
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Дарко Каевски од СДСМ гласаше вчера за прием на Косово во Советот на Европа. Тој еден од најистакнатите членови на СДСМ.Беше порттпарол а и директор на Агенцијата за млади и спорт. Каевски е и албански зет. Негова сопруга е ќерката на Алберт Муслиу, тн. политички аналитичар кој во јавните настапи ги брани политиките на власта, посебно на ДУИ како главна партија. Шура на Каевски пак е Петрит Муслиу, конзул во Чикаго кој пред неколку месеци се ...
Чувствуваме дека како ВМРО-ДПМНЕ и како Коалиција ја имаме довербата, чувствуваме дека идниот претседател Гордана Силјановска Давкова ја има довербата. Ни преостанува уште многу малку, ни преостанува уште една недела кампања би рекол пет дена кампања за првиот круг претседателски избори. А, од утре почнува кампањата за парламентарните избори. Од оваа поддршка можам да заклучам дека сме пред еден огромен историски резултат, истакна претседателот ...
Сезоната во МЛБ безбол лигата зема замав и затоа ви ги претставуваме седумте тимови кои имаат старт од соништата во сезоната 2024-25.Тоа се клубови кои го пропуштија плеј-офот пред една година но сега целите им се високи. Дали можат да продолжат така? Или тоа е само илузија на почетокот на сезоната? Еве седум тимови кои се многу задоволни од тоа како започна 2024 година. Њујорк Јенкис Кливленд Кардианс Тексас Ренџерс Атланта Брејвс Милвоки ЛА ...
Според симулацијата на пратенички мандати изведена од априлското мерење на јавното мислење на граѓаните, спроведена од страна на ИПИС за потребите на емисијата Објектив на МРТ, најголем број пратеници во новиот парламент се очекува да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Имено според проценката коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би имала од 51 до 54 пратеници, СДСМ би имале од 28 до 30 пратеници, ДУИ од 13 до 17 мандати, коалицијата ВРЕДИ ...
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел официјално го номинираше грчкиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија. Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година. Претходно, Рокас бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, а потоа и раководител на Одделот за поддршка на ...
Министерот за надворешни работи на Србија го праша Бујар Османи од ДУИ дали би се приклучил на Резолуција што Србија би ја поднела против Хрватска или некоја друга земја за геноцид. Би го прашал Османи дали би поддржал една таква резолуција како што тој ја повика Србија да се придружи на Резолуцијата во Обединетите нации за геноцид Сребреница-изјави Дачиќ за „Пинк“. Дарко Каевски од СДСМ гласаше Косово да стане членка на Советот на Европа ...
Нашата земја е уназадена во економијата, во правдата, во демократијата, во правата на граѓаните, на народите, на малцинствата, во вработувањето, во развојот. Затоа време за промени. Да го отстраниме старото и да донесеме новини, со нов Претседател, со нова влада, нов Устав за една држава која на сите ќе им припаѓа и сите ќе ја сакаат. За држава која вреди, порача вечерва од митингот во Дебар, Арбен Таравари, претседателски кандидат од ...
Косово доби препорака да стане членка на Советот на Европа, што е претпоследниот чекор до целосно членство.Парламентарното собрание на Советот на Европа синоќа со двотретинско мнозинство го усвои извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани со кој се препорачува Косово да биде покането да стане членка на Советот.„За„ гласаа 131 пратеници од 171 присутни, „против“ беа 29, а „воздржани“ 11 пратеници. Меѓу пратениците кои гласаа „за„ се и Дарко ...
Скопјани имаат ретка можност во својот град да ги угостат фудбалските легенди.Добро не нив лично, но затоа тука е нивната опрема. Дресови, топки, пехари, копачки, штуцни, капитенски ленти и нивни лични предмети. Во Мала станица гостува изложбата посветена на италијанскиот великан Паоло Роси. Покрај од него изложени се дресови од Пеле, Марадона, Меси, Роберто Баџо, Роналдо сегашниот и вистинскиот, Јохан Кројф, Мбапе, Халанд, Зидан, Платини, ...
На 104-годишна возраст во Загреб почина Јосип Манолиќ, висок функционер на ОЗНА и Државната безбедност, еден од основачите на ХДЗ и прв премиер на независна Хрватска. Тој ги знаеше најчуваните тајни на СФРЈ и Фрањо Туѓман, кои ги објавил во своите мемоари, меѓу кои и фактот дека Жељко Ражнатовиќ Аркан им продавал оружје на Хрватите за да го ослободи од нивниот затвор, како и видео од егзекуцијата на затвореници во Овчара кај Вуковар. Аркан беше ...
Во обложувалниците на „Sport Life“, во тек е акцијата „Кој е твојот среќен тип?“. Среќната игра ќе им донесе на обложувачите на Sport Life, многу „седумки“: главна премија од 777.000 денари и по 7 (седум) вредносни ваучери од 500 денари за секој од победниците во поединечните етапи на акцијата. Среќата треба да ја бараат во онаа игра со која ќе успеат да погодат тикет со најголем број натпревари со исто типување. Соодветно на тоа, играчите ќе се ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц доживеа шок на почетокот на посетата на Кина! Шолц допатува во тридневна посета на Кина на покана на премиерот Ли Кианг, а главна тема на разговор се очекува да бидат се позаострените економски односи меѓу двете земји. Шолц ја започна својата посета со обиколка на индустрискиот град Чунгкинг, каде што, сепак, само заменик-градоначалникот го пречека меѓу службениците. Кинеската државна телевизија CCTV го прикажа ...
Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ од Злот, кој е осомничен за убиството на малата Данка Илиќ, беше во обвинителството во Зајечар, каде не даде исказ како привилегиран сведок. Светлана таму го сретнала сопругот Радослав и се прегрнале. Тој се уште се брани со молчење, а полицијата го спроведе низ спореден влез за да не го фотографираат медиумите. – Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок во однос на Радослав Драгијевиќ, ...
Зоран Лазовиќ, поранешниот помошник директор на Црногорската полициска управа и Миливое Катниќ, поранешниот главен специјален обвинител во Црна Гора, кои беа уапсени завчера во акцијата „Алфа“, се осомничени дека им помагале на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ легално да влезат во Црна Гора во јануари 2021 година, иако дотогаш им беше забранет влез во пренесува Вијести. На Беливук и Миљковиќ им беше забранет влез во Црна Гора на 28 декември 2020 ...
Македонската дипломатија е киднапирирана од страна на ДУИ. Најновото барање на министерот за надворешни работи од Мала Речица Бујар Османи дека ќе предложи Македонија да излезе од иницијативата Отворен Балкан ги исплаши нашите граѓани кои видоа можност да најдат работа во Србија или Албанија. Според официјалните податоци,2.200 лица се пријавиле тна слободниот пристап до пазарот на трудот. „Слободен пристап до пазарот на трудот“ е најголема ...
Србија испрати нон-пејпер на адресите на сите членки на Советот на Европа, кој содржи факти и јасно искажани аргументи поради кои причини Косово не треба да стане дел од оваа најстара европска организациja. Документот ќе ги содржи сите етнички мотивирани напади врз Србите, конфискација на имот, сквернавење на цркви, манастири и гробишта, примери за узурпација на земјиштето на кое Приштина гради воена база, монтирани судски процеси против нашите ...
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска го потврди своето учество на турнирот во Барселона, објавувајќи на прес-конференција дека е подготвен да излезе на теренот во вторник. „Имав добри тренинзи оваа недела и ќе бидам на теренот. Подарок е да се биде овде. Имам чувство дека ова ќе биде мојот последен настап во Барселона и сакам да уживам“, изјави Надал. Надал го оперираше колкот минатото лето и одигра само три натпревари оваа сезона, сите во ...
Новинарот Бранко Героски во објава на Фејсбук го коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој праша какви планови ковал Ковачевски во вилата Водно со Груби, Ковачевски и Ахмети пред неколку месеци. Да бидеме попрецизни, ова е осигурачот на бомбата.Колку што јас знам бомбата е нешто друго.Шокантна работа.Бидејќи во приказната не е само Груби, Ахмети, Ковачевски и Стево. Има тука и други интересни ликови.Ќе биде забавно-напиша Геровски. ...
Војислав Шешељ вели дека има јасна разлика меѓу геноцид и криминал, и оти немало намера да се изврши геноцид во Сребреница. – Сите треба да ја прочитате конвенцијата за геноцид, бидејќи тоа е уништување на национална, верска или расна група. Муслиманите од Сребреница не можат да се разликуваат од оние од цела Босна. Ниту една жена не е убиена, ниту еден старец и ниту едно дете не е убиено во Сребреница и немало намера да се изврши геноцид. ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија видео од пресретнување на беспилотно летало над областа Еилат. Уништувањето на борбеното беспилотно летало, за кое се верува дека е лансирано од Јемен, е извршено со помош на системот за воздушна одбрана „Железна купола“ (АВО) поставен на бродот. Оваа поморска варијанта е позната како C-Dome. The IDF releases footage showing the interception of a drone over the Eilat area by a ship-mounted Iron Dome ...
Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска со сексистички коментари.Наместо да го земе микрофонот и да го укори неговиот поддржувач и да се извини и на присутните и на гледачите, тој ги слушаше навредите кон Силјановска, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Ваквиот сексистички и мизогин однос на активистите на Пендаровски и СДС кон Силјановска е директно поттикнат од Пендаровски, кој со ...
Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот, вели портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска преку „Фејсбук“, откако јавноста бурно реагираше на навредите изнесени кон претседателската кандидатка проф. Гордана Силјановска Давкова за време на митингот на партијата во Куманово. Пендаровски е извор на говор на омраза На видеото од митингот се гледа поддржувач на СДСМ кој, меѓудругото, на микрофон ја нарекува Силјановска Давкова ...
Потрагата по телото на малата Данка Илиќ (2) од Бо трае но сè уште нема напредок. Полицијата и спасувачките екипи прочешлаа голем број локации, пребаруваа и локации каде човечка нога едвај стапнала, но телото се уште го нема. Екипите се на терен нон-стоп, а сега повторно се проверуваат сите шахти и акумулации кои се активни или неактивни, како и природните и вештачките системи за наводнување. Тоа се прави бидејќи осомничените за убиството на ...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека ќе се кандидидираат за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за 2025/26 година.Вучиќ дека смета дека земјата ќе има бенефит од тоа бидејќи ќе може да даваат предлози за сите важни прашања. „Кога ќе ја изгласаат за резолуцијата за Сребреница и ако ја изгласаат затоа што ќе се бориме до последен момент, истиот ден ќе се кандидираме за непостојана членка на Советот за ...
Според грчките царински прописи, забранет е увоз на месо и млечни производи, лесно расиплива храна (непакувана) како и увоз на растенија. Ограничувања има и за други прехранбени производи и некои повредни предмети. Грците генерално го толерираат воведувањето на забранета храна. Но, врз основа на претходното искуство, грчките цариници на почетокот на секоја сезона го прегледуваат багажот на неколку патници во автобусите на туристичките агенции и ...
Заедно со СДСМ во изминатите седум години ја водевме земјава по вистинскиот пат, направивме крупни работи што ниту една политичка генерација не ги направила од осамостојувањето до денес. Првата крупна работа е тоа што пред четири години влеговме во најмоќната воена организација во историјата на човештвото, НАТО, со тоа добиме тапија за територијалниот интегритет и суверенитет на државата и секој нејзин граѓанин. Тоа го направивме, а воопшто не ...
Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова го покани противкандидатот Стево Пендаровски да се приклучи на серијата дебати кои следуваат во наредниот период и да даде свој придонес. -Никогаш не говорам за студентите, ама најдобрите никогаш не ги заборавам и за нив секогаш кажувам сè. Не го помнам Стево Пендаровски како студент, но знам дека магистрирал и докторирал откога ги усовршил своите аналитички способности во ...
На средби со граѓаните во Кратово и Старо Нагоричане, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски порача дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановка Давкова немаат идеја, ниту план за тоа што да прават со евроинтегративниот процес. Тие велат, подобро да бидеме сами, отколку да одиме со вакви понижувачки договори. Еве нека направат тие подобар договор. Дали знаат како да направат подобар договор? За да ...
„Вчера го слушам Артан Груби како го поставува условот за поддршка на ДУИ за вториот круг од претседателските избори. Ајде што го пуштија Бујар Османи низ вода туку и јавно порачаа ДУИ дека условот е прифаќање на промена на Уставот со цел избор на претседател на државата во Собрание, по теркот на Али Ахмети“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар. Претседателот Мицкоски ...
Ќе го слушнете вчера Артан Груби на телевизија на едно интервју, ај што го пушти низ вода Бујар Османи така лесно дека нема да влезе во втор круг, па вели дека секој кој што сака да ја добие поддршката од ДУИ за втор круг мора да се согласи да се бира претседател во Парламентот. Значи не да го бирате вие, суверенот на народот, граѓаните, од вас потекнува легитимитетот, тие сакаат неколкумина. Така се тие навикнати во Речица во седиштето, ...