Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Што е заедничко за новинарството и актерството? Дали станува збор за две различни професии или за две страни на истата приказна – раскажувањето човечки приказни? Во новата епизода на подкастот „Новинарски муабети“ на Радио МОФ гостува Енџи Николоска, новинарка и актерка која успешно ги спојува двете професии. Со Николоска разговараме за симбиозата помеѓу новинарството и актерството, за тоа која од овие две професии ѝ е попримарна, но и за ...
Перинаталното ментално здравје сè повеќе се наметнува како значајна тема во современите општествени и здравствени дискусии. Периодот на планирање семејство, бременост и рано мајчинство носи длабоки физички, емоционални и социјални промени, кои кај дел од жените може да прераснат и во сериозни психолошки потешкотии. Голем број од жените се соочуваат со стравови, притисоци и непознати појави, кои оставаат сериозна трага врз нивната психолошка ...
По повеќе од една деценија од завршувањето на култната серија со Дејвид Суше, ликот на легендарниот детектив Херкул Поаро повторно ќе се врати на малите екрани. BBC обезбеди права за нова адаптација на делата на Агата Кристи, а премиерата на серијата „Hercule“ е најавена за втората половина на 2027 година. Главната улога му е доверена на Едвард Блумел, кој на 33 години ќе стане најмладиот актер што го толкувал Поаро. Блумел е познат по ...
Жири-комисијата на НУМ Струшки вечери на поезијата го објави потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга објавена меѓу две фестивалски изданија. На конкурсот годинава биле пријавени 35 автори со вкупно 37 поетски книги. По разгледувањето на пристигнатите дела, комисијата најпрво утврдила поширок избор од десет книги, а потоа едногласно избрала пет наслови кои остануваат во конкуренција за наградата. Во потесниот ...
Македонската режисерка Дина Дума ја доби наградата „Нора Ефрон“ на Tribeca Festival за својот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, кој ја имаше светската премиера во рамки на фестивалот во Њујорк. Станува збор за специјално признание што се доделува на жена филмска авторка чија работа го отсликува духот и визијата на американската сценаристка, режисерка и писателка Нора Ефрон. Во образложението на жирито се наведува ...
Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид на 10 јуни беше промовирана книгата „Охридски преданија од иднината“ од проф. д-р Анис Сефиданис. Станува збор за двојазично македонско-англиско издание составено од 15 научнофантастични раскази кои ги преосмислуваат охридските преданија, културното наследство и препознатливите симболи на градот низ призма на далечната иднина. Книгата е создадена како резултат на соработка меѓу авторот и алатки ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница на која беа разгледани преостанатите отворени прашања во процесот на подготовка на измените и дополнувањата на Изборниот законик. На седницата, на покана на Министерството за правда, присуствуваа претставници на институциите кои претходно доставија предлози и мислења. Тие имаа можност да ги појаснат и образложат своите ставови пред членовите на Работната ...
Во Скопје од 17 до 20 јуни 2026 година ќе се одржи фестивалот на француски филм „Корзика во фокус“, кој повторно се организира по пауза од девет години. Настанот е посветен на современата француска кинематографија и ќе понуди четири значајни филмски проекции, како и средби со автори и актери. Свеченото отворање е закажано за 17 јуни во 19:00 часот во киното Синеплекс со проекција на филмот „Кралство“ (Le Royaume) на Жилиен Колона, по што ќе ...
Проектот „Музичка Фабрика“ е насочен кон создавање и промоција на современа македонска детска музика, со акцент на поддршка на домашната авторска продукција и развој на млади музички таленти. Во рамки на проектот бил организиран аудициски процес преку кој биле избрани деца од повеќе градови во Македонија. По изборот, учесниците поминале низ вокална подготовка, работа на интерпретација и снимање на музички композиции. Според организаторите, ...
Министерството за образование и наука подготвува законско решение со кое дел од најуспешните студенти ќе добијат предност при вработување на државните универзитети како наставно-научен кадар. Ова за Радио МОФ го соопшти Давор Политов, државен советник за односи со јавност и протокол во Министерството за образование и наука, одговарајќи на прашања поврзани со реализацијата на мерките од Програмата за работа на Владата за периодот 2024–2028 ...
Во јавноста најчесто се зборува за медицинскиот аспект на неплодноста, но многу поретко за социјалните, психолошките и професионалните предизвици со кои се соочуваат жените и паровите кои минуваат низ ИВФ процесот. Според Деспина Петровска, претседателка на здружението „До бебе по пат на ИВФ“, токму професионалниот аспект е една од најзапоставените теми. Деспина Петровска, претседателка на Здружението „До бебе по пат на ИВФ“ „Жените се оние ...
Во „Среќа бар“ во Скопје беше промовиран новиот роман „Џилиан“ на авторот Агрон Усеини, објавен во издание на „Антолог“. Станува збор за трето книжевно дело на Усеини, со кое по фантастичниот серијал „Овириум“ се насочува кон жанр што ги спојува драмата, мистеријата и егзистенцијалните прашања. Романот ја следи приказната на Џилиан, жена која по добивањето дијагноза за неизлечлив канцер се соочува со низа необјасниви настани што го менуваат ...
Промоција на новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе се одржи на 16 јуни во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје, со почеток во 20 часот. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а на промоцијата ќе говорат Лидија Капушевска Дракулевска, Биљана Стојановска и Оливера Ќорвезироска. „Длабок простор“ е десетта поетска збирка на Зоран Анчевски и претставува ново продолжение на ...
Документарниот филм „Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска е добитник на FIPRESCI наградата на 66. издание на Филмскиот фестивал во Краков, Полска. Наградата ја доделува Меѓународната федерација на филмски критичари (FIPRESCI), организација што ги обединува филмските критичари од повеќе земји во светот. Според организаторите, признанието се доделува на филмови кои се издвојуваат по својот авторски пристап и филмски израз. Со оваа ...
Иницијативата „Еден појас, еден пат“ претставува долгорочна глобална стратегија на Народна Република Кина, преку која Пекинг, со примена на инвестиции и заеми, има за цел да ја поврзе Кина со остатокот од светот и да го зајакне своето економско и политичко влијание. Токму ова влијание станува сè повидливо во Босна и Херцеговина во последниве години. БиХ формално станува дел од тој проект во 2017 година, кога во Пекинг e потпишан Меморандумот ...
Започна снимањето на новиот краткометражен игран филм „Врзани“, во режија на Сара Климоска, а во продукција на Унита Филм. Филмот ја раскажува приказната за Ева, млада жена која се наоѓа растргната помеѓу грижата за својата болна и контролирачка мајка и желбата конечно да започне да го живее сопствениот живот. Кога неочекуван сплет на околности ќе ја доведе пред навидум невозможна одлука, таа е принудена да се соочи со прашањата за љубовта, ...
И покрај напредокот во законите и политиките за родова еднаквост, родовите предрасуди и натаму остануваат сериозна пречка за еднаквите можности на жените, покажуваат податоците од Gender Social Norms Index 2023 на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). Според истражувањето, кое опфаќа 80 земји и повеќе од 85 отсто од светското население, дури 84,6 проценти од луѓето имаат најмалку една родова предрасуда кон жените. Напредокот во ...
Во Лапидариумот на НУ Музеј во Куманово, утре (11 јуни) со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Ништо нормално“ од македонската писателка Симона Јованоска, во издание на Или-Или. За книгата ќе разговара авторката, а промоторка на настанот ќе биде Наташа Атанасовска, една од основачките на читателскиот клуб во Куманово, кој активно функционира веќе 15 години. „Ништо нормално“, објавена во март годинава, предизвика ...
Македонското музичко дуо „Алембик“ на 11 јуни ќе го промовира својот втор студиски албум „Без никого да удриш“ со концерт во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот ќе започне во 20 часот. „Алембик“ го сочинуваат Ива Дамјановски, која свири клавијатури и теремин и е вокалистка на составот, и Виктор Танасковски, гитарист и вокал. Нивниот прв, истоимен албум беше објавен во 2022 година и тематски се занимаваше со ...
Првата асоцијација за Нина Ангеловска – Станков, е брендот Групер кој до пред неколку години го освојуваше македонскиот пазар. Нејзината успешна претприемачка кариера ја поврза со политиката, поточно со функцијата министерка за финансии. Ангеловска – Станков ги освои симпатиите на македонската јавност кога покажа завидно ниво на менаџерски способности станувајќи најмладиот министер за финансии во историјата на Македонија. Но зад тие јавни ...
Во пресрет на најавениот ребаланс на Буџетот 2026 та веќе е извесно дека економскиот раст ќе биде понизок од сега планираниот на ниво од 3,8%, пишува Порталб. Извесно е дека и инфлацијата ќе биде значајно повисока во однос на сегашниот план. Јавниот долг кој на крајот на 2025 та надмина 10 000 000 000 евра , во апсолутен износ ќе се зголемува. Јавен долг над 61%, инфлација од 4,5% Економскиот раст за годинава и следната година веќе е „стопен“ ...
Учеството на младите на возраст од 18 до 24 години кои предвреме го напуштаат образованието и обуките во Европската Унија во 2025 година изнесувало 9,1 процент, покажуваат најновите податоци на Евростат. Со тоа, ЕУ е многу блиску до целта до 2030 година оваа стапка да се намали под 9 проценти. Во последната деценија е забележан континуиран пад на бројот на млади кои се откажуваат од образованието. Во 2015 година нивниот удел изнесувал 11 ...
Монографијата „Исповед за акварелот“, посветена на повеќедецениското творештво на ликовната уметница Снежана Илиева, ќе биде промовирана утре, 9 јуни, во 18 часот во Порта Македонија. Изданието претставува своевиден пресек на повеќе од три децении творење во техниката акварел и го одбележува јубилејот – 25 години од нејзината прва самостојна изложба во Струмица, реализирана во 2001 година. Монографијата содржи лични записи на авторката, ...
На 17 јуни со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведен балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, поставен во два чина и инспириран од истоимениот роман на францускиот писател Гистав Флобер. Претставата ја обработува приказната за Ема Бовари, жена која се соочува со судирот меѓу сопствените соништа, желбата за страст и слобода и ограничувањата што ги наметнува општеството. Темата, иако сместена во 19 век, и ...
Дејан Дуковски, автор во фокус на 60. јубилејно издание на фестивалот, ќе биде во фокус на програмата на фестивалот денеска.Програмата во негова чест ќе започне во 18 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, со краток настап на студенти на ФДУ, кои работеа со режисерката Шенај Мандак. Ќе следува отворање на изложба на постери од претстави поставени според драмските текстови на Дуковски по цел свет. Авторка на изложбата е ...
Преполна сала, долги овации и силни емоции ја одбележаа изведбата на современата танцова претстава „АЈДЕ!“ во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Големиот интерес на публиката резултираше со целосно исполнета сала на Загрепскиот танцов центар, што претставува уште една потврда за растечкиот интерес за македонската современа уметност и култура во Хрватска. Публиката уживаше во впечатливата и моќна танцова ...
Летното кино под отворено небо „Мирно лето“ вчера во 20:30 часот ја отвори својата овогодишна програма во дворот на Кинотеката. На првата проекција публиката имаше можност да ги проследи македонските филмови „Време, води“ во режија на Бранко Гапо и „Црвениот коњ“ на Столе Попов. Програмата „Мирно лето“ традиционално се одржува во текот на летните месеци и нуди можност љубителите на филмската уметност да уживаат во проекции под отворено небо. ...
Луѓето кои јадат три порции помфрит неделно имаат околу 20 отсто поголем ризик да развијат дијабетес тип 2, покажува ново истражување објавено во списанието The BMJ. Научниците анализирале податоци од повеќе од 205.000 возрасни лица во период од речиси 40 години. Од друга страна, варениот, печениот и пире-компирот не биле поврзани со значително зголемен ризик од дијабетес. Истражувањето покажало и дека замената на компирот со интегрални ...
Алумни заедницата на Економски факултет – Скопје и оваа година продолжува да ги поврзува поранешните студенти преку настани што го негуваат чувството на припадност и заедништво. Во таа насока, факултетот организира семеен настан под наслов „Каде учеле мама и тато“, наменет за сите алумни и нивните најмили. Настанот има за цел да им овозможи на поранешните студенти повторно да се потсетат на своите факултетски денови, но и да им покажат на ...
Меѓународно признатиот перформанс „Без извинувања!“ на британската уметница Ема Франкланд ќе биде изведен утре во Драмски театар Скопје. Настанот е организиран од Хартефакт во соработка со Викендот на гордоста во Скопје и Коалиција МАРГИНИ, како дел од балканската турнеја на проектот. Инспириран од легендарниот акустичен концерт на групата „Нирвана“ од 1993 година, перформансот ги спојува театарот, музиката и личното сведоштво во едно сценско ...