Дејан Кокотовиќ почина денес во Клиничкиот центар во Подгорица од последиците на тешките повреди кои ги добил на 1 јануари во пукањето во кафаната Велестово во центарот на Цетиње, јавуваат црногорските медиуми. Станува збор за 13 жртва на нападот на Ацо Мартиновиќ. Кокотовиќ во нападот бил ранет во стомакот, градниот кош и главата. Истиот ден бил опериран во Клиничкиот центар. Во последната недела се борел за животот, но на крајот се покажало ...

Најмалку пет луѓе загинаа во шумските пожари кои беснеат низ округот на Лос Анџелес, изјави гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, пренесува Н1. Пожар го зафати и Холивуд Хилс, каде е издадена наредба за евакуација. Пожарот има и на крајбрежното подрачје помеѓу Малибу и Санта Моника, област во која живеат многу филмски, музички и други ѕвезди. Зафатени беа речиси 6.500 хектари. Уништени се најмалку 1.000 објекти, што го прави овој пожар ...

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти ќе го победел Доналд Трамп на ноемвриските избори, објави Би-Би-Си. Бајден (82) сепак додаде дека не е сигурен дали би имал доволно енергија за уште еден четиригодишен мандат. -Засега се е во ред, но кој знае како ќе се чувствувам на 86 години, коментира тој. Бајден, исто така, откри дека сè уште ја разгледува можноста за превентивно помилување за противниците на Трамп, вклучително и ...

Македонската ракометна репрезентација синоќа во Вараждин загуби од Хрватска со 27:25 во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство 2026. Во меч во кој резултатот не беше во прв план, избраниците на селекторот Кирил Лазаров покажаа дека на Мундијалот можат да се надеваат на добри резултати. Тие го добија првото полувреме со 14:13, имаа свои моменти и во вториот дел, особено ова се однесува на голманот Марко Кизиќ кој одбрани три ...

Најмалку две лица загинаа во пожарот „Итон“, а повеќемина се повредени, изјави шефот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, пренесува Си-ен-ен. Таму, во тек е евакуација на над 32 илјади жители. Од пожари се зафатени неколку населени места во Лос Анџелес, како елитното Палисајдс, каде 150 илјади објекти се под ризик да изгорат. Сè започнало вчера околу 10 часот по локално време, кога поради брзите ветрови се проширил пожар во дворот ...

ГЕРБ повторно презема иницијатива за продолжување на преговорите за формирање коалициска влада, откако еднострано ги заврши во неделата, дознава бугарскиот портал Медиапул од свои извори во преговорите. Партијата на Борисов инсистира на интензивни преговори за финализирање на коалицискиот договор и договарање на фигурата на премиерот, за да завршат со одлука до петок. ГЕРБ во неделата преку медиумите објави дека ги прекинува преговорите за ...

Maкедонската ракометна репрезентација сними уникатно видео честитка за Божиќ. -Нашите ракометари Ви го честитаат големиот празник Божиќ и подготвија нешто посебно. Овој празничен ден, нека Ви донесе многу здравје, радост и среќа, се вели во објавата со видеото на Македонската ракометна репрезентација објавено на социјалните мрежи. На 15 јануари против репрезентацијата на Унгарија нашата ракометна репрезентацја го започнува Светското првенство ...

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска зборуваше од неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида и одговараше на прашања на новинарите. -Можете ли да му дадете на светот гаранција дека нема да употребите економска или воена сила во вашите обиди да ја преземете контролата врз овие области?, го праша новинарот. -Не, кратко одговори Трамп. Неговата неочекувана изјава доаѓа две недели пред повторно да влезе во Белата куќа на 20 јануари. ...

Среќен крај имаше исчезнувањето на 23-годишниот скијач, по кој од вчера беше спроведена огромна акција за негово пронаоѓање во ски-центарот Сели во северна Грција, а денеска, нешто помалку од 24 часа од исчезнувањето беше пронајден жив и според првичните информации, во добра здравствена состојба. Младиот скијач веројатно се дезориентирал и се оддалечил од ски-центарот, а нашол засолниште во шумска караула што се наоѓа на поголема оддалеченост и ...

Најмалку 95 луѓе загинаа во силен земјотрес што го погоди оддалечениот регион на Тибет утрово, а потреси се почувствуваа низ Хималаите во соседниот Непал, Бутан и делови од северна Индија. Земјотресот со јачина од 7,1 магнитуда според Рихтеровата скала се случил во 9 часот и 5 минути по локално време на длабочина од 10 километри и бил проследен со повеќе последователни потреси, соопшти Геолошкиот институт на САД, а пренесува Си-Ен-Ен. ...

Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека ќе се повлече од лидерската позиција во владејачката Либерална партија, но ќе остане на функцијата додека партијата не избере нов лидер. Трудо беше под голем притисок од либералните пратеници да поднесе оставка откако анкетите покажаа дека партијата ја очекува голем пораз на следните избори. На денешната прес-конференција, Трудо кажа дека парламентот ќе се распушти на 24 март. Тоа значи дека Трудо и ...

Зимската бура донесе снег, мраз и ниски температури низ поголемиот дел од САД, а предупредувања беа издадени за околу 60 милиони луѓе во повеќе од десетина држави, од Канзас до Њу Џерси. Невремето се движи кон средината на Атлантикот, а главниот град Вашингтон се подготвува за обилни снежни врнежи. Канзас и делови од северозападниот дел на Мисисипи беа погодени од снежното невреме, соопшти Националната метеоролошка служба (НМС), додавајќи дека ...

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 6 јануари 2025 година во 10 часот и 47 минути во Грција кај Пелопонез, а набрзо следеа нови, иако нешто послаби земјотреси. Земјотресот со јачина од 4,7 степени е регистриран на 97 километри јужно од Патра. Епоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на ...

Градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ иницираше одржување на итна седница на градското собрание на која меѓу другото ќе предложи оставка на политичкото раководство на безбедносниот сектор како чин на преземање објективна одговорност поради трагедијата во која на 1 јануари во тој град беа убиени 12 лица. Ѓурашковиќ во соопштението наведе дека Цетиње по втор пат се соочува со невидена трагедија, во период од две и пол години и дека, како ...

Во Србија денеска е Ден на жалост поради трагичниот настан во градот Цетиње, Црна Гора, каде што беа убиени 12 и ранети четири лица. Одлуката за прогласување Ден на жалост беше донесена на вчерашната седница на Владата на Србија, по предлог на претседателот Александар Вучиќ. Седницата започна со едноминутно молчење во чест на жртвите од масовното убиство што ја потресе регионот. Трагедијата се случи на 1 јануари, кога вооружен маж застрела ...

Во израелските воздушни напади во Појасот Газа денеска загинаа најмалку 21 лице, меѓу кои најмалку две деца, соопштија локалните здравствени власти. Според персоналот на болницата „Насер“, во три воздушни напади се погодени автомобил, куќа и луѓе на улица во градот Кан Јунис. И Цивилната одбрана и службите за итни случаи, поврзани со претставници на Хамас во Газа, соопштија дека во воздушен напад е уништена станбена област зад комплексот Сараја ...

Јужнокорејските истражители денеска ја напуштија официјалната резиденција на отповикуваниот претседател Јун Сук Јеол, бидејќи не успеаја да го приведат ниту по речиси шест часа. Тоа е најновата конфронтација во политичката криза која ја парализираше Јужна Кореја и доведе до импичмент на двајца шефови на држави за помалку од еден месец. Државната антикорупциска агенција соопшти дека ги повлекла своите истражители откако претседателската служба ...

Македонската машка ракометна репрезентација ги продолжува подготовките за претстојното Светско првенство, а селекторот Кире Лазаров реши дополнително да го намали бројот на ракометари со кои располага во оваа фаза. Денеска стана јасно дека Михајло Младеновиќ нема да ги продолжи подготовките со националниот тим и ќе чека друга шанса за да се наметне за настап на големо натпреварување, па во македонскиот ростер остануваат деветнаесет ракометари. ...

45-годишен маж со огнено оружје вчера (среда) уби најмалку 12 лица во Цетиње, меѓу кои и две деца. Претходно се зборуваше за десет загинати. Според информациите на локалните медиуми, сторителот делото го извршил во кафеана, а потоа при бегството наводно убил двајца малолетници и ранил една жена, соопшти министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ. По неколкучасовна потрага, напаѓачот си нанел смртоносни повреди од кои при транспорт во ...

Десет лица се убиени, а повеќе од 30 се повредени во Њу Орлеанс, кога возило влетало во улица преполната со луѓе три часа по Новата година. Улицата „Бурбон“ во Француската четврт, една од најпознатите улици во Њу Ореланс, била преполна со луѓе кои сè уште го славеле дочекот на 2025 кога, според очевидците, возилото влетало во насобраните, по што возачот наводно излегол од возилото и почнал да пука со оружје кон луѓето кои панично бегале. ...

Офанзивниот играч од средниот ред, Меметриза Хамза, е првото засилување за актуелниот шампион Струга Трим Лум пред пролетниот дел од сезоната. Тој денес пристигна во Струга каде што беше претставен од спортскиот директор Бесарт Исаку. 20-годишниот играч доаѓа во Струга ТЛ од второлигашот Башкими, а своите први фудбалски чекори ги направи во академијата на Шкендија од Тетово. Таму дебитираше во Првата лига во 2023 година, кога имаше само 19 ...

Вишиот суд во Белград ги прогласи за виновни Владимир и Милијана Кецмановиќ, родителите на момчето кое на 3 мај 2023 година во основното училиште Владислав Рибникар со пиштол уби девет соученици и чувар во училиштето, а рани уште пет ученици и наставничка. Владимир Кецмановиќ е прогласен за виновен за предизвикување општа опасност поради тоа што непрописно го чувал оружјето и на тој начин му овозможил на тогаш 13-годишниот син да го изврши ...

Актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ, победи на претседателските избори што се одржаа вчера, како кандидат на Социјалдемократската партија. Тој извојува изборна победа во сите хрватски жупании, со најмногу гласови во Истра, Меѓумурје и Вараждин. Од друга страна, кандидатот на Хрватската демократска заедница, Драган Приморац, успеа да освои поддршка само од хрватските гласачи во странство. Според објавените резултати од Државната ...

Заврши првата фаза од подготовките на македонската ракометна репрезентација, Момците на селекторот Лазаров загубија од Србија на последниот контролен натпревар во Стара Пазова. Овој дуел влета во програмата по откажувањето на Саудиска Арабија. Србија го доби дуелот со „црвено-жолтите“ со резултат 34-29, што е прв пораз за Македонија во првата етапа од подготовките за Светското првенство кое започнува по нешто повеќе од две недели. Претходно ...

Црните кутии на авионот на Азербејџан ерлајнс што се урна во средата во Казахстан ќе бидат испратени на истрага во Бразил, каде што се произведени. -Комисијата за истражување на несреќата одлучи да ги испрати рекордерите на летот (црните кутии) до Центарот за истражување и спречување на аеронаутички несреќи (ЦЕНИПА) во Бразил, кој е и земја на производителот на авионите Ембраер, се наведува во соопштението на казахстанското Министерство за ...

Вардар е убедливо најактивен на транфер пазарот и во краток временски интервал придодаде пет нови играчи во првиот тим, но сега дојде ред да почне и со ослободување на фудбалерите на кои не смета стручниот штаб. Најтрофејниот македонски клуб оваа вечер излезе со прва информација за отказно решение, а до истото дошло по спогодбен договор со Сеук Гун Ким. Кореецот пристигна во Скопје пред само шест месеци, но по шест симобилни настапи во дресот ...

Летот на „Jeju Air“ што доаѓал од главниот град на Тајланд, Бангкок со 181 патник без тркала се излизга на пистата на јужнокорејскиот аеродром Муан, удри во бетонска бариера и се запали. Само двајца ја преживеаја трагедијата, двајца членови на екипажот. Несреќата била пријавена во провинцијата Јужна Џеола околу 9 часот. На снимките од несреќата се гледа двомоторниот „Боинг 737-800“ се движи по пистата, се пали и експлодира. -Владата ги ...

Во Хрватска во недела во 7 часот почнаа осми претседателски избори. Во трката за таа позиција се осум кандидати. Избирачките места се отворени во седум часот наутро, а може да се гласа до 19 часот. Отворени се сите избирачки места, од кои во Хрватска се над 6.500, потврди Државната изборна комисија (ДИП) која в недела напладне ќе извести колку гласачи гласале до 11:30 часот. Ќе биде интересно да се види дали на излезноста влијаеле ниските ...

Рускиот претседател Владимир Путин му се извини на претседателот на соседен Азербејџан за соборувањето на комерцијалниот патнички авион во рускиот воздушен простор, во кој загинаа 38 лица – но не кажа дека Русија е одговорна. Владимир Путин денеска му се извини на претседателот на Азербејџан за „трагичниот инцидент“ што се случи во рускиот воздушен простор со патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“, кој се урна откако беше погоден од ...

Косовскиот институт за јавно здравје објави дека е регистриран првиот случај на вирусот Mpox (мајмунски сипаници) во земјата. Заразениот е 30-годишен државјанин на Косово, кој бил хоспитализиран на Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар на Косово на 24 декември, по враќањето од Западна Африка. Пациентот пројавил симптоми како треска, кожен осип, промени на кожата, осип на лицето и рацете, како и чешање. -Пациентот е во ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
70%
1020
weather icon

Загреб

23ᴼ / 18ᴼ
1.03
67%
1023
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
60%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.89
89%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.51
81%
1024
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
3.09
46%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
49%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
7.2
32%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
68%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
55%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
6.17
78%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75