
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Советниците во Нови Сад го избраа Жарко Миќин за нов градоначалник, додека пред градското Собрание траат протести и судири со полицијата. Миќин е советник од листата на владејачката партија, пренесе Ал Џазира Балканс. Опозицијата се спротивстави на изборот на Миќин, наведувајќи дека актуелната власт го изгубила легитимитетот и нема морално право да избира градоначалник и градски совет. Тие ги повикаа граѓаните на протест пред градското Собрание ...
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 20 од 43-те пристигнати наслови на годинашниот конкурс. Комисијата ...
На 1 март со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе се изведе една од најпознатите и најпопуларни опери во историјата – „Кармен“ од Жорж Бизе. Диригент ќе биде гостинот од Италија, Џанлука Мартинeнги, режијата и сценографијата се на Нина Најденова и Елена Иванова од Бугарија, костимографијата е на Марија Пупучевска, концерт- мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. „Заводливата, Кармен е симбол на независност и ...
Бранко Прља Во време кога вештачката интелигенција (ВИ) ги поместува границите на можното, американската Канцеларија за авторски права зазема цврст став: човечката креативност останува во срцето на авторското право. Вториот дел од долгоочекуваниот извештај за авторските права и вештачката интелигенција, објавен на 29 јануари 2025 година, содржи значајни заклучоци кои ќе влијаат врз иднината на креативните индустрии. „Нашите заклучоци се темелат ...
„Во текот на последниот викенд од овој месец, според бројките од полициските сообраќајни контроли на ниво на целата држава, се чини дека како по некое непишано правило за учесниците во сообраќајот значи своевидно опуштање во поглед на почитувањето на сообраќајните правила и прописи“, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Па така, во рамки на извршените сообраќајни прегледи на 21, 22 и 23 февруари, од 2.228 издадени платни налози ...
Групата „Next to Silence“ на 27 февруари од 21 часот ќе одржи концерт во клубот „Котур“. „Овој концерт ќе биде ретка прилика да се слушне групата во живо, а на кого ќе бидат изведени повеќе композиции од нивните албуми“, се вели во најавата. „Next to Silence“ е македонски џез состав кој функционира повеќе години и сочинет е од членови кои долго соработуваат со разни музички формации. Групата фаворизира специфичен џез израз кој не се вклопува во ...
Tимот на српскиот портал за сатира Njuz.net ќе гостува во Скопје на 22 март. Во Центар – Јадро во 20:30 часот, тие ќе бидат дел од првото издание на „Анекта Евентс“. „Ова е ретка можност во живо да се чујат авторите кои веќе 15 години преку сатира го отсликуваат балканското секојдневие“, соопштуваат од „Анекта“. Во Скопје доаѓаат Јелисавета Милетиќ, Марко Дражиќ, Виктор Марковиќ и Ненад Милосављевиќ, автори и сценаристи на Njuz.net, како и дел ...
Домот на културата „11 Октомври“, лоциран во паркот во Ченто, моментално се реконструира, а по обновата е планирано да се простира на 1.000 метри квадратни, да има три нивоа, да биде енергетски ефикасен и целосно инклузивен со лифт и тоалети за лица со атипичен развој, со капацитет за 180 гледачи. „Повеќе од четири децении ова место беше најцрната точка во општина Гази Баба во кое се вршеа и девијантни појави, а за помалку од 18 месеци од денес ...
Софистицирана опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена, треба да биде ставена во функција и на располагање на граѓаните, бара Министерството за енергетика. „Станува збор за машина – Трофазен систем за мерење на електрична енергија и моќност, која повеќе од 7 години седи неупотребена во подрумските простории на Бирото за метрологија. Со ставањето во употреба на оваа ...
Со последните две измени на постоечкиот Закон за инспекциски надзор, во декември 2024 година и во јануари 2025 година, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) како и останатите 14 државни инспекторати продолжуваат да функционираат како органи во состав на матичните министерства, објави агенцијата Мета.мк. Така, ДИЖС продолжува да работи како дел од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), соопштија од ова ...
Иницијативата За почиста Македонија на 1 март организира нова „Акција во природата“, овој пат за чистење на Марков Манастир, со почеток во 11 часот. „Иде пролет. За цветната сезона да не ја дочекаме во ѓубре, редно е да посветиме малку љубов кон природата. Марков Манастир е прекрасно и популарно излетничко место кое за жал е често посетувано од несовесни граѓани кои го користат како лична депонија“, велат од За почиста Македонија. Од таму ...
Турските државјани се на врвот на листата по бројот на дозволи за привремен престој на странци издадени во Македонија во 2024 година, покажуваат податоците што ги доби Skopje.IN од Министерството за внатрешни работи. Како што пишува порталот Skopje.IN, вкупно 5.644 лица од Турција добиле вакви дозволи, а најчести причини се за студирање (2.408 лица) и вработување (2.247 лица). Дополнително, издадени се 578 дозволи за семејно обединување, а 219 ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара да престанат партиските пресметки во кои се користат имиња и ставови на новинари, бидејќи, велат тие, ваквата практика е неприфатлива и штетна за целиот медиумски простор. „Посебно загрижува фактот што пратеник на владејачка партија, на две последователни прес-конференции, употреби несоодветни квалификации за новинарот Ордановски, врамувајќи го во политички и партиски контекст. Оваа реторика, ...
Иницијатива за европска перспектива (ИЕП) во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера ги презентираа публикациите „Извештај за Кластер 1–Темелни вредности, со фокус на владеењето на правото и слободата на изразување, медиумските права и слободи и безбедноста на новинарите и медиумските работници“ и документот за политики –„Одговорно користење на ВИ во новинарството“ Авторот на публикацијата, Давор Пашоски, во својата ...
Бројот на регистрирани автомобили во Македонија бележи континуиран пораст секоја година. Со него расте и загадувањето кое директно го влошува здравјето на граѓаните, особено на децата. Автомобилите ја загрозуваат животната средина, но и безбедноста на улиците, која граѓаните ја побараа на три протести месецов. Иако нивното здравјето и безбедност се уставни приоритети, системот гледа низ призма на пари и на врвот од пирамидата на сообраќајното ...
И покрај јавните апели и покрај силните реакции од јавноста, вклучително и од земјоделците, претседателката Гордана Сиљановска-Давковоа ги потпиша измени на Законот за урбанистичко планирање, реагираат од Зелен хуман град (ЗХГ). Според еко-активистите, нејзиниот потпис произведе неповратно уништување на плодно земјоделско земјиште заради изградба на фотонапонски централи и ветерници. Исто така, со потписот се одобруваваат урбанистички проекти за ...
Вработените во Македонската филхармонија денеска преку протест упатија јавен апел до Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков да ги почитува законските одредби при изборот на директор на оваа институција. „Нема да дозволиме нашата институција да биде жртва на бесрамни политички договори. Бараме Министерството за култура и туризам да го избере најдобриот кандидат на конкурсот за директор на Македонската филхармонија односно Кандитатот кој ги ...
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и оствари средба со директорката Марија Срцева Јовановски по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за отпочнување на темелна реконструкција на просториите на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), која се ...
Азербејџан ја затвора редакцијата на британската телевизиска мрежа „Би-Би-Си“ во Баку, одлука што медиумот ја опиша како „ограничување на слободата на печатот“, пренесува Н1. „Одлуката за затворање на канцеларијата на ‘Би-Би-Си’ во Азербејџан им беше соопштена на претставниците на ‘Би-Би-Си’ во Азербејџан на 13 февруари“, изјави Ајахан Хаџизаде, портпарол на азербејџанското Министерство за надворешни работи. Тој не ја објасни причината за ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември лани изнесувала 43.587 денари, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците, индексот на просечната исплатена нето-плата по вработен, во однос на декември 2023 година, изнесува 109.0, а зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности ...
Наставниците во март ќе го добијат второто покачување на платите за 7%, откако во октомври минатата година го добија правото за покачување од 5%, ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), која е продолжение на конструктивниот социјален дијалог, а во насока на усвојување нов колективен договор за основното и средното образование. Јаневска, ...
Пакомак вчера го отвори овогодишниот конкурс за наградата „Trash for art“ кој ќе трае до 12 март. „Дали чуваш еден куп отпад од пакување или електричен отпад? Време е да ги претвориш во уметничко дело и да освоиш награда – повторно го објавуваме ‘Trash for Art’“, велат од Пакомак. Делото треба да се достави на 11 или 12 март во културно-едукативниот центар „Лабораториум“. Наградите на конкурсот за прво место се 30 илјади денари, за второ место ...
Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници соопшти дека, по повод 21 февруари, Светскиот ден на туристички водичи, утре, сабота 22 февруари, ќе организира бесплатен разглед на Скопје и Битола. Од таму велат дека бесплатниот разглед на градот Скопје ќе се реализира со почеток во 12 и во 13 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза. Во Битола, пак, разгледот на градот ќе се организира од 11 часот пред Музејот и 12 часот кај Саат ...
„Верувам дека многу скоро ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните и средните училишта, а во оваа прилика сакам да информирам, како што и се договоривме, тие во март годинава ќе го добијат второто покачување на платите за 7%, откако во октомври минатата година го добија првото за 5%“. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со претседателот ...
На иницијатива на Министерството за образование, наука и иновации, училишните одбори на основните и средните училишта во Црна Гора донесоа одлука за забрана за користење на мобилни телефони за време на настава, освен во случаите кога нивната употреба од страна на предметниот наставник е предвидена како наставна алатка за реализација на одредени наставни целини преку секојдневна подготовка, соопшти ресорното министерство, јавува Радиотелевизија ...
Во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 1 март од 21 часот ќе се одржи 13-то по ред издание на фестивалот „Земјотрес“, кој ја претставува најновата музика издадена од македонската алтернативна сцена на талентирани автори и музичари. Уникатен во концептот, како целовечерен настан од голем обем, фестивалот нуди разновидна и богата програма. Во фокус ги става младите и надоаѓачки таленти, овозможувајќи простор и за веќе докажани музичари да ...
Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Истовремено, со изнајмен стан од 60 квадратни метри, таа, изнесува 79.148 денари. Четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.427 денари или 36.7%, според пресметката на ССМ, за облека и обувки 5.800 денари или 9.1%, за станарина, вода, ...
Продлабочување на дијалогот и унапредување нa пристапите за промовирање на родовата еднаквост, беа тема на завршната конференција „Родова еднаквост и улогата на мажите – Изградба на доверба и разбирање“, што се одржа онлајн како дел од повеќегодишната Програма за родово засновано насилство на ХЕРА, пренесува Мета.мк. Како што соопшти организаторот, на конференцијата имало претставници од основните и средните училишта, од ресорни министерства, од ...
Уставниот суд вчера не донесе одлука за предметот У.бр.186/2026 во кој се оспорени членовите 17 и 18 од Изборниот законик, поради тоа што предлогот за поведување на постапка и оценување на уставноста на оспорените одредби не го доби потребното мнозинство на гласови. Од Уставниот суд соопштија дека согласно спротивставените размислувања на судиите, кои биле изнесени и во текот на седницата, но и при гласањето дошло до изедначување на гласовите, ...
Владата денеска формално потпиша договор за донација на 255 системи за филтрација на воздух со компанијата „Екотип“. Донацијата е во висина од 1 милион евра, а уредите ќе бидат распределени во градинки, училишта, болници и други критични јавни установи, каде што, велат од Владата, квалитетот на воздухот е од клучно значење. Според владината портпаролката Марија Митева, загадувањето на воздухот останува еден од најсериозните еколошки и ...