Еспањол и Џирона ги поделија бодовите во малото каталонско дерби кое вечерва се одигра во рамките на 27. коло во шпанската Примера. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски беше стартер на овој меч и беше активен до 69 минута кога неговото место го зазема ветеранот Стуани, играч кој на крајот го постигна голот за гостите за конечни 1-1. Имено домаќините го отворија резултатот во 49 минута преку Хофре и оваа предност ја имаа се до завршницата, ...

Студентите од Србија, кои подолго време се во блокада против режимот на Вучиќ, ја блокираа зградата на Радио телевизија на Србија (РТС) во Белград и најавија дека блокадата на зградата на јавниот сервис ќе трае 22 часа. Студентите на социјалните мрежи веднаш по 23 часот објавија дека ги блокирале сите влезови во РТС и дека ќе им биде дозволен излез на сите вработени, но дека никој не влегува во зградата додека не се ослободи РТС. Полицијата ...

Почина Милан Кубин, еден од најдобрите македонски кик боксери. Тој беше македонски репрезентативец во кик бокс и член на од кик бокс клубот Гладијатор од Скопје. Кубин е освојувач на повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓукои сребрениот медал на кик бокс Европското првенство во Лутраки, Грција пред осум години. Беше прогласен за најдобар спортист на Град Скопје во 2016 година. Причините за смртта не се познати. ...

Во Букурешт избија нереди откако централната изборна комисија му забрани на прорускиот десничар Калин Георгеску да учествува на претседателските избори во мај. Георгеску беше изненадувачкиот победник на првиот круг на претседателските избори во декември, кој беше поништен поради обвинувањата за руско мешање. Стотици поддржувачи не Георгеску синоќа се собраа пред зградата на изборната комисија, извикувајќи „крадци“, „предавници“ и „слобода“, при ...

оналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју за „Фокс Њуз“. Водителката на „Фокс“, Марија Бартиромо го праша Трамп: -Дали сте задоволни со фактот што се повлековте и Украина можеби нема да преживее? -Па, тие и онака можеби нема да преживеат. Таа војна немаше да се случи ако јас бев претседател, рече Трамп. -Бајден ме остави со отворени граници кои пуштаат 21 милион луѓе, ...

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски освои сребрен медал во полумаратонската трка во Атина, која од годинава се смета и како Балканско првенство во оваа дисциплина. Дарио Ивановски забележа нов одличен настап, тој утрово финишираше како втор во полумаратонската трка во Атина. Делницата од 21.097 километри во главниот град на нашиот јужен сосед, Дарио Ивановски ја истрча со време од 1:05:19 час, што беше доволно за ...

Tимот на Кожув приреди изненадување и успеа да слави победа над МЗТ Скопје со резултат 74:71 со што им се реваншираше на „штрковите“ за поразот во финалето од Купот на Македонија. Домаќините лошо го почнаа натпреварот, МЗТ отвори со 0:13, а потоа поведе и со 15 разлика во втората четвртина (16:31). Сепак, до крајот на паузата кошаркарите на Кожув успеаа да намалат до „минус четири“. Во продолжение гледавме неизвесна игра во која двете екипи се ...

Мажот кој вчера наутро се качи на долниот дел на кулата Елизабета на која се наоѓа Биг Бен во Вестминстер, се симна по 16 часа и беше уапсен, соопшти денеска британската полиција. Тој вееше палестинско знаме и извикуваше „слобода за Палестина – пренесоа британските медиуми. –Соработувавме со други агенции, вклучително и лондонската противпожарна бригада, и распоредивме специјални полицајци за да го завршиме овој инцидент што поскоро, притоа ...

Вишиот суд во Белград денеска го осуди актерот Сергеј Трифуновиќ на условна казна затвор од шест месеци со две години пробен период за поседување 11,8 грама марихуана за лична употреба. Со истата пресуда, В.А., за кој се тврди дека му ја продал дрогата, е осуден на затворска казна од три години и четири месеци бидејќи при апсењето кај него биле пронајдени уште 100 грама дрога. Сергеј Трифуновиќ, инаку, не се појави во Вишиот суд во Белград на ...

Екипата на Алкалоид без поголеми проблеми славеше победа со 27-40 на гостувањето кај Куманово во 21. коло од Суперлигата. Момците на Кире Лазаров доминираа од почетокот до крајот и брзо ја најавија победата поведувајќи со 10:19 до крајот на првиот дел. Во вториот дел Алкалоид продолжи во ист стил, па така високата предност во ниту еден момент не беше загрозена. Најефикасен на теренот беше Александар Петковски кој постигна 13 голови, девет на ...

Во натпревар без никакво резултатско значење и во кој се играше единствено за престиж, Еурофарм Пелистер успеваше да му парира на моќниот ПСЖ во првото полувреме, но македонскиот првак целосно потфрли во вторите 30 минути и на крајот се прости со убедлив пораз од новата епизода во Лигата на шампиони. Битолчани успеваа да се држат и одржуваа минимална негатива, но ПСЖ почна да се одлепува во завршните минути од првиот дел и стана јасно дека ...

Двегодишно дете и неговата мајка (32) загинаа синоќа од патнички воз во близина на железничката станица Запоље кај Нова Градишка во Хрватска, извести утринава полициската управа Брод-Посавина. Половина час по полноќ, на јужната пруга кај железничката станица Запоље, патнички воз налетал на жена и дете, кои починале на лице место, извести хрватската полиција, пренесува Хина. Во текот на истрагата железничкиот сообраќај е во прекин, а за ...

Кошаркарите на ТФТ Скопје славеа во градскиот дуел со Вардар и тоа со убедливи 90-37 во рамките на 19. коло на Првата македонска лига. Пресметката во СРЦ „Кале“ не понуди многу борба поради слабиот настап на гостинската екипа. Момците на Боро Смилковски на рутина го решија мечот во своја корист и славеа со вртоглави 53 поени разлика. Само првата четвртина беше донекаде израмнета и во неа вардарци парираа и се одржуваа на пристојна негатива ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во телевизиско обраќање до нацијата дека следната недела во Париз ќе се одржи состанок на началниците на генералштабовите на европските земји кои се подготвени да гарантираат за идниот мир во Украина. -Без разлика дали мирот во Украина ќе се постигне брзо или не, европските држави мора да бидат способни подобро да се бранат или да одвратат каква било нова акција. Мора да ја зајакнеме нашата одбрана. ...

Се покренува иницијатива за одземање на гласачкото право на Унгарија во Европската унија поради, како што се наведува, нејзиното постојано блокирање на заедничките одлуки. Претставниците на паневропската партија Волт подготвија акционен план од девет точки што ќе го испратат до лидерите на ЕУ пред вонредниот самит закажан за утре. Ова е нивниот план од девет точки: -Активирајте го членот 7 за да се запре правото на вето на Виктор Орбан и да се ...

Вардар ја продолжи позитивната серија во вториот дел од првенството и денеска ги освои бодовите во скопското дерби со Работнички (2:0). „Црвено-црните“ поведоа преку Спахиу во првото полувреме, а победата ја потврдија со голот на Мато на почетокот на судиското надополнување. Струга беше убедлива на дербито со Шкендија (3:0) и му нанесе голем удар на тетовскиот состав, кој сепак и по ова коло останува на лидерската позиција на табелата во ПМФЛ. ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по вчерашните инциденти во Парламентот, изјави дека чека да се изјасни Обвинителството и оти нема да се смири додека тие што го направија тоа не одговараат. Тој вчерашните инциденти ги нарече силеџиско и хулиганско однесување и ги обвини опозициските пратеници дека на измама успеале да внесат во Парламентот пиротехнички средства. Вучиќ посочи и дека ќе бара кривична одговорност за одговорните. Српскиот ...

САД ќе го земат Гренланд на овој или оној начин, кажа Доналд Трамп во своето обраќање во Конгресот ноќеска, при што го нагласи правото на островот на самоопределување. Обраќајќи им се на жителите на Гренланд. -Ние силно го поддржуваме вашето право да ја определите вашата иднина. Ако изберете така, ќе бидете добредојдени во Соединетите Американски Држави, изјави Трамп. Тој потоа додаде дека Гренланд им е потребен на САД заради националната и ...

Бенфика на Филип Талески обезбеди победа над Бидасоа Ирун со 33:30 во последниот меч од главната фаза на Европската лига на ЕХФ. Португалскиот претставник направи пресврт во второто полувреме и на идеален начин го заврши овој дел од натпреварувањето. Во тој пресврт значајна улога одигра нашиот Талески кој ги постигна сите три погодоци, односно одигра без грешка во вторите 30 минути. Рамел и Хануш беа најефикасни со по шест реализации. Клубот од ...

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски истакна дека посетата на македонската владина делегација на Унгарија се случува во важен момент кога три години живееме во сенката на војната. Орбан посочи дека го информирал Мицкоски дека Унгарија диктатот од ЕУ нема никогаш да го прифати и затоа мора да плаќаат казни. -Можете да сметате на нашата поддршка во процесот на ...

На Соња Илиќ, пратеничка во осмиот месец од бременоста, и се слошило после инцидентот во Собранието на Србија, рече претседателката на Парламентот Ана Брнабиќ. Таа рече дека Јасмина Каранац се здобила со тешки повреди на главата, како и дека Јасмина Обрадовиќ добила мозочен удар и дека се борат за нејзиниот живот. -Вие тој солзавец и бомбите ги фрлате на главите на граѓаните на Србија, им се обрати Брнабиќ на пратениците од опозицијата. ...

Данијела Ѓорѓевиќ, бабата на пронајденото девојче Дуња Марковиќ, денеска изјави дека на тоа место никогаш не се случило вакво исчезнување на дете и дека верува дека некој го зел девојчето и го вратил на местото каде што е пронајдено. -Утрово заклучив дека детето е пронајдено толку блиску што се сомневам дека прво било однесено па донесено тука и оставено. Мислам дека се исплашиле и го вратиле детето, рекла Ѓорѓевиќ. Таа им се заблагодари на ...

Кошаркарите на Гостивар стигнаа до голема победа со која останаа во игра за пласман во плеј-офот откако славеа на гостувањето во Гевгелија кај Кожув со 102-105 во последниот меч од 18. рунда во Првата лига. Првите две четвртини со идентичен резултат си ги поделија двете екипи, па на пауза се замина во егал (53-53). Клучна во мечот беше третата четвртина во која гостите постигнаа 33 поени и успеаја да стигнат до двоцифрена предност (76-86), која ...

Куче за спасување на планинската служба за спасување утрово го пронашло двегодишното девојче Дуња Марковиќ. За потсетување, девојчето исчезна вчера во градот Уб. Како што дознава Телеграф.рс, девојчето е добро. Девојчето го пронашло специјално обучено куче на планинската спасувачка служба. Детето цела ноќ поминало надвор, настинало, но е во добра здравствена состојба. Девојчето исчезнало вчера околу 14 часот кога излегло од дома. Веста за ...

Системот „Пронајди ме“ е активиран вечерва во Србија поради исчезнувањето на двегодишното девојче Дуња Марковиќ. Според веб-страницата „Пронајди ме“, двегодишно девојче исчезнало денеска околу 14 часот пред зградата во која живее во градот Уб (западна Србија), на улица 8. Март бр.6. Според првичните информации, девојчето пред да исчезне си играло со двајцата постари браќа во песок во близина на нејзината куќа. Се огласи и семејството на ...

Во име на американскиот народ, државниот секретар Марко Рубио ѝ го честиташе на Бугарија Денот на ослободување – 3. март, истакнувајќи ја добрата соработка помеѓу двете земји. Стејт Департментот преку соопштение го истакнуваат пријателството и соработката помеѓу владите на САД И Бугарија која трае 122 години, а во соопштението се вели дека државите ќе ги продлабочат дипломатските односи и пријателството помеѓу двата народи. Рубио смета дека ...

Македонскиот голман, Мартин Томовски имаше извонредна партија против поранешниот европски шампион Магдебург во Бундеслигата и беше најзаслужен што Потсдам не претрпе уште потежок пораз. Аутсајдерот загуби со 25:15, но таа негатива можеше да биде далеку поголема ако се земе предвид дека Томовски забележа фантастични 18 интервенции или поточно имаше 43.9 проценти на одбранети удари. Една негова одбрана беше навистина луда и ретко се гледа на ...

Милионерот Илон Маск, еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека САД треба да ги напуштат Обединетите нации и НАТО. Маск одговори на објавата на поддржувач на Трамп на Икс кој напишал дека е време да се напуштат ОН и НАТО. Маск одговорил кратко и јасно. -Се согласувам, ркеол Маск. Оваа објава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и ЕУ и Украина во контекст на војната и напорите на Трамп за ...

Канадскиот премиер Џастин Трудо и се обрати на јавноста од Лондон по учеството на самитот за Украина организиран од британскиот премиер Кир Стармер. -Важно е Канада да е тука со нашите сојузници додека разговараме за одбраната на Украина, рече Трудо, истакнувајќи дека „секој има важна улога“ во овој заеднички напор. На прашањето за улогата на Канада во најавената коалиција на волните, Трудо нагласи дека Канада „од самиот почеток е меѓу ...

Гостивар и Работнички одиграа 0-0 во дуелот во Маџари. Многу борба, желба за победа и од двете страни, но и сепак внимателност да не се загуби дербито. Анес Рушевиќ се закани во првиот дел кон голот на Гостивар, а во второто полувреме домаќинот имаше иницијатива и шанси имаа Аосман и Каланоски. Сепак, остана до крај почетниот резултат. Силекс во Кратово го пречека шампионот Струга Трим Лум, а ниту новиот тренер, Илчо Ѓорѓиоски, не најде решение ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
48%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
0.0
53%
1016
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
0.0
53%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
42%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
27%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
88%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
44%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
68%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
46%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.0
37%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.34
37%
1015
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
56%
1016
Currency

61.535

Currency

52.957

Currency

71.2664

Currency

34.3349

Currency

38.2185

Currency

65.9076

Currency

7.40502

Currency

0.65614

Currency

0.35998

Currency

0.52641

Currency

1.29138

Currency

0.60459