Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивни операции во Појасот Газа и соопшти дека се подготвува за „итна имплементација“ на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп по одговорот на Хамас, објавија израелските медиуми. – Како резултат на одговорот на Хамас, Израел се подготвува за итна имплементација на првата фаза од планот на Трамп за ослободување на сите заложници, се вели во соопштението од ...

Еден граѓанин и двајца спасувачи загинаа за време на обилните дождови во бугарското одморалиште Елените на Црното Море, објави денес бугарскиот министер за внатрешни работи Даниел Митов. Тој понатаму изјави дека лицето кое починало било во соба на приземјето од неговата куќа кога пристигнал првиот голем бран. „Ова е голема катастрофа во која мора да преземеме сите потребни мерки за надминување на последиците“, нагласи Митов, пренесе бугарската ...

Аеродромот во Минхен повторно работи откако ноќеска беше затворен поради неидентификувани дронови. Тоа доведе до откажување на повеќе од десет летови. Најмалку 17 авиони беа приземјени, што погоди околу 3.000 патници, додека уште 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Портпаролот на авиокомпанијата „Луфтханза“ изјави дека летовите утрово продолжиле според планираното. Властите засега не потврдија од каде дошле дроновите. Неколку ...

Израелските поморски сили приведоа повеќе од 400 пропалестински активисти кои патуваа со 41 брод во рамки на флотилата „Глобал Сумуд“, чија цел беше да стигне до Појасот Газа и да ја пробие израелската поморска блокада, соопштија израелските власти. „Во операција што траеше околу 12 часа, израелскиот поморски персонал спречи обид за масовен упад на стотици луѓе на 41 брод. Тие изјавија дека имале намера да ја нарушат законската поморска блокада ...

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди денеска западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри оддалеченост од покраината Текирдаг, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, наведуваат турските медиуми. Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри. ...

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес ги посети ракометарите на Вардар, по победата во дерби пресметката со лутиот ривал за титулата Пелистер. Вардар оствари победа, а веднаш потоа Орце Ѓорѓиевски порача дека од јануари месец, Градот Скопје сериозно ќе му даде поддршка на ракометниот клуб Вардар. Исто така кажа дека од јануари, Вардар се враќа во Кисела Вода во салата „Расадник“, која ќе биде отворена на почетокот од ...

Апел за помош да го спасиме Спасение! – Нашиот студент по медицина Спасение Анчески од Скопје се соочува со најтешката битка – акутна миелоидна леукемија (АМЛ). Првата хемотерапија во Македонија не даде резултати. Сега неговата надеж е лекување во Загреб, каде што постојат поголеми шанси за закрепнување. Времето е клучно – потребна е финансиска помош за да продолжи со третманот, се наведува во апелот кој кружи на социјалните мрежи. Секој ваш ...

Змјотрес со јачина 6,9 степени според Рихтер го погоди централниот дел на Филипините, особено провинцијата Себу, предизвикувајќи урнување згради, прекини на електричната енергија и сериозни штети на инфраструктурата. Според официјални извори, бројот на загинати се искачи на 69 лица, а повеќе од 150 се повредени. Притоа, најтешко погоден е градот Бого, кој се наоѓа близу епицентарот, каде што болниците се пренатрупани и кога спасиоците копаат ...

Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија во втората половина на октомври го почнува новиот циклус на квалификации. Македонските ракометарки ќе се обидат по осми пат да биде дел Европското првенство. Македонија во квалификациите за шампионатот во 2026 година ќе ги има селекциите на Германија, Словенија и Белгија. Натпреварите ќе се играат во три т.н. прозори и тоа по два во октомври 2025, и по два во март и април 2026 година. ...

Европа не е во војна, но „веќе не е ниту во мир“ со Русија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.. -Ќе го кажам со една фраза што можеби ќе звучи шокантно: ние не сме во војна, но веќе не сме ниту во мир, рече Мерц на медиумски настан во Диселдорф. Тој оцени дека војната што ја води Русија е „војна против нашата демократија и против нашата слобода“ и дека целта на Москва е да го подрие единството на Европската Унија. Мерц потсети дека ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша декрет со кој се воведува царина од 10 проценти за увоз на дрвена граѓа, додека царината за тоалетни и кујнски елементи и тапацирани дрвени производи ќе изнесува 25 проценти, соопшти Белата куќа. Царините за дрвената граѓа и производи од дрво ќе стапат во сила на 14 октомври. Од 1 јануари, царините ќе бидат дополнително зголемени на 30 проценти за тапацирани дрвени производи и на 50 проценти за кујнски ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес одржаа клучен состанок во Белата куќа, за време на кој Трамп го претстави својот сеопфатен план за прекин на војната во Појасот Газа. По неколкучасовни разговори, израелскиот премиер официјално изрази поддршка за планот на Трамп, опишувајќи го како важен чекор во поставувањето на темелите за мир не само во Газа, туку и на целиот Блиски Исток. Планот на Трамп ...

Кошаркарките на Баскет Кам со титула ја отворија новата сезона, откако вечерва го освоија трофејот во Супер купот „Драган Василев – Цевка“ со триумф над Вардар од 63-44. Вардар беше рамноправен противник на паркетот во СРЦ „Кале“ во првото полувреме, заминувајќи на пауза со предност од 25-24, но Баскет Кам ја оправда фаворитската улога со многу поквалитетна игра во продолжението. Баскет Кам ја доби резултатски третата четвртина со високи 24-7 и ...

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди денеска западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот се случил во 12:59 часот по локално време и бил на длабочина од девет километри, според податоците објавени на веб-страницата на ЕМСЦ. Според податоците од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во областа на градот Симав во округот ...

Повеќе станбени згради и објекти се оштетени во текот на изминатата ноќ во руските напади врз Киев, Запорожје, Соломјански и областа Свјатошински, а досега е потврдено дека најмалку седум лица се повредени во нападите, соопштија регионалните власти. Шефот на воената управа на градот Киев, Тимур Ткаченко во објава на Телеграм посочува дека пет лица се повредени во нападот врз тој град, пренесува Укринформ. Тој рече дека повеќе станбени згради и ...

„Киев индепендент“ објави дека Русија наводно се согласила да помогне во обука и опремување на кинеско воздухопловно-десантниот баталјон за евентуална инвазија врз Тајван во 2027 година. Весникот се повикува на протечените документи објавени на платформата Икс, од хакерската група „Црна месечина“ (Black Moon). – Врз основа на документи добиени од хакерската група „Црна месечина“, експерти од Кралскиот институт за одбранбени и безбедносни студии ...

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција. – Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција. Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што ...

Во југоисточниот дел на Мексико околу 2,3 милиони луѓе синоќа останаа без електрична енергија поради дефект на врските меѓу неколку мрежи. Прекинот во електроснабдувањето траеше четири часа и предизвика хаос пред сè во сообраќајот, посебно во туристичкиот град Канкун. Во делови од градот речиси два часа беа во прекин телефонските услуги. Најпогодени од прекинот на електрична енергија беа мексиканските сојузни држави Јукатан, Кампече и Кинтана ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изработил стратегија за запирање на војната во Газа и се очекува наскоро документот да му биде претставен на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на неговата посета на Белата куќа. Нацрт-планот предвидува итен прекин на судирите, ослободување на сите заложници, како и постепен пренос на власта во Газа. Официјални лица наведуваат дека ваквиот план би било тешко да се одбие, имајќи предвид дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е близу до постигнување договор за завршување на војната во Појасот Газа и за враќање на заложниците кои ги држи Хамас. – Изгледа дека имаме договор за Газа. Мислам дека тоа е договор кој ќе ги врати заложниците дома и ќе стави крај на војната, изјави Трамп, без да открие повеќе детали. САД претходно претставија мировен план со 21 точка за Блискиот Исток, чија цел е да се стави крај на ...

Билетите за најголемото ракометно дерби во Македонија меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер се пуштени во продажба и ќе чинат 250 и 300 денари. Дуелот ќе се одигра на 1 октомври, со почеток во 19:00 часот, во СЦ „Јане Сандански“. Продажбата на билетите ќе се одвива на два начина: онлајн, преку официјалната платформа ticketx.com.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“, секој работен ден од 10:00 до 18:00 часот. Цени на билетите: 300 ...

Неидентификувани дронови се забележани над четири аеродроми во Данска, поради што еден од нив бил затворен неколку часа, соопшти данската полиција. Според данските медиуми, дронови биле забележани над аеродромите во Есбјерг, Скијрдструп, Сендерборг и Олборг, при што аеродромот во Олборг бил затворен за сообраќај. Олборг се наоѓа на северот од Данска. „Активностите на дроновите го попречуваат нормалното работење на аеродромот“ Портпарол на ...

Mакедонскиот првак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз во новата сезона на Лигата на шампионите. Вечерва во преполната сала „Боро Чурлевски“ ” во Битола пелистерци загубија од данскиот го ГОГ Гудме 28-31. Само десетина добриот, одиграни минути во првото полувреме, и пет гола предност не е беа доволни пелистерци и „Чкембари“ да се радуваат на победа. По нерешените 3-3 Еурофарм Пелистер направи серија од 6-1 и за првпат поведе со пет ...

Бригадите Ал-Касам, военото крило на палестинската милитантна група Хамас, синоќа упатија итно предупредување до израелското раководство во врска со воената операција во Газа и „опасноста што таа ја претставува за затворениците што се држат во градот“. „Како што ве предупредија и претходно, колку повеќе го проширувате опсегот на вашите криминални операции во градот Газа, толку е поголема опасноста за вашите затвореници. Повлечете се веднаш“, се ...

Данската полиција соопшти дека воздушниот простор над меѓународниот аеродром во Алборг е затворен поради присуство на дронови. Според властите, активностите на дронови го попречуваат нормалното работење на аеродромот, а сите летови моментално се прекинати. Аеродромот не функционира сè додека траат безбедносните проверки и истрагата. „Инцидентот го истражуваме заедно со надлежните институции и преземаме неопходни мерки за безбедноста на ...

Најмалку 84 лица се убиени денеска во израелски напади во Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на палестински медицински извори. Повеќето од жртвите се во градот Газа. Израелската армија соопшти дека била подложена на масовен оган од зградата на болницата „Аш Шифа“ и ја обвини исламската група Хамас за нападот. Израелската војска објави снимки кои, според нив, биле направени во последните неколку дена и покажуваат борци кои пукаат од „Аш ...

Концерт во рамки на караванот „Македонијо во срце те носиме“ ќе се одржи вечер на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп. Во рамки на караванот, концерти се одржаа во Охрид, Делчево, Штип, Струмица, Битола и Гостивар. На концертот ќе настапат Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија ...

Во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржи вонреден состанок на Воениот комитет на Алијансата на ниво на постојани амбасадори на земјите членки, на кој ќе се разговара за нарушување на воздушниот простор на Пактот од страна на руски летала. Состанокот е свикан на барање на Естонија по инцидентот во петокот кога три руски воени авиони МиГ-31К без дозвола упаднаа во естонскиот воздушен простор. Според естонското Министерство за одбрана, ...

Летаат дронови околи аеродромите во Скандинавија. По Копенхаген, и аеродромот во Осло беше затворен откако беа забележани најмалку два дрона во неговата близина, јавија тамошните медиуми. Сите летови беа запрени повеќе од четири часа, а поради тоа имаше големи доцнења и откажувања. Норвешката полиција засега нема индиции дека случајот е поврзан со сличниот инцидент на аеродромот во Копенхаген, кој беше повторно отворен. Портпаролката на ...

По денешното признавање на Палестина како држава од страна на Франција, вечерва се придружија уште три европски држави: Белгија, Луксембург и Малта. Белгискиот премиер Барт Де Вевер изјави дека неговата земја се придружува на групата држави кои ја признаваат Палестинската држава, со цел да испрати „силен политички и дипломатски сигнал“. Тој додаде дека правното признавање ќе следува откако сите заложници ќе бидат ослободени и сите терористички ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
78%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
7.72
81%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 5ᴼ
2.06
54%
1019
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.71
86%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1017
weather icon

Атина

19ᴼ / 15ᴼ
0.89
89%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1017
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
100%
1018
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
92%
1017
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
85%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 12ᴼ
0.0
100%
1019
Currency

61.6038

Currency

53.109

Currency

69.9353

Currency

34.7637

Currency

37.8005

Currency

66.4259

Currency

7.46382

Currency

0.6608

Currency

0.34499

Currency

0.52573

Currency

1.26453

Currency

0.60212