешен шеф на членка на ЕУ и прв повоен француски претседател кој завршил зад решетки. „Не се плашам од затвор. Одам со крената глава”, изјави Саркози, кој денеска беше примен од Емануел Макрон во Елисејската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе биде „искоренет” доколку не го почитува договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, еден ден по извештаите за нови напади во кризното подрачје. „Имаме договор со Хамас дека ќе се однесуваат пристојно, а ако не го сторат тоа – ќе ги искорениме доколку биде потребно”, изјави Трамп. Израел тврди дека во неделата извршил напади во Газа како одговор на напади од Хамас, што милитантната ...
Австриски и германски екстремисти предизвикаа паника кај жителите на Шипан, остров кај Дубровник, откако купиле повеќе недвижности — вклучувајќи го и главниот хотел во местото, кој подоцна го затвориле и го претвориле во приватна вила. Купувачите, според мештаните, биле поврзани со неонацистички кругови, а на островот биле забележани „млади во црно кои тренираат во шумата”. Бил оштетен и партизанскиот споменик. Жителите се во страв, а ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека многумина не му верувале кога предупредувал за тешките времиња што ќе дојдат, но сега тие се тука, и дека ќе бидат уште потешки. Вучиќ и Орбан разговараа за енергетската стабилност на Србија, особено по американските санкции против Нафтената индустрија на Србија и можната забрана на увозот на руски гас од страна на Европската унија. Вучиќ изјави ...
Србија забрзано работи на проектот за брза железница помеѓу Белград и Ниш, а подоцна како што соопшти српскиот премиер Ѓуро Мацут, ќе биде поврзана во јужна насока и многу брзо кон Македонија. „Од македонска страна постои големо разбирање за ова, а неодамна во разговорите со македонскиот премиер Мицкоски во Македонија, имав можност да ги разберам нивните намери брзо да работат на железницата. Ова сигурно ќе не охрабри да ја забрзаме целата оваа ...
Едно лице загина и најмалку девет се тешко повредени откако торнадо синоќа погоди област северно од Париз. Префектурата Вал-д’Оаз рано утрово соопшти дека едно лице починало, четири лица се во критична состојба, а уште пет се во сериозна состојба по невремето во Ермон, во северните предградија на Париз. Локалната временска апликација Météo Express објави снимка која покажува торнадо како соборува три крана. – Ненадејно и невообичаено интензивно ...
Родриго Раз од централно-десничарската партија победи на претседателските избори во Боливија, добивајќи околу 54,5% од гласовите. Победата доаѓа во време која земјата е погодена од тешка економска криза, а лево-ориентираната партија која беше на власт две децении ја изгуби поддршка од народот. Иако Раз ќе стане претседател, сепак на парламентарните избори неговата партија не освои мнозинство, што значи дека ќе треба да формира коалиција за да ...
Возач на автобус што превезувал навивачи на кошаркарскиот тим Пистоја беше убиен синоќа во Италија откако навивачи на соперничкиот тим Себастијани го нападнаа автобусот на автопат. Тој починал откако бил удрен во главата од тула, јавува италијанската новинска агенција АНСА. Нападот се случил на автопатот Риети-Терни, околу 80 километри североисточно од Рим. Навивачите на Себастијани фрлале камења и други предмети кон автобусот додека тој ...
Во една од најспектакуларните кражби во историјата, во музејот Лувр во Париз, беа украдени осум вредни накитни предмети од колекцијата на Наполеон и француските кралеви. Кражбата траела само седум минути, а крадците користеле камион со кревачка платформа и пила за да се пробие прозорецот на Галеријата Аполон. Меѓу украдените предмети се наоѓаат дијадеми, ѓердани, обетки и брошеви. Министерот за внатрешни работи назначи специјализирана единица ...
Умерениот политичар од левиот центар, Туфан Ерхурман, победи на претседателските избори во турскиот дел на Кипар, освојувајќи 62,8% од гласовите. Неговата победа отвора можност за обновување на преговорите на ОН за обединување на Кипар, кои се прекинати од 2017 година. Ерхурман е противник на решението за две држави што го поддржува Турциј и најави дека ќе се залага за федерално решение, поддржано од ОН, со цел да се заврши речиси 50-годишната ...
Украина нема да даде ништо на Русија, порача претседателот Володимир Зеленски, најавувајќи засилување на одбранбената и енергетската соработка со меѓународните партнери. Ова негова изјава доаѓа по последната средба со Доналд Трамп, на која претседателот на САД го повикал Зеленски да ги прифати руските услови за прекин на војната. Зеленски единствено ја поддржал идејата на Трамп за замрзнување на фронтовските линии како почетна точка за ...
Европската комисија изјави дека секоја можна средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин би била добредојдена доколку таа би придонела за постигнување „праведен и траен мир“ во Украина, објави Анадолија. Зборувајќи на прес-конференција, портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил, рече дека „претседателката (Урсула) фон дер Лајен го поздравува секој чекор што води кон праведен и траен мир за Украина. ...
По оценувањата за септемвриските квалификации, националниот тим се најде на 65. место, како резултат на нерешените средби со Белгија и Казахстан. Македонската фудбалска репрезентација доживеа пад на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот. Според објавените податоци, нашата репрезентација е рангирана на 65. место, што е пад од две позиции во однос на претходниот рејтинг. Овој резултат дојде во услови кога тимот одигра два ...
Роден сум во 1986-тата година, и тоа некој ќе каже, доволно рано за да ги паметам улиците на една земја која штотуку ја губеше својата перспектива, да го чувствувам немирот кај моите дома, но и наоколу, за неизвесноста околу нашата држава и иднина, но и доволно доцна за да ги почувствувам сите нејзини последици. Нашите родители чинам, беа последната генерација која веруваше дека системот, со сè негово, барем обезбедува некаква предвидливост. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, откако денеска ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, јавува Асошиејтед прес. „Верувам дека денешниот телефонски разговор со Путин донесе значаен напредок“, напиша Трамп на социјалните мрежи непосредно по разговорот. Средбата со Путин треба да се одржи за околу две недели, но точниот датум не е ...
Македонија, но и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој пред 18 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Впрочем, на легендарниот Тоше се сеќаваме секој ден во сите овие изминати години. Неговите песни уште со истата силина не греат и прават горди дека Тоше беше дел од нас. Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да ...
Конвој на косовските безбедносни сили (КБС) утрово поминал низ Северна Митровица, потег што предизвика вознемиреност меѓу локалното население и реакција на социјалните мрежи, каде снимките од колоната брзо се проширија. Според договорот од 2013 година, припадниците на КБС не смеат да навлегуваат во северниот дел на Косово без претходна согласност од командантот на КФОР. Од КБС велат дека станувало збор за ненамерна грешка. „За време на ...
Пишува: Никола Тасев Ете заврши долгонајуваната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Македонија. Се уште се слуша ехото од таа вчерашна нејзина средба со македонскиот државен врв. Во тој оддек има и некои работи што останаа недообјаснети за јавноста. Да, таа јасно побара смена на Уставот и јасно укажа дека топката е во македонскиот двор, сепак тоа не е нешто ново, напротив многупати сме го слушнале. Но ...
Се уште се слуша ехото од вчерашната посета на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Македонија. Во тој оддек има и некои работи кои останаа недообјаснети за јавноста. Да, таа јасно побара смена на Уставот и јасно укажа дека топката е во македонскиот двор, сепак тоа не е нешто ново, напротив многупати сме го слушнале. Но заинтригира кратко напишаното од Фон дер Лајен дека ЕУ е подготвена. И тука е нејаснотијата, а ...
Треба ли во Македонија да се врати задолжителниот воен рок? Оваа дилема повторно се наметнува во јавностa особено откако неодамна беше соопштено сека Србија веќе врши подготовки за задолжителната воена служба таму да трае 75 дена, а слично постапува и Хрватска каде од 1 јануари се очекуваат првите војници во касарните откако се воведе задолжителен воен рок кој трае 2 месеци. Прашањето се наметна и пред една година кога тогашната македонска ...