Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
52-годишен скопјанец заработи кривична пријава откако полицијата го затекна како нелегално превезува поголема количина теписи и стази во близина на селото Подмољје, општина Дебрца. Контролата била извршена на 15 декември, кога полициски службеници го запреле товарното возило „форд транзит“ со скопски таблички. При проверката било утврдено дека станува збор за стока поврзана со криумчарење и царинска измама, по што возачот бил лишен од ...
Маж од Кочани украл „југо“ , но полицијата го пронашла и вратила на сопственикот. - На 29.12.2025 во 11:00 часот на ул.„9 Мај“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Т.В.(50) од Кочани поради сомнение дека стореил кривично дело „одземање моторно возило“, односно дека одзел патничко возило „југо“ сопственост на К.Ѓ. од село Оризари, кочанско. Возилото е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно ...
Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Струга-ГП „Ќафасан“, информираат од МВР. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот. Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот за што ...
Парфемите се како мелодија што допира до душата — доволно е еднаш да ја почувствуваш и ќе посакаш повторно и повторно да ја слушаш. Тие будат слики од убави моменти, луѓе кои ги носиш во срцето и ја потврдуваат твојата сила и убавина. Мирисот е повеќе од подарок — носи чувства, порака и надеж за нови приказни. Оваа сезона, dm е твоето место каде што мирисите раскажуваат приказни. Со повеќе од 2 200 парфеми, шминки и подарок сетови со секогаш ...
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници. Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост - „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња ...
При претрес во неготинско пронајдени се пиротехнички средства, тутун и цигари без документација и од слобода е лишено едно лице. Како што информираат од МВР, вчера (29.12.2025) во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.В.(50) од село Војшанци, неготинско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 537 парчиња пиротехнички средства, тутун и цигари без бандероли. За ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Симнување и оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопштија од Јавното обвинителство (ЈО), осомничениот бил сопственик и управител на угостителски објект „Јужна пруга“ во Скопје, на кој со Решение од овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром му била изречена забрана за вршење на дејност, ...
Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за месец декември 2025 година. „Како институција одговорна за исплата на пензиите и обезбедувањето на правата од пензиското и инвалидското осигурување и социјанта сигурност на пензионерите, Фондот навремено ги заврши сите подготовки за непречена реализација на исплатата на пензиите. За оваа намена се обезбедени средства ...
Викенд исполнет со празнична магија во Илинден. Заврши четвртото издание од Новогодишниот базар „Патека на радоста”. Изминативе четири вечери плоштадот во Марино беше локацијата каде голем број на посетители уживаа во одлична храна и топли пијалоци, дружење со Дедо Мраз, детска програма, забавувачи и изведувачи. По тој повод, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски упати голема благодарност до организаторите, до сите ...
Под влијание на студена воздушна маса, утре (среда) ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. На првиот ден во новата 2026 година (четврток), ќе дува умерен до засилен северен ветер, додека во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчеравечер во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8. Според досегашните ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени. Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната ...
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Имено, вчера во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на улицата „Џон Кенеди“, улицата „Максут Садик“ и улицата „Македонска бригада“ патничко возило „голф“ со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак. Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на ...
„Град Скопје направи значаен чекор во насока на целосна и координирана подготовка за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Со потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини, се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоупр“, соопштија од оваа институција. Овој чин, како што нагласуваат од Град Скопје, ...
Денес менталната енергија е потешка. Photo by Look Studio on Unsplash Меркур во Стрелец е во квадрат со Сатурн во Риби, создавајќи чувство дека мислите се распрснати, фокусот слабее, а плановите изгледаат потежок отколку што навистина се. Можно е да не ви се размислува за иднината, да чувствувате блокада или ментален замор што го забавува напредокот. Денот не бара да форсирате ништо, туку напротив, ви препорачува да направите пауза, да ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече казна затвор во траење од 11 години на 25-годишниот Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава, управувајќи мотор „Кавасаки“ по пешачка патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата. Покрај затворската казна,тој доби и забрана за управување со моторно возило од А категорија во траење од пет години, која ќе започне да се применува по ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, официјално го претстави стручниот штаб со кој ќе ја води националната селекција во претстојниот циклус натпревари. Во стручниот тим како асистенти на Седлоски ќе работат Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центар за едукација, Ерхан Селими – досегашен селектор на Македонија до 19 години, како и Зоран Бошковски – Чоко, наш легендарен голгетер и ...
Центарот за управување со кризи информира дека од страна на ЦИК при МВР е добиено известување дека патничко возило излетало од пат и завршило во реката Треска, во близина на езерото Матка. -Во првичната фаза немаше информации за евентуални жртви, велат од ЦУК. По добиената информација, преку Секторот за операции и координација беше известено одговорно лице од ХЕЦ „Матка“ за намалување на испустот на водата, со цел да се овозможи безбедно ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска информираше дека, традиционално, и оваа година, заедно со премиерот Христијан Мицкоски ги посетиле семејствата во социјален ризик кои се наоѓаат на територијата на оваа општина. „Со чувство на одговорност и човечка блискост, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, ги посетивме семејствата во ...
Кривично ќе се гонат тројца кумановци. Едниот нападнал полицаец кој дошол по пријава за семејно насилство, другите двајца ги попречувале службениците да извршуваат службени дејствија. - СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С. (26), Б.С. (33) и И.С.(63), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „спречување службено лице во вршење ...
Собранието го донесе Законот за Судски совет со 73 гласови ,,за” и 1 ,,воздржан“, информираат од Министерството за правда. Овој закон, како што појаснуваат, ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да ја зајакнеме довербата на граѓаните во судството. „Клучни новини: Јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот. Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“. Јавна расправа ...
Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година, со која се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката. Како што е наведено во Конкурсот објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука, наградата во 2026 година се доделува за научна книга или дело објавено во 2025 година. Рокот за поднесување на ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22.12.2025 година. Од 30.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар) Моторен бензин ...
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, реализираше хуманитарна и образовна активност, при што на учениците на кои им е најпотребно им подари смарт таблети. Таблетите беа доделени на ученици од трите основни општински училишта, со цел да им се овозможат еднакви услови и непречено следење на наставниот процес на сите ученици. Георгиевски, како што информираат од Општина ...
Вчеравечер било пријавено дека пред угостителски објект во скопски Аеродром имало групна физичка пресметка, со што бил нарушен јавниот ред и мир. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (28.12.2025) во 21:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(23), А.И.(25) и П.З.(21) од една страна и С.П.(37) и Д.П.(32) од ...
Маж од Виница прегазил 35-годишна жена сред ноќ. Тој пријавил во полиција дека неколку минути пред инцидентот бил нападнат од едно лице пред угостителски објект. - На 28.12.2025 во 03:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Ј.(34) од Виница. Во 02:33 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, тој со патничко возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 35-годишната В.Х. од ...
19-годишник од Скопје пријавил дека пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнал од лице кое работело како обезбедување. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (28.12.2025) во 18:20 часот во СВР Скопје, Т.Л.(19) од Скопје пријавил дека околу 02:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое работело како обезбедување. Се преземаат мерки за ...
Македонската уметничка сцена се обединува во хуманитарна мисија преку „THREADS OF LIGHT“ – вечер посветена на уметноста, солидарноста и колективната одговорност, која ќе се одржи на 29 јануари, 2026 година. Настанот ќе вклучи изложба, хуманитарна аукција и перформанс, а средствата собрани преку хуманитарната аукција ќе бидат насочени кон обезбедување психосоцијална и правна поддршка и помош за семејствата погодени од сообраќајни несреќи, ...
Прилепчанец е тешко повреден, а уште неколку лица, меѓу кои и малолетник, се полесно повредени во сообраќајката што се случи на регионалниот пат Прилеп-Битола. - На 28.12.2025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски ...
Лишен од слобода скопјанец кај кого при преглед на возилото била пронајдена дрога. Како што информираат од МВР, утрово (29.12.2025) во 07:40 часот по преземени оперативно тактички мерки од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР лишен од слобода бил С.J.(29) од Скопје. При извршен преглед на патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од С.Ј. на булеварот „Партизански Одреди“ пронајдени биле ...