
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Капиталниот проект за Скопје, пречистителна станица за отпадни води на Вардар во вредност од 200 милиони евра, не само што не е готов, туку не се знае ниту дали е почната изградбата. Постапката за пречистителната станица започна во декември 2019, кога градоначалник на Скопје беше Петре Шилегов, а директор на „Водовод и канализација“, Душко Весковски. Тендерот беше распишан во јуни 2020 и тогаш беше кажано дека во 2025 Скопје ќе ја добие ...
Втора ноќ по ред Русија изведе жестоки воздушни напади врз Русија, во кои загинаа најмалку осум луѓе, а над 30 се повредени. Четири смртни случаи се забележани во западниот регион Хмелницки, три во киевскиот регион и еден во јужниот град Миколаив. Ова уследи ден откако Киев беше изложен на еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната. Во исто време, руското министерство за одбрана соопшти дека над Русија биле пресретнати 96 ...
1 Жално е што во државава нема никој што е спремен да ја промени праксата сѐ да биде партизирано. А уште пожално е дека тоа веќе никому не му пречи. Или, можеби и ни пречи, ама веќе сме уморни, па ете, дури и кога гувернер на централната банка ќе стане човек што е во највисоките тела на владејачката партија, веќе си го прифаќаме како нормална ситуација. Сѐ е џабе. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи професорот Трајко Славески ...
Иранскиот трилер „Тоа беше само несреќа“ ја освои Златната палма, најпрестижната награда на Канскиот филмски фестивал, чие 78. издание се затвори вечерва. Кејт Бланшет му ја додели наградата на режисерот Џафар Панахи, кој пред три години беше во затвор во Иран, каде што почна штрајк со глад. Ова е шеста едноподруго победа во Кан за независниот дистрибутер „Неон“. Церемонијата на затворањето на фестивалот уследи по голем прекин на електричната ...
Израелската војска погодила дом на лекари во Газа, при што загинале девет од нивните десет деца, соопшти нивната болница во градот Хан Јунис. Оттаму кажаа дека во нападот се ранети и сопругот на докторката Ала ал-Наџар и едно од нивните деца. Грем Грум, британски лекар кој работи во болницата „Насер“, изјави дека тој го оперирал единственото преживеано дете на двојката. Израелската војска кажа дека нејзин авион погодил неколкумина милитанти во ...
Под знак прашање е приемот и одржувањето на постоечкиот број згрижени деца во струмичките градинки откако Владата не одобри ниту една согласност за вработување во овие установи. Алармантна е состојбата во ЈОУДГ „Детска радост“, каде што 15 воспитувачки, негувателки и друг кадар се пензионирале во изминативе 12 месеци, а Министерството за финансии не дало зелено светло за ниту едно вработување, иако станува збор за испразнети места. Директорката ...
Муралот „harmonoise_230425“, изработен од познатиот полски уметник Пржемислав Блејжик (Саинер), ќе биде отворен утре во Младински културен центар во Скопје. Настанот, кој почнува во 19 часот, е организиран од Институтот „Адам Мицкиевич“, во соработка со Град Скопје, како дел од меѓународната културна програма на претседателството на Полска со Европска Унија. Саинер, кој ќе присуствува на отворањето на муралот, е едно од најпрепознатливите имиња ...
Да се намали урбанизацијата, притисокот врз Охридско Езеро со пловила и загадување, масовниот туризам да се замени со одговорен туризам како и поголема едукација на граѓаните, особено на најмладите за уникатните вредности на Охрид оти тој е под двојна заштита на УНЕСКО, како светско културно и природно наследство, кажа стручната фела на трибината „Охрид 45 години светско културно наследство под заштита на УНЕСКО“ што се одржа во организација на ...
Осумнаесет лица се повредени во напад со нож на централната железничка станица во Хамбург, за што е уапсена жена. Полицијата кажа дека неколкумина од нив имаат повреди опасни по живот. Нападот го извршила 39-годишна германска државјанка, која е во притвор и денеска треба да се појави во суд. „Веруваме дека таа делувала сама и дека немала политички мотиви. Се чини дека таа била во состојба на ментално растројство“, изјави портпаролот на ...
Осуммина луѓе се прогласени за виновни за вооружениот грабеж во хотелската соба на Ким Кардашијан во Париз пред девет години, кога бил одземен накит вреден милиони долари. Четворицата кои директно учествувале во грабежот добија казни до осум години затвор, главно условни и нема да се вратат во затвор поради веќе одлежаното време. Две лица се ослободени. Девет мажи и една жена беа обвинети дека извршиле или помагале во вооружениот грабеж на накит ...
Двајца мажи на 44 и 4о години од Скопје се пациентите кои се заразени со мајмунски сипаници, рече денеска директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, додавајќи дека не патувале надвор од државата, и не се поврзани пациенти. Институтот доцна синоќа соопшти дека вчера за првпат во Македонија се регистрирани два случаја на мајмунски сипаници. Кај нив биле испратени од Клиниката за кожни болести и било назначено да се направи ...
Семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе можат да дадат исказ во Обвинителството во рамките на истрагата која ја спроведуваат јавни обвинители. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека во следните 2 дена, во соработка со волонтерите од „Супорт Кочани“, Обвинителството ќе ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место кога ќе можат да го остварат ова свое право. Сослушувањата ќе се ...
Од 27 октомври од Скопје повторно ќе се лета до Ларнака, Кипар. Од Министерството за транспорт и врски потврдуваат дека „Визер“ ќе лета од Меѓународниот аеродром Скопје до Кипар откако министерот Александар Николоски вчера на проставата на 15-от роденден на ТАВ Македонија кажа дека е потпишан договор за субвенции за 11-тата дестинација, но не ја кажа која. Според договорот, од Скопје до Ларнака ќе се лета три пати неделно во текот на цела ...
Денес често се зборува за ремонти на блоковите во Рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) „Битола“, но ретко кој знае дека жена ги изработила првите динамички планови со кои долгите ремонтни активности се намалиле од 60 на 45 дена. M-р Мимоза Фајдига, градежна инженерка, денес проектна менаџерка во АД МЕПСО, беше првата жена која изработувала информатички програми за работењето на РЕК. Таа за својата кариера зборуваше на трибината „Жени во ...
Русија е спремна да ѝ предаде на Украина нацрт-документ во кој се истакнуваат условите за долгорочен мировен договор, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој додаде дека Русија е посветена на изнаоѓање мирно решение на повеќе од тригодишната војна. Русија и Украина вчера разменија по 390 воени заробници и кажаа дека ќе ослободат уште во следните денови. „Ние остануваме посветени на мировно решение. Секогаш сме отворени за ...
Влашката заедница денеска го прослави меѓународниот Национален ден на Власите, 23 Мај, на кој годинава се одбележува 120 години од признавањето на Власите за народ. Националниот ден се слави од 1991, а 23 мај е избран оти на тој датум во 1905 било објавено дека султанот на Отоманската империја Абдул Хамид II на 22 мај го признал влашкиот милет – влашкиот народ. Во Македонија од 2007 Националниот ден на Власите, 23 Мај се слави и како државен ...
Американска судијка привремено ја блокираше одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да му ја одземе способноста на Универзитетот Харвард да запишува странски студенти. Пресудата уследи откако Харвард поднесе тужба по последната ескалација на спорот помеѓу Белата куќа и една од најпрестижните американски институции. Универзитетот соопшти дека вчерашната одлука на администрацијата е огромно кршење на законот и правата на слободата на говорот. ...
Нетрпеливите патници кои се тркаат да излезат од авион веднаш по слетувањето во Турција би можеле да добијат казни од 60 евра. Турските власти ја воведуваат новата мерка во обид да ги контролираат патниците кои стануваат веднаш по слетувањето и се туркаат во премините меѓу седиштата вадејќи ги од горните шкафчиња рачните торби. Новата забрана ќе важи за луѓето кои предвреме го откопчуваат безбедносниот ремен и стануваат пред авионот да стигне до ...
Скопскиот Кривичен суд денеска досуди куќен притвор за двајцата обвинети во случајот „Онкологија“, поранешниот медицински директор Нино Васев, и организацискиот Нехат Нухи на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.Тое се обвинети за злоупотреби со скапа терапија и тешки дела против здравјето на луѓето. „Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за ...
Директорот на Народниот театар од Битола (НТБ) Васко Мавровски, на денешната прес-конференција соопшти дека институцијата ја наследил со долг од 4 милиони денари (над 65.000 евра) кој заедно со исплата за извршители би можел да достигне до 10 милиони денари (над 160.000 евра). Тој рече дека долгот не е тајна и е утврден при вонреден инспекциски надзор на Министерството за култура. Мавровски, кој е актер во Битолскиот театар, рече дека долгот бил ...
Доналд Трамп препорача царина од 50 отсто за сите стоки од Европската Унија што се увезуваат во САД. „Нашите разговори со нив не одат никаде“, рече тој во објава на социјалните мрежи и додаде дека новите давачки стапуваат во сила на 1 јуни. Најавата означува ескалација на трговската војна на Трамп со ЕУ. Тој првично предложи царина од 20 отсто за повеќето стоки од ЕУ, па ја преполови на 10 отсто до 8 јули, за да има време за разговори. Трамп, ...
Комедијата „Чорбаџи Теодос“ по текст на Васил Иљоски, а во режија на Дамјан Димовски, кому ова му е дипломска работа, е на 26 мај ќе има премиера во Народниот театар Битола (НТБ). „Текстот е пишуван во 1937 , а тие исти работи ни се случуваат и денес само во поинакви околности и амабалажа. Во брзиот начин на живот луѓето ги имаат загубено емпатијата и разбирањето и сите сакаме да стигнеме до целта прегазувајќи го другиот“, рече Димовски. Во ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас рече дека има простор да се надминат пречките и да се одблокира евроинтегративниот процес на Македонија, по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата. Сепак, таа додаде дека не би навлегувала во детали сѐ додека нема придвижување. „Јасно е дека сакаме Северна Македонија навистина да се придвижи по овој пат. Знаеме дека има пречки и денеска ...
Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднел и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. Тоа се поранешните директори на Клиниката, медицинскиот Нино Васев, и организацискиот Нехат Нухи. „На обвинетите им се ставаат на товар ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека иселувањето и падот на населението ќе го намалат потенцијалниот економски раст на Македонија за околу 0,5 процентни поени годишно. Во најновиот извештај насловен „Динамика на населението, интеграција на пазарот на трудот и миграција“, објавен во мај 2025 година, се наведува дека населението во земјата бележи постојан пад во изминатите две децении, тренд што се очекува да продолжи и во иднина, ...
В недела, 25 мај, ќе се одржи хуманитарната трка насловена „Сите за Кочани – Трчаме заедно“. Трката ќе се одржи во седум градови, Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово и има за цел да собере средства за помош на повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март. Во пожарот загинаа 62 главно млади лица, а повредени се околу 200 од кои 25 деца. Во Скопје, трките ќе се одржат на Средно Водно. Трката од 5 ...
Германија распореди војска во друга држава за првпат од Втората светска војна откако започна нејзината постојана воена мисија во Литванија, во рамките на зајакнувањето на источното крило на НАТО во екот на руската агресија врз Украина. Канцеларот Фридрих Мерц го опиша моментот како „почеток на нова ера“, присуствувајќи на воената церемонија во Вилнус по повод востановувањето на германска бригада во Литванија. Таа во прв момент ќе брои 5.000 ...
Понудата на цреши на велешкиот пазар годинава бргу заврши. Ги имаше два три пазарни дена и толку. Мразот и снегот ги оштетија овошките на крајот од март и почетокот на април, родот беше осетно намален, а поради тоа и цените беа високи. На пазарот во Велес се продаваа по 250 денари за килограм. „Ниските темепратури го оштетија цветот, а со тоа и родот. Годинава имаше малку род и имав за продажба за три пазари. Претходните години имав род за цел ...
Во Македонија за првпат се регистрирани два случаја на мајмунски сипаници, соопшти доцна синоќа Институт за јавно здравје (ИЈЗ). Преносот на мајмунски сипаници од човек на човек може да се случи преку контакт со заразен материјал од повреда или течности од кожата, устата или половите органи, вклучително и преку допирање, близок контакт и секс. Може да се распространува и преку воздушен-капен пат при зборување, кашлање или кивање. Мајмунски ...
Данскиот парламент го усвои зголемувањето на старосната граница за одење во пензија на 70 години од 2040 година, што е највисоката стапка во Европа. Од 2006, Данска ја врзува старосната граница за пензија со очекуваниот животен век, што се ревидира на секои пет години. Моментално се оди во пензија на 67 години, но тоа ќе порасне на 68 години во 2030, односно на 69 години во 2035. Новата одлука ќе важи за сите оние кои се родени по 31 декември ...