Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
На локацијата „Школка“ во Градскиот парк денеска во 18 часот почнува 15. издание на фестивалот „Виноскоп 2026“, кој се организира под покровителство на Град Скопје. Фестивалот ќе трае до 17 мај и ќе понуди богата програма за сите љубители на виното, музиката и урбаното дружење. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни видови вина од бројни македонски винарии и производители на квалитетно македонско вино, претставени на ...
Омилената серија на Филипче е „Во светот на бајките“. Венко дефинитивно живее во светот на бајките. Како браќата Грим. Во неговата бајка тој веќе е премиер и го менува уставот. Венко можеби не може да победи во Македонија, но да се кандидира на избори во Бугарија гарнат ќе победи.На новиот кмет од Петрич му ја посветуваме 34 епизода од втората сезона на „5 минути со Чавез“ Омилената серија на Филипче е „Во светот на бајките“. Венко ...
Кога зборуваме за здравјето на мозокот, повеќето луѓе мислат на активности за ментални вежби како решавање крстозбори или судоку. Сепак, остриот ум бара многу повеќе од повремена ментална гимнастика, бидејќи секојдневните навики играат клучна улога, особено исхраната. Иако повремената консумација на храна што не е идеална за мозокот нема да наштети, експертите за здравје на мозокот, како што се невролозите и невронаучниците, се обидуваат да ...
Државниот обвинител Ненад Савески за „Фокус“ потврди дека од Републичкото јавно обвинителство не било побарано мислење пред да биде затворена истрагата за спорните набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, во која беа опфатени Ратко Капушевски, Асмир Јахоски, Васко Ковачевски и уште 11 лица. Обвинителката од ОЈОГОКК, Катерина Коларевиќ, која ја водеше истрагата, на денешниот брифинг со новинарите изјави дека лично ја донела одлуката за затворање на ...
Кошаркарот на Мемфис, Брендон Кларк почина на 29-годишна возраст соопшти неговата агенција „Прорити Спортс“. Кларк беше избран како 21.пик на НБА драфтот во 2019 година. Целата своја кариера седумгодишна кариера ја мина како играч на Мемфис Гризли. Во сезоната 2025/26 одигра само два натпревара. На почетокот од сезоната закрепнуваше од повредата на коленото, а потоа имаше нова повреда во декември и ја пропушти сезоната. На 1.април бил уапсен ...
Професорката Симона Груевска-Маџоска денеска преку објава на Фејсбук соопшти дека поднела неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик при Министерството за култура и туризам и од позицијата координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Денес поднесов неотповиклива оставка на местото претседател на Советот за македонски јазик и координатор на работната група ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во Дневникот на Сител ТВ порача дека Македонија мора да го продолжи европскиот пат, но без откажување од сопствениот идентитет, историја и национално достоинство, стои во соопштението на ЗНАМ. Тој оцени дека континуираниот притисок за уставни измени од страна на актуелното раководство на СДСМ претставува продолжение на, како што рече, бугарофилската агенда која започнала ...
Ако се вратиме малку наназад, за СДСМ не е новост да ветува решенија за проблеми што и самата не успеала да ги реши додека била на власт. Постојат многубројни примери за ваквото тврдење. Напаѓаат за постоење на корупција, но токму нивното владеење беше обележано со низа коруптивни скандали и раширена корупција до најситните општествени пори. Најпознатиот од сите е оној со нивната СЈО обвинителка, Катица Јанева. Таа заврши во затвор, а ...
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на СДСМ и ДУИ Љупчо Николовски, викан Путерот е повикан во СВР Скопје на службен разговор, дознава „Република“. Според нашите информации, Николовски се сомничи за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер за повеќе од 800.000 евра, спротивно на Законот за јавни набавки. Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во ...
Во денешната емисија „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој остро реагираше на одлуката на Ислам Абази да го прекине процесот за судска постапка поврзана со набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, случај вреден 167 милиони евра. Пренџов оцени дека ваквиот потег дополнително ја намалува и онака ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем и посочи дека очекува ...
Во петок 15 мај, 2026 година со почеток во 20 часот, во културниот центар „Јадро“ ќе се одржи промоција на тукушто излезеното издание на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски. Монографијата ја издаде Темплум, а графичкото уредување беше на авторот. На настанот ќе говорат рецензентите: проф. д-р Димитрије Бужаровски м-р Владимир Таневски, а ќе биде прикажано и кратко видео кое ќе се движи низ страниците од монографијата ...
На 11.05.2026 во 19:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на свечената академија, што се одржа во Тетово, во организација на Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, рече дека оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. Вашата професија не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и ...
„Како вода за чоколада…“ е насловена самостојната изложба на Валентина Поцеска, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во галеријата Чифте амам. Ќе бидат претставени 60-ина дела, кои авторката ги изработила од 2020 до 2026 година. Во основата на постапката на сликање е комбинираната техника или постапка на градење на слоевитоста на секое дело, која започнува со колажот, кој е комбиниран и „зачинет“ со боја (масло и акрил), форми, линии, ...
Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри кој ќе биде испратен до Собрание. Од Владата истакнуваат дека со ова започнуваат нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата. Фокусот на овој закон е ...
Владата на ТИСА ќе и служи на нацијата, а не на премиерот, а кабинетот е составен од министри кои веќе се докажале во своите области и се способни да носат одлуки од првиот ден, изјави денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар во говорот со кој го претстави својот кабинет пред Парламентот, пренесе МТИ. Маѓар истакна дека целта на новата влада е да создаде функционална, хумана Унгарија и нејзините структури се поставени да и служат на таа цел. ...
Судскиот совет денеска спроведе интервју со кандидатите за претседател на Основен кривичен суд Скопје. Противкандидати се судијата Ивица Стефановски и Даниела Димовска, актуелна вршителка на должноста. Интервјуата ги спроведува тричлена комисија од Судскиот совет, како дел од административната рамка. Кандидатите денеска ги претставија своите програми пред комисијата во Судскиот совет, а претседателот на комисијата Ивица Николовски соопшти ...
Новата директива на Европската Унија за третман на комунални отпадни води би можела да доведе до повисоки цени на лековите, особено на генеричките, предупредуваат фармацевтските компании и експертите од индустријата. Според новите правила, фармацевтската и козметичката индустрија треба да сносат најмалку 80 проценти од трошоците за дополнителен, напреден третман на отпадни води што ги отстранува микрозагадувачите, вклучително и остатоците од ...
Губењето на апетитот често се доживува како минлив феномен поврзан со стрес, замор или краткотрајна болест. Сепак, експертите предупредуваат дека продолжениот или ненадеен пад на желбата за храна може да биде важен сигнал за одреден здравствен проблем. Апетитот природно варира од ден на ден, но кога некое лице забележува дека нема желба да јаде со денови, прескокнува оброци или чувствува мачнина при помислата на храна, потребно е да се обрне ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска им додели право на вето на четворица клучни министри во неговиот кабинет, откако неговата десноцентрична влада и официјално ја презеде власта по изборот во парламентот. Маѓар прецизираше дека министрите за здравство, за правда, за образование и за финансии ќе имаат право да ги блокираат владините одлуки. Според него, оваа одлука е донесена бидејќи овие ресори ги очекуваат најсложените задачи и ...
Три лица се лишени од слобода за семејно насилство, со едно е извршен службен разговор. Вкупно шест пријави има во последното деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 12.05.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека на 07.05.2026 околу 02:00 часот на подрачјето на општина Гази Баба, нејзиниот сопруг Д.Ј. од скопско, со кого не живеат заедно, физички го нападнал нивниот 13-годишен син, додека бил ...
Со премиера на македонската драма „Чичко Кумплунг“ од Сашко Насев, во режија на Јани Бојаџи, Театар Куманово утревечер ќе ја отвори својата прва премиера за 2026 година. Претставата ќе биде изведена на 13 мај со почеток во 20 часот на големата сцена во НУЦК „Трајко Прокопиев“, а првата реприза е закажана за 15 мај. Во претставата играат Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ...
Силно невреме со поројни дождови, олуен ветер и град го зафати регионот, предизвикувајќи сообраќаен колапс на дел од патиштата во Србија, сериозни материјални штети во Хрватска и прекин на патните правци во Босна и Херцеговина. Надлежните служби во трите држави издадоа итни предупредувања до граѓаните за заштита на имотот и висок степен на претпазливост. Во Србија, Секторот за вонредни ситуации при МВР прогласи аларм за олујно невреме, ...
Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Азби Агуши, анестезиолог од ТОАРИЛУЦ и болнички координатор за трансплантација, апелира за важноста на донирањето органи. Говорејќи за трансплантацијата на органи, мојата порака е да се поддржи овој процес, не поради фактот што има потреба здравствениот систем, туку пораката е да ја поддржиме трансплантацијата, ...
Три британски министерки денеска поднесоа оставки, со што дополнително се засили притисокот врз британскиот премиер Кир Стармер да објави временска рамка за своето повлекување по лошите резултати на Лабуристичката партија на локалните избори. Британската министерка за децентрализација, верски прашања и заедници Мијата Фанбуле денеска поднесе оставка, станувајќи првата министерка во владата на Стармер што се повлекла од функцијата, истовремено ...
Фокусирајте се на она што можете да го контролирате. Ние сме релативно мала земја, случувањата во остатокот од светот може да нè парализираат. Тоа им го порача Мајк Зафировски на политичарите и на сопствениците на бизниси, кој е еден од основачите на „Македонија 2025“, од самитот во Скопје, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Според него, силна, независна, демократска Македонија би била ...
На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ за МИА. Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на социјалните мрежи сподели како изгледа првата галерија на автопатот Охрид – Кичево. Во изминатиот период на автопатот Охрид-Кичево на новите свлечишта се извршија дополнителни геоистражни работи врз основа на кои се изработија основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта, во вид на т.н. Галерија. Галериите се исклучително комплициран инженерски потфат со кој се решава проблемот ...
Четиринаесетгодишниот ученик кој беше повреден во напад од негов врсник во основното училиште „Хасанбег“ во скопската населба Ченто се наоѓа во стабилна, но и понатаму животозагрозувачка состојба, информираше директорот на Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Игор Мерџаноски, јавува ТВ21. Како што појасни Мерџаноски, ученикот бил примен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во пределот на стомакот и посекотина на ...