Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Адвокатите на 35-мината обвинети секој за личен придонес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс” во Кочани, на денешното рочиште се согласија Обвинителството од 10 предложени, да повлече само 4 негови сведоци. Дел од обвинетите обезбедувачи таа вечер кога се запали нискиот сунѓерест и пластичен плафон и загинаа 63 млади луѓе и деца, инсистираа некои од планираните сведоци да останат да сведочат колку многу животи спасиле по пожарот. ...
Шестчасовна борба се случувала во неделата во близина на Градско, Велешко, за спас на три кученца, кои од непознати причини завршиле во битумен. Тие засега се спасени, но нивната здравствена состојба била тешка. Се започнало со повик на социјалните мрежи откако минувач ги видел трите кученца во растопен битумен во близина на депонијата кај Градско. „Ни пиша Никола Аврамов околу 16 часот, кој алармираше дека кученцата се заробени во битумен. ...
САД му нудат на Иран целосно укинување на санкциите во замена за онеспособување на три нуклеарни постројки и претворање на Ормускиот Теснец во слободна поморска зона, според наводниот план од 15 точки што му бил доставен на Техеран. Планот засега не е официјално претставен, но големи делови од него се појавија во некои американски и израелски медиуми. Иранската војска му порача на Доналд Трамп дека не прифаќа преговори со САД и негираше дека ...
Распишан е конкурс за избор на директор и земеник-директор на Македонската радио телевизија (МРТ). Огласот е објавен вчера на веб-страната на МТВ. Според условите и постапката утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Статутот на МРТ, директорот и заменик-директорот се избираат за период од три години со можност за повторен последователен избор. „Кандидатите кои ќе се пријават треба да имаат високо образование, да ...
Израел и Иран продолжија меѓусебно да се бомбардираат денеска откако иранската војска го отфрли тврдењето на Доналд Трамп дека САД разговараат со Техеран за завршување на војната, велејќи дека Вашингтон преговара сам со себе. Ова следува по извештаите дека САД испратиле план со 15 точки во Техеран. „Дали нивото на вашата внатрешна борба достигна фаза вие да преговарате сами со себе?“, изјави портпаролот на заедничката воена команда на Иран, ...
Социјалдемократите на премиерката Мете Фредериксен освоија најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Данска, но не успеаја да обезбедат мнозинство по најлошиот резултат на партијата во повеќе од еден век. Тие добија 21,9% гласови и ќе имаат 38 пратеници, со што остануваат најголемата партија, но победата, сепак, не е целосна. „Жалам што не освоивме повеќе гласови. Се надевав на подобар резултат“, рече Фредериксен, која се бори за ...
Пентагон планира да испрати илјадници војници од својата елитна 82. воздушно-десантна дивизија на Блиски Исток, изјавија за „Ројтерс“ два добро информирани извора. Тие моментално се стационирани во Форт Браг, Северна Каролина и изворите не можеле да кажат каде точно ќе бидат испратени и кога ќе пристигнат во регионот. Засега не е донесена одлука за испраќање војници во самиот Иран, кажа еден од изворите, но ќе се изгради капацитет за ...
Првата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс „Никола Младенов 2025“ ја добија Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за сторијата „Кочани – нашиот морален компромис“, тимот на емисијата „КОД“, за серијалот истражувања за пожарот во дискотеката „Пулс“ и новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка, за сторијата за тајниот сопственик на агенцијата „Рубикон“. Наградата, како што велат од Македонскиот институт за медиуми ...
Има живот и без ЕУ, кажа хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб, осврнувајќи се на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон ЕУ. Тој додаде дека на Македонија ѝ се поставуваат премногу услови и барања. Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Република Хрватска. „Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат го избира, претпоставувам дека тоа е ...
Со сведочења на претставници на фирмата „Феромонт“ од Скопје продолжи судскиот процес за сообраќајката кај тунелот Катланово, во која загинаа тројца работници кои се враќаа од работа од Скопје за Велес. Сведоците беа предлог на одбраната, која во воведниот говор кажа дека вината не е на возачот, туку во техничката неисправност на возилото со сериозни механички проблеми, што е директен причинител за сообраќајната несреќа. Обвинетиот возат Орце ...
Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по измената со која хотелите станаа објекти од државно значење. Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5.000 метри квадратни да се одвиваат ...
Манипулациите со информации и странското мешање бележат голем пораст и длабока трансформација во текот на 2025 година, покажува четвртиот извештај на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Во изминатата година се детектирани 540 операции ширум светот, во кои биле вклучени 10.500 профили и веб-страници, генерирајќи десетици илјади содржини со глобален дофат. Франција е втората најчеста цел на ваквите напади во Европа, веднаш по ...
Врховната команда на иранската војска објави дека Иран ќе се бори до целосна победа. Генерал-мајорот Али Абдолахи Алијабади, кој е портпарол на централниот штаб Хатам ал-Анбија, се огласи откако Доналд Трамп ненадејно објави дека се водат разговори помеѓу Иран и САД за завршување на војната. Техеран го демантираше ова, иако министерот за надворешни работи Абас Аракчи кажа дека разговара со своите колеги од регионот. „Моќните вооружени сили на ...
Близу 4 милиони денари (околу 65. 000 евра) исплатила Општина Куманово минатата година на граѓани кои биле нападнати од кучиња скитници. Парите, од кои најниската суме е 280 евра, а највисоката 1.600 евра, се исплатени по правосилни судски пресуди што траеле повеќе години. „По основ на каснување од куче, Општина Куманово во 2025 година исплатила 3.942.896 денари на 43 лица, заедно со сите адвокатски трошоци и казнени камати. Најниската оштета ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека по разговорите меѓу Министерството за енергетика и менаџментот на ОКТА е договорен дополнителен попуст од еден денар за горивата. Како што кажа тој, со ова, на бензинските станици кои се комитенти на ОКТА, цената ќе биде за три денари пониска од максималната што ја одредува Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски вели дека Македонија во моментов ги има најниските цени на горивата во Европа и ...
Некогашното училиште „Свети Сава“ во стариот дел на Охрид, изградено на крајот од 19. век, е во исклучително лоша состојба со рушење со распадната фасада и уништен кров, иако е прогласено за значајно културно наследство на Македонија. Од Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ бараат од ГП „Гранит“, во чија сопственост веќе подолго време е објектот, да преземат активности за да се спаси и сочува овој вреден објект кој е оставен на забот на ...
Извршени се 16 трансплатации на рожница (кератопластика) на Клиниката за очни болести во Скопје кај пациенти од 13 до 80 години, кажа денеска директорката д-р Наташа Трпевска-Шекеринов. Интервенциите се спровеле во координација со националната координаторка за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска и делегација од Универзитетот „Дјук“ од САД предводена од проф. д-р Лојд Вилијамс. „Експертскиот тим заедно со офталмохирурзите од нашата ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони се соочи со првиот сериозен политички пораз откако на дводневниот референдум граѓаните ги отфрлија предложените уставни реформи во правосудството. Со излезност од 58,9 проценти на национално ниво, мнозинството од 54 отсто од гласачите се изјаснија против планот на владата за промена на Уставот. Најголемо влијание врз ваквиот исход имаше токму Генерацијата Зед. Младите на возраст од 18 до 28 години покажаа ...
Русија лансирала повеќе од 400 дронови и проектили кон Украина ноќеска и утрово, убивајќи четворица луѓе, додека долж линијата на фронтот се забележуваат знаци на очекуваната руска пролетна офанзива. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија во последниот напад испукала и 23 крстосувачки и седум балистички проектили, погодувајќи најмалку десет локации низ земјата. На фронтот долг 1.250 километри, кој ги зафаќа источните и јужните ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го доживеа првиот значаен политички пораз откако не помина нејзиниот референдум за уставни реформи. Таа кажа дека ги прифаќа резултатите од дводневниот референдум, на кој 54% гласачи се изјаснија „против“. „Италијанците гласаа јасно и ќе ја почитувам нивната одлука, но жалам за изгубената шанса да се модернизира земјата“, рече Мелони во видеопорака. Опозициските партии го поздравија резултатот како знак ...
Авион на колумбиските воздухопловни сили се урна набргу по полетувањето на југот на земјата, при што загинаа најмалку 66 луѓе, а десетици се повредени, потврдија властите. Шефот на воената авијација Карлос Фернандо Силва Руеда кажа дека во авионот имало 115 војници, 11 членови на екипажот и двајца полицајци. Транспортниот авион „херкулес Ц-130“, кој е од американско производство, паднал близу градот Пуерто Легуисамо. Причината за несреќата се ...
Еден полицаец за година и пол четири пати сменил матичен лекар за да може да вади боледувања, е еден од примерите за злоупотреби кои денеска ги наведе директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. На барање на Министерството за внатрешни работи (МВР), Фондот контролираше 80 лица со вкупно 514 боледувања. Од нив, 258 боледувања биле до 7 дена, 171 до 15 дена и 83 траеле 30 или повеќе дена. „Ова е важно затоа што само ...
Висок функционер од иранското министерство за надворешни работи изјави за „Ен-Би-Си њуз“ дека Иран примил „точки“ од САД преку посредници и дека тие се разгледуваат. Тој додал дека овој чекор е потенцијален претходник на разговорите и дека тие засега не се потврдени и не се во тек. Ова следува по контрадикторните изјави што доаѓаа од САД и Иран вчера. И додека Доналд Трамп тврдеше дека разговорите се веќе почнати, поради што ги одложи ...
Доналд Трамп тврди дека американскиот специјален пратеник за Блиски Исток, Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер имале разговори со висок ирански функционер синоќа и дека тие ќе продолжат и денеска. Ова следува откако Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани за пет дена, откривајќи дека имало „многу добар и продуктивен разговор“ помеѓу САД и Иран. „Имавме многу, многу силни разговори. Ќе видиме каде одат. Имаме главни точки на ...
На 43 години почина Леонид Радвински, сопственикот на платформата ОнлиФанс, која ја револуционизираше онлајн порнографската индустрија. Радвински, кој е роден во Украина, а пораснал во Чикаго, ја купил компанијата во 2018 од нејзините британски основачи. Популарноста на сајтот порасна за време на ковид-пандемијата, што го направи Радвински милијардер по само три години. „Тој почина мирно по долга битка со рак“, соопшти ОнлиФанс. Основана во ...
Заврши реконструкцијата на Регионалниот центар за стручно образование и обука (РЦСОО) „Моша Пијаде“ во Тетово. На училиштето, познато кај тетовци како Земјоделско училиште, обновена му е фасадата, реконструирани и опремени се училниците како и работилниците каде се одвива стручната настава со што од, до пред некоја година, запуштено училиште денес тоа спаѓа во редот на најопремените стручни средношколски образовни установи во државата. На ...
Општата болница во Охрид во изминатиот период го намали својот долг за околу еден милион евра со преземените мерки за рационализација на трошоците и подобро финансиско управување. Стабилизирањето на дел од финансиската состојба на установата, според директорот Горан Маркоски, претставува важен чекор кон подобрување на функционирањето на болницата, обезбедување поквалитетни здравствени услуги и поголема сигурност за пациентите. Тој најави ...
Од полноќ цената на дизелот поскапува за 3,5 денари, додека цената на бензинот останува иста поради намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто. Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност . Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не ...
Почина легендарниот македонски бас гитарист Љубомир Стојсављевиќ-Кучкар, еден од членовите на култната њу вејв/рок група од 1980-тите, „Бастион“. Роден во 1959, Стојсављевиќ прво свирел во групата „Уста на уста“, по што им се придружил на Кирил Џајковски и Ана Костовска во „Бастион“, каде што како четврти член фигурирал Милчо Манчевски. „Бастион“ постоеше само три години, од 1982 до 1985, но беше еден од првите македонски бендови кој снимал ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) оваа година ќе има пет пилоти кои ќе ги возат „ер тракторите“ за гаснење пожари. Двајца нови пилоти успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, со што се стекнаа со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено. „По синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари ...