Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Посетителите и вработените во трговскиот центар „Сити мол“ утрово се вратија на своите редовни активности, откако вчера попладне објектот беше цел на закана за поставена експлозивна направа. Драмата започна кога на адресата на трговскиот центар пристигна дојава за бомба, по што веднаш беа активирани безбедносните протоколи за итна евакуација. Силно полициско присуство го опколи реонот, а граѓаните во паника беа принудени да ги напуштат ...
Полицијата истражува сериозен инцидент што се случил во скопската населба Ченто, каде по претходно договорена средба дошло до напад и употреба на огнено оружје. Според пријавата, на 24 април 2026 година околу 23:00 часот, М.С. од Скопје во СВР Скопје пријавил дека околу 19:00 часот заедно со А.Т. и Р.Т. се сретнале со Н.С. и Е.Ќ. По средбата, како што се наведува, Н.С. физички го нападнал М.С. и вперил пиштол кон него, но оружјето било ...
Вчерашната евакуација на еден од најпосетуваните трговски центри во Скопје не е изолиран инцидент, туку се вклопува во веќе препознатлива регионална шема која укажува на координирана стратегија за предизвикување несигурност. Експертите за безбедност алармираат дека „отворањето на сезоната“ на дојави за бомби во Македонија се совпаѓа со слични бранови на закани во соседството, што упатува на заклучокот дека овие напади не се дело на поединци, ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, прогнозира Управата за хидрометеролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. До понеделник времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во крајните југозападни делови, каде во попладневните часови ќе има услови за повремен слаб дожд и појава на ретки грмежи, прогнозира УХМРправата за хидром. Од ...
Секстилот меѓу Венера во Близнаци и Нептун во Овен носи нежна, емпатична и разбирачка енергија во односите. Photo by Nataliya Vaitkevich Ова е ден кога луѓето се поотворени, поподготвени да слушаат и да покажат грижа. Разговорите можат да бидат помеки, а поврзувањето подлабоко, особено ако постои искреност и желба да се разбере другата страна. Но, квадратот меѓу Меркур во Овен и Јупитер во Рак носи ментален замор или преголеми очекувања. ...
Од ЕВН Македонија информираат дека утре, поради зафати во електродистрибутивната мрежа, ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од Скопје. Во периодот од 05:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат корисниците од целата индустриска зона на булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од Пинтија до Драчево. Во истиот временски интервал се најавени и краткотрајни прекини на електричната енергија за корисниците од ...
На 27 април 2026, Уран влегува во знакот Близнаци и започнува период што ќе го менува начинот на кој размислуваме, зборуваме и се поврзуваме. Ова не е мала промена. Уран носи пресврти, ослободување и ненадејни увиди, а Близнаците се поврзани со мислата, зборот, учењето и секојдневната комуникација. Кога оваа енергија ќе се активира, старите начини на размислување почнуваат да се распаѓаат, а новите доаѓаат брзо и без предупредување. Во ...
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 17 возачи за безобѕирно управување со моторни возила. - Од нив, девет возачи управувале возило без возачка дозвола (шест од Скопје, по еден од Гевгелија, Прилеп и Кичево), тројца возачи (двајца од Скопје и еден од Кичево) управувале под дејство на алкохол, еден возач од Делчево управувал моторцикал без возачка дозвола, додека двајца ...
Посебен режим на сообраќај во Скопје утре поради меморијална трка, информираа од полицијата. - Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со ул.„Васко Карангелевски“ до крстосница со бул.„Србија“ и на дел ...
Од Електродистрибуција информираат дека утре (недела) од 05:00 до 15:00 часот ќе се вршат активности за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија. Во наведениот период, делови од Скопје ќе имаат прекини во снабдувањето. Во населбата Драчево се очекуваат краткотрајни прекини на повеќе улици, меѓу кои „Јустинијан Први“, „Драчевска“, „Малешевска“, „Бранко ...
Уапсен 51-годишен гостиварец кој нападнал дете кое возело велосипед, а подоцна ја нападнал и мајката на детето. - На 24.04.2026 година во 20.45 часот во населба „Циглана“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода И.Ѓ.(51) од Гостивар бидејќи истиот ден околу 17.15 часот, физички нападнал малолетно дете додека управувал велосипед, а подоцна околу 19.30 часот со дрвен предмет ја нападнал и мајката на детето Ј.Ѓ.(41) која дошла да ...
Доктор Ненад Лазаров објави дека Ивана ги поздравува сите хумани граѓани од болница, каде денеска ѝ се поставуваат сонди до бубрезите како подготовка за патувањето кое е планирано за наредната недела. Во јавноста беше споделено и писмо од нејзината 7-годишна ќерка, која упати емотивен повик за помош. „Од дното на срцето ви благодарам на сите добри луѓе што донираат и ни даваат надеж! Вашата помош значи живот за мојата мама… значи уште еден ...
Денес, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на општина Аеродром извршија увид на градежните работи на новата водоводна мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, општина Аеродром. Проектот предвидува изградба на нова водоводна линија во должина од околу 1.255 метри, со цевка DN 225 мм, која ќе се поврзе со постојната мрежа на регионалниот пат R1106. Со тоа се овозможуваат 109 нови приклучоци за домаќинствата од ...
Обвинителството бара притвор за 58-годишниот скопјанец кој силувал 13-годишно девојче пред десет дена. - Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 15 април, извршил обљуба врз 13-годишно девојче, кое исто така го ...
Нов хорор во Скопје. Пред 10 дена, 58-годишник од Скопје силувал 13-годишничка и ја фотографирал. - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М.(58) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години" казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик на РСМ. Имено, истиот на 15.04.2026 година во Скопје извршил обљуба врз 13 годишно девојче од Скопје и истиот ја фотографирал, информираа ...
Официјално е отворена првата Инфо-канцеларија на „Скопје 2028“, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. – Во Музејот на град Скопје, во присуство на гости од Европа, го направивме првиот чекор кон уште поотворена, подостапна и поинклузивна комуникација со граѓаните. Оваа Инфо-канцеларија е нов простор каде граѓаните ќе можат одблиску да се информираат за процесот, активностите и визијата поврзани со Скопје како Европска ...
Пофалба на сметка на Министерството за внатрешни работи пристигна од страна на скопјанец кој на социјалните мрежи ги пофали службите за брзата и едноставна процедура за вадење на нова патна исправа. Дури и се запрашал „Дали е ова можно?“. Иако, не е мал бројот на граѓани кои се жалат од малтретирањето за вадење на нови лични документи, ова споделено искуство го докажува спротивното - дека и во Македонија може да се добијат достоинствени ...
Откако жителите на Аеродром сѐ почесто алармираат за сообраќајниот хаос и недостигот од инфраструктура, темата се префрли и на социјалните мрежи, каде се појавуваат остри и поделени реакции, особено за состојбата во делот околу Тобако 2. Во вирален твит, корисник реагира на проблемите со урбанизацијата и инфраструктурата, посочувајќи дека ваквата состојба била очекувана. „Луѓето што купија станови во стотиците нови згради што ја ...
Општина Кисела Вода изрази длабоко жалење по трагичниот настан што се случи на нејзина територија, при што беше загубен човечки живот. Во објава на социјалните мрежи, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска упатува искрено сочувство до семејството и најблиските на починатиот, нагласувајќи дека ваквите настани ја потресуваат целата заедница. „Безбедноста на граѓаните и работниците е наш врвен приоритет и не смее да биде предмет на ...
ЈСП Скопје информира дека викендов жичницата ќе биде привремено надвор од употреба поради проширени технички контроли. - Жичницата на Водно ќе биде привремено надвор од употреба за време на викендот, односно на 25 и 26 април 2026 година, информираат од ЈСП Скопје. Од претпријатието појаснуваат дека прекинот е поради редовни, но проширени технички контроли. Контролите ќе ги изведуваат специјализирани екипи од австриската компанија ...
Бесплатната стручна едукативна тура со стручен водич ќе се одржи денеска во скопската општина Центар. Турата ќе почне напладне, во 12:00 часот, од локацијата „Плочник“ кај Градски ѕид. Темата на прошетката се постземјотресните обележја, а низ значајните локации водич ќе биде историчарката по уметност и кустос Бојана Јанева. Како што вели градоначалникот Горан Герасимовски, граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат за Градскиот ѕид, Главната ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степен. За време на викендот и ...
Влегувањето на Уран во Близнаци е еден од најзначајните астролошки настани во овој период. Photo by TRAVEL BLOG Уран е планета на промени, пробиви и неочекувани пресврти, а во Близнаци ја активира сферата на мислењето, комуникацијата, учењето и идеите. Ова означува почеток на подолг циклус во кој начинот на кој размислуваме, учиме и се поврзуваме со информации ќе се менува. Оваа енергија носи отворање кон нови перспективи, неконвенционални ...
Мај носи комбинација од длабоки пресврти и постепено стабилизирање. Photo by Leah Newhouse Полната месечина во Шкорпија на почетокот на месецот отвора важни теми и расчистува нешто што долго стоело во сенка, додека Меркур во Бик носи појасност, трпение и способност да се изградат нешта што ќе траат. Во оваа мешавина од интензитет и стабилност, три знаци ќе почувствуваат дека работите конечно почнуваат да се движат во нивна корист. Бик За ...
Претставници на висока владина делегација од Црна Гора предводена од министерот за здравство д-р Војислав Шимун, Бранко Крвавац, главен советник на претседателот на Владата на Црна Гора и Александар Богавац, директор на ЗУ „Апотеке Црна Гора Монтефарм“ остварија официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, со фокус на зајакнување на соработката. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО г. Живко ...
Сообраќајна незгода помеѓу две возила се случи денеска во непосредна близина на надвозникот кон населбите Даме Груев и Волково. Поради судирот, сообраќајот на оваа делница е блокиран, што предизвика застој и отежнато движење за возачите кои се движат кон и од овие населби. Според првичните информации, во незгодата нема повредени лица, а причинета е материјална штета. На местото на настанот е присутна полицијата, која врши увид за утврдување ...
Во објава на социјалната мрежа Линкдин, госпоѓа со име Наташа сподели непријатно искуство кое го имала при вадењето на извод од матична книга на родени и при тоа се соочила со шок. Во забелешката во изводот стоело дека била разведена уште во 2014 година, иако тоа немало врска со реалноста, а нејзиниот сопруг пак, бил во брак, но како што вели, во „геј брак“, затоа што по венчаница бил женет со некој со нејзиното име име ама матичен број како ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од кои деветмина затоа што управувале возила без возачка дозвола (тројца во Скопје, по двајца возачи во Тетово и Струга, а по еден во Прилеп и Куманово), еден возач во Прилеп управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во Скопје управувал возило иако имал активна мерка забрана за ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска информираше дека општината ќе добие ново современо спортско игралиште. „Општина Аеродром ги отпочна градежните активности за ново спортско игралиште во паркот „Авионче“ – модерен простор за спорт, дружење и позитивна енергија. Игралиштето ќе биде професионално опремено со врвни кошеви, трибини и услови за натпревари од највисок ранг, вклучително и 3x3 баскет – едно од првите вакви во ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека Арбен Фетаи повеќе нема да биде министер за добро владеење и транспарентност и повтори дека реконструкцијата на Владата најверојатно ќе се случи на крајот на мај или почетокот на јуни и најави множна ротација на ресори. - Разговаравме јас и тој лично. И тој лично ми пренесе дека во иднина нема да се гледа повеќе во Владата, која што јас ја предводам. Тоа беше уште можеби пред ...