Родителите сѐ позагрижени за трендот децата да минуваат многу време заедно со своите паметни уреди. Потенцијалните ризици се големи и многу познати, особено кога станува збор за менталното здравје, раст и развиток на децата. Она што најмногу е зборувано е играта „Роблокс“ која стана забранета во голем број земји, поради негативните нус-ефекти. - Истражувањата за дигиталното однесување на децата покажуваат дека „Роблокс“ може да ги преобликува ...

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување покажува дека: – Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно. – ЈСП располага со вкупно ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски утрово информираше дека поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот биле регистрирани паднати и оштетени дрвја, а нивните служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните. „Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се ...

Во Скопје, како резултат на силниот ветер во скопската котлина, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили, информираа утрово од Центарот за управување со кризи. За состојбата се известени Секторот за внатрешни работи Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности. Во врска со поплавите од претходните денови во селата Чајлане, ...

На 17 февруари 2026 година, во 15:57 часот, од Итна медицинска помош до СВР Скопје било пријавено дека на стариот пат кон село Кучевичка Бара се случила тешка сообраќајна незгода. Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ и патничко возило „фолксваген голф“, и двете со скопски регистарски таблички. Од здобиените повреди, возачот на „форд фиеста“ починал на самото место, додека возачот на „фолксваген голф“ со возило на Итна ...

65-годишен скопјанец е загинатиот во синоќешната сообраќајка во скопско. - На 17.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 15:20 часот на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од село Кучевиште, скопско, информираа од ...

По најавата од УХМР , денес се очекува да дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено претпладне, поради од од ЈО „Паркови и зеленило“ ги информираат граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, со цел да се избегнат несакани последици. - Доколку забележите паднато дрво ве молиме да пријавите во ЦУК на тел.112, или на дежурните телефони објавени на веб страната на претпријатието, информираат надлежните. По најавата од ...

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство со „Киноверзум“, претставува втора филмска сцена на територијата на оваа општина и вкупно петта во мрежата на оваа групација во Македонија. Свеченото отворање се одржа пред преполна сала, во присуство на претставници на Владата, Собранието, како и голем број уметници и културни работници. Настанот го водеше ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот. ...

Со влегувањето на Месечината во Риби, енергијата по силната соларна еклипса во Водолија почнува да се смирува и да се слева навнатре. Photo by Rodolfo Sanches Carvalho on Unsplash Ова е ден кога не се бара акција, туку интеграција. Чувствата се посуптилни, интуицијата е засилена, а потребата за разбирање и сочувство е поголема од потребата за контрола. Она што се започна вчера сега бара тивко прифаќање, емотивна обработка и поврзување со ...

Големи зимзелени дрва паднаа врз паркирани автомобили попладнево на улица во Кисела Вода кај средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“. Според првичните информации дрвото го попречува сообраќајот, а се чувствува мирис на изгорен кабел, но нема активен чад. За среќа, за време на инцидентот немало луѓе во близина и според првичните информации нема повредени. За настанатата состојба известени се полицијата и службите на ЈП Паркови и ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска сподели дека бил постигнат договор за конечно довршување на булеварот „Борис Трајковски“. „Со искрено задоволство ја споделувам веста која со години ја чекаа повеќе од 100.000 жители што секојдневно го користат еден од најклучните сообраќајни правци во Скопје, булеварот „Борис Трајковски“. Денес остварив средба со стопанствениците долж трасата и постигнавме договор за забрзано спроведување ...

Скопјанецот Игор Јуруков вчера во објава на Фејсбук сподели свое искуство со направена грешка од страна на системот „Безбеден град“, а целиот процес на докажување дека не направил прекршок го оцени како “патешествие“, за кое му требале шест дена за да си ја истера правдата. Неговата објава ја пренесуваме интегрално во целост: „Ден 1. Се движам во група од неколку возила по „Илинденска“ и сите во група намалуваме брзина поради црвено светло. ...

Во март ќе има еден продолжен викенд за сите работници. Првиот ден од Рамазан Бајрам ќе биде неработен ден , а со оглед дека се паѓа во петок, тоа значи дека се очекува продолжен викенд. Погледнете кои денови ќе бидат неработни, а кои се продолжени викенди до крајот на годината! Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ: 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на ...

Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови, соопшти ЈСП Скопје. Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција. Од ЈСП велат дека надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои седум за возење без возачка дозвола и еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Прилеп, Неготино, Тетово, Кочани и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Додека еден возач во Виница управувал возило иако имале мерка забрана за управување ...

59-годишник физички нападнат во казино во скопски Карпош од страна на две млади лица. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа (16.02.2026) во 23:05 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.К.(19) и К.Н.(22), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:30 часот во казино на подрачјето на Карпош во Скопје, физички го нападнале Р.М.(59) со престој во Скопје. По целосно документирање на ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Л.Б.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.11.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, информираа од МВР. Во друг случај, вчера на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ...

Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје. Гостиварец ја ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) сподели временска прогноза за до крајот на оваа недела. Како што информираат од УХМР, во среда и четврток времето ќе биде стабилно. Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури, а во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ...

Три лица повредени во сообраќјка што се случила вчера попладне на автопатот Миладиновци-Штип. - На 16.02.2026 во 16:50 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на автопатот Миладиновци-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(51) од Штип и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од село Грчец, скопско. Во несреќата со тешки ...

18-годишен пешак прегазен во Пробиштип. - На 16.02.2026 во 06:10 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(50) од Пробиштип, удрило во 18-годишниот пешак Ф.А. од Пробиштип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа Пробиштип, информираа од МВР. По наредба на јавен обвинител, ...

Вчера (16.02.2026) околу 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. Вчера ...

При пртрес во струшко пронајдени биле дрога и куршуми и лишено од слобода било едно лице. Како што информираат од МВР, вчера (16.02.2026) во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишиле од слобода Д.Р.(28) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар. По целосно документирање на ...

Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба. Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да ја користи само еден член на семејство. „Со примена на оваа иновативна услуга обезбедуваме брза реакција за ...

Новинарката Вики Клинчарова во објава на Фејсбук сподели потресно сведоштво кое се случило вчера во раните утрински часови, каде нејзината ќерка која била сама во станот во централното подрачје на Скопје, ѝ се јавила и ѝ кажала дека некој се обидува да ја обие вратата и да влезе внатре. Објавата на Клинчарова ја пренесуваме интегрално во целост: „Случка од синоќа, односно од раните утрински часови... Ќерка ми беше сама дома, а станот ни е на ...

Караман официјално е признаен како автентична македонска раса на куче, соопшти Кинолошкиот сојуз на Македонија одлуката на Меѓународната кинолошка федерација. Одлуката е донесена врз основа на евалуација на генетските карактеристики, стандардите и историските извори кои потврдуваат дека расата со векови е присутна на македонската територија. Ова куче е познато по својата издржливост, интелигенција и силно изразен заштитнички инстинкт, а ...

Во 08:00 часот се укинати забраните за тешките товарни возила на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Во 08:00 часот се укинати забраните за тешките товарни возила на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар, извести АМСМ. ...

Жители на скопската населба Карпош преку социјалните мрежи изразуваат незадоволство поради новите висококатници во делот околу Клиниката „Жан Митрев“ и трговскиот центар „Сити Мол“, тврдејќи дека објектите го нарушуваат природното струење на воздухот и создаваат дополнителни проблеми во урбаната средина. Во објава што брзо се прошири на платформата X (поранешен Твитер), еден од корисниците наведува дека жителите на Карпош 1 и 2 во летните ...

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
7.2
45%
1007
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
51%
1009
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
50%
1008
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
47%
1008
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
8.85
39%
1007
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
3.09
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
5.14
37%
1005
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1007
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
27%
1007
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
6.17
54%
1005
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.92
38%
1008
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
53%
1006
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Злато

151086.58

Кобалт

45.39

Калај

55.66

Бакар

13.33

Платина

68063.13

Паладиум

47776.01

Алуминиум

3.61

Иридиум

253540.09

Сребро

2786.34

Цинк

0.00

Родиум

320703.70

Рутениум

51376.89