Доказите за наводните масовни убиства на белци во Јужна Африка, што Доналд Трамп му ги презентираше на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса на нивната тензична средба во Белата куќа, содржат снимки од Демократска Република Конго и од спомен-обележје во вид на крстови. „Ова се сѐ бели фармери кои биле погребани“, му кажа Трамп на Рамафоса, покажувајќи му копија од напис од весник. Сепак, фотографијата што го придружува написот е извадена ...

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на ...

Администрацијата на Доналд Трамп му забрани на Харвард да запишува странски студенти, ескалирајќи го спорот со најстариот универзитет во Америка. Секретарката за домашна безбедност Кристи Ноем напиша на Икс дека владата го укинала сертификатот на Програмата за странски студенти и размена на Харвард како резултат на неговиот неуспех да се придржува до законот. „Ова нека послужи како предупредување за сите универзитети и академски институции низ ...

Приватен авион се урна во куќи во Сан Диего во САД при магливо време, при што се запалија повеќе автомобили паркирани долж приградската населба и загинаа повеќе луѓе кои биле во авионот, кажаа властите. Бројот на жртвите засега не е потврден. Авионот можел да прими од осум до десет луѓе, но засега не е позната точната бројка. Властите истражуваат дали авионот удрил во далновод. При уривањето авионот удрил во најмалку една куќа, која се запалила, ...

Поранешните директори на Клиниката за радиологија и онкологија, медицинскиот Нино Васев и организацискиот Нехат Нухи се обвинети во две обвиненија во предметот на Основното јавно обвинителство „Онкологија“, соопштија денеска на прес-конференција јавниот Љупчо Коцевски, Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и предметната обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска. Меѓу обвинетите во второто обвинение има уште тројца лекари онколози од ...

Постапувајќи по кривичната пријава, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица од кои седум полициски службеници, кои за пари издавале дозволи за привреен престој на турски студенти, соопшти Обвинителството. Истрагата следи по денешните претреси на 15 локации во Скопје, Штип и Граничниот премин (ГП) Долно Блаце. Притоа се приведени 11 лица, а две се недостапни на органите на прогонот. „Оосомничените ...

Државниот обвинител Љупчо Коцевски денеска на новинарско прашање кажа дека за десетина дена завршува истрагата за катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 62 младинци и деца. Рече дека во моментов нема нови осомничени лица од оние 68 физички и три правни лица за кои беше известена јавноста. Коцевски кажа дека во истрагата се сослушани над 300 лица. „За десет дена треба да заврши истрагата, а кон ...

Околу сто мостови треба да се санираат, а 20-тина се ризични, покажа испитување на Градежениот факултет направени за потребите на Јавното претпријатие државни патишта (ЈПДП). Беа проверени околу 1.300 мостови низ земјава. „На мостовите во минатото не им било обрнато соодветно внимание и грижа, затоа испитавме 1.300 мостови во земјава каква е нивната состојба. Од нив, 97 се детектирани како мостови кои треба да се поправаат, а од нив 19 се ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да постапува во врска со дивоградбите, откако таа вчера во емитување на живо на Фејсбук одеше на локации во Општина Чаир и покажуваше каде се гради на диво на државно земјиште. Таа притоа рече дека Град Скопје нема надлежност да урива објекти и затоа ништо не може да направи. „Таа има ингеренции и ако навистина мисли дека е така тогаш треба да постапува, затоа што ...

Координацијата на чекорите на патот кон членство во Европската Унија била една од клучните теми во денешниот телефонски разговор меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и македонската претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, според објавата на украинскиот претседател на социјалните мрежи. „Дискутиравме за координирање на чекорите на патот кон членство во ЕУ. Благодарен сум за поддршката од Северна Македонија за Украина“, рече ...

Kомпозиторот Филип Иванов е избран за нов претседател на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), соопшти Сојузот. Тој доаѓа на местото на композиторката Валентина Велковска-Трајановска. На седница на Собранието на СОКОМ избрано е и ново раководство. За претседател на претседателството на СОКОМ е избран композиторот Живојин Глишиќ, а во новиот состав со мандат од две години се композиторите Горан Начевски, Бојана Петровиќ-Алексова и ...

Во присуство на премиерот Христијан Мицковски, министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалниците на Општините Желино и Тетово и неколку пратеници во Собранието од Тетовскиот Регион, во тетовското село Желино на свечен начин е пуштен во употреба асфалтиран селски пат долг еден и пол километар. Градоначалникот на Општина Желино рече дека жителите на Палатица повеќе децении чекале конечно да биде изграден овој пат кој го спојува ...

Израел дозволи речиси 100 камиони со брашно, бебешка храна и медицинска опрема да влезат во Газа, објави војската, додека Обединетите нации кажаа дека поради проблеми во дистрибуцијата помошта сѐ уште не стигнала до луѓето на кои им е потребна. Во исто време, премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е расположен за привремено примирје за да се вратат заложниците, во спротивно ќе продолжи со воената акција до целосното преземање на Газа. ...

САД и официјално го прифатија контроверзниот луксузен авион од Катар наменет за претседателската флота, објави Пентагон, и покрај загриженоста на пратениците и поддржувачите на Доналд Трамп за финансиските и етичките импликации. „Боинг747“ вреден 400 милиони долари веројатно ќе ги чини даночните обврзници стотици милиони долари со цел да ги исполни претседателските стандарди, вклучително и безбедносна проверка на целиот авион и скапи надградби ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја осуди „сериозната несреќа“ што се случи на лансирањето нов воен брод, нарекувајќи ја „криминален чин што не може да се толерира“. Државните медиуми објавија дека делови од дното на 5.000 тони тешкиот разурнувач биле згмечени, што го извадило бродот од рамнотежа. Ким, кој бил присутен на лансирањето, наредил бродот да биде поправен до клучна партиска средба во јуни и побарал одговорност од оние кои биле ...

Двајца службеници на израелската амбасада во САД се убиени пред Еврејскиот музеј во Вашингтон. Напаѓачот е уапсен и идентификуван како 30-годишниот Елијас Родригес од Чикаго, кој при приведувањето извикувал „Слобода за Палестина“. „Осомничениот немал претходен контакт со полицијата. Не гледаме ништо во неговата позадина што би го ставило на нашиот радар“, кажа шефицата на полицијата на Вашингтон, Памела Смит. Таа додаде дека Родригес бил ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка, сооштија од нејзиниот кабинет. „При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите ...

Доналд Трамп го нападна јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса во Белата куќа, тврдејќи дека во неговата земја се случува „бел геноцид“. Јужна Африка ги отфрли обвинувањата дека белите луѓе се несразмерно цел на криминал. Стапката на убиства е висока, но огромно мнозинство жртви се црнци. По почетниот пријателски муабет, во кој Трамп ги пофали јужноафриканските голфери, а Рамафоса кажа дека сака да разговараат за критични минерали и ...

Израелските напади продолжија денеска во Појасот Газа, и покрај напливот на меѓународната осуда поради проширената офанзива на Израел. Во нападите загинаа најмалку 82 лица, меѓу кои и неколку жени и еднонеделно новороденче, според Министерството за здравство на Газа и регионалните болници. Израел вчера почна да дозволува десетици хуманитарни камиони да влезат во Газа, но помошта сè уште не стигнала до Палестинците кои имаат очајна потреба за ...

За една година откако почна со работа стационарот за кучиња скитници за Општина Тетово заловени се 204 кучиња. Од стационарот „Ана Агро“, кој се наоѓа во село Ратае, велат дека се свесни оти ова е само мал дел од кучињата кои скитаат по тетовските улици, но поради ограничениот капацитет на стационарот и лимитираните средства кои ги добиваат од Општина Тетово, не можат да третираат поголем број кучиња. „За периодот од една година, колку што ...

Ниту по месец и пол не е санирано оштетувањето на пругата Скопје-Велес. На 2 април, поројниот дожд и дотечената Маркова Река однесоа дел од насипот каде е поставена железничката пруга, на делницата помеѓу станиците Лисиче и Драчево. Тогаш од Македонски железници соопштија дека возовите на оваа релација ќе ја користат пругата преку Трубарево, ќе нема прекин, но патувањето ќе трае подолго. За овој период нема информации за активности за ...

Во Тетово, на просторот пред градскиот пазар, во секое време можат да се купат цигари без заштитни бандероли, а тука се продава и режен тутун. Ова со години е толерирано, сè до вчера кога во акција на тетовската полиција се приведени 6 лица кои продавале цигари и тутун, а за кои немале потребна документација. „На 20.05.2024 во периодот од 12.00 до 14.30 часот на улица Маршал Тито во близина на Зелениот пазар во Тетово, полициски службеници од ...

Со 27 милиони денари (околу 440 илјади евра) ќе се прави современ, модерен ин витро центар, најави денеска директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), д-р Ирена Алексиоска-Папестиев. „ГАК секогаш ги воведувала најновите современи техники, и дијагностички и терапевтски. Во 2000 кај нас е направено првото ин витро и е родено првото ин витро бебе. За жал, 4 години немаше ин витро на нашата Клиника, но од ноември 2024 е почнато ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип одбележува 18 години постоење под мотото „Партнерство и соработка“ и може да се пофали дека реалниот сектор и стопанството ги апсорбираат сите кадри што се образуваат на УГД, рече ректорот Дејан Мираковски. „Со тоа покажуваме дека ние можеме да учиме од стопанството и останатиот реален сектор околу нас, а и секторите можат да ги користат нашите ресурси и со нивна помош да се надоградуваат“ кажа Мираковски. ...

Со дополнувањата на Законот за работно ангажирање на лица, со кои се овозможува да работат пензионери, студенти и странци, се носи можност за излегување од сивата економија и поголема сигурност за многу работници во земјава, вели Давид Оберхубер, директор на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Изработката на овој закон беше поддржана од проектот „Подобри услови за вработување за сезонските работници во Северна Македонија“, ...

Поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски и претседател на ВМРО-Народна партија, денеска се појави во Основниот суд во Битола каде беше повикан како сведок од одбраната на Љупчо Ѓоргиевски, поранешен претседател на бугарски клуб „Иван Михајлов“ во Битола. Ѓоргиевски како претседател на бугарскиот клуб, се суди за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем. ...

Јапонскиот министер за земјоделство Таку Ето поднесе оставка поради неговите изјави за оризот кои беа критикувани од гласачите и пратениците. Ето беше во немилост на јавноста откако на политички настан викендов кажа дека никогаш не мора да купува ориз благодарение на подароци од поддржувачите. „Никогаш самиот не сум купил ориз. Да бидам искрен, моите поддржувачи ми даваат доста ориз. Имам толку многу ориз дома што би можел да го продавам“, рекол ...

Обвинителката за врски во Агенцијата на Европската Унија за соработка во кривичната правда (Еуроџаст) Ленче Ристоска, упати барање до Драган Павловиќ-Латас да ѝ се извини за јавно кажани клевети и навреди за неа во интервју, за кои таа смета дека ги кажал поради нејзината апликација за кандидатка за судијка во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. Павловиќ-Латас кажа дека неовластено зела 100.000 евра и немала стаж за судија во ...

Од утрово, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со екипи од Градот шета низ Општина Чаир и лови дивоградби. Таа од локациите се вклучуваше во живо на нејзиниот фејсбук профил и го викаше градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу да дојде за да објасни како дозволува секаде низ неговата Општина да се гради на диво. „Денеска на Висар му фативме две дивоградби. Еве, погледнете ја оваа градба што се гради на државно земјиште, без градежна ...

Поранешниот украински политичар Андриј Портнов, кој беше висок функционер во мандатот на претседателот Виктор Јанукович, е убиен од непознати напаѓачи пред американско училиште во Мадрид, објавија локалните власти. Портнов служеше во администрацијата на Јанукович од 2010 до 2014 и потоа избегал во странство. Во 2021, САД воведоа санкции за Портнов за учество во корупција во Украина, особено во судството. Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
44%
1012
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
5.14
38%
1014
weather icon

Загреб

24ᴼ / 21ᴼ
1.03
44%
1014
weather icon

Софија

25ᴼ / 22ᴼ
8.23
38%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
7.46
29%
1011
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
1.54
78%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.81
40%
1008
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
42%
1011
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
30%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
5.14
64%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
9.26
36%
1014
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
40%
1010
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.1618

Currency

34.0967

Currency

38.3759

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762