Изгорените производствени линии на фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес Винчини“ од Виница експресно ќе бидат обновени, а работа ќе се вратат сите вработени, изјавија од менаџментот на компанијата. „Стихијата беше огромна и направи уште поголеми штети, но уште од денес работиме производството да се обнови итно. Дел од вработените ќе бидат ангажирани во преостанатите погони”, изјавија од менаџментот на „Макпрогрес Винчини“ за штипската ...

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба поднесе оставка по помалку од една година на функцијата, што уследи по два изборни пораза. Неговата Либерално-демократска партија (ЛДП) утре требаше да гласа за разрешувањето на Ишиба. ЛДП ја води Јапонија речиси седум децении, но под водство на Ишиба го изгуби мнозинството во двата дома на парламентот. Јапонија сега се соочува со период на политичка неизвесност, во време кога растат регионални тензии. Ишиба, кој ...

Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди во пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница, дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба, изјави за МИА Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, раководителка на Одделението за анестезиологија и реанимација во кочанската Општа болница. „Петмина од нив се наоѓаат на хирургија, ...

На спомен-куќите на Кочо Рацин, Васил Главинов, Јордан Хаџиконстантинов-Џинот и на Касапови во Велес, им е потребна обнова, но и да живеат и редовно да примаат посетители, да бидат исполнети со настани. Иако се сочувани и во добра кондиција, времето и годините поминати од последната реконструкција оставиле трага. На куќата на Џинот, на пример, во приземјето е забележливо дека влагата ги оштетила ѕидовите. „Од тоа што можев да видам, дека се во ...

Доналд Трамп ги засили своите најави за испраќање на Националната гарда и агенти за имиграција во Чикаго, објавувајќи монтажа на која се прикажа себеси како полковникот Килгор од култниот филм „Апокалипса сега“, додека хеликоптери летаат над третиот по големина град во САД. „Го сакам мирисот на депортации наутро. Чикаго наскоро ќе дознае зошто се вика Министерство за војна“, напиша Трамп на социјални мрежи. Тој не понуди детали, освен што се ...

По извршената контрола на регионалниот колектор кој ги прибира отпадните води од населените места околу Езерото Младост, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) бара дислокација на делницата од крајбрежниот појас на локација над хотелите. Овој пречистителен систем го одржува ЈКП „Дервен“ од Велес, а инспекторатот констатирал дека дел од забелешките биле отстранети, дел не можеле да се реализираат. „При контролниот надзор се констатира ...

Володимир Зеленски ги повика сојузниците да го спроведат сето она што беше договорено во Париз оваа недела откако во денешниот руски воздушен напад врз Киев беше погодена и зградата на украинската влада, за првпат од почетокот на војната. Во нападот загинале најмалку тројца луѓе, вклучувајќи бебе. Зеленски кажа дека Русија ноќеска лансирала 805 дронови и 13 проектили, од кои четири балистички. „Светот може да ги принуди криминалците од Кремљ да ...

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по производите од брендот „Винчини“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов. При неколкучасовна интервенција на многубројните противпожарни екипи, неколкумина пожарникари добиле изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните. „При обидот да ги ...

Најмалку тројца луѓе загинаа, а 18 се повредени во ноќешниот руски напад со дронови врз Киев. Меѓу жртвите е едногодишно дете, кое беше извлечено од урнатини, кажа шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко. „Во центарот на градот е погодена зградата на владата. Пожарникарите се на терен“, изјави градоначалникот на Киев, Витали Кличко, додавајќи дека пожарот веројатно бил предизвикан од остатоци од соборен дрон. Властите кажаа дека се ...

„Татко, мајка, сестра, брат“ на култниот режисер Џим Џармуш ја освои најпрестижната награда Златен лав на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал, што се затвори вечерва. Филмот во кој глумат Кејт Бланшет, Том Вејтс, Адам Драјвер и Шарлот Ремплинг е приказна за отуѓени браќа и сестри кои повторно се обединуваат по долги години и се принудени да се соочат со нерешени тензии и да ги преиспитаат своите затегнати односи со емоционално ...

Во Германија, приватните пациенти и оние со задолжително здравствено осигурување не се третираат еднакво, а причината се крие во системот на наплата, пишува „Дојче веле“ на македонски јазик. Штефан Х. имал проблеми со срцето и барал преглед кај кардиолог, но му рекле дека термин има дури за четири месеци. Неговото срце не издржало четири месеци и тој завршил на операција. „Кај ортопедите имаше строги упатства на пациентите кои во едно тримесечје ...

Субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти, најави првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на работната средба со Унијата за здруженија на таксисти. Меџити рече дека овој проект е дел од стратегијата за борба против загадувањето на воздухот и подобрување на квалитетот на урбаниот живот. „Возилото што денес го претставуваме е електрично, со високи еколошки стандарди, без штетни емисии, без бучава и со висока ...

Ким Џонг Ун се сретна со семејствата на војниците кои загинале борејќи се за Русија против Украина, изразувајќи длабоко сочувство, објавија севернокорејските државни медиуми. Севернокорејскиот лидер е снимен како на посебна церемонија ги теши ожалостените семејства и им подарува портрети од нивните најблиски завиткани во знаме. Јужна Кореја верува дека Ким испратил околу 15.000 војници да ѝ помогнат на Русија во истерувањето на украинските сили ...

Две деца на електричен тротинет, за малку ќе го згазеле министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кажа тој во интервју за МИА зборувајќи за проблемот со неправилното возење на тротинети низ Скопје. „Сега, пред да влезам кај вас во овие простории, само што не ме згази еден возач на електричен тротинет. Мислам дека беа дечиња, две малолетни лица на тротинет. Прво, не смеат две лица да се возат на тротинет, ниту согласно сегашната регулатива. ...

Доналд Трамп изјави дека во САД не се разговара за промена на режимот на Венецуела, откако нареди испраќање на десет борбени авиони на Кариби. „Ние не разговараме за тоа, но разговараме за фактот дека имавте избори кои, најблаго кажано, беа чудни“, рече Трамп, алудирајќи на спорната победа на Николас Мадуро на ланските претседателски избори, што не беше призната од опозицијата и од голем број држави. Мадуро оваа недела ги обвини САД дека се ...

Пожарот на дивата депонија „Вардариште“ во скопската Општина Гази Баба е уште активен иако е под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оваа дива депонија се наоѓа на само 6,5 километри од зградата на Владата во строгиот центар на Скопје. Депонијата се запали на 31 август, а со денови смрди од големиот пожар чии последици уште се чувствуваат низ неколку скопски општини. Кога избувна големиот пожар, од безбедносни причини ...

Владимир Путин негираше дека руската воена економија стагнира, иако извештај на централната банка покажа дека земјата е технички во рецесија. Во говорот на економски форум во Владивосток, Путин ги бранеше високите каматни стапки на централната банка од 18% како начин на справување со инфлацијата, што беше жестоко критикувано од бизнис заедницата и банкарите. Графикон објавен во извештајот на централната банка оваа недела покажа дека бруто ...

Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која го преименуваше Министерството за одбрана на САД во Министерство за војна. Според него, враќањето на името кое постоеше до 1940-тите има за цел да покаже сила и решителност. Новото име ќе мора да биде одобрено и од Конгресот. Министерството за одбрана, кое ги надгледува американските вооружени сили, е наследник на Министерството за војна, кое постоело од 1789 до 1947 година, кога владата на Хари ...

Обвинителството му поднесе обвинителен акт и на реалниот газда на Друштвото за обезбедување на имот и лица „Рубикон секјурити солушн“, затоа што лично тој раководел со работењето на импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани и тој дал инструкции да се внесат пиротехнички средства, да се пуштаат малолетници по полноќ, да се работи без поднесен план за обезбедување настан со голем број лица и за други незаконски дејства кои му биле нему како ...

Во Кочани синоќа е отворен Центар за млади „Гнездо“ како центар за психо-социјализација, по идеја и реализација нана Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“, којашто произлезе по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ на 16 март, со 62 жртви и над 200 повредени. Центарот има неколку простории од над стотина квадратни метри површина и комплетно е опремен и уреден со финансиска подршка на општествено одговорна компанија. „Го нарековме ...

Движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“ на претстојните локални избори ќе има двајца кандидати за градоначалници, и тоа во Општина Куманово со актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ Максим Димитриевски и во Општина Центар со актуелниот заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ. Синоќа на седница на Извршниот и Централниот одбор на ЗНАМ била усвоена одлуката за взаемна соработка со владиниот коалициски ...

Српската полиција употреби солзавец и шок-бомби во универзитетскиот кампус во Нови Сад синоќа за да ги растера демонстрантите кои бараа слободни избори и заминување на претседателот Александар Вучиќ. Илјадници луѓе се собраа во кампусот, а инцидентите избија пред Филозофскиот факултет, каде што се фрлаа пиротехнички средства, пред да интервенира полицијата. Вчерашниот протест беше фокусиран околу универзитетската зграда што полицијата и ...

1 Да почнеме масовно да земаме терапија за деменција. Или, министерот за здравство Азир Алиу нека увезе од странство некој психијатарски конзилиум, како што ќе носи анестезиолози од Словенија за државната кардиохирургија. Ни треба помош. Мора да имаме проблем со одрекување на реалноста ако му веруваме на премиерот Христијан Мицкоски кога ни вели: „Па видете, традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата, следена ...

Филмологот и филмска критичарка Илинденка Петрушева почина денеска во Скопје. Имаше 81 година. Школувана во Скопје и Загреб, Петрушева е една од основачите на Кинотеката на Македонија во 1974, каде работеше до пензионирањето како како советничка-филмолог. Во периодот од февруари 1999 до август 2001 беше за советничка на министерот за култура за кинематографска и драмска дејност. Во Кинотеката работеше на повеќе истражувачки проекти од историјата ...

Шефот на „Тесла“ Илон Маск ќе добие премија од еден трилион долари ако исполни листа на амбициозни цели до крајот на деценијата, објави управниот одбор на компанијата. За да го добие пакетот, Маск, кој веќе е најбогатиот човек во светот, ќе треба да ја зголеми вредноста на „Тесла“ осумкратно, да продаде милион роботи со вештачка интелигенција, да продаде уште 12 милиони автомобили „тесла“ и да постигне неколку други цели што се очекуваат од ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши за денеска во 17 часот по вторпат ја закажа седницата на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) која треба да ја води пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска. Таа претходно повика што побрзо да се состанат членовите на Комисијата и сите да гласаат за декласифицирање на материјалите во Агенцијата за национална безбедност, па да се ...

Документи од и за животот на Алексо Демниевски-Бауман, патронот на велешката касарна на АРМ, ѝ се донирани на касарната и тие ќе бидат поставени во неговата спомен-соба, кажаа на првото одбележување на патронот на касарната. „Ова се документи од Перо Коробар, исто така велешанец, кој собирал сè за делото на Алексо Демниевски-Бауман. Тие ќе бидат изложени во неговата спомен-соба и ќе бидат достапни за сите кои сакаат да го проучуваат неговото ...

Втора година по ред, тетовските ученици кои ја следат наставата на македонски јазик го одбележаа Денот на независноста на Македонија со приредба на Градскиот плоштад. Оваа година, одбележувањето беше под мотото „Те сакаме Македонијо“, а организатори на приредбата беа одделенските наставници од тетовските училишта. „Децата со радост се дојдени на Градскиот плоштад за да го прославиме роденденот на нашата татковина. Посакувам уште многу, многу ...

САД ќе распоредат десет борбени авиони „Ф-35“ во Порторико за да спроведуваат операции против наркокартели, изјавија два добро упатени извора. Тие ќе бидат додадени на веќе силното американско воено присуство во јужниот дел на Кариби, додека претседателот Доналд Трамп го исполнува предизборното ветување за справување со групите кои ги обвинува за внесување дрога во САД. Ова следува три дена откако американските сили нападнаа брод, за кој Трамп ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека е разумно Северна Македонија да добие гаранции дека нема да има нови услови на нејзиниот пат кон ЕУ по исполнувањето на постојните. Според него, градењето доверба е клучен дел од процесот. „Во исто време, многу е важно да се изгради доверба и да ѝ се даде гаранција на Северна Македонија дека она што го бараме сега е сè што бараме, а не дека чекаме за потоа да побараме да се направи ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1023
weather icon

Софија

1ᴼ / -5ᴼ
0.51
65%
1029
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.52
91%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
79%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1025
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
100%
1028
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1024
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1028
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Сребро

2049.55

Калај

41.29

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Паладиум

50830.33

Бакар

10.76

Родиум

255598.44

Злато

138322.05

Цинк

3.03

Иридиум

145787.60

Платина

59937.34

Алуминиум

2.88