Хамас тврди дека неговиот преговарачки тим го преживеал денешниот израелски воздушен напад во Доха, додавајќи дека притоа загинале шест лица. Главна мета на нападот бил Халил ал-Хаја, пребегнатиот шеф на Газа и главен преговарач на Хамас, но групата кажа дека меѓу загинатите се неговиот син и директорот на неговиот кабинет. „Потврдуваме дека непријателот не успеа да ги убие нашите браќа од преговарачката делегација. Нападот без сомнение ...

Претседателот на САД Доналд Трамп предложи семејното насилство да не се смета во официјалната статистика за криминалот, отфрлајќи ја сериозноста на брачната злоупотреба како „мала кавга со сопругата“. Трамп ги даде коментарите, кои предизвикаа брза реакција, додека дискутираше за неговата високопрофилна акција против криминалот во Вашингтон. Трамп минатиот месец прогласи вонредна состојба во округот Колумбија на Вашингтон за да овозможи ...

Пожар гори на депонијата „Дрисла“ во Скопје, а скопската противпожарна бригада (БППЗ) со сити сили се обидува да го локализира пожарот, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. „Направени се противпожарни појаси за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Нема опасност од излегување на огнот надвор од депонијата. Гаснењето е во тек. Постојат ...

Молдавија мора да се придружи на Европската Унија, инаку нема да преживее руска агресија, изјави претседателката Маја Санду. Бившата советска република, која има 2,4 милиони жители и дели граница од 1.200 километри со Украина, стана мета на руска хибридна војна, вклучувајќи дезинформации, сајбернапади и изборни манипулации. „Токму затоа, нашиот европски пат не е само прашање на вредности, туку и прашање на опстанок. Кремљ го користи целиот свој ...

„Силјан“, третиот документарец на режисерката Тамара Котевска, е македонски кандидат за Оскар за најдобар странски филм, соопшти Агенцијата за филм. Котевска има 2 номинации за Оскар за првиот документарец „Медена земја“. „Силјан“ е во продукција на Котевска, на американската „Конкордија“ и британската „Корнершоп“, а останати продуценти се Жан Дакар кој е и кинематографер на филмот, како и Јорданчо Петковски и Ана Хашми. Во филмот нема учество ...

Израел потврди дека извел „прецизен воздушен напад“ во главниот град на Катар, Доха, чија цел биле лидери на Хамас. Катар го осуди нападот како грубо кршење на меѓународното право и кажа дека е погоден станбен имот каде што престојувале неколкумина членови на политичкото биро на Хамас. „Нема да ги толерираме ова неодговорно израелско однесување и континуираното нарушување на безбедноста на регионот“, соопшти катарското министерство за надворешни ...

Непалскиот премиер Шарма Оли поднесе оставка, а демонстрантите ја запалија зградата на парламентот во голема ескалација на протестите против корупција, кои почнаа откако владата ги забрани социјалните мрежи. Во вчерашните судири со полицијата загинаа 19 демонстранти, по што владата ја поништи забраната и воведе полициски час, но тоа не ги смири тензиите во земјата. Демонстрантите денеска упаднаа во зградата на федералниот парламент во Катманду, ...

Системот за закажување прегледи „Мој термин“ денеска не работи или е многу успорен во целава земја. Без исклучок, состојбата е иста и во примарна и секундарна здравствена заштита. „После продолжен викенд, кога има секогаш наплив на пациенти, ‘Мој темин’ не функционираше. Не можевме да ги прегледаме пациентите не по наша вина, а тие незадоволството го искажуваа кон нас. Не можевме да ги пратиме на специјалист, да пишеме лекови, да одат на ...

Кинематограферот оскаровец Воли Фистер, соработник на режисерот Кристофер Нолан и кинематограферот Дариус Конџи, кој има две номинации за Оскар за филмовите „Евита“ на Алан Паркер и „Бардо“ на Алехандро Гонзалес Ињариту се двајца нови лауреати на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола (20-26 септември). Директорот на Фестивалот, Димитрија Доксевски на денешната прес-конфернција кажа дека ...

Најмалку 21 лице загинале во руски воздушен напад врз село во источна Украина, објавија локалните власти. Претседателот Володимир Зеленски кажа дека жртвите биле обични луѓе кои чекале да си ја земат пензијата во селото Јарова во регионот Доњецк. Јарова се наоѓа северно од Словјанск, еден од поголемите градови во регионот кои и натаму се под контрола на Украина. Ова е еден од најтешките напади врз цивили во Украина во изминатите недели. Најмалку ...

Автомобилот на претседателот на градската организација на СДСМ за Скопје и поранешен директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, бил целосно опожарен ноќеска. Галетановски ја објави информацијата на социјалните мрежи, наведувувајќи дека немал никакви расправии или закани. „Да, возилото мое е изгорено целосно. Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал, ниту сум наштетил. Сум помагал и ќе помагам на кого можам секогаш“, ...

Премиерот Христијан Мицкоски во 25-минутниот говор на свечената академија по повод 8 Септември, Денот на независноста се осврна и на наводите за нелегалното прислушување и злоупотреба на системот и кажа дека одговорност мора да има и оти „оваа работа нема да се стави под тепих“. „Вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе ова да не се повтори. Тоа ќе се случи само и само кога ќе има одговорност. А одговорност мора да има. ...

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение против виш јавен обвинител од скопското Вишо јавно обвинителство за кривичните дела Малтретирање во вршење на службата и Злоупотреба на службената положба и овластување. Во периодот од септември 2023 до 24 октомври 2024, обвинетиот како службено лице виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени во ...

Нов мурал од неуловливиот уличен уметник Банкси се појави на зградата на Кралскиот суд во центарот на Лондон. На него е прикажан судија во традиционална перика и црна мантија како удира демонстрант кој лежи на земја, а крвта му се прска по плакатот. Иако муралот не се однесува на одредена причина или инцидент, неговото појавување следи два дена откако речиси 900 луѓе беа уапсени на протестот во Лондон против забраната за Палестинската акција. ...

Израелската војска им нареди на жителите на градот Газа да се евакуираат во пресрет на нова офанзива, што следува ден откако таа се закани со урагански напади ако Хамас не ги ослободи преостанатите 48 заложници. Заземањето на градот со околу милион жители ги усложнува напорите за прекин на огнот н крај на речиси двегодишната војна. Наредбата за евакуација предизвика паника и хаос меѓу жителите на градот, зашто никаде во енклавата не е безбедно. ...

Раководството и вработените во Хидросистемот (ХС) „Брегалница“ ја оценуваат наводнувачката сезона како успешна, бидејќи при самиот крај во акумулацијата „Калиманци“ има уште 11 милиони кубни метри вода. Се очекува овие количества да бидат доволни за наредните десетина дена до кога, според нив, ќе трае годинашнава сезона. Сезоната започнала во првата половина од годината со чистење на 150 километри бетонски и земјени канали, кои се протегаат низ ...

Владејачката Лабуристичка партија го освои вториот мандат на вчерашните парламентарни избори во Норвешка, додека популистичката десница го оствари својот најдобар изборен резултат досега, велат официјалните резултати. Лабуристите на премиерот Јонас Гар Стере и четири помали полевичарски партии заедно ќе имаат 87 места во парламентот, две повеќе од потребното мнозинство. Шеесет и петгодишниот Стере и натаму ќе мора да се потпира на своите помали ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска со двајцата синови замина во Будимпешта, за на 9 септември да го гледаат фудбалскиот меч Унгарија-Португалија за квалификации за Светското првенство во 2026. Како што објави на официјалниот инстаграм профил, Мицкоски ќе мине 2 дена во Будимешта за натпреварот, на покана од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Премиерот вели дека ќе се врати на 10 септември и ќе учествува на настан на градоначалникот на Гази Баба ...

Францускиот парламент ѝ изгласа недоверба на малцинската влада на Франсоа Бајру, со што земјата ќе го добие петтиот премиер за помалку од две години и ќе се продлабочи политичката криза. Национланото собрание гласаше со 364 наспроти 194 за смената на Бајру. Падот на владата беше извесен откако пратениците и од десницата и од левицата најавија дека ќе го поддржат тоа. Емануел Макрон го назначи 73-годишниот Бајру за премиер во декември, откако ...

Најмалку 19 луѓе се убиени во големите нереди во Непал, кои избија откако владата ги забрани социјалните мрежи. Илјадници луѓе се одзваа на повикот да се приклучат на демонстрациите на генерацијата З близу зградата на парламентот во Катманду поради одлуката да се забранат платформи како Фејсбук, Икс и Јутјуб, но и поради поширокото незадоволство од владата. Непалскиот министер за комуникации Притви Суба изјави дека полицијата морала да употреби ...

Археолошкиот музеј во Скопје ја отвори новата постојана поставка, со артефакти откриени во земјава што датираат од палеолитот па до 20. век. На површина од 6.000 метри квадратни, распоредени во 107 модерни витрини, изложени се 5.000 археолошки предмети – од палеолитските алатки, неолитските култури, бронзеното и железното време, па сè до антиката, средниот век, османлискиот период и поновата историја од 19 и 20 век. Изложбата ја подготвија 36 ...

Македонија со специјална програма го одбележа Денот на независноста на еден од најголемите светски настани Експо во Осака, при што во присуство на многубројна публика имаше автентично претставување на македонските култура, традиција и современо уметничко творештво. Оперските пејачи Ана и Игор Дурловски и камерниот оркестар „Ајга“ изведоа македонски народни песни во современи обработки на композиторот Сони Петровски, концерт одржа џез-гитаристот ...

Израел објави дека ќе ги претвори воздушните напади врз Газа во моќен ураган како последно предупредување до Хамас дека ќе ја уништи енклавата ако не се предаде и не ги ослободи преостанатите 48 заложници. Хамас изјави дека го проучува последниот американски предлог за прекин на огнот изнесен вчера, за кој Доналд Трамп кажа дека е последна шанса за групата. „Силен ураган ќе го погоди небото над градот Газа денеска, а покривите на кулите на ...

Шпанскиот премиер Педро Санчес денеска објави трајна забрана за продажба на оружје и муниција на Израел, како дел од пакетот мерки за, како што кажа, запирање на геноцидот во Газа. Покрај ова, на бродовите кои превезуваат нафта за израелската војска ќе им биде забрането да застануваат во шпанските пристаништа, додека на авионите кои носат воен материјал нема да им биде дозволен влез во воздушниот простор на Шпанија. „Иако Израел има право да се ...

Македонија денес, 34 години по прогласувањето на независноста, во свет заснован на сила, а не на право, сè уште води битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија, рече Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод 8 Септември, Денот на независноста. Претседателката укажува дека младите не се задржуваат и стимулираат со партизација и политизација, туку со образование ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по пожарот што на 6 септември вечерта избувна во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес Винчини” во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат, соопшти Обвнителството. „Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица која не беше зафатена од ...

Основачот и фронтмен на англиската рок група „Супертрамп“, Рик Дејвис, почина на 81 година. Пејачот и клавијатурист, кој ги напиша и отпеа некои од најголемите хитови на групата, како „Појадок во Америка“ (Breakfast In America) и „Збогум странецу“ (Goodbye Stranger), боледувал од миелома, тип на рак на крвта. Роден во 1944, Дејвис членувал во неколку групи кои не постигнале успех, по што на иницијатива на холандски милионер објавил оглас во ...

Најмалку четворица луѓе се убиени во пукање во Источен Ерусалим, објавија лекарските служби. Сите убиени се мажи, од кои тројца во 30-ти години. Во локалните болници се примени петмина со прострелни рани, кои се во сериозна состојба. Израелската полиција објави дека пукањето се случило на раскрсница во северозападниот дел на градот и дека „се неутрализирани двајца терористи“. Според телевизијата „Канал 12“, напаѓачите влегле во автобус и почнале ...

Денеска беше пуштена во сообраќај делницата Климештани-Охрид, како уште 17 километри од автопатот Кичево-Охрид, кој е со вкупна должина од 57 километри. На пуштањето присуствуваше државна делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски. На 13 јули, после 11 години откако почна да се гради автопатот Кичево-Охрид, беа пуштени 20 километри на потегот од Врбјани до Ботун од автопатот, така што сега над 50 отсто од автопатот Кичево-Охрид се во ...

Европски лидери ќе ги посетат САД денеска или утре за да разговараат за начините на завршување на војната во Украина, изјави Доналд Трамп. Тој додаде дека наскоро ќе разговара и со Владимир Путин откако навести дека е спремен за втора фаза од санкциите за Русија. Володимир Зеленски изјави дека санкциите се вистинската идеја и ги повика европските држави да престанат да ги купуваат руските енергенси. Ова уследи ден по најголемиот руски воздушен ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
94%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -5ᴼ
0.51
65%
1031
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.52
92%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
79%
1026
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1025
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
87%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
100%
1027
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1024
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1029
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Калај

41.29

Алуминиум

2.88

Паладиум

50830.33

Платина

59937.34

Сребро

2049.55

Рутениум

29192.88

Бакар

10.76

Родиум

255598.44

Злато

138322.05

Цинк

3.03