На дваесет и четвртиот „ОФФест“ од 5 до 8 јуни ќе се претстават различни артисти од осум земји од светот, а организаторот ја карактеризира како „најсилната програма во последниве години“. Фестивалот во Националната опера и балет (НОБ) на 5 јуни од 20 часот ќе го отвори Драган Даутовски, етномузиколог, музичар, композитор и научен работник. „Извлечените звучни вредности од длабочините на нашата фолклорна ризницата, често надградени и ...

Три дена по ред, односно на 25, 26 и 27 мај, словачкиот состав „Војди“ ќе одржи три различни свирки во Македонија. „’Војди’ се трочлен art rock/math rock состав од Прешов, Словачка, кои ја имав привилегијата да ги слушам два дена по ред на овогодишната МЕНТ музичка конференција. После концертите во ‘Menza pri koritu’ и ‘Klub Gromka’, зборувавме за Скопски мерак и за напуштените бродови на вардарскиот кеј — и со голем ентузијазам се договоривме ...

На 78. Филмски фестивал во Кан, Асоцијацијата на европски кинотеки (ACE) ја претстави шестата сезона на проектот „Сезона на филмски класици“, филмска програма која промовира европско филмско наследство преку бесплатни проекции во кино салите ширум Европа и онлајн. Оваа година, за македонската и светската публика ќе биде прикажан култниот филм „Македонска крвава свадба“ (1967) во режија на Трајче Попов, во нова дигитално реставрирана копија. Оваа ...

Македонскиот народен театар ја најави програмата за летната сцена „Славиша Кајевски“ за 2025, оваа година под слоганот „Млади за млади“. Фестивалот ќе биде насочен кон концертни настани на македонски изведувачи и ќе има хуманитарен карактер. На 12 јуни, со настап на скопскиот бенд „Funkshui“ и артистката Speysd, ќе се отвори второто издание на летната сцена и ќе трае до 21 јуни. „Со овој проект, младите стануваат двигатели на солидарноста: сите ...

Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, на 6 јуни со почеток во 20 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“, ќе го отвори 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. „12“ е дел од официјалната селекција на фестивалот. Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, ...

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. „На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични ...

Администрацијата на Трамп ја отповика можноста на Универзитетот Харвард да запишува меѓународни студенти во својата ескалирана битка со универзитетот од Ајви лигата, велејќи дека илјадници тековни студенти мора да се префрлат на други факултети или да ја напуштат земјата, пренесува АП. Министерството за внатрешна безбедност ја објави акцијата во четврток, велејќи дека Харвард создал небезбедна средина на кампусот дозволувајќи им на ...

„Д Фестивал“ (The Festival), најголемиот летен музички фестивал во Македонија, оваа година одбележува јубилејно 15-то издание, кое ќе се одржува од 4 до 6 јули во Штип и со бројни новости во својот програмски концепт. Музичките настани ќе се одвиваат на две бини, „Главна“ и „Москито“, на кои ќе настапат повеќе од 40 бендови и музичари. „Во досега најголемиот прв бран изведувачи се запишуваат вкупно 26 артисти кои летово ни пристигнуваат на ‘Д ...

Таванот во средното училиште во Бечеј, Србија, се урна за време на часот, а според Н1, една ученичка е полесно повредена. Според неофицијални информации, парче од таванот паднало врз раката на една ученичка, а двајца други ученици биле изгребани. Според еден од сведоците, ученичката чија рака била повредена е транспортирана со амбулантно возило во Нови Сад. Сè се случило пред почетокот на часот по психологија во гимназијата во Бечеј. „Одеднаш ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во понеделникот изрази ентузијазам кога најави почеток на директни преговори меѓу Украина и Русија, пишува Ал Џазира Балканс. „Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот и, што е уште поважно, ќе ја завршат војната“, напиша Трамп на својата мрежа „Truth Social“. Изјавата изгледаше во согласност со „уметноста на говорот“ на Трамп – ќе донесе брзо и ефикасно ...

Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одржува третото по ред издание на меѓународниот „Фестивал за современа музика 2025“, кој ќе трае од 26 до 29 мај во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип. Сите концерти започнуваат во 19 часот, а влезот е бесплатен. „’Фестивалот за современа музика 2025’ е посветен на промоција на светското и на домашното исполнителство и творештво. Во рамките на овогодишната програма фестивалот во ...

Групната изложба „Цртеж, експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) се отвора вечерва, 22 мај, со почеток во 20 часот во Националната галерија, објект Мала станица. „Современиот третман на цртежот во глобални рамки доживеа длабока промена – од подготвителен, дел на процес медиум во самостојна, концептуална уметничка практика. Цртежот како базичен израз во визуелниот говор доживува длабоко преиспитување на ...

Во „Котур Кафе“ во Скопје на 22 мај (четврток), со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на новата книга на Тина Иванова, со наслов „Danse Macabre“. Станува збор за збирка од осум раскази кои, иако различни, ги поврзува иста тематика – како што сугерира и самиот наслов, алегоричен и гротескен приказ на смртта и животот. Книгата „Danse Macabre“ неодамна излезе од печат во издание на „Темплум“, а нејзиното прво претставување се случи на ...

Тимот „Фиат 500“, составен од Ивана Блажева, Меланија Петровска и Петар Димов, победи на Дебатното првенство 2025 кое се одржа на 17 и 18 мај на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Тие ова лето ќе ја претставуваат државата и Младинскиот образовен форум (МОФ) на интернационалниот турнир во Прага – „Prague Debate Spring“, заедно со нивниот тренер. Финалисти беа и Андреј Зафировиќ, Константин Иоуанну и Ристе Златев – тимот „Роберт, ...

Самостојната издавачка куќа „Мртов коњ“ го објави албумот „Rigged Phantasies“ на хрватскиот состав „Клаутро/фонија“ (Klaustro/fonija), кој македонската публика неодамна можешe да гo слуша во клубот „Минус еден“ заедно со „Корпорација Вагина“ (Vagina Corporation). Албумот е плод на соработката и заедништото на „Мртов коњ“ и колективот „Гола планина“ со новите регионалните музички сили, меѓу кои спаѓа и „Клаутро/фонија“. Дечките заедно се дружат, ...

„Борбата не е завршена! Колку пречки и да ни постават на патот, ние сме упорни, жилави и успешни. Уставниот суд на вчерашната седница ги укина членовите од Изборниот законик со кои се попречуваше учеството на независните на избори. Но, важно е, дека со укинувањето не се врати старата формулација од Законот, туку се префрли топката кај Собранието допрва да го уредува ова прашање. Тоа значи дека во моментов не е дефинирано како може независни ...

„Над-реалност: Транзиција на доживеаното искуство“ е насловен настанот кој утре, 22 мај, ќе се случи во Културно-социјалниот простор Центар-Јадро со почеток во 20 часот, каде писателката Џулиет Жак и уметницата Марија Божиновска Џоунс ќе одржат предавање и ќе разговараат на темите кои го поттикнуваат нивниот уметнички израз – доживеаното искуство и надреалното; јазикот и технологиите; и био/политиката и активизмот. Џулиет Жак е писателка и ...

Изложбата „Агапе“ на уметникот Горјан Ѓорѓиев ќе се отвори во петок, 23 мај, со почеток во 19 часот во галерија „Метаноја“. „Сликите на Горјан Ѓорѓиев се стилска и тактилна алхемија при што медиумот на боите ја има функцијата на ‘Филозофскиот камен’, митолошкиот елемент кој неблагородните метали ги претвора во благородни и еликсир кој ги исцелува сите болести и дава долговечност. Во христијанска смисла ‘Филозофскиот камен’ е метафора за ‘агапе’. ...

Блокадата на зградите на судот и обвинителството во Нови Сад продолжува сè додека не бидат ослободени сите уапсени активисти. Младен Цвијетиќ, Давор Стефановиќ и Срѓан Ѓуриќ остануваат во притвор. Лазар Диниќ, Марија Васиќ и Ладо Јововиќ се во домашен притвор, пренесува Н1. Синоќа во Кула имаше инциденти, имено туркање и буткање, меѓу граѓани и поддржувачи на СНС. Денеска, средношколците во Белград протестираат пред Министерството за образование ...

„Оваа пролет, Фестивалот што вибрира во просторот меѓу филмската слика и критичката мисла, на процепот меѓу полемиката и поезијата, Фестивалот што ги спојува зачудувањето и очудувањето, го слави својот 15. роденден! Славјето е седумдневно, сместено во удобната кино-сала на Кинотеката на С. Македонија, во којашто ќе бидат прикажани триесетина филмови од Европа и сите краишта на светот“. Вака започнува најавата за годинешното издание на ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди индиректна дискриминација врз основа на попреченост во областа на образование сторена од страна на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје кон ученик. Имено, и покрај пријавувањато за врсничко насилство, училиштето не преземало никакви мерки, а откако ситуацијата ескалирала, дури и го обвинило виктимизираниот ученик за насилство изрекувајќи му усна опомена и нему. ...

Изложбата „Moon of love“ од ликовниот уметник Давор Кешќец ќе се отвори во четврток, 22 мај, со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. „’Moon of Love’ е самостојна изложба што претставува збирка дела кои го одразуваат личното и уметничкото патување на Кешќец — сурови импресии од секојдневниот живот, повторно замислени преку фрагментирани форми, живи палети и емотивна интензивност. Во духот на германскиот експресионист ...

На 22 мај, четврток, во Театар Комедија претставата „Секс, лаги и гавоболки“ режирана од Александра Кардалевска, ќе ја има својата премиера. Таа е во колективно авторство, инспирирана од животни искуства. „Претставата нуди смеа, препознавање и моменти за размислување, оставајќи го гледачот со чувство дека бил дел од еден жив, вистински и емотивен свет“, истакнуваат од Театар Комедија. Како што раскажуваат оттаму, претставата е динамична, ...

Израелските сили ја нападнаа Газа преку ноќ и денеска, погодувајќи семеен дом и училиште претворено во засолниште, и убивајќи најмалку 60 лица, соопштија палестинските здравствени претставници, додека Израел ја продолжува својата војна против Хамас и покрај зголемената меѓународна осуда, пренесува новинската агенција АП. Израел започна уште една голема офанзива на територијата во последните денови, велејќи дека има за цел да врати десетици ...

Во четврток, на 22 мај, со почеток во 17 часот, во Националниот Музеј Секели, во градот Сфанту Георге во Романија ќе се одржи сликарски перформанс на македонскиот сликар Сергеј Андреевски. Целта на настапот е публиката да се доближи не само до светот на уметникот, туку и до неговата татковина, Македонија, а настанот е дел од низа активности со кои Националниот Музеј Секели годинава одбележува 150 години од формирањето. „Исклучително голема е ...

Студенти и граѓани од рано наутро ја блокираат судницата во Нови Сад, што трае од четврток, повикувајќи ги надлежните судии да дојдат во судот и да одлучат по жалбите на адвокатите на одбраната за продолжување на притворот за шесте активисти кои се обвинети за наводно поткопување на уставниот поредок на Србија и кои се во притвор повеќе од 60 дена, пренесува новинската агенција Бета. „Нема потреба да се провлекуваат низ продавниците, нека дојдат ...

Здружението „Хуманост“ информира за издавањето на книгата „Не баш тивко“, илустрирана детска книга создадена како дел од проектот „Silent“, кој има за цел да ја промовира инклузијата на глувите деца и да ја зголеми свеста за важноста на различни комуникациски методи. Од „Хуманост“ објаснуваат дека во книгата, деца како Симон и Ана, и нивните пријатели комуницираат на свој начин – било преку знаковен јазик, слух со помош на кохлеарни импланти или ...

Пратеникот Салим Сулејмани извести дека поднесува оставка од сите партиски функции во рамките на Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието на Македонија. „Одлуката да се вклучам во политиката и да се кандидирам на парламентарните избори во 2024 година се роди од длабоко чувство на одговорност и желба да донесам вистинска промена во животот на нашите граѓани. Отсекогаш сум бил убеден дека подобрувањето на општеството ...

По информацијата дека е издадено одобрение за сеча на 113 дрвја и кастрење на 303 дрвја во Градскиот парк во Скопје, иницијативата Зелен хуман град (ЗХГ) договори обиколка низ паркот заедно со Секторот за комунални работи на Град Скопје и професор на Шумарскиот факултет. „Во таа обиколка ќе се посетат засегнатите дрвја и ќе слушнеме од нивна страна зошто се обележани за сечење/кастрење, што довело до таа ситуација и што се плановите за ...

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани вчера нивни роднини и пријатели беа дел од „Маршот на ангелите“ кој се одржа во Кочани, пренесува агенцијата Мета.мк. Тие маршираа од „Паркот на револуцијата“ до судот и Обвинителството во Кочани, а побараа неселективна правда и подобри услови за лекување на повредените ...

weather icon

Скопје

40ᴼ / 40ᴼ
2.06
22%
1010
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
5.66
54%
1017
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
44%
1021
weather icon

Софија

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
24%
1013
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
2.93
20%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
0.45
52%
1020
weather icon

Атина

38ᴼ / 37ᴼ
6.26
25%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
34%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.09
32%
1013
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 35ᴼ
3.13
32%
1013
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
7.72
52%
1017
weather icon

Истанбул

34ᴼ / 32ᴼ
8.23
100%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5676

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.57

Иридиум

142424.33

Кобалт

42.99

Никел

14804.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.76

Сребро

1175.03

Злато

106811.16

Бакар

10.16

Паладиум

34915.71

Платина

44327.15

Родиум

174417.80

Цинк

2.69