Австриската полиција рано утринава објави ново соопштение за Данка Илиќ (2) и две Романки, кои се поврзуваат со исчезнувањето на девојчето, откако со нив било снимено дете кое физички личи на малата Данка. Имено, австриската полиција исклучи каква било поврзаност на Романките од видеото и Данка Илиќ. Сега е разјаснет идентитетот на луѓето од сликите и воспоставен е контакт со нив. „Врз основа на истрагата и придружните факти, јасно и без ...

На полноќ започна изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април. Кампањата ќе трае до полноќ на 22 април. На првиот ден од кампањата некои од кандидтите најавија промовирање и презентирање на изборната програма и отворање на изборни штабови. Во Скопје денеска ќе биде промовиран Изборниот штаб на кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски. Вечер во 20 часот изборниот караван на Пендаровски ќе има ...

Професорката Гордана Силјановска-Давкова има силна порака за денешниот почеток на изборната кампања за претседател на државата. Ќе испратам порака и да ги прашам граѓаните дали се горди и на кого се горди, да се запрашаат дали навистина ги претставуваат оние кои ги штитат државните и националните интереси или сопствените и олигархиските интереси и што треба да направиме за да биде Македонија пристојно место за живеење.Дали е ова една пристојна ...

Кога зборуваме за единствениот пат мислиме на Европската унија, ние со промена на Уставот нема да обезбедиме членство во ЕУ. Да ги разјасниме работите имаме една позиција Македонија членка на ОН под времената референца и јазик стоеше македонски, националност Македонска, тоа го имаме од осамостојувањето на Македонија и никој не ја спорел. Тоа што било идентитет никој не го спорел, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот ...

Тоа што се случи во периодот кога Ковачевски, Спасовски и Пендаровски и останатите во владата го прифатија, беше нешто кое што граѓаните најмалку го очекуваа. Затоа што на тој начин не само што ја понижија Македонија и не само што ја ставија во подредена положба, туку и се обидоа да манипулираат со свеста и интелигенцијата на граѓаните гледајќи ги во очи и лажејќи ги и како свесно да работеа за интересите за Бугарија и сега го заглавија ...

„СДСМ долго време бараше, бараше и конечно најде човек кој што е подготвен да изгуби. И нема подобар пример од Стево Пендаровски како човек кој што е подготвен да изгуби и да доживее дебакл на следните претседателски избори“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“ на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. „Тоа ќе стане јасно уште на 24-ти април, нема потреба да чекаме до осми мај“, заклучи Мицкоски. ...

Достоинството треба да се заслужи ако сте личност со дигнитет и интегритет и ако не сте случаен партиски војник залутан во политиката, туку сте избран заради знаењето, стручноста, квалитетот, коментира професорката Гордана Силјановска-Давкова за понизноста на политичарите од власта при средбите со европските челници и со лидерите од регионот. Тогаш така ќе се однесуваат со гордост во меѓународната политика-вели претседателслкиот кандидат во ...

Австриската полиција трага по две жени кои беа снимени во Виена со девојчето за кое се верува дека е малата Данка Илиќ, која исчезна на 26 март во Бањски Поље кај Бор. Полицијата објави и фотографии од жените по кои трага.Австриската полиција денеска соопшти дека се верува дека видеото е навистина мала Данка. Виенската полиција апелираше до сите граѓани кои имаат какви било информации за жените од видеото да се јават кај органите на прогонот на ...

Србија полека оди кон македонско сценарио. Падна договор меѓу претседателот на Парламентот Ана Брнабиќ и српската опозиција за изборни реформи. Конкретно, ќе прави ревизија и прочистување на Избрирачкиот список.Опозицијата смета дека има многу гласачи кои го промениле местото на живеење поради гласање на изборите во Белград. Се усвои и барањето Јавниот сервис РТС да известува избалансирано и да објавува прилози за опозицијата. Ова многу ...

Легендарниот кошаркар Меџик Џонсон има проблеми во семејството. Неговиот син Еј Џеј е трансродова личност, а за својата сексуалност зборувал на 13 години. Неговите родители го прифатиле таков каков што е и често може да се види во носи фустани и екстравагантни комбинации. Еј Џеј (31) имал само 13 години кога на својот татко му признал дека е геј. Познатиот кошаркар Меџик Џонсон признава дека му требало малку време да го прифати овој факт. ...

Тајната на убавината и виткоста на Јелена Ѓоковиќ лежи во специјалната диета. Тоа е житарката киноа кое игра клучна улога во големиот процес. Тоа е храна без која Јелена не може да си го замисли денот, а на различни начини ја комбинира во исхраната. Тоа е растение кое е вистинско богатство на здравјето. Оваа храна се нарекува и „злато на Инките“, како и „кралица на семињата“, а древните цивилизации во Јужна Америка во голема мера ја засновале ...

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше уште една одлична вечер во дресот на Далас.На натпреварот во Хјустон присуствуваше и неговата мајка Миријам Потербин. Мирјам пред извесно време започна љубовна врска со бизнисменот Борис Пожега, познат како Пикси на кого му префрлила дел од правата за управување со брендот Лука Дончиќ. Поточно 40 отсто од компанијата. Меѓутоа, Борис ја измами Миријам, а потоа ненадејно исчезна во септември 2022 година. ...

Нема да се одржат мастер дебати со сите претседателски кандидати, информира денеска тимот за комукации на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. -За жал, и покрај најдобрите намери во овој процес и соработката меѓу изборните штабови, политичките и медиумските околности во моментот не се одржливи за да се создадат услови за одржување на овие „мастер дебати“, се посочува во соопштението. Оттаму посочуваат дека изминатиот период, преку ...

Осми ден од потрагата по детето на кое му се губи секоја трага на 26 март во Бањско поле од Бор кога исчезна од очите на мајка си додека биле во дворот од нивната куќа. Потрагата по Данко Илиќ (2) од Бор трае веќе осум дена, а по објавувањето на видеото од Виена на кое се гледа девојка која наликува на исчезнатото дете, се појави одреден сомнеж дека девојчето е киднапирано за продажба и дека децата по однапред испланиран план успеале да ја ...

Сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Северна Македонија, денеска и утре ќе биде во прекин поради 48-часовниот штрајк на грчките царинските службеници, а извори од Федерацијата на цариниците за МИА од Атина рекоа дека граѓаните кои во овие два дена планирале да патуваат во Грција, добро ќе биде да го одложат нивното патување. Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од ...

Викторија Нуланд, трето рангирана личност во американската дипломатија се пензионерка, објави Стејт департментот. Многумина ја сметаат за архитект на американската поддршка за Украина, па за време на нејзината служба беше честа мета на критики за нејзините ставови за Русија . Таа се најде во центарот на вниманието по разговорот со Џефри Пајт, американскиот амбасадор во Киев, кој заврши на YouTube, во кој таа зборуваше за понудата на тогашниот ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења, информираат од ОЈО Скопје во врска со пукањето кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во кое се повредени две лица кои биле заедно со гроначалникот. Од Обвинителството дополнуваат дека ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како ...

Во Јапонија не дозволиле да биде отворен украински ресторан, затоа што бо менито имало боршч, а Јапонците одлучиле дека тоа е руско јадење. Познатиот украински готвач, Евгениј Клопотенко се пожали на ова на социјалните мрежи откако му било одбиено барањето да отвори ресторан во кој се служи украинска кујна. Во образложението било наведено дека боршчот е руско јадење и дека во услови на негативни чувства кон Русија, промовирањето на руско јадење ...

Помина една година откако американскиот новинар Еван Гершкович беше приведен во Русија додека беше на известување, а потоа беше обвинет за шпионажа. Неговата најдобра надеж за ослободување може да биде Вадим Красиков, кој се наоѓа во германски затвор, осуден за егзекуција нарачана од Кремљ. Во летото 2013 година, во главниот град на Русија беше убиен сопственик на ресторан во Москва. Мажот со качулка скокнал од велосипедот и двапати ја ...

Не стивнуваат импресиите од подвигот на делчевската легенда на планинарството Мира Симоновски, која на почетокот на март на свои 74 години го искачи врвот Ухуру на 5895 метри планината Килиманџаро. МИА го следеше нејзиниот подвиг во моментот кога го искачи Килиманџаро, а викендов делчевскиот планинар повторно за МИА сподели уште неколку детали за самиот подвиг за кој, како што кажа самата, имала огромна желба да учествува во овој подвиг и да се ...

Врховниот суд на Грција предупреди на злоупотребата на Преспанскиот договор во случаи кога службени лица од Македонија на официјални настани го употребуваат името Република Македонија. Дадена е препорака до обвинителите на Грција веднаш да реагираат при вакви случаи. Циркуларно писмо на Врховниот суд било инспирирано по, како што наведуваат грчки медиуми, „инциденти на меѓународни конференции надвор од ЕУ. Претставникот на Скопје се претставувал ...

Американската учителка Аби Хенсел (34), која е сијамска близначка и го дели своето тело со нејзината сестра Бретани, се омажи за Џош Боулинг во 2021 година, a сега се појавија фотографии и видеа. Родени на 7 март 1990 година во округот Карвер, Минесота, Абигејл Лорејн Хенсел и Британи Ли Хенсел се редок случај на споени близнаци кои преживеале раѓање. И покрај сите тешкотии, нивните родители се труделе на своите девојчиња да им обезбедат се што ...

Маја Јовановиќ, генерален секретар на српското Биро за борба против трговија со луѓе во врска со исчезнувањето на Данка напоменува дека деца на таа возраст многу личат еден на друг. Исто така, децата на таа возраст можат да бидат лути на своите родители и да ги игнорираат. Значи не е потврдено дека на снимката е девојката Данка Илиќ и во тој случај потрагата мора да продолжи – изјави Јовановиќ. Здравковиќ прашува како успеале толку брзо да ја ...

Гордана Силјановска-Давкова, кандидатката за претседателка на државата на ВМРО-ДПМНЕ е во убедлива предност пред кандидатот на СДСМ и актуелен претседател на државата Стево Пендаровски. Граѓаните очигледно не се задоволни од работата на досегашниот претседател и на скала од 1 до 10 му дадоа оценка 4,02. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, а по нарачка на ...

Пејачката Драгана Мирковиќ се приклучи на регионот кој со денови трага по исчезнатото девојче Данка Илиќ (2). Пејачката во оваа прилика се огласи на својот Инстаграм профил каде сподели фотографија од девојчето со натпис дека исчезнала и апелираше до сите луѓе кои би можеле да дознаат нешто да искажат. Ги замолувам сите луѓе во Австрија, доколку дознаат нешто за исчезнатата Данка, веднаш да се јават во полиција, пишува Драгана. Пејачката на ...

Политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, денеска ги претстави кандидатите за пратеници за претстојните парламентари избори. Портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, соопшти дека Извршниот и Централниот одбор на партијата, вчера со акламација ги утврдиле кандидатските листи за пратеници во сите шест изборни единици и посочи дека предлог кандидатите за пратеници на Движењето ЗНАМ се луѓе кои се нови во политиката и стручни во ...

Викендов ќе бидат одобрени околу 20.000 барања за издавање лични документи, изјави мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој денеска беше во посета на пунктот за фотографирање за лични документи во полициската станица Пролет во Скопје. Како што соопшти МВР, министерот Тошковски изразил искрена благодарност до 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денеска, како и во наредните викенди ќе ...

Српската полиција проверува дали исчезната двогодишна Данка Илиќ е на видеото денеска објавено на социјални мрежи, на кое се гледа мало девојче во присуство на две жени во Виена. Според српските медиуми, двете жени се Романки. Полицијата сега интензивно работи на идентификација и на лоцирање на девојчето за кое се тврди дека е Данка Илиќ. Полицијата во текот на ноќта ги информирала и австриските колеги и на Европол ги испратила сите податоци и ...

На Србинот Милан Петровиќ му е дијагностицирана Cupido sexis enormis (прекумерен сексуален нагон). Единствен е во Србија, можеби во Европа. За прв пат отворено зборува за натпросечните болки, постојаните ерекции и за тоа што ниедна терапија не му дала резултати, но и дека најчесто нема пари за тоа. По два брака, маж кој има постојана потреба од врски сега е сам. – Да речеме, единственото нешто што ме тера да размислувам за тоа во мојата глава… ...

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ја праша Дора Бакојани зошто не го пушти Северен Кипар во Советот на Европа, или Каталонија. Еве, каталонските сепаратисти влегоа во владата на Шпанија, тие веќе не се толку страшни. Зошто да не им помогнеме да влезат во Советот на Европа? Немаме одговор на тоа. И не ни треба. Повеќе сме загрижени дали Советот на Европа ќе опстане, единствено ни е важно да ја зачуваме Србија, нашиот државен ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
31%
1007
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
41%
1006
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
57%
1006
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
36%
1009
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.28
28%
1008
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
72%
1007
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
65%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
39%
1011
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
30%
1010
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.6
46%
1008
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
2.24
38%
1004
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
57%
1011
Currency

61.54

Currency

52.6579

Currency

71.1948

Currency

33.9825

Currency

37.97

Currency

65.1877

Currency

7.33152

Currency

0.65194

Currency

0.35669

Currency

0.52341

Currency

1.28778

Currency

0.60484