Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Општина Центар, изминативе години бележи значаен напредок во поддршката за култура, за само три години, годишниот буџет за културни активности е зголемен од 3 милиони на 13 милиони денари, се истакнува во соопштението. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека општината секоја година вложува за развој на културата, преку културни активности во кои се ангажираат исклучиво македонски уметници. „Секоја година реализираме разновидни културни ...
30-годишен работник во делчевска фабрика загинал по пад од висина. - Вчера околу 11 часот, В.Р. (30) паднал од висина од околу три метри во фабрика во Делчево и се здобил со тешки телесни повреди, соопшти СВР Штип. Иако веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош кон Клиничката болница во Штип, тој им подлегнал на повредите на патот. Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено ...
30-годишен работник во делчевска фабрика загинал по пад од висина. - Вчера околу 11 часот, В.Р. (30) паднал од висина од околу три метри во фабрика во Делчево и се здобил со тешки телесни повреди, соопшти СВР Штип. Иако веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош кон Клиничката болница во Штип, тој им подлегнал на повредите на патот. Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено ...
Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина, соопштија од Зоолошката градина Скопје. Животниот век на овие животни е од 14 до 20 години. Како што велат во нивната Фејсбук објава, овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на скопската зоолошка градина. „Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, ...
Гостиварската полиција вчера уапсила двајца крадци од гостиварско. Како што информираат од МВР, вчера (10.09.2025) во 15:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ш.Н.(38) од с.Дебреше, гостиварско поради основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, односно дека на 03.04.2025 одзел мотоцикл „хонда“ сопственост на Б.И.(63) од Гостивар. Исто така, вчера во 17:00 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски ...
Долгогодишниот новинар, Драган Антоновски, кој беше и директор на Македонската Информативна Агенција, со став за еколошката катастрофа која Скопје ја живее деновиве со аерозагадувањето, но подолго време со преполните контејнери. Имаме ли излез, а да не е граничен премин, поентира тој. Неговата фејсбук објава ви ја пренсуваме во целост. - Гори Вардариште, скопјани се гушат. Сега гори и Дрисла, граѓаните се гушат. Првиот одговор е пожарите се ...
Докторката Биљана Ѓуроска, која професионално работи како хомеопат, вчера сподели стручни податоци за последиците од хронична изложеност на чад од депонии за категоријата деца, а денеска се огласи за ризикот кој го има чадот врз трудниците. Скопје со денови се соочува со аерозагадување предизвикано од пожари на депонии, а како влијае продолжената изложеност на чад од депонии кај трудниците и фетусот појаснува докторката Ѓуроска. Трудниците се ...
Инклузивен социјален и човечки развој, одржлива економија и достојна работа, отпорно и зелено општество и екосистеми, владеење на правото и добро управување – тоа се приоритетите на новата Рамка за соработка за одржлив развој со Обединетите Нации за периодот 2026–2030 година, која денеска во Скопје ја потпишавме со постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбија, информираше утрово министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо ...
Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот во депонијата Дрисла, што се чувствува во воздухот во Скопје. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека секојдневно се истурале тони вода, но чадењето продолжувало. Вчера властите прибегнаа и кон затрупување на опожарените делови, но депонијата продолжи да гори и утрово. Ангелов најави дека во 12.00 часот ќе одржи прес конференција на која детално ќе ...
Интензивно се работи на приспособување на новиот објект на полициската станица Бутел. Денес градоначалникот на Бутел Дарко Костовски заедно со Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски направија увид во градежните активности на новата полициска станица. - Новиот привремен објект ќе биде во објектот на поранешниот дом за деца без родители. Општина Бутел е целосно вклучена во реализација на овој проект. Холтикултурно ќе го уредиме целиот ...
Полицијата вчера уапсила лихвар од Скопје. Како што информираат од МВР, вчера (10.09.2025) во 15:00 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ј.(41) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Според пријавеното, во јануари 2025 година, Ј.А.(41) од Скопје зел 4.500 евра од М.Ј., кои му биле потребни за операција на неговата мајка. Исто така, според пријавеното, во ...
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, повторно излегува со празни ветувања. „СДС, Заев и Шукова уште пред 7 години ветуваа здрава животна средина и чист воздух. Заев урлаше од Аеродром и ветуваше чист воздух, а имаа можност и не направија ништо“, велат од партијата. Тие додаваат дека Шукова, како поранешна министерка и долгогодишен државен секретар во Министерството за животна средина, „20 ...
По најавата од УХМР за променливо облачно време со слаб до умерен ветар од јужен правец, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме од „Паркови и зеленило“ ги информираат граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, со цел да се избегнат несакани последици. Доколку забележите паднато дрво ве молиме да пријавите во ЦУК на тел.112, или на дежурните телефони објавени на веб страната на ...
Вчеравечер свечено беше пуштен во употреба новиот објект во кој ќе биде сместена целата администрација на општина Карпош. Ова грандиозно здание кое зафаќа вкупна површина од 4.500 м2 претставува еден од најсовремените административни објекти во нашата држава, за чија финална изградба беше потребно нешто повеќе од една деценија. Вратите на „новиот дом за карпошани“ како што вели градоначалникот Стевчо Јакимовски, ќе бидат секогаш ширум отворени ...
Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, синоќа ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари. „Стојам тука пред вас исполнет со гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот водена од ромската заедница, место каде секој камен шепоти приказни за нашата историја, култура и непокорен дух. Денес заеднички носиме одлука за нашата иднина, за чесно и одговорно ...
„Дишеме канцер“ - вака деновиве скопјани ја опишуваат состојбата со страшната миризба на чад и пластика предизвикана од пожарот на Дрисла. Се бараат итни мерки и прогласување на вонредна состојба, со цел хронично болните лица, старите лица, трудниците и децата да останат дома. Граѓаните во очај коментираат дека е крајно време да се реши овој проблем со Дрисла. Бараат државата да ја извади сета војска и полиција да дежура 24/7 и да се најде кој ...
Полицискиот хеликоптер во изминатите два дена фрлил повеќе од 85 тони вода. Како што информираа од МВР, вчера и завчера (09/10.09.2025), хеликоптерот Бел 412 на македонската полиција во повеќе наврати бил ангажиран за гасењето пожар на Скопска Црна Гора и притоа исфрлил преку 85 тони вода. „Со брзата реакција и професионалниот ангажман, МВР даде важен придонес во справувањето со пожарот и заштитата на населението и природната средина, велат од ...
Состојбата со загадениот воздух во Ново Лисиче и општина Аеродром е алармантна, реагираат жителите во овие делови од главниот град. Од фејсбук иницијативата „Ново Лисиче“ бараат веднаш свикување на вонредна седница на Советот на Општина Аеродром и прогласување на вонредна состојба во општината, во вакви услови хронично болни лица, стари лица, трудници и деца во градинки и училишта треба да останат дома како превентивна мерка! - Го повикуваме ...
ВМРО-ДПМНЕ синоќа ги објави кандидатите за градоначалници за уште шест општини. За Кисела Вода, кандидат за градоначалник е Бети Стаменковска-Трајковска, а за Кочани, како што беше соопштено ВМРО-ДПМНЕ ќе се обедини околу натпартискиот кандидат доктор Влатко Грозданов. За Старо Нагоричане, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Мирослав Славковски, за Дојран – Илија Пендов, за Долнени – Сашко Велјановски и за Ранковце – ...
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. На празникот Отсекување на главата, треба да се пости, и никогаш да не се јаде и да се пие нешто црвено. Исто така, не треба да се работи тешка работа. Празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември (н.с.) во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован ...
Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од ...
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. На празникот Отсекување на главата, треба да се пости, и никогаш да не се јаде и да се пие нешто црвено. Исто така, не треба да се работи тешка работа. Празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември (н.с.) во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован ...
Заклучно со вчера (9 септември) во Избирачкиот список за Локалните избори 2025 во подрачните одделенија на Државната изборна комисија (ДИК) се провериле вкупно 5.729 граѓани, од кои 3.397 мажи и 2.332 жени. Како што информираат од ДИК за МИА, осум лица побарале запишување во Избирачкиот список, 136 лица побарале бришење од кои 134 поради смрт и две лица поради отпуст од државата. Вкупно 59 лица побарале промена на податоците во избирачкиот ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска преку социјалните мрежи информираше дека утре, четврток (11.09.2025) ќе биде отворено фестивалот „Еволуција на сонот 2025“. Ова е првото урбано издание на фестивалот и е во соработка со уметничкото движење Palomart од Неапол. Настанот ќе се пдржи во Централниот парк – Ѓорче Петров (позади Корзо кафе) со почеток во 20:00 часот. Како што информираше Стојкоски, предвидени се ...
При претреси во струшко пронајдена дрога. Полицијата привела две лица. Како што информираат од МВР, денеска (10.09.2025) околу 11:00 часот во струшкото село Луково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност ги лишија од слобода П.К.(49) и М.К.(47), двајцата од Скопје. При претреси во нивните домови во истото село, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприцеви ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, вториот турнир во Романија го стартуваше во одлично издание откако денеска со 2-1 (6-4, 4-6, 7-5) во сетови ја совлада домашната тенисерка Џорџија Андреја Крајчун. Ѓорческа одигра меч кој траеше речиси три часа, Македонката го доби првиот сет со 6-4, а на ист таков начин возврати Романката за 1-1. Во третиот решавачки сет Лина беше подобра со 7-5 и го продолжува настапот во следното коло. Ѓорческа ...
Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска имал срдечна средба со спортските легенди од минатото и сегашноста, на која разговаравме за унапредување на спортот во Скопје. „Ми беше чест да испијам пријателско кафе со Горан Пандев, човекот кој ја прослави Македонија на најголемата светска фудбалска сцена и вистински амбасадор на нашиот спорт, ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска најави дека во Љуботен ќе се реконструираат и асфалтираат повеќе од десет улици. „Денес продолжуваме со целосната реконструкција и саниција на улици претежно во руралните делови. Започнавме со реконструкција на улиците во населено место Љуботен“, истакна Костовски во објава на социјалните мрежи. Тој додаде дека наскоро ќе започнат со реконструкција и двете главни улици во Љуботен. ...
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч), соопшти УХМР. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во сабота ќе има изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно ...
Утре се одбележува Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител. Во времето кога Јован проповедаше во Палестина, во Галилеја владееше Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прослави со својот расипан карактер. Овој наследи некои особини од татко му, па ја избрка својата законита жена и живееше незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип. Јован отворено и пред целиот народ го прекоруваше и го ...