Горјан Јовановски, познатиот и секогаш гласен еко-активист и советник во Советот на Град Скопје, со појаснување околку податоците на различните апликации за следење на загадувањето на воздухот. Зошто гледаме различни бројки на AirCare и IQAir? - AirCare користи EU AQI како основен индекс за загадување, додека IQAir користи US AQI. Тие се тотално различни скали (едната од 0 до 100, другата од 0 до 500), па затоа кога гледате US AQI бројките се ...

Најстудено утрово во Маврови Анови и Попова Шапка со нула степени, во Крушево и Лазарополе еден, Берово и Крива Паланка три степени, во Виница, Прилеп и Битола се измерени четири степени, пет во Штип, Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Претор, шест Струмица, Велес, Демир Капија, Кавадарци, Скопје-Петровец, Охрид, Гевгелија. „Утринава облачноста од запад започнува да се намалува, а во останатите делови е облачно. Понекаде и особено на југоистокот има ...

Скопје денеска одбележува 80 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда, а најавени се повеќе манифестации, работилници, изложби, промоции… На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. ...

Културно едукативниот центар Лабораториум со низа активности денеска ќе го прослави денот на ослободувањето на Скопје. Како што соопштуваат од Лабораториум, во 19 часот преку „Скопскиот квиз“ водителот Никола Наумовски ќе го „тестира“ знаењето на гостите за главниот град. Победникот ќе биде награден со 10 гратис пијалоци на игранката. Од 20 часот, во халата на Лабораториум, ќе започне главниот дел на прославата наречен „Скопска игранка“. ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На минатите рочишта сведочеа мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства. Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на ...

Натпреварот од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција меѓу Скопје и Гевгелија го одбележа скандал, откако ракометарките на двете екипи си постигнуваа автоголови, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реши да ги санкционира. РФМ донесе одлука со која двете екипи се исклучени од системот на натпреварување за сезоната 24/25 во сите женски категории, а исто така се очекуваат казни и за одговорните лица во тимовите. Во текот на ...

Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод натпреварот помеѓу Скопје и Гевгелија, по срамниот Куп натпревар во кој ракометарките си даваа автоголови, и наводно намерно промашувале на меѓусебниот натпревар. ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје се исклучени од сите натпреварувања под капата на Ракометната федерација на Македонија. Суспензии добија и официјалните лица на двата клуба, како и делегатот. Валентина Радуловиќ како претседател на ...

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, вчера во просториите на ЗЕЛС одржа средба со министерот Цветан Трипуновски и градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, за проблемите на струмичани и изнаоѓање на заеднички решенија. На состанокот се усвоија неколку заклучоци, а Ѓорѓиевски истакна дека ЗЕЛС е обединет и додека е тој претседател, сите проблеми ќе се решаваат на заедничка маса. „Со добра ...

Синоќа повторно дошло до разгорување на пожарот на Беласица во близина на селото Смолари, при што истиот интензивно се приближил кон црквата Св.Петар и Павле. „Веднаш после првите повици од жителите на селото Смолари ТППЕ Струмица испрати екипа од пожарникари-спасители кои и покрај тешко пристапниот терен успееа да дојдат до фронталната линија на пожарот и да го спречат неговото движење во тој правец. Ширењето на овој пожар и покрај ниските ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно, по котлините ќе има услови за појава на магла. Претпладне во јужните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени. Во Скопје, претежно облачно и тивко со услови за појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до ...

Небото ќе биде осветлено од полната Месечина во Бик, во петок, 15 ноември. Photo by Neven Krcmarek on Unsplash Ова е последната супермесечина за 2024 година. Што ги очекува хороскопските знаци? Овен За родените во овој знак, ова е период на подобрени финансии. Тоа може да дојде преку покачување на платата, унапредување или пак директна исплата. Само треба да бидете внимателни на своите трошоци и да не трошите премногу на работи кои не ви се ...

Водителот Жарко Димитриоски и хрватската актерка и амбасадор на УНИЦЕФ Мирна Медаковиќ-Степинац ја отворија првата регионална конференција на Becutan, која броеше близу 200 посетители од Македонија и од регионот. Разбирајќи ги потребите на модерните текови и предизвици на современото родителство, Becutan со особено задоволство го организираше овој несекојдневен настан, во чиј фокус не беше негата, туку грижата за секое дете уште од првиот ден ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со амбасадорот на Македонија во Букурешт, алудирајќи на сериозни процедурални и административни процедури, истакна дека Андреј Жерновски не можел да биде отповикан, бидејќи тој официјално никогаш и не станал амбасадор. Одговорот на новинарското прашање, Муцунски го даде на денешниот прес со министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг. ...

Два инциденти во скопска Шутка регистирани во полицискиот билтен во вчерашниот ден. - На 11.11.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во двор од куќа на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од неговиот син Х.А.(23) од Скопје. По целосно документирање ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата. - На 10.11.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж пријавил дека околу 13.20 часот во ...

Во насока на подобрување на здравата животна средина, oпштина Карпош контируирано презема чекори за одржување на јавната чистота, поддржува и директно учествува во акции каде се вклучени претставници од приватниот, граѓанскиот и невладиниот сектор. Но секако, најголемата поддршка ја добиваме од карпошани, особено кога се работи за правилно одложување на отпадот од домаќинствата, велат од оваа скопска општина. Оттаму упатија апел до сите ...

ТИТАН Цементарница УСЈЕ и Технолошко–Металуршкиот факултет при УКИМ Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка за формирање на „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“ наменет за учениците од основите училишта кои сакаат да стекнат нови вештини и знаења од областа на СТЕМ науките (математика, технологија, инженерство и техника). Меморандумот го дефинира начинот на соработка меѓу двата субјекта во едукативниот процес на младите ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС нагласи дека план за оптимизација на училишната мрежа веќе изработија 10 општини, додека процесот продолжува кај 22 општини. „Клучна цел на промените што ги правиме е да го подобриме квалитетот на образованието – да изградиме релевантно и ефикасно образование кое ќе им овозможи на учениците да стекнат употребливи знаења и вештини за личен и ...

Општина Гази Баба продолжува со реализирација на проектот за инклузија на децата Роми во јавните установи – детски градинки. За таа цел утрово градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во клубот на пратеници потпиша договор со Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани за реализација на проектот Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки, велат од општина Гази Баба. - Секое дете е ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое доказите упатуваат на основано сомнение дека сторил кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот 59-годишник, во временскиот период од јуни 2023 година до средината на август ...

Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ на седница донесе одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ за 2024 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. Наградата „22 Ноември“ им се доделува на педагогот проф. ...

Али Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува, но ги загрижува и нашите меѓународни партнери, изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги изјавите на ДУИ дека ако се допре законот за јазиците, Албанците ќе бидат на нозе. Мицкоски вели дека веќе станало навика, Ахмети со воинствена реторика да повикува на немири и нестабилност, но не мисли дека може да успее во тоа бидејќи Албанците, но и сите граѓани во ...

Денеска во 09.05 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода М.Л.(50) од Скопје. Уапсеното лице било барано со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години и два месеца за сторено кривично дело во врска со чл. 418 -б, 418-в (трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти) и член 273 (перење пари). Лицето ќе биде ...

Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков вели дека земјава со експертска помош од ЕУ и ЕУРОСТАТ ќе ги разгледува можностите за пресметка на медијална плата, Одговорајќи на новинарски прашања во однос на медијалната плата, Станков најави и потпишување меморандум за соработка со Управата за јавни приходи (УЈП). „Медијалната плата е важен индикатор за економистите. Пред неколку години почнавме активности за пресметување на ...

Денес во Владата беше потпишан договор за старт на новата инсвестиција на Бреинчајлд во Македонија во висина од 8,5 милиони евра и 200 нови вработувања. Компанијата Бреинчајлд е компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија кои што се практично глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер. Премиерот Мицкоски кажа дека оваа инвестиција е лоцирана во Битола на ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се сретна со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер. Фокусот на средбата беше можноста за унапредување и продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји, со акцент на реформите во јавната администрација и подобрувањето на ефикасноста на јавните услуги. Министерот Минчев ја нагласи посветеноста на Министерството за јавна администрација за имплементација на модерни и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека од 1 јануари идната година не очекува сметките на граѓаните за струја да се зголемат повеќе од три отсто. Според Мицкоски цената по која ЕСМ ќе ја испорачува струјата кон ЕВН хоум, ќе биде меѓу 58 и 62 евра за мегават час, која е во рамките на 60 евра по која ја испрачува до сега. „Не очекувам да има зголемување на цената на струјата од 10-15 отсто, како што е случај во повеќе земји од регионот и ...

Со почетокот на грејната сезона и промента на временските услови се создаваат услови за зголемување на загадувачките честички на воздухот што влијаат врз здравјето на луѓето. Министерството за животна средина и просторно планирање работи во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, но оваа година проектира низа дополнителни конкретни активности и ги насочи сите расположиви ресурси во навремено преземање ...

Општина Центар продолжува со својата посветеност за создавање поинклузивно општество за сите граѓани. И оваа година, општината запишува 20 дечиња од ромска националност кои доаѓаат од згрижувачки семејства или приматели на социјална помош на возраст од 3 до 6 години во градинката „Раде Јовчевски – Корчагин“. Како дел од проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“ градоначалникот на Општина Центар Горан ...

Малолетник и скопјанец вчера биле каснати од улични кучиња на подрачјето на Скопје. На 11.11.2024 во 23.40 часот во Полициската станица Гази Баба, И.П.(33) од сeло Булачани, скопско, пријавил дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ во Скопје бил каснат од куче скитник, известија од полицијата. На 11.11.2024 во 22.35 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Б.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Жан Жорес“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од ...

Времето до петок ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од променлив интензитет. Денес, во вечерните часови, во текот на ноќта и утре локални врнежи од дожд ќе има во јужните делови. Во одделни котлини ќе има појава на магла, jавува УХМР. В четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), а поради продор на постудена воздушна маса од север, в четврток и в петок на планините и на некои повисоки места врнежите ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / -1ᴼ
1.03
73%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.42
91%
1028
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
1.03
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
79%
1025
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
1024
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
84%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
81%
1028
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71