Поради силното невреме, градоначалникот Горан Герасимовски свика итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Во тек е координација на сите надлежни служби, по што екипите веднаш излегуваат на терен за увид во состојбата и преземање на сите потребни мерки. Ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат непотребно движење додека трае невремето. Доколку имаат пријави за паднати дрвја, оштетена инфраструктура или други ...

Поради состојбата, повеќе скопски општини ги активираа своите кризни штабови и ги мобилизираа службите за заштита и спасување. Силното невреме проследено со пороен дожд и силен ветер што попладнево го зафати Скопје предизвика материјални штети во повеќе делови од градот. Пријавени се паднати дрвја и искршени гранки, оштетена инфраструктура, блокирани улици, а во општина Гази Баба е оштетен и кровот на основното училиште „Наум Наумовски ...