Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Град Скопје информира дека претстојниот викенд, на 27 и 28 јуни, ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на целото подрачје на главниот град. Прскањето ќе се изврши во раните утрински часови во сабота и недела. Доколку временските услови не дозволат реализација на дезинсекцијата во предвидените термини, таа ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот временски период. Од Град ...
Холандија ги засилува подготовките за можни безбедносни закани и планира распоредување на околу 7.000 војници во рамки на голема НАТО-вежба, чија цел е проверка на подготвеноста на Алијансата и нејзините членки. Според информациите, вежбата е дел од пошироките активности на НАТО за зајакнување на одбранбените капацитети во услови на зголемени тензии меѓу Алијансата и Русија. Холандските власти нагласуваат дека станува збор за мерки на ...
На повтореното судење на родителите на момчето кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, беа изнесени нови детали за неговото однесување пред трагедијата. Според судијата Драган Мартиновиќ, момчето во текот на 137 наставни дена имало дури 211 изостаноци во само 47 дена, а доказите покажале дека во најголем дел од случаите не било навистина болно. Судијата посочи дека дадилката уште тогаш се посомневала дека ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против пет физички лица и две правни лица поради сомнежи за злоупотреба на европски фондови и обид за стекнување противправна имотна корист во вредност од над 50 милиони денари. Пријавите се доставени до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како и до Основното јавно обвинителство Скопје. Според Финансиската полиција, двајца надзорни инженери ...
Убодот од оса најчесто предизвикува само болка, црвенило и оток, но кај одредени лица може да доведе до тешка алергиска реакција која бара итна медицинска помош. Лекарите предупредуваат дека навременото препознавање на симптомите може да спаси живот. Вообичаено, по убодот се јавуваат остра болка, чувство на печење, црвенило и благ оток околу местото на убодот. За разлика од пчелата, осата не го остава убодното жило во кожата и може да убоде ...
Лекарите од Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Србија, успешно вградија пејсмејкер на пациент стар 100 години, покажувајќи дека возраста сама по себе не е пречка за современо лекување. Од почетокот на годинава, на Клиниката за кардиологија се вградени 375 пејсмејкери, а меѓу пациентите бил и стогодишник, чија интервенција била успешно изведена. Кардиологот проф. д-р Томислав Костиќ истакна дека најважно е да се процени општата ...
Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што денеска се случи на автопатот Е-75 кај Нови Сад во Србија, во правец кон Белград. Според информациите од итната медицинска служба, несреќата била пријавена околу 10:40 часот, а во судирот биле повредени двајца мажи на возраст од 46 и 58 години, кои биле пренесени во Ургентниот центар во Нови Сад. Уште тројца повредени ги презела Итната помош од Инѓија. Според неофицијални информации, до ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но попладне се очекува нов бран на нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и локална појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а под влијание на циклонска активност во попладневните часови ќе се развива нестабилна облачност. Според прогнозата на УХМР, на одделни места процесите ќе бидат ...
Руската радиостаница УВБ-76 (UVB-76), во јавноста позната и како „Радиостаница на Судниот ден“, денеска емитуваше две нови пораки. Според податоците на каналот на Телеграм „UVB-76 Logi“, кој ја следи активноста на оваа станица, првиот сигнал бил забележан во 9:11 часот по московско време и го содрел зборот „Амиловкус“, пренесува агенцијата „РИА Новости“. Само пет минути подоцна, во 9:16 часот, бил емитуван и вториот сигнал, кој го содрел ...
Вистинска драма се одвивала во Велес во текот на ноќта, откако полицијата интервенирала по пријава дека 18-годишник против нејзина волја ја задржувал својата партнерка во домот и ѝ упатувал закани. Од СВР Велес информираат дека утрово околу 03:40 часот полициски службеници го лишиле од слобода К.Ш. (18) од Велес, постапувајќи по пријава дека во неговиот дом ја држел својата 18-годишна партнерка, која е од село во виничко. Според пријавеното, ...
Летната сезона штотуку започна, но дел од европските земји веќе се соочуваат со сериозни здравствени предупредувања поради ширењето на бактеријата Vibrio, која во јавноста често се нарекува „бактерија што јаде месо“. Поради зголемениот ризик, неколку плажи во Шпанија веќе биле затворени, пренесува „Еуроњуз“. Според експертите, зголемените температури на морската вода создаваат поволни услови за размножување на оваа бактерија, која природно се ...
Пакистанската полиција уапсила маж осомничен дека повеќе од десет години ја држел во заробеништво својата сопруга, француската државјанка Силви Јасмина, заедно со нивните пет деца. Според информациите што ги пренесува Би-би-си, жената тврди дека семејството со години било изложено на физичко и психичко насилство. Случајот излегол на виделина откако едно од децата успеало да избега и да побара помош од полицијата. По пријавата, полицијата ...
Вистинска драма се одвивала во словенечкиот град Цеље, откако жена предизвикала пожар во станбена зграда откако заспала со запалена цигара. Инцидентот предизвикал густ чад кој брзо се проширил низ целиот објект, принудувајќи ги службите да интервенираат и да ги евакуираат станарите. Според информациите на словенечкиот весник „Дневник“, полицијата околу 14:30 часот добила пријава за пожар во станбен блок на улицата Иршичева во Цеље. На местото ...
Власта предлага сериозни ограничувања за користењето електрични тротинети, а една од најзначајните новини е забраната за управување со вакви возила за лица помлади од 18 години. Предлог-измените доаѓаат по анализи кои покажале дека повеќе од половината сообраќајни незгоди со електрични тротинети биле предизвикани од 16 и 17-годишници. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, изјави дека мерката е строга, но дека ...
Основното јавно обвинителство во Врање потврди дека му е укинат притворот на мажот У.С. (76), кој се товари за недозволени полови дејствија врз 11-годишно девојче. Според информациите од обвинителството, случајот бил пријавен во полицијата во понеделникот, на 22 јуни. „Следниот ден, осомничениот беше сослушан во Окружниот затвор во Врање, по што притворот му е укинат. Против осомничениот се изречени итни мерки за забрана на приближување и ...
Кавадарци официјално влегува во подготовките за едно од најголемите и најочекуваните случувања во државата – „Тиквешки гроздобер 2026“, откако Советот на општината на својата 11-та седница ја усвои програмата за годинешното издание на познатата стопанско-туристичка и културна манифестација. Фестивалот, кој со години важи за симбол на тиквешкиот регион и важна туристичка атракција, ќе се одржи од 4 до 6 септември и повторно ќе понуди ...
На 89-годишна возраст почина Јован Павловски, еден од најзначајните македонски писатели, публицисти, енциклопедисти и новинари, соопшти неговото семејство. Павловски зад себе остави богата и повеќедецениска кариера во македонското новинарство и книжевност. Долги години работел како новинар и уредник во „Нова Македонија“, а бил и нејзин дописник од Париз и Москва. Во текот на својата професионална патека предавал новинарство на Универзитетот ...
Бебе од Велика Британија починало во болница откако неколку дена било во критична состојба по извлекување од хотелски базен на Канарските Острови, во инцидент кој ја потресе јавноста и предизвика нови предупредувања за безбедноста на децата во близина на вода. Несреќата се случила во раните утрински часови на 15 јуни во станбен комплекс во Лахарес, мало село во северниот дел на Фуертевентура. Девојчето било пронајдено во базенот како плови ...
Во близина на Мостар се развива сериозна криза откако пожарот на депонијата Уборак повторно се разгорел и почнал да се шири кон населените места, загрозувајќи ги домовите на жителите. Поради брзото ширење на огнената стихија, властите наредиле итна евакуација на населението. Градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, потврди дека ситуацијата се влошила до ниво кога е потребна целосна мобилизација на службите за заштита и спасување. Евакуираните ...
Седумнаесетгодишник од тетовското село Порој бил лишен од слобода откако со џип се обидел да избега од полициска контрола и при бегството удрил во службено полициско возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил во периодот меѓу 03:00 и 04:00 часот на улицата „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово, кога полициски службеници забележале патничко возило „џип“ со битолски регистарски таблички кое се движело во спротивен правец. ...
Поранешниот градски советник од редовите на ХДЗ, 51-годишниот Милан Драча, познат како Лало, починал во болница во Задар како последица на тешки повреди здобиени во насилна физичка пресметка што се случила синоќа во населбата Бокањац. Според информациите од хрватската полиција и локалните медиуми, инцидентот бил пријавен околу 23:44 часот, кога било јавено дека во близина на локалните гробишта избувнала тепачка меѓу двајца мажи. По ...
Финансиската полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и до Основното јавно обвинителство Скопје, против пет физички лица и две правни лица, поради сомнежи за сериозни злоупотреби поврзани со градежни проекти и користење на финансиска поддршка од европски фондови. Според официјалните информации, меѓу пријавените се две лица во својство на надзорни инженери и три лица ...
Луна Ѓогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ повторно се најдоа во фокусот на јавноста по нивната неодамнешна средба со пејачот Слоба Радановиќ на промоција на албумот на Ивана Бум Николиќ, настан кој веднаш предизвика бројни реакции и шпекулации. Средбата со поранешниот партнер на Луна, со кого таа во минатото беше дел од најгледаните и најконтроверзни ријалити приказни во регионот, повторно ја отвори темата за нивната историја, но и за ...
Во продолжение на борбата против корупцијата и финансискиот криминал, припадниците на Министерството за внатрешни работи, Службата за борба против корупцијата, УКП, по налог на Посебното одделение за сузбивање на корупцијата при Вишото јавно обвинителство во Краљево, ја уапсија Ј. А. (40) од Белград. Таа, како одговорно лице на две здруженија од Јагодина, се товари за постоење основи на сомнение дека извршила кривично дело измама во службата. ...
Три лица се пронајдени мртви во студентски дом во бугарскиот град Угарчин, во настан кој локалните медиуми го опишуваат како една од најтешките трагедии во последниот период. Жртвите се две жени и еден маж, а истрагата сè уште ги утврдува сите околности што довеле до фаталниот исход. Според првичните информации, трагедијата била претходена од жесток конфликт меѓу неколку лица во објектот, кој наводно произлегол од нарушени меѓусебни односи и ...
Вработени од Јавната установа Национален парк Пелистер интервенирале и спасиле мала срна која била нападната од куче бездомник, во инцидент што се случил на територијата на паркот. Според информациите објавени од установата, во спасувачката акција учествувале раководителот на помошно-техничкото одделение Зоран Пројчевски и ренџерот Неџип Сефедини, кои успеале навреме да реагираат и да ја одвојат повредената срна од опасноста. Срната била во ...
Трагичен инцидент ја потресе Хрватска откако тепачка меѓу двајца мажи во Задар заврши со смрт на едно лице. Настанот се случил во задарската населба Бокањац, а околностите што довеле до фаталната пресметка сè уште се предмет на истрага. Според информациите од локалната полиција, пријавата за физичка пресметка била примена во вечерните часови, по што полициски екипи веднаш биле испратени на местото на настанот. По пристигнувањето, полициските ...
Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Пенсилванија бил накратко прекинат по инцидент кога демонстрант почнал гласно да извикува навреди кон него, по што обезбедувањето веднаш интервенирало и го отстранило од местото на настанот. Настанот се случил во фабриката за камиони „Мек Тракс“ во местото Маканџи, каде Трамп држел обраќање пред присутната публика. Според извештаите на новинарите што го следеле митингот, пред објектот имало ...
Ненадејната смрт на турската актерка Еџе Иртем, позната по улогите во популарните телевизиски проекти, меѓу кои и серијата „Шербет од брусница“, и натаму предизвикува голем интерес и бројни прашања. Како што напредува истрагата, во јавноста излегуваат нови детали за нејзините последни денови и за можните причини кои довеле до трагичниот исход. Актерката почина на 35-годишна возраст, само неколку часа по прославата на својот роденден и кратко ...
Различните изјави што ги давал 43-годишниот македонски државјанин Миско Л. станале клучен елемент во истрагата за убиството на 45-годишната Ставрула Левентаки на Крит. Според грчките медиуми, токму несогласувањата во неговите искази биле меѓу првите моменти што ги натерале истражителите дополнително да ги проверуваат неговите тврдења. Според „Прототема“, осомничениот во првичниот разговор со полицијата изјавил дека последен пат ја видел ...