Општина Центар заврши со изборот на најдобрите трудови кои според градоначалникот Горан Герасимовски претставуваат иновативни и практични решенија што ќе придонесат за модернизација на општината. „Трудовите покажуваат голем потенцијал за развој на современата и функционална инфраструктура, а наградените идејни решенија ќе бидат значаен поттик за идните проекти. Се надеваме дека новиот објект ќе стане центар на динамична и отворена комуникација ...

Борко Ристовски, министерот за спорт во „Дејли Клик“ на ТВ21 одговори на прашањето зошто се одлучил да влезе во политиката, наместо да продолжи како тренер, скаут, спортски директор. „Одлучив да направам промена. Се одлучив наместо да седам пред компјутер и да коментирам, што го правев порано, директно да се вклучам во политиката. Товарот кој што го носам како министер е голем, затоа што сето она кое сум го критикувал во минатото, сега треба да ...

Потресна објава осамна предмалку на социјалните мрежи. На Фејсбук профилот на Мартина Трајковска се апелира доколку некој ја види нејзината мајка која е исчезната веднаш да ја побара на телефонскиот број кој е оставен. Последен пат жената е забележана во Јурумлери. „Исчезната е мајка ми, последен пат видена на автобуска на Јурумлери. Носи зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми. Доколку некој ја види ве молам јавете се 071345208“ ...

Во Полициската станица Струмица вчера во 12.00 часот било пријавено дека на регионален пат Струмица – Берово, кај место викано „Палазлија“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(22) од Берово и патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П.(40) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „рено“, а со ...

Млада велешанка уапсена за дрога. - На 07.11.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ја лишиле од слобода Р.Д.(20) од Велес затоа што кај неа била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Р.Д. била приведена во полициска станица и во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик - ...

Го зголемивме бројот на ромски образовни медијатори. Досега се ангажираа 40 годишно во основно образование, оваа година ангажираме 50. Со измени на Законот за средно образование, дополнително ќе бидат ангажирани 35 медијатори, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на потпишувањето договори со избраните медијатори по првиот јавен повик. Вчера беше објавен и повторен повик за шест ромски образовни медијатори. „Образовните ...

Владата бара законски решенија за обука на некомпетентните административци. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев објави дека се залага за варијантата некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани, но, како што рече, можните решенија за овој проблем во моментот се предмет на дебата. „Јас сум повеќе за варијантата некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани. Постојат и други решенија, но можеби ...

Општина Гази Баба е прогласена за најинклузивна општина во Република Македонија. Ова признание доаѓа по целосната реализација на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби” кој општината успешно го реализираше заедно со Детската фондација Песталоци и Здружението “Отворете ги прозорците”. За добиеното признание, информираше градоначалникот Бобан Стефковски. - Ова признание доаѓа како резултат на посветена работа и реализација на ...

Општина Ѓорче Петров за првпат се приклучи на глобалната иницијатива „Да ги направиме градовите отпорни 2030“ (MCR2030), ваквата вест ја објави градоначалникот Александар Стојкоски на социјалните мрежи. Тој додава дека оваа иницијатива претставува клучен чекор кон развојот на локалниот капацитет за управување со ризици и за зголемување на отпорноста на нашите заедници пред катастрофи. „Подготовката за катастрофи не е само одговорност на ...

Веро е најмодерниот маркет во земјава според оценката на потрошувачите, потврди најновото истражување „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2024 година“ што го спроведува агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“. Според добиените резултати, 31% од потрошувачите во земјава се изјасниле дека Веро е најмодерен маркет во конкуренција на сите домашни и интернационални синџири маркети. Односно, еден од три потрошувачи го ...

Поведена е истражна постапка од страна на Јавното обвнителство Гостивар против лице кое пред два дена учестувало во брканица со полицијата на магистралниот пат Маврово – Гостивар. Ова лице се товари за извршило кривично дело „Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи, согласно член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик“. Како што соопштуваат од обвинителството се работи за 30-годишен гостиварец, ...

Поради потврдена болест птичји грип кај две угинати птици во два изолирани случаи, Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) апелира до граѓаните ако пронајдат угинати диви видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на info@fva.gov.mk, или ветеринарните друштва. Доколку станува збор за други видови угинати птици и за изолирани ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ. Пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на ...

Цените на становите во Скопје, како и во поголемите градови низ земјава, постојано растат. Граѓаните со проблем како да дојдат до решение на станбеното прашање! Еден „твитерџија“ со предлог за евенуално решение: - Крајно време е власта (односно самата држава) да изгради низ Македонија (пред се во Скопје, Битола, Штип...) најмалку 700 - 800 станови за млади лица и да ги продаде по реални цени. Така ќе се срушат сегашните пренадувани цени на ...

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) бара да се укине „недела-неработен ден“ за на тој начин да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време. Активистката за работнички права Кристина Ампева бурно регира во интерес на работниците. - Да се укине недела неработен ден, а младите ќе се врателе назад во Македонија. Оти младите сакаат да работат од понеделник до недела, оти младите ...

Шестиот по ред Пчеларски саем на Македонија, ќе се отвори денеска на плоштадот Македонија, а ќе трае до недела. Организатор на саемот е Пчеларска Федерација на Македонија, главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а домаќин е Градот Скопје. Пчелари од целата држава на саемот ќе им понудат на посетителите мед, пчелните производи, како и пчеларска опрема. Од ПФМ ги повикуваат граѓаните да дојдат на плоштадот ...

Почина Тахир Хани поранешен функционер на Демократската унија за интеграција. Роден е на 15 декември 1961 година во Струга. Извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик министер. . . Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот фејсбук профил. - Со длабока тага ве известуваме дека по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани, стои во информацијата. Сочуство до семејството ...

Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта кадешто вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО. Мицкоски по средбите со европските државници рече дека заедно со членовите на македонската делегација ги презентирале аргументите за нашиот евроинтегративен ...

Пред 2 дена, на 6 ноември 2024 година почина проф д-р Наде Проева, редовен професор на Институтот за Историја на Филозофскиот факултет во пензија. Професорката Проева долги години предаваше предмети поврзани со античката историја. „Таа остави забележителна трага во македонската историографија, истражувајќи и објавувајќи студии поврзани со историјата на античка Македонија. Во рамките на својата богата и плодна кариера настапувала на меѓународни ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека успешно е реализиран процесот на доделување на ваучери за купување инвертер клими, со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата низ целата држава. До 15 часот, беа доделени над 80% од предвидените 6.182 ваучери. „Благодарение на внимателното планирање и целосната ангажираност на тимот на Министерството, процесот се одвива непречено и ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот. Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека со победата на Трамп, очекува Македонија да има поголем буџет во одбраната. Тој кажа дека при првиот мандат на Трамп како претседател на САД, буџетите во сите земји на НАТО се зголемиле, па така очекува да биде и сега. -Треба да признаеме дека најголемиот дел на финансии и модернизирање на одбраната на секоја земја членка на НАТО беше при првиот мандат ...

Денеска наутро е студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе ...

Денеска е голем празник за правсолавните христијани. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар)во петок неделаа се чествува споменот за Свети великомаченик Димитриј – Митровден. Свети Димитриј се родил во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку ...

Меѓу дванаесетте хороскопски знаци, еден се издвојува како најљубопитен, кој постојано бара знаење, искуство и нови врски: Близнаците. Photo by Juan Camilo Navia on Unsplash Близнаците се познати по својата двојна природа, брза духовитост и ненаситна жед за откривање. Управувани од Меркур, планетата на комуникацијата и интелектот, Близнаците се природно љубопитни, секогаш желни да дознаат повеќе за светот околу нив, без разлика дали тоа е преку ...

Почина петгодишно дете како последица од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести. Девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба и се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега. Била направена и интубација, но и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило ...

Нема повредени во пожарот кој доцна синоќа во 1 часот и 45 минути по полноќ избувна во хангарот на „Македонски железници“ на булеварот Трета македонска бригада, објави МВР. Од тука велат дека во хангарот имало неисправни вагони и локомотиви. По два часа, пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје. Утрово во 9 часот во полицијата било пријавено дека пожарот повторно се активирал, а во текот на денот бил изгаснат. ...

Маж од САД уапсен на скопскиот аеродром. Како што соопштија од полицијата, вчера во 08.20 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле Х.Д.С.(66) од САД затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека го пречекорил дозволениот туристички престој. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија ...

Уапсен скопјанец кој украл возило на битолчанка. - На 06.11.2024 во 14.50 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода А.Ѓ.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека одзел патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.Т.(58) од Битола, во кое имало пари, мобилни телефони и други предмети. Возилото било пронајдено и ќе биде вратено на ...

51-годишен маж пронајден починат во својот дом во скопски Аеродром. - На 06.11.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил пронајден починат Ј.М.(51) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во полицискиот билтен. Извршен бил увид од увидна ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Загреб

1ᴼ / -3ᴼ
1.54
78%
1026
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
93%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.26
95%
1027
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
98%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.45
79%
1024
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1023
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1023
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
85%
1029
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
76%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
3.09
81%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71