Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од македонскиот писател и сликар Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни со почеток во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. За книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе зборуваат Ангелина Бановиќ-Марковска, Ненад Јолдески и Оливера Ќорвезироска. „Понекогаш се враќаат“ е шестиот роман на Дурацовски и обработува теми поврзани со ...
На сцената на Загрепскиот танцов центар вечерва ќе биде изведена танцовата претстава „АЈДЕ!“, во кореографија на македонските уметници Игор Киров и Бојан Мицев, во продукција на Motion Network. Настанот е дел од годишната програма на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Претставата е инспирирана од ромската култура и традиција, а преку современ танцов израз обработува теми поврзани со љубовта, слободата, припадноста и ...
Лана и Лара Спасовска од Куманово се сестри кои активно тренираат фудбал и веќе имаат освоено повеќе признанија на локални и национални турнири. Иако играат на различни позиции, едната како напаѓач, а другата како дефанзивец, фудбалот е нивна заедничка проекција за изгледот на иднината. Иако ученички, во своите млади години, имаат јасни амбиции и точно знаат каде сакаат да бидат за пет години отсега. Фудбалот, велат е спорт на дисциплина и ...
На 6 јуни (сабота), со почеток од 9 часот, учениците кои пријавиле полагање државна матура ќе го полагаат првиот екстерен предмет. Пријавените кандидати ќе ги полагаат тестовите по англиски, германски, француски, италијански и руски јазик, како и по математика (зависно кој што одбрал). Истиот ден, учениците кои пријавиле државна стручна матура, ќе полагаат англиски јазик и математика, а матурантите кои пријавиле уметничка матура ќе полагаат ...
Во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, на 9 јуни 2026 година, со почеток во 19:19 часот во Салон 19:19, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Нервозна сум“ од авторката Стефанија Граовац, во издание на издавачката куќа „Темплум“. Промотор на книгата ќе биде Никола Гелевски, а настанот ќе го модерира Љупка Евроска. „Нервозна сум“ е дебитантска стихозбирка на Граовац и содржи 77 песни распоредени во пет циклуси: „Нервозна сум!“, ...
Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Скопје на 4 јуни ќе одбележи значаен јубилеј 20 години постоење, развој и посветеност на уметничкото образование, преку изложбата насловена „20 години Факултет за арт и дизајн“. Изложбата ќе биде отворена во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје и ќе претстави пресек на креативното творештво што се развивало на факултетот во изминатите две децении. Пред посетителите ќе ...
Со двојна премиера на претставата „Оркестар Титаник“ од бугарскиот драмски автор Христо Бојчев, во режија на Андреј Цветановски, Народниот театар Охрид ќе одбележи 15 години од своето формирање како дел од Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Премиерната изведба ќе се одржи на 3 јуни, а охридската публика ќе има можност претставата повторно да ја погледне и на 5 јуни со почеток во 20 часот. Во претставата ...
На Меѓународниот ден на детето, во присуство на деца, автори, на книжевници и на читатели од сите генерации, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ вчеравечер (1 јуни) се одржа свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата му беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“. На настанот, покрај врачувањето на признанието за најдобар необјавен роман за ...
Популарниот домашен дух Финик повторно се враќа на големото платно. Дистрибутерската куќа MCF MKD најави дека синхронизираната анимација „Авантурите на Финик 2“ ќе започне да се прикажува во кината низ Македонија од 11 јуни 2026 година. По успехот на првиот филм, новото продолжение носи уште повеќе хумор, акција и возбудливи авантури за најмладите, но и за целото семејство. Во новата приказна, палавиот домашен дух Финик ненамерно буди древна ...
Наставници, едукатори и сите заинтересирани за иднината на образованието ќе имаат можност да се запознаат со практичната примена на вештачката интелигенција во наставата на презентацијата „ВИ писменост за наставници: локални јазици, етичка употреба и практична поддршка во наставата“, која ќе се одржи на 5 јуни од 16 до 18 часот во Амфитеатарот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје. Настанот е дел од ...
На 29 мај со почеток во 19 часот во галеријата на културниот центар Balkan Heritage во Будимпешта беше отворена изложбата „Синило“ од македонската уметница Јелена Белиќ. „Синило” е изложба на цртежи со пенкало, на Јелена Белиќ – архитект, фотограф и цртач. За нивната изработка користена е специфичната техника наречена “длабински цртеж”, која претставува начин на цртање што вклучува несвесен интуитивен пристап и асоцијативен развој на цртежот. ...
Кинотеката доби значителна финансиска донација од специјалистичката дијагностичка лабораторија „Авицена“, која ќе овозможи откуп на филмски материјал од историско и општествено значење за државата. Соработката меѓу приватниот сектор и националната културна институција ќе биде официјално претставена на прес-конференција што ќе се одржи во среда во 12 часот во Порта Македонија во Скопје. Средствата ќе бидат искористени за откуп на филмски ...
Книгата „Ништо не е случајно“ од Нина Ангеловска Станков ќе биде промовирана утре, 3 јуни, со почеток во 18:30 часот во „Три кичен бар“ во Скопје. Станува збор за издание на Издавачкиот центар ТРИ. На промоцијата ќе зборува авторката, која во книгата пишува за своите искуства поврзани со бизнисот, политиката, лидерството, мајчинството и личниот развој. Според најавата од издавачот, делото претставува лично сведоштво за различни периоди од ...
Македонскиот писател Иван Шопов со романот „Зентрифуга“ (Бегемот, 2024) беше дел од потесниот избор за Европската награда за литература (EU Prize for Literature – EUPL) за 2026 година, чие годинешно издание се одржа од 27 до 30 мај во рамки на Саемот на книгата во Варшава. Под мотото „Приказни што поминуваат граници“ беа претставени 14 дела од автори од 14 европски земји, меѓу кои и Македонија. Шопов ја претстави „Зентрифуга“ во разговор со ...
Нецели 30% реализација на капиталните расходи за урбанистичко планирање, само 8,2% остварување на инвестициите во јавниот превоз. Јавните инвестиции во секторите кои треба да го подобрат квалитетот на животот , водоводна инфраструктура, депонии, енергетска ефикасност, се остварени со околу 50% или помалку, пишува Порталб. Во 2025 та , и покрај финансиската инјекција од Унгарскиот кредити, општините со “лазечко темпо“ ги реализирале поважните ...
КСП Центар Јадро во јуни подготвува разновидна културна програма со концерти, изложби, книжевни настани, предавања, филмски проекции и работилници. Меѓу позначајните настани е концертот на Џез хорот „Артизан“ на 1 јуни, како и промоцијата на книгата „Женска работа: Современиот вез во земјите од поранешна Југославија“ проследена со изложба на дела од македонски автори на 4 јуни. Во рамки на програмата ќе гостува и уругвајско-американската ...
Анемијата останува еден од најчестите здравствени проблеми кај жените во репродуктивниот период, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Најчеста причина е недостатокот на железо, минерал неопходен за создавање на хемоглобин и пренос на кислород низ организмот, покажува истражувањето на Мејо клиника. Најраспространета е сидеропеничната анемија, која се развива поради недоволни резерви на железо. Симптомите најчесто ...
Бројот на пријави за нелегални содржини на интернет поврзани со сексуална злоупотреба и експлоатација на деца продолжува да расте во Европа, покажуваат најновите податоци на организациите што се занимаваат со заштита на децата во дигиталната средина, пренесува Јуроњус. Според извештаите, во 2025 година биле регистрирани повеќе од 4,5 милиони пријави за потенцијално нелегална онлајн содржина, при што повеќе од половина се однесувале на ...
Во Културно-информативниот центар во Скопје на 5 јуни, со почеток во 19 часот, во Салон „Империјал 2“ ќе се одржи промоција на книгата „Од Црвенкапа до Џинџуџе“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на издавачката куќа „Панили“. Книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, која под менторство на Мојсова-Чепишевска работела магистерски труд посветен на ...
Македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, ќе биде прикажан на годинашното издание на фестивалот Трајбека (Tribeca Festival), кој ќе се одржи од 3 до 14 јуни во Њујорк. Филмот е селектиран во програмата International Narrative Competition, која е меѓународна натпреварувачка категорија на фестивалот. Трајбека е основан во 2002 година, а меѓу неговите основачи е и актерот Роберт Де Ниро. Фестивалот беше ...
ОФФест годинава го одбележува своето 25-то издание. Во текот на изминатите години на фестивалот настапиле десетици музичари од различни делови на светот, поради што фестивалот е препознаен како простор каде публиката се запознава со музички традиции, современи изрази и општествени теми од различни културни контексти. Во пресрет на јубилејното издание, Ален Хаџи-Стефанов од Скопскиот џез фестивал во интервју за Радио МОФ, зборува за развојот ...
Издавачката куќа „Антолог“ го објави конкурсот за наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик за 2026 година. Годинава конкурсот е посветен на поетски преводни дела, вклучувајќи поезија за возрасни и деца, како и драми во стих. Право на учество имаат книги објавени во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2026 година. Според условите на конкурсот, делата треба да бидат преведени директно од оригиналниот јазик. Може да се номинираат ...
Министерството за култура и туризам реагираше на критиките во јавноста поврзани со одлуката за финансиска поддршка на документарниот филм „Слушни ме“, нагласувајќи дека станува збор за проект со значајна општествена и едукативна димензија. Според Министерството, филмот не е фокусиран исклучиво на музичката кариера на раперот Слаткаристика, туку преку неговата лична приказна ја обработува темата за говорните и комуникациските потешкотии кај ...
На 4 јуни, со почеток во 20:00 часот, во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар, со кој ќе биде отворено првото издание на JAZZ STReam Festival. Публиката ќе има можност да ужива во моќниот звук на биг бенд оркестарот во живо, под диригентство на маестро Џијан Емин. Ова ќе биде прво гостување на Националниот џез оркестар во Струмица и почеток на JAZZ STReam Festival – ...
Во сабота, на 30 мај, со почеток во 17 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе се одржи инклузивна промоција на сликовницата „Големиот сон“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко, со илустрации на Алексеј Костовски. На промоцијата како специјални гости ќе настапат Дац и Александар, инспирацијата за главниот лик во сликовницата, Ана Витанова, како и Марија Савеска. Пред присутните, авторот Јанкуловски и ...
Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во Македонија покажува дека нездравите опции за храна и пијалаци се широко достапни и агресивно се промовираат во и околу училиштата, додека здравите избори остануваат ограничени. Проценката е спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со поддршка на УНИЦЕФ, а во неа биле опфатени 40 основни и ...
Нови анализи отвораат сомнежи околу староста на некои од најпознатите пештерски цртежи во светот, предупредуваат истражувачи кои сметаат дека методата што најчесто се користи за нивно датирање може да дава значително постари резултати. Во изминатите години научници објавија процени според кои одредени пештерски цртежи во Индонезија се стари повеќе од 50.000 години, а отпечатоци од раце дури и околу 67.800 години. Овие старости главно се ...
Кинотеката на Македонија ја објави програмата за јуни 2026 година, во која се вклучени класични македонски филмови, современи остварувања и филмски омаж по повод 95 години од раѓањето на поетот Анте Поповски. Во програмата се најавени проекции на филмовите „Ах, љубов моја“ на Коле Ангеловски и „Три Ани“ на Бранко Бауер, како и повеќе филмови поврзани со творештвото на Анте Поповски. Меѓу нив е и краткиот документарен филм „Дае“ на Столе ...
Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ од Ванчо Полазаревски ќе се одржат на 1 јуни, со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. Настанот се организира на Меѓународниот ден на детето и ќе го одбележи врачувањето на признанието за најдобар необјавен роман за деца и млади, награда што го носи ...
Честото користење на социјални мрежи може да придонесе за пад на благосостојбата кај младите, особено кај девојчињата, покажува најновиот Извештај на среќа во светски рамки, објавен од глобален тим истражувачи предводени од Универзитетот Оксфорд. Истражувањето се базира на податоци од меѓународни студии и укажува дека младите кои поминуваат повеќе од пет часа дневно на социјални мрежи пријавуваат пониско животно задоволство и полоша ...