Менструалната сиромаштија во Македонија и понатаму останува сериозен проблем, а суштински подобрувања речиси и да нема, покажува најновото истражување на „Новинари за човекови права“, спроведено на 2.700 испитанички. Организацијата веќе 15 години ја следи состојбата со пристапот до менструални производи и на секои две години објавува извештаи за менструалната сиромаштија. „Ова ни е петти извештај што го правиме. Секоја втора година правиме ...

Во Скопје денеска ќе биде отворен 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026, кој годинава се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Свеченото отворање ќе се одржи во Амфитеатарот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а во рамки на настанот е предвидена воведна сесија и панел-дискусија на тема „250 години подоцна: Демократијата, културната моќ и ...

Во Македонија со мултипла склероза (МС) живеат околу 2.500 лица, а секоја година се дијагностицираат приближно 100 нови пациенти. Иако медицината бележи напредок во третманот на болеста, лицата со МС и понатаму се соочуваат со бројни предизвици, од доцна дијагностика и ограничен пристап до терапија, до стигматизација во општеството. Ова го посочува Ана Карајанова Димитрушева, претседателка на Националното здружение за помош и поддршка на лица ...

Новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, „Горчлив Божиќ“, ќе има премиера во кината низ земјава на 28 мај, откако претходно ќе биде прикажан во натпреварувачката програма на годинашното издание на Кански филмски фестивал. Шест години по филмот „Болка и слава“, Алмодовар повторно се враќа во Кан со ново остварување, а по неговиот прв игран филм на англиски јазик „Следната соба“, овојпат повторно снима во Шпанија и работи со дел од ...

Денес во просторот на старата Учителска школа во Општина Центар, ќе се одржи мултимедијалниот театрско-танцов перформанс „Зад прозорецот“, кој преку физички театар, аудио записи, фотографии и дигитални медиуми ги отвора прашањата за отуѓеноста, тишината и емоционалната дистанца во современите партнерски односи. Организаторите велат дека перформансот е замислен како отворен простор низ кој публиката може слободно да се движи во периодот од 19 ...

Во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, на 1 јуни со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Вибрантни идентитети – кога глината и дигиталната уметност зборуваат заедно“, проект поддржан од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес за 2026 година. Изложбата претставува спој на традиционалните уметнички форми и современиот дигитален израз, преку кој авторката истражува различни визуелни и идентитетски ...

Планинарскиот клуб „Љуботен“ годинава го организира 44. традиционално искачување на Титов Врв. Овој настан е еден од најпрепознатливите и најмасовни помеѓу планинарската заедница во Македонија. Настанот се одржува во година кога клубот одбележува јубилеј имено, 101 година од своето основање. Планинарскиот клуб „Љуботен“ со своите активности и настани, успева да ги поттикне младите на здрави животни навики и да им ја вгради љубовта кон ...

Во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонијата, вчера беше отворена самостојната изложба „Под кревет“ на младата уметница Ангела Бошевска, во организација на Центар за современи уметности Скопје. Изложбата претставува личен и универзален концепт што ги истражува потиснатите аспекти на човековата личност – емоциите, мемориите, желбите, стравовите, траумите, носталгијата, срамот и љубовта, кои со текот на времето стануваат болни или ...

Само три ЈП формирани од Град Скопје, ЈСП, Водовод и канализација и Комунална хигиена, оваа година ја почнаа со вкупен доспеан а неплатен долг во износ од скоро 36 000 000 евра, пишува Порталб. На новата листа на Министерството за финансии на која се рангирани 900 должници, општините и ЈП формирани од општините и натаму котираат високо, со обврски што се бројат во милиони евра. Доспеани а неплатени обврски на Тетово, Гостивар, Сарај, Чаир, ...

Во чест на 95 години од раѓањето на академикот Анте Поповски, од 3 до 6 јуни во Кинотека на РС Македонија ќе се одржи филмски омаж посветен на неговото творештво и придонес во македонската кинематографија. Настанот се реализира во соработка со Здружение за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“. Програмата има цел да ја доближи до јавноста помалку познатата, но значајна улога на Анте Поповски како сценарист и продуцент на повеќе ...

Кога Васил Божакалиев првпат го гледал филмот „Кабаре“ на Боб Фоси со Лајза Минели, не ни претпоставувал дека години подоцна токму таа форма ќе стане јадрото на неговото авторско дело „Кабарé Иммортале“. Денес, тој ја опишува книгата како алегорија за животот и смртта, психолошко кабаре во кое се мешаат поезија, проза, драма, музика, траума, сарказам и катарза. „Насловот се роди прв“, вели Божакалиев, објаснувајќи дека инспирацијата дошла од ...

По триумфот на романскиот режисер Кристијан Мунѓу со филмот „Фјорд“, заврши овогодинешното издание на Кански филмски фестивал, кое донесе неколку неочекувани одлуки и рекорден број добитници во главните категории. Во осум стандардни категории беа распределени дури единаесет награди, а дел од признанијата беа поделени меѓу повеќе режисери и актери. „Фјорд“ ја освои престижната Златна палма, а покрај неа ги доби и наградите ФИПРЕСЦИ и на ...

Ново глобално истражување објавено во научното списание Јавно здравје покажува дека дебелината во богатите земји главно се стабилизира или благо опаѓа, додека во земјите со ниски и средни приходи продолжува брзо да расте. Студијата, објавена во списанието Nature, анализирала податоци од повеќе од 232 милиони луѓе во 200 држави во периодот од 1980 до 2024 година. Истражувачите посочуваат дека дебелината повеќе не може да се разгледува како ...

Нова американска студија покажала дека таканаречените „вечни хемикалии“, познати како ПФАС супстанци, биле пронајдени во дури 98,8 проценти од анализираните примероци од човечка крв. Научниците предупредуваат дека овие материи се широко распространети во животната средина и секојдневниот живот. ПФАС, односно перфлуороалкилни и полифлуороалкилни супстанци, опфаќаат повеќе од 15.000 различни хемикалии што со години се користат во индустријата ...

Сè поголем број млади во Велика Британија се чувствуваат неподготвени за вработување и иднината по завршување на образованието, покажува нов извештај пренесен од The Guardian. Според анализата, речиси еден милион млади луѓе во земјата не се вработени, не се школуваат и не посетуваат обуки. Поранешниот советник на британската Лабуристичка партија, Питер Хајман, предупредува дека образовниот систем кај дел од младите создава чувство на ...

Независниот театар Штрих на 30 и 31 мај во Јавна Соба ќе ја изведе премиерата на претставата „Првиот Македонец во вселената“, авторски проект на Борис Василески. Претставите ќе започнат во 20 часот, а билетите се достапни преку платформата Tix.mk по цена од 600 денари. Станува збор за петта продукција на независниот театар „Штрих“, која преку елементи на научна фантастика отвора прашања за амбицијата, осаменоста, невидливоста и потребата ...

Во Братислава се одржува групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, на која со свои дела се претставуваат современите визуелни уметници Ангел Коруновски, Ана Митевска, Александра Костадиновска и Лазе Трипков. Изложбата обединува различни форми на современ визуелен израз – фотографија, сликарство, дизајн, скулптура и мултимедијална уметност, а нејзина централна тема е делото на Светите Кирил и Методиј и ...

Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ се вклучува во борба за зачувување на книгата во ерата на дигиталните алгоритми. По повод 24 Мај, денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, во Штип се одржа третото стручно советување на тема „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата“. Настанот, организиран помеѓу Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, ...

Еднодневна креативна работилница за жени посветена на креативното пишување, личниот развој и истражувањето на сопствениот глас ќе се одржи на 27 мај 2026 година со почеток во 17 часот во Салон „Империјал 2“, во организација на авторката и менторка Ксенија Николова. Работилницата е наменета за жени кои сакаат преку практични вежби за креативно пишување подобро да се запознаат себеси, да го истражат сопствениот наратив и да ја препознаат ...

Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ и Охридски театар на 24 мај премиерно ќе ја изведат детската претстава „Кловн“, во режија на Ѓорги Ризески. Претставата е работена по текст на Кристина Тодороска Петреска, инспириран од делото „Се бара стар Кловн“ на Матеј Висниек. Во актерската екипа се Андријана Тодороска Билаловиќ, Павел Маслов и Билјана Велјаноска Билаловиќ, додека костимографијата и дизајнот се дело на Моника Гачева. ...

Бројот на луѓе кои живеат со ментални нарушувања речиси се удвоил во последните 30 години, главно поради наглиот пораст на анксиозноста и депресијата ширум светот, покажува нова студија објавена во медицинското списание Лансет, како дел од Истражувањето за глобалниот товар на болести за 2023 година. Според анализата, околу 1,2 милијарди луѓе живееле со некаква ментална состојба во 2023 година. Тоа претставува зголемување од 95 проценти во ...

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска во Ректоратот ќе одбележи 77 години од своето основање и патрониот празник – 24 Мај, Денот на светите Кирил и Методиј, со свечена пригода на која ќе присуствуваат претставници на академската заедница, институции и гости. На свеченоста е најавено присуство и на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Со настанот ќе биде одбележано значењето на светите браќа Кирил и Методиј за ...

Издавачката куќа Антолог го објави македонскиот превод на романот „Колач со лимон и афион“ од современата шпанска писателка Кристина Кампос, во превод од шпански јазик на Виолета Јагев. Од издавачката куќа велат дека романот претставува емотивна приказна за семејството, сестринската поврзаност, простувањето и вторите шанси. Дејството е сместено на островот Мајорка и ги следи сестрите Анна и Марина, кои повторно се среќаваат по долгогодишна ...

Вечерва во Младински културен центар официјално ќе биде отворено 16. издание на Филозофски филмски фестивал. Настанот ќе започне со проекција на филмот „Друг крај“ (2024) на италијанскиот режисер Пјеро Месина, а по проекцијата ќе следува концерт на составот Галактик ефенди. Проекцијата ќе започне во 20 часот во МКЦ, а филмот е дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови. „Друг крај“ претставува дистописка приказна која замислува ...

Вредноста на минималната синдикална кошничка за мај 2026 година во Македонија достигнува 68.743 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија. Ова претставува мало намалување од 54,00 денари во споредба со минатиот месец. Според објавените податоци, структурата на месечните трошоци за едно семејство вклучува најголемо учество за храна и пијалоци односно 25.475 денари или 37 отсто. Кога станува збор за трошоците за изнајмен стан од 60 ...

Годишната инфлација во еврозоната во април 2026 година достигнала 3,0 отсто, што претставува раст во однос на март кога изнесувала 2,6 проценти, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во истиот период минатата година, инфлацијата во еврозоната била 2,2 проценти. На ниво на Европската Унија, годишната инфлација во април изнесувала 3,2 проценти, додека во март била 2,8 проценти. Во април 2025 година, стапката на инфлација во ЕУ изнесувала ...

Издавачката куќа Или-Или деновиве го објави македонскиот превод на романот „Мистеријата на обезглавената жена“ од белгиската писателка и новинарка Миријам Лероа. Како и претходниот нејзин роман „Црвените очи“, и ова издание е преведено од француски јазик од Светлана Јовановска. Според фабулата романот започнува со случајно откривање на гробот на жена по име Марина Шафров, на кој е запишано дека била обезглавена во 1942 година. Овој настан ја ...

Во среда, на 20 мај со почеток во 20 часот, во КСП Центар-Јадро ќе се одржи промоција и критичка дискусија по повод објавувањето на антологијата „Contemporary Art in the Post-Yugoslav Space: Case Studies in Hauntology“, издадена од Routledge Books во Њујорк и Лондон во 2025 година. Уредена од Џон Блеквуд и Јасмина Тумбас, книгата се занимава со културните и материјалните наследства на југословенскиот социјалистички период и нивните ...

Во Братислава на 27 мај ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, инспирирана од духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј, глаголицата и словенската писменост. Изложбата преку современ визуелен израз воспоставува дијалог меѓу традицијата и современата уметност, обединувајќи различни медиуми и авторски пристапи. Пред посетителите ќе бидат претставени ...

Нина Ангеловска Станков ќе ја објави книгата „Ништо случајно“ во издание на Издавачки центар ТРИ. Книгата е веќе достапна во претпродажба, а официјалната промоција е најавена за 3 јуни. Ангеловска Станков е коосновач на платформата „Grouper.mk“, доктор на науки и поранешна министерка за финансии. Во книгата таа пишува за својот професионален и личен пат, од развојот на бизнисот и работата во јавниот сектор, до искуствата поврзани со ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.23
46%
1019
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
3.13
59%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.66
60%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.79
64%
1022
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.84
48%
1019
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.32
83%
1019
weather icon

Атина

24ᴼ / 24ᴼ
3.53
50%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.95
51%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.66
54%
1017
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
1.64
54%
1019
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.79
45%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
5.29
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Платина

51923.46

Паладиум

38195.09

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Иридиум

233896.68

Бакар

12.33

Кобалт

56.29

Калај

50.56

Злато

131072.82

Рутениум

49029.89

Родиум

249168.29

Алуминиум

3.20