
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Четириесет и тригодишниот Едмонд Амзаи, познат фотограф од Гостивар и сопственик на фото-студиото „Акон“, денеска загинал во тешка сообраќајна несреќа во Велес, пренесоа медиумите на албански јазик. Зад себе остави сопруга и син. Албанските партии најавија дека ги прекинат активностите на претседателската кампања. Почитувани медиуми, ве известуваме дека митингот на коалицијата „Вреди“ закажан за вечерва во Гостивар во 20:30 часот ќе биде одложен ...
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас е уверен во трансфер на фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе во Реал Мадрид. Тој истакна дека во шпанското првенство секогаш играат најдобрите фудбалери. – Јас сум 99,99 отсто сигурен дека Мбапе ќе биде во Реал Мадрид. Што се однесува до доаѓањето на Халанд во Шпанија во скоро време, тоа ќе биде потешко. Тој не беше во Сити доволно долго за да размислува за заминување, изјави Тебас за „Marca“. ...
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, преку објава на социјалните мрежи изрази поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата, на претстојните избори. Тој оценува дека со победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите Македонија ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучна гаранција за тоа. Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе ...
Близу 90 посто од граѓаните детектираат говор на омраза во македонското општество кој главно се шири преку социјалните мрежи, а во најголема мерка е поттикнат од политиката, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него 89,1 отсто од граѓаните рекле дека во Македонија е присутен говорот на омраза додека само 6 отсто не детектирале ваква појава. Третина од ...
Израел објави дека, заедно со своите сојузници, пресретнал огромно мнозинство од повеќе од 300 беспилотни летала и ракети истрелани од Иран врз еврејската држава вчера и дека само мал број ја погодиле израелската територија. Меѓу погодените цели беше и базата на израелските одбранбени сили (ИДФ) на југот на земјата. Би-Би-Си наведува дека во овој напад без преседан, Иран за првпат гаѓал цели во Израел директно од своја територија. Сирени одекнаа ...
Тие се олигарси, тие не се луѓе кои трагаат по решенија. Нивната политика не е во границите на правото, туку е она што тие мислат да го прават! Најважното за мене е доброто образование, нема подобра инвестиција од тоа. Во претседателскиот кабинет ќе формирам Совет за млади. Доста со тезите дека на младите им припаѓа иднината, на младите им треба и сегашноста да ја земат во свои раце, истакна Гордана Силјановска на митингот вечерва во Карпош. ‼️ ...
Го слушам вчера Ковачевски од тука од Карпош вели дека тој не ја кандидирал тетка му Жана, не ја знам госпоѓата сигурно е прекрасна дама интелигентна. Но мој совет до него да ме прашаше ќе му кажев подобро Жана да ја кандидираат отколку измеќарот на Али Ахмети, Стево Пендаровски. Кога сме кај Стево Пендаровски сакам да потсетам на неколку работи затоа што ако не се потсетуваме ќе заборавиме, а јас не сакам да се заборават работите кои понатаму ...
Каспер Руд ќе игра во финалето на Мастерсот во Монте Карло откако го победи Новак Ѓоковиќ во полуфиналето. Руд славеше по три сета, 6:4, 1:6, 6:4. Руд брејкот го направи уште во првиот гем од мечот, а потоа имаше уште еден за водство од 4:1. Новак успеа да врати еден брејк, но не доби можност да го врати вториот и Руд го доби првиот сет со резултат 6:4. Се виде дека Ноле не е доволно внесен во мечот што резултираше со пораз.Руд во финалето утре ...
Деновиве бев во посета на повеќе населени места, видов што се сѐ прави овде во Бутел, што прави градоначалникот Дарко Костовски. Разговарав со младите, со спортисти, со пензионерите. Сите од нив речиси едногласно велеа дека сакаат претседател на Македонија како нашата кандидатка професорката Гордана Силјановска Давкова, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја води листата на кандидати во изборна единица 2 на вечерашниот ...
Согласно Изборниот законик и роковникот за извршување на изборните дејствија за претстојните избори, порталот „Пресинг ТВ“ ја објавува својата Понуда за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања. Порталот е регистриран на регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми на Државната изборна комисија. Во продолжение ценовникот и другите елементи од Понудата за платено политичко рекламирање на „Пресинг ...
Според претставникот на изведувачот Лазар Арсовски, работите на Универзалната сала може да почнат многу брзо, откако ќе заврши увидот и истрагата од надлежните органи, потоа негова обврска е да ги викне ИЗИС и професорите од Градежен факултет, кои ќе ја испитаат новата конструкција, челичната купола и останатите делови, а тоа се прави многу брзо, затоа што постојат дигитални мерни инструменти. Тој смета дека 99 отсто од конструкцијата е безбедна ...
Како кандидат за претседател во секое време прифаќам да има политички дебати со моите противкандидати, но како што се изјаснив пред почетокот на кампањата, инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија, изјави кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски. Тој во пишана изјава до медиумите, посочува дека, токму затоа, прв предложил да се одржат две големи, т.н. мастер ...
Продолжи судењето на водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер, кој е во бегство и и 44 други обвинети за убиствата на Александар Халабрин, Драган Ристиќ Чаѓа и Александар Шарац, како и обидите за убиство на сега починатиот Лазар Вукиќевиќ, за чија ликвидација се суди криминалната група Вељко Беливук, потоа Самир Дивљановиќ, Милош Ниловиќ Руња, Андрија Зариќ. Савиќ бил вклучен во обвинението поради сомневање дека учествувал во убиството на ...
Новак Ѓоковиќ откри дека музиката е голема негова љубов и оти има желба да научи да свири саксафон.Инстументот дури и го носи со себе на патувања. Повеќе го носам саксофонот со мене на патувања отколку што свирам, но намерата е тука. Сакам да научам саксофон, да можам да свирам барем еден или два инструменти затоа што мислам дека навистина е лек за душата и го збогатува животот на човекот. Бидејќи музиката е на крајот живот, а емоциите што ги ...
САД очекуваат Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа, а јавниот дискурс да биде базиран на факти, соопштија од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик. Пред претстојните претседателски и парламентарни избори во државата, медиумите во Грција пишуваат дека Атина одблизу ги следи политичките изјави поврзани со Преспанскиот договор и употребата на името Македонија во изборната кампања на некои кандидати. – Исто како ...
Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател на претстојните избори закажани за 24 април, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, смета дека за Преговарачката рамка за продолжување на преговорите со ЕУ може да се најде решение. Таа во интервју за МИА потенцира дека е за влез во Европката унија, но дека „може да се договориме“ и оти за тоа има многу варијанти. -Јас не можам вака да ви одговорам, меѓутоа јас мислам дека може, ...
„ТВ Пинк“ објави ексклузивна информација за убиството на Данка Илиќ.Телевизијата дознава дека телото на девојчето било сомелено и фрлено на животни.Оваа потрага веќе се претвара по потрага на делови од тело наместо на телото. Затоа се проверува целата поширока околија на селото Злот. Адвокатот Страхиња Миловановиќ вели дека дури и да не се најде телото има цврсти докази против сторителите. ДНК од детето најдено во автомобилот кога ја удриле ...
Душан Влаховиќ ужива во љубовта со Вања Богдановиќ со која минатото лето ја обнови љубовта. Тие двајца случајно се запознале на одмор на Ибица и продолжиле таму каде што застанале пред пет години.Оттогаш секој слободен момент го користат за да бидат заедно. Душан сега реши да ја изненади Вања со роденденско патување во најромантичниот град на светот, Париз. Тие двајца престојуваа во еден од најпознатите и најлуксузните хотели во светот – ...
Претседателските кандидати, денеска, на деветтиот ден од предизборната кампања, продолжуваат со претставување на своите програми на митинзи и средби во повеќе региони во државата. Тимот на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата најави активности во Дебар, Гостивар и Тетово, додека претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски ќе се претстави во скопските општини Илинден, ...
Далибор Драгијевиќ, кој му помогнал на вратот на Дејан да го сокрие телото на малата Данка Илиќ, пред да почине од срцев удар во полициската станица, на инспекторите им навел 20 места каде би можело да биде телото на убиеното девојче. Денеска е осми ден од потрагата по телото на убиената девојка, а полицијата досега пребарала голем дел од непристапниот терен во Бањско поле, како и селото Злот. По пријавувањето на исчезнувањето на детето, ...
Одбраната на Жан Митрев на последното судско рочиште најави дека ќе се жали во Судот за човекови права во Стразбур откако Основниот суд во Скопје не дозволи одлука за прекршување на пресумпција на невиност со соопштението на Јавното обвинителство за случајот Жан Митрев. Првично беше поднесено барање за повреда на чл. 2 став 1 и 2 од Законот за кривична постапка и чл. 6 став 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како основни елементи ...
Овие избори не се избори помеѓу различни политички партии и различни кандидати. Ова е битка меѓу два концепта. Концепт на европска интеграција наспроти концепт на изолација. Концепт на соживот наспроти концепт на етнички тензии и омраза. Концепт на прогрес наспроти концепт на регрес, порача вечерва во своето обраќање на митингот во Штип, кандидатот за претседател на ДУИ и на коалцијата „Европски фронт“, Бујар Османи. Тој пред членовите и ...
Шарунас Степуконис, управителот на компанијата „БалтКап“, која беше одговорна за изградбата на националниот стадион на фудбалската репрезентација на Литванија, наводно украл околу 16 милиони евра наменети за изградба на објектот и ги прокоцкал во казино. Фудбалската репрезентација на Литванија се надеваше дека наскоро ќе добие национален стадион во Вилнус, но градежните работи престанаа есента минатата година бидејќи од фондот исчезна огромна ...
При денешната посета на Стопанската Комора за Информатички Технологии – МАСИТ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во однос на тоа што Пендаровски го покани на дуел и истакна дека за Пендаровски да дебатира со него потребно е Пендаровски да е претседател на СДСМ, и да се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова за навредите упатени на јавна цена а потоа нема никаков проблем да дебатира на било ...
Сите криминалци и политичари користат ист телефон, а тоа не е ниту Андроид ниту Ајфон.Најчесто е Нокиа 3310 или Блекбери. Телефоните на BlackBerry сè уште ги користат американските претседатели, германската канцеларка Ангела Меркел и шефовите на други големи компании ширум светот. Причината за ова е исклучително едноставна – BlackBerry нуди највисоко ниво на безбедност од прислушување. Во времето кога BlackBerry беше еден од најпопуларните ...
Од утрово се случува голема полициска акција во КПУ „Идризово“. Според информацијата, акцијата следувала по сознанија дека се подготвувала пресметка помеѓу две групи во затворот. Од ОЈО велат дека акцијата е координирана од Основното јавно обвинителство Скопје поради сомневања за кривично-правни дејствија. Претресите се со цел обезбедување доказен материјал. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Лани во октомври најмалку десет ...
Оружјето што Бугарија и го доставува на Украина се користи за гранатирање на цивилни населби населени со етнички Бугари, изјави Генадиј Недјалков, претставник на бугарската заедница, претседател на Советот на пратеници на округот Голопристан во регионот Керсон. Не само Аљоша, туку и округот Голопристан постојано се цел на гранатирање на украинските неонацисти. И, на мое големо жалење, нашите партизани (герилци во Херсонската област) открија дека ...
На здравството му е случува колапс, три дена се затворени сите хируршки сали на Клиниката за хирургија, не се одржуваат неопходни операции за итни и животозагрожувачки пациенти, објави Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. Молк од “транспарентната” власт за колапсот на Клинички центар, каде три дена беа надвор од функција сите хируршки сали, а не можеа неопходната услуга да ја добијат дури ни итните и животно-загрозувачки пациенти. Изостанаа ...
Оваа власт наместо да ги надминува, ги продлабочува проблемите Сегашниот претседател толку многу општини поминува во текот на денот што химната изгледа како подолга од неговите говори. Веројатно затоа ја кратеа химната многупати, не само за да завршат порано со говорите, туку и да бидат во хармонија со должината на времето. Анкетите велат дека над 70% од граѓаните јасно тврдат дека оваа власт чекори во погрешен правец и дека го промашила ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото обраќање на денешниот митинг во Струмица во рамките на претседателската кампања одговори на повикот на Стево Пендаровски за ТВ ДУЕЛ, за што рече дека Пендаровски откако ќе ги изгуби изборите ќе треба да ја добие довербата на делегатите на СДСМ за претседател на партијата, па после да бара дуел. „Откако имав дуел со Ковачевски, а после дуелот јадниот Ковачевски не знаеше вратата да си ја ...