Десеттото издание на КРИК фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, продолжува со критичкото промислување на овогодишната тема „Преобразба“. Есенското издание почнува со предавањето на провокативниот и поттикнувачки германско/хрватски филозоф и теоретичар на социо-културните деликатни и актуелни случувања и теми, Борис Буден. На 30 септември (вторник) со почеток во 19 часот, во Националната Галерија, Чифте Амам, Борис ...

Во киното „Фросина“ во МКЦ во Скопје вчера беше отворен 13. „Џифони Македонија“ – Филмскиот фестивал за млади кој се одржува до 1 октомври и во него ќе учествуваат над 400 младинци. Амбасадор на Италија во земјава, Паоло Палминтери, на синоќешното свеченото отворање рече дека фестивалот „Џифони Македонија“ е посебен, затоа што ги става младите во центарот на вниманието, правејќи ги вистински учесници. „’Џифони’ се роди во Италија пред повеќе ...

Во Струга се одржа протест против загадувањето на воздухот од депонијата. Од иницијативата Зелена народна стража посочуваат дека ова не е само протест против загадениот воздух, туку борба против дводецениското труење на стружани и околните жители. „Депонијата во Струга е една од најопасните депонии во Македонија, која со токсични гасови и тешки метали, освен воздухот, ја загадува и почвата и реката Црн Дрим. Секоја година се фрла повеќе од ...

Верувам дека сите имаме моменти кога целосно се дисконектираме со луѓето и нештата што се случуваат околу нас. Живееме во свет на брз и предвидлив живот, каде што многу често забораваме дека интимните моменти не се тие кои ние детално ги планираме, за да може на крајот да сме задоволни дека нешто точно испаднало како што сме го замислиле. Туку тие, баш спротивно на тоа, се нештата што не’ приврзуваат со луѓето што се присутни во моментот и ...

Комисијата за студентски стандард и комисијата за дигитализација при Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј (УКИМ) преку прес-конференција објавија јавна иницијатива за унапредување на процесот за сместување во државните студентски домови. „Со ова, бараме воведување на дигитализирано решение кое ќе обезбеди правичност, транспарентност и ефикасност при распределувањето на соби и цимери, како и ...

Сојузот за младинска работа (СМР) објави јавен повик за прибирање средства за стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“, наменета за последипломски студии по младинска работа на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Стипендијата е востановена во чест на Билјана Василевска Трајкоска – истакната активистка и лидерка во областа на младинската работа, која со својата визија, посветеност и енергија даде ...

Фестивалот за европска литература „Букстар“ (BookStar) почетокот на своето единаесетто издание ќе го означи во понеделник, 29 септември, во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје со почеток во 19.30 часот, а ќе трае до 2 октомври. Главните настани ќе се одвиваат во КИЦ, меѓутоа дел од програмата ќе се одвива и на други локации. Годинашниот фестивалски слоган гласи „За писателцките работи“, а својот корен го има во делото на Крсте ...

Истражувачката активност е основен столб на развојот на науката и напредокот на општеството. Истражувачите имаат клучна улога во создавањето нови знаења преку систематски и квалитетни истражувања, кои мора да бидат достапни и проверливи преку објавување во рецензирани научни списанија. Тоа ја зголемува видливоста на истражувачите и ја афирмира научната репутација на институциите, што е од пресудно значење за унапредување на академската ...

Изложбата „Art Beyond Ink“ ќе се отвори на 26 септември со почеток во 19 часот во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „’Art Beyond Ink’ претставува динамична изложба во која учествуваат повеке автори со различни пристапи и медиуми. Во соработка со Младинскиот културен центар, под водство на организаторите Симона М.Новаковиќ и Петар Мильковиќ, проектот го нагласува значењето на колективното творење и размената на идеи“, ...

Тринаесеттото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе се одржи од 26 септември до 1 октомври во Младинскиот културен центар и во Кинотеката. Утревечер, фестивалот ќе го отвори амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери во 20 часот, во киното „Фросина“, а потоа ќе биде прикажан филмот „Засекогаш со тебе“ (Io non ti lascio solo) на режисерот Фабрицио Катани. Овој филм неодамна ја имаше светската премиера на ...

Убавината на неофицијалните фестивали е немањето лимит. Никаде не се брза, и сѐ се случува во свое време, а кога мора да се држиме до правилата во градските агенди, ретко е да се слушнат вакви концерти во доцните часови. Во Стровија, бидејќи не пречевме на никој и ја изгубивме перцепцијата за време, сѐ изгледаше поинаку. Иако во природа времето тече различно отколку во градот, нашите тела навикнати на хаос го чувствуваат контрастот, затоа ...

КСП Центар-Јадро од денес (четврток, 25 септември), па до сабота (27 септември) ќе го организира „Маалски фестивал 4.0“. Настаните ќе се одвиваат на повеќе локации во општина центар, односно во Центар – Јадро, Парк на Франкофонија, Боемска 2 и Природонаучниот музеј. Како што нагласува организаторот, овогодинешниот фестивал е во духот на солидарноста и соседството. „И оваа година ве покануваме на ‘Маалски фестивал’ за заеднички да ги ...

Дваесет и три училишта од Македонија ја добија титулата „Суперучилиште“ за оваа година. Нивните предложени проекти, кои треба да придонесат за градење мир, помирување и интеркултурно учење и дијалог во рамките на Програмата за размена на училишта во Западен Балкан, беа презентирани вчера на официјалниот настан наречен „Запознајте ги Суперучилиштата“. Од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), која го организираше настанот со ...

Домашниот бенд „Луфтанза“ објави краток филм „Лет кон Јапонија“, кој е своевиден видео спот за две нивни песни „Лет“ и „Јапонија“, тука споени заедно. Се работи за претпоследната и последната тема од ланскиот албум „Далеку од вистинското нешто“, објавен за независниот издавач „Мртов коњ“. „Го посветуваме овој краток филм на жртвите на ужасниот пожар во Кочани. Овие млади луѓе заслужија многу повеќе од своите животи, но тоа им беше одземено ...

„Култура Бета“ најавува дека овогодинешниот дводневен фестивал за младинска, алтернативна и критичка култура „Ре-култура“ ќе се одржи на 26 .и 27. септември со целодневна програма во кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“. „Целта на фестивалот, пред сѐ, е да се поттикне учеството на заедницата во креирањето на младинската култура, но и да се истражат потребите и начините на развој, проширување и зацврстување на критичката мисла и култура. ...

По концертите во Србија, БиХ, Црна Гора и Косово, јапонското дуо патува за Македонија. На 25 септември ќе настапуваат во Социо-културниот простор Тетово, ден потоа на 26-ти ќе свират во Прилеп во „Калинка“, за на крај турнејата да финишира со концерт во клубот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија, со почеток од 21 часот. View this post on Instagram A post shared by 5060 (@5060gram) За последниот концерт во Скопје, како што објаснува ...

Македонија повторно испиша историја во светската кинематографија, велат од Агенцијата за филм, откако „Приказната за Силјан“ на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска е откупен од „Нешнел џиографик документари филмс“ (National Geographic Documentary Films) еден од најреномираните светски дистрибутери на документарни остварувања. Како што посочуваат од Агенцијата, филмот годинава ја доби „Наградата на Музата“ за најинспиративен ...

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека се обезбедуваат подобри услови за настава и рехабилитација на учениците со посебни образовни потреби од Основното училиште со ресурсен центар (ОУРЦ) „Иднина“. „До изградбата на нов училишен објект за учениците од основното училиште со ресурсен центар ‘Иднина’ во Чаир, тие ќе посетуваат настава и ќе користат услуги за рехабилитација во простории во рамки на државното средно училиште ...

Настанот за демо артисти се враќа како дел од „Таксират“. Фестивалското финале е на 5 декември, а повикот за учество сега е официјално отворено, информираат од фестивалот. Рокот за пријавување преку сајтот на „Таксират“ трае најдоцна до 26 октомври. „Ова е повик за сите самостојни музичари или бендови од домашната сцена, со авторска музика која сè уште не е објавена. Од пријавените ќе се селектираат финалистите што ќе настапат во живо пред ...

Добитник на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра необјавена поетска книга е збирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска. На десетгодишнината од востановувањето на наградата, Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) за првпат наградува необјавен поетски ракопис. Врачувањето на наградата „Даница Ручигај“ на овогодишната добитничка Александра Јуруковска ќе се одржи во среда во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија. На ...

Во кафе-барот „Котур“ во Скопје на 24 септември, среда, со почеток од 18 часот, ќе се одржи слушачка промоција на вториот албум на скопскиот бенд „Карла Левински“ – „Нова зграда LP“, издание број 113 за „Шарла Рекордс“ (Sharla Records). Како што посочува независниот издавач, „Карла Левински“ е авторски проект на познатиот скопски гитарист Сеад Хаџиќ – Сецко („Last Expedition“, „Мугер Фугер“, „Exic“), кој го стартуваше минатата година со ...

Наградата „BookStar“ за најзначајна книга меѓу двете изданија на истоимениот фестивал му се доделува на Блаже Миневски за збирката раскази „Опаш во устата“, објави издавачката куќа „Антолог“. „Со оваа книга Миневски уште еднаш го потврдува своето врвно раскажувачко мајсторство. Во книгата како во магионичарски перформанс се преплетуваат традицијата и современоста, хуморот и горчината, реалното и фантастичното, историското и личното. Расказите ...

Заедничкиот проект, изложба на младите уметници Ана Трајковска и Доротеј Нешовски насловен „Социјален алгоритам – фузија на социјалните системи и семантичката кршливост“ ќе се отвори на 24 септември во Националната галерија, објект Мала станица. „Уште од самиот наслов упатува на повеќеслојност во сугерираните размисли и толкувања на идеите кои се однесуваат на сложените релации на социјалното и индивидуалното егзистирање во современиот свет. ...

Издавачот „Бункер“ во рамките на едицијата „Апсолутни почетници“ издаде нов графички роман – „ЛОУ – Берлинските години на Дејвид Боуви“ од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст. „Ова дело всушност се надоврзува на првиот дел ‘Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст’ кое Бункер веќе го објави и со него Клајст на импресивен начин ја заокружува дводелната биографија на Дејвид Боуви, истовремено креирајќи вибрантен портрет на ...

Првенецот на македонската анимација „Јон Вардар против Галаксијата“ ја освои наградата за Најдобар долгометражен анимиран филм на 6. издание на „Galactic Imaginarium Film Festival“ во Романија – иновативен фестивал кој ги спојува филмот, литературата и новите технологии во областа на фантастиката. Ова признание е трето по ред за филмот, по наградите за најдобар долгометражен анимиран филм на „Portoviejo International Film Festival“ во Еквадор ...

Македонската пејачка Елена Васова е годинешната добитничка на наградата „Милан Младеновиќ“, која вечерва (недела, 21 септември) ја додели истоимената Задужбина во Макарска, во рамки на фестивалот „Модро и зелено“. Солистката Елена Васова, која е родена во 2000 година во Скопје и низ својот музички пат има поминато хорови, опери и концерти, во оваа конкуренција влезе со песната „Љубов“. Песната е правена заедно со Ненад Стефановски и Ади ...

Микрофестивалот „Бостание“ годинава се одржа со темата „Градини на заедништво“ и понуди разновидни образовни, културни и забавни активности, наменети за сите возрасти. Настанот во општествената градина „Бостание“, инициран од „Зелената арка“, започна во 14 часот и траеше до вечерните часови, со повеќе работилници, готвење, изложба и музичка програма. Се работеше за фестивал од отворен тип, со цел секој заинтересиран да дојде, да ѕирне во ...

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 13. пат почнува вечерва, 21 септември, во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје и ќе трае до 23 септември. Гостуваат српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер, како и домашните претставнички – поетесата, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје беше отворена изложбата на скулптури од Маргарита Симовска насловена „Празно саќе“. Се работи за скулптури во вид на саќе (каде пчелите го складираат медот) правено од отпад, која Симоска го собира од јавни простори, а потоа го рециклира и претвора во уметност. „Со ‘Празно саќе’ го вклучувам алармот за подигнување на еко-свеста на глобално ниво. ‘Празно саќе’ се поврзува со природата, учи од ...

Изложбата „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“ посветена на жените кои оставиле силен печат во македонската медиумска историја ќе се одржи на 24 септември во 19:30 часот, во скопското кафуле „Излет“. „Публиката ќе може да види 30 фотографии кои сведочат за нивната улога во зачувувањето и развојот на професионалните медиуми во земјава. Подготовките на изложбата беа направени во соработка со семејствата на овие жени“, ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
72%
1004
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
0.45
72%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
78%
1006
weather icon

Софија

9ᴼ / 5ᴼ
2.06
85%
1004
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.35
93%
1006
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1006
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
6.71
50%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
55%
1008
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1007
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
85%
1004
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
76%
1004
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
72%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159231.39

Платина

67162.91

Паладиум

546.56

Бакар

11.69

Цинк

3.25

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Сребро

2460.50

Калај

46.91

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.03