Скопје
                                    11ᴼ /
                                    11ᴼ
                                
                                Малолетник од Куманово заработи кривична пријава, откако полицијата кај него пронашла марихуана и кокаин. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против 17-годишник од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, се наведува во полицискиот билтен. Вчера (28.04.2025) во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на ...
Малолетник е тешко повреден по полоноќ во Охрид. - Денеска околу 03:30 часот во СВР Охрид e пријавено дека на ул.„Радојца Новичиќ“ во Охрид, 15-годишен малолетник од Канада, a со престој во сeло Долно Лакочереј, охридско, управувајќи мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, удрил во лисица и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежни активности на државниот пат А2, обиколница Крива Паланка. „Би сакал да изразам голема благодарност до потпретседателот на Владата и министер за транспорт, до директорот на Јавното претпријатие за „Државни патишта“, до пратеникот во македонскиот парламент, до сите вработени во министерството, во јавното претпријатие „Државни патишта“, до сите оние коишто придонесуваат државата денес да ...
Шеснаесет пливачи од шест држави ќе учествуваат на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон, кој ќе се одржи утре од Свети Наум до Охридското пристаниште. Дваесет и пет километарската патека „Климе Савин“ ќе ја пливаат 10 мажи и шест жени. Во женска конкуренција ќе настапат: Елена Лионело (Италија), Росана Гошева (Македонија), Алисја Гедриш (Полска), Милица Љубисављевиќ (Србија), Ерика Абигал Јенсен (Аргентина) и Мајте Ајлен Пука (Аргентина). ...
Во понеделник, по повод стартот на новата учебна година, општина Аеродром организира забава за најмалите жители. - На 1 септември, заедно го славиме враќањето во училишните клупи, Донесете ја радоста од училниците на нашиот настан „BACK TO SCHOOL“ организиран од општина Аеродром во Џевахир Мол. Ќе имаме прилика да уживаме во магионичарските точки на Кристијан Шопов, како и во настапите на Балетско студио Диадема, Театар Триангл Пулс и Диџеј ...
Младиот и храбар Марко Пејчиновски од Охрид уште еднаш успеа да ја оствари својата нова мисија. Синоќа тој успешно го заврши својот модифициран „Ајронмен“ триатлон, во должина од вкупно 107 километри, кои ги помина со трчање, возење велосипед и со пливање. Предизвикот Пејчиновски го започна вчера со трчање од Свети Наум до Струга, оттаму со велосипед се врати до Свети Наум, од каде што го започна последниот дел, пливањето до Охрид. Трчањето од ...
Општина Центар за прв пат обезбеди училишни униформи за сите ученици во општинските основни училишта. Првите униформи пристигнаа во ООУ „Киро Глигоров“, а во тек е нивна дистрибуција до сите основни училишта на територијата на Центар, соопштија од општината. „Денеска започна дистрибуцијата на првите ученички униформи во основните училишта во Центар. Униформите се со одличен квалитет, со лого на општината и со име на секое училиште поединечно. ...
Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина на својот фејсбук профил сподели статус во кој сподели една необична приказна за двајца локални „супер херои“ во Дојран. Станува збор за Самир и Бранко - најдобри другари и живеат во Дојран, за кои Ина во статусот напиша дека двајцата се невработени и преку ден чекаат дали некој ќе ги ангажира за дневница, а попладне веќе три недели го чистат каналот на Ѓавато. „Самир и Бранко се најдобри другари и живеат во ...
Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот. ДПМНЕ и Аросвска ветуваа нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз и ред во јавниот сообраќај. Денес – нема нови автобуси, а постојните се стари, нечисти, доцнат премногу, а некогаш и не доаѓаат воопшто. Дел од приградските линии се укинати или нередовни. Градскиот јавен транспорт е крајно небезбеден и во колапс, вели Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје и ...
Во Општина Илинден беше извршено примопредавањето на донацијата – специјално возило или работно АТВ, од страна на општествено одговорната компанија „Мото Илинден“. Како што информира градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски станува збор за донација на теренско возило за планински делови. Ова возило ќе биде користено за одржување на ридско-планинските патеки, како и во ситуации при гаснење на пожар, односно на тешко достапни ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го претстави името на носителот на листата за Општинскиот совет, Мухамед Муртези. Во видео-обраќање на социјалните мрежи, Меџити напиша: „Денес сакам да го претставам носителот на листата на советници на ВЛЕН за Општина Чаир, докторот, интелектуалецот, активистот на граѓанското општество и човек со високи вредности, Мухамед Муртези. Заедно кон големата победа. Само за тебе Чаир“, напиша ...
По вчерашниот неработен ден за православните верници во земјава, веќе се „кројат планови“ за следниот неработен ден кој ќе значи и продолжен викенд. Наредниот државен празник носи продолжен викенд. На 8. септември 2025 година (понеделник), се одбележува Денот на независноста и тој е неработен за сите граѓани на Република Македонија. До крајот на годинава овие денови се неработи: За сите граѓани на РСМ 8 септември (понеделник), Ден на ...
Актуелниот градоначалник на Гази Баба и кандидат за уште еден мандат Бобан Стефковски го претстави петтиот проект од својата изборна програма за вториот мандат кој значи субвенционирање на изградба на енергетско ефикасни фасади за станбените единици. Овој проект има три клучни цели: - Намалување на трошоците за енергија – Со топлотна изолација, граѓаните значително ќе заштедат на греење и ладење. - Подобрување на квалитетот на живеење – ...
Срамота е што уште нема во Скопје споменик на Васкa Илиева и на Александар Сариевски, се реагира на социјалните мрежи откако во фокусот е прашањето колку ги цениме македонските музички легенди. Инаку, во Кавадарци, легендарниот Никола Бадев има споменик лоциран во центарот на градот. - Ова е првиот споменик во Македонија на пејач на македонски народни песни! Споменикот е на кавадарчанецот Никола Бадев, првиот кој испеал песна на македонски ...
Лишен од слобода кумановец кој насилно влегувал во цркви и крадел пари. Ограбениот плен е пронајден и е вратен на сопственикот. Како што информираат од МВР, вчера (28.08.2025) во 14:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А.(28) од Куманово. Тој се сомничи дека на 24.08.2025 со употреба на сила влегол во црквата „Св. Троица“ во с.Љубодраг, кумановско и одзел пари, додека на 28.08.2025 од црквата „Св. ...
Токму во екот на „расколот“ за „нашето или соседското“ музичко богатство, генијален постер се појави на социјалните мрежи, со кој всушност беа најавени музичките ѕвезди кои синоќа настапија во рамки на Карпошовото културно лето, во дворот на црквата „Св.Тројца” во Бардовци. Сосема случајно, генијален постер за актуелнава ситуација! - На големиот христијански празник Голема Богородица, карпошовата летна сцена ја освежија македонските народни ...
Во населбата Земун во Белград денеска е пронајдено бебе, оставено покрај контејнер. Случаен минувач го забележал детето и веднаш ги повикал службите за итни случаи, чија екипа излегла на местото на настанот и го префрлила новороденчето во породилиштето во Земун. Според првичните информации, бебето е живо и во стабилна состојба, но ќе му бидат извршени дополнителни лекарски прегледи. Околностите под кои е оставено бебето сè уште не се ...
Службите на општина Центар интензивно работат на обновување на паркинг просторот на улицата „Петар Поп Арсов“, лоциран зад Вучко. Во тек е асфалтирање и уредување на паркингот со површина од 550 метри квадратни. По завршувањето на градежните работи, следува обележување на паркинг- местата, по што просторот ќе биде целосно функционален и подготвен за користење, извести Општината. Реновирањето на паркингот се изведува на барање на жителите во ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, воедно и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со трговците на Бит Пазар. Во разговорот со нив, Меџити истакна дека Општина Чаир, иако нема индустриска зона и големи компании, се издвојува со голем број на мали и средни бизниси, со Старата Чаршија и со Бит Пазар, кои претставуваат економски и културен столб на нашата општина. Тој нагласи ...
Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи за балканските музички ѕвезди кои периодов настапуваат во неколку македонски градови. Цеца, Харис Џиновиќ, Марија Шерифовиќ, Теодроа Џевхировиќ, Мирза Селимовиќ... се само дел од српските музички ѕвезди кои ќе ја забавуваат македонската публика, а под покровителство на локалните самоуправи. Јавноста се подели откако градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев „се крена“ во одбрана на српските ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески информираше утрово дека пред стартот на новата учебна година, ја обновиле хоризонталната сообраќајна сигнализација во близина на основните училишта. Како што истакна Митески во својата фејсбук објава, целта е да се обезбеди поголема безбедност за учениците, родителите и сите учесници во сообраќајот. „Најмладите заслужуваат безгрижно и безбедно патување до училиште, а ние како општина преземаме ...
Скопската полиција синоќа констатираше 128 сообраќајни прекршоци, 94 возачи на мотоцикл, лишено од слобода едно лице, пронајден кокаин. Во текот на изминатата вечер (28/29.08.2025) во периодот од 17.00 до 01.00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје беше спроведена засилена акциска контрола по Оперативната акција „Безбеден сообраќај“. При тоа за време на контролата акцентот беше ставен на учесниците во ...
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, и кандидатката за градоначалничка на општина Бутел, Оливера Ливринчиќ, се сретнаа во Бутел, каде разговараа за конкретни проекти и решенија со кои општината конечно ќе добие вистинско внимание и современа урбана инфраструктура. На прошетка низ општинaта тие разговараа за повеќе клучни теми, меѓу кои и запоставената состојба на реката Серава, сообраќајниот метеж, како и потребата ...
Шкендија синоќа со 4-1 загуби на гостувањето кај Лудогорец по 120 минути игра, и вкупен резултат 5-3, со што беа елиминирани од квалификациите во Лига Европа. Сепак тие ќе играат „европски“ фудбал, па ќе продолжат во Конференциската лига. Во првото полувреме Лудогорец беа доминантни. Резултатот беше отворен во 9. минута кога Куртулус даде гол за водство на бугарскиот тим од 1-0. Во 24. минута Чочев зголеми на 2-0. Тоа беше резултатот по првото ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски најави дека од септември следната година, се враќа средното полициско училиште. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе функционира во пракса, Тошковски најави загарантирани вработувања за сите оние кои ќе завршат средно полициско училиште. „Секој еден кој што ќе се запише на полициската академија во иднина во рамки на средното полициско училиште и успешно ќе го заврши ќе биде дел од ...
Се подвизуваше во втората половина на 11 век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор во една пештера. На тоа место подоцна подигна црква еден друг подвижник, Теодор од Овче Поле, на кого свети Јоаким му се јави во сон. Од моштите на преподобниот Јоаким потоа низ вековите се случуваа многубројни чуда. Житието не посочува од каде дошол Јоаким во Осогово. Биографот забележал "светителот се устреми како многу светла ѕвезда од запад ...
Пожарот кој вчера изби на територијата на Општина Желино во атарот на селото Церово, а подоцна во вечерните часови се прошири во насока на месноста Карпалак покрај автопатот Скопје – Тетово, е целосно изгаснат, изјави утрово Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот го изгаснаа пожарникарите од Тетово и од Скопје. Ангелов во изјавата изрази голема благодарност до тетовските и скопските пожарникари кои во ноќни ...
Возачите на мотоцикли вечерва се цел на засилена акција на скопската полиција. Според информации на Скопје Инфо, полициските службеници се присутни на потегот од Соборниот храм до трговскиот центар „Сити Мол“. Најчесто санкционирани се возачите кои управуваат без возачка дозвола, без задолжителна опрема – кацига, како и оние што возат со брзина поголема од дозволената. Покрај моторџиите, полицијата периодов активно контролира и возачи на ...
Септември за вас е месец на внатрешна работа, преиспитување и подготвување за нова фаза. Со три силни ретроградни планети – Сатурн, Нептун и Плутон – многу од процесите се одвиваат зад завесата, на психолошко и духовно ниво. На почетокот на месецот, Сатурн повторно се движи во Риби и ја активира вашата дванаесетта куќа. Ова е енергија на расчистување со стари стравови, невидливи ограничувања и потиснати емоции. Може да се појават ситуации кои ...
Септември за вас е месец на продлабочување на односите, преиспитување на вредностите и балансирање меѓу личните желби и колективните барања. Со три тешки планети – Сатурн, Нептун и Плутон во ретрограден од, многу работи изгледаат како да одат поспоро, но тоа е дел од процесот на стабилизација. На 6 септември, Уран започнува ретрограден циклус во Близнаци и ќе ве натера да размислите како управувате со финансиите, ресурсите и сигурноста. Двете ...