
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Заклучно со 12 часот денеска, Македонија се соочува со вкупно десет пожари на отворен простор. Дел од нив се веќе изгаснати, други се ставени под контрола, но четири жаришта и понатаму активно јарат низ земјава. Најтешка е состојбата во јужниот дел, каде што на планината Кожуф, во близина на селото Петрово во општина Гевгелија, огнот проголта букова шума. Силни тимови се на терен, но поради непристапниот предел, гаснењето оди отежнато. Проблеми ...
Вивијан Вилсон, 21-годишната ќерка на Елон Маск и на неговата поранешна сопруга Јустин Вилсон, јавно изјави дека е финансиски независна и дека не добива никаква материјална поддршка од таткО ѝ. Таа ги демантираше шпекулациите дека живее од наследство или корист од богатството на Маск, нагласувајќи дека никогаш не примила такво нешто. Семејна дистанца и нов идентитет Од 2020 година, кога Вивијан се изјасни како трансродна личност, односите со ...
Десетици пожарникари од шпанската автономна заедница Каталонија бараат маж кој исчезна во неделата кога река, надојдена од обилните дождови, го однесе автомобилот во кој се наоѓал со неговиот син, чие тело беше пронајдено синоќа. Потрагата, според новинската агенција EFE, е фокусирана на дел од патот од шест километри помеѓу местото каде што автомобилот последен пат е виден, соопштија каталонските пожарникари. – Моето најдлабоко сочувство до ...
Неколку месеци по јавниот судир на социјалните мрежи, преполн со жестоки меѓусебни обвинувања и навреди, американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск вчера повторно се сретнаа на комеморацијата и погребот на активистот Чарли Кирк. Тие разговараа неколку моменти во Стејт фарм арената во Глендејл, пред американскиот претседател да му сигнализира на сопственикот на „Тесла“ и „Спејс икс“ да си замине. Но, средбата беше срдечна, ...
Поголемиот дел од вработените во Еврозоната не би се согласиле да им се намали платата во замена за погодноста за работа од дома, според анкета објавена денес од Европската централна банка (ЕЦБ). Според извештаите, дури 70% од работниците би одбиле какво било намалување на платите во замена за можноста да работат 2-3 дена во неделата од дома. Приближно 13% од вработените би прифатиле намалување на платата од 1 до 5%, додека 8% би се согласиле на ...
Се работи на отстранување на дефектот на еден од радарите на Меѓународниот аеродром Скопје и во моментов тоа нема никакво безбедносно влијание врз одвивањето на авиосообраќајот, велат од М-НАВ за МИА. – Стапено е директно во контакт со производителот и дозволен е онлајн пристап до уредот за да се направи дијагностика од производителот и да дадат предлози и поддршка за решавање на проблемот. М-НАВ воедно, вонредно ги ангажира своите стручни лица ...
Реката Драгор и натаму ќе служи како депонија за отпадните води на битолчани и индустријата од Пелагонискиот регион. Во оваа река со години се испуштаат фекалиите и индустриските отпадни води од Битола и околните места. На територијата на Општина Битола околу 84% од вкупното население е приклучено на канализацијата, а во градот овој процент изнесува 99. Станува збор за повеќе од 30.000 домаќинства, кои во своите комунални сметки одвојуваат ...
„Паметен шопинг“ значи да купувате свесно, без притисок и без непотребни компромиси. Наместо да чекате акциски денови и краткотрајни попусти, паметното купување значи стабилни цени кои ви даваат сигурност и слобода. Токму тоа е суштината на концептот „Секогаш поволно“ – во dm купувате долгорочно поволно, бидејќи цените на повеќе од 7 000 производи нема да се зголемат најмалку 4 месеци! View this post on Instagram A post shared by dm_makedonija ...
Во Македонија со ВМРО-ДПМНЕ почна време во кое уметноста се вреднува, културното наследство се чува, а културата станува видлива и достапна за сите, рече денеска Викторија Андонова од ВМРО-ДПМНЕ. – Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа македонската култура во прв план – со над 2.500 поддржани проекти, нови инвестиции, обновени институции и силна меѓународна промоција. Во 15-месечниот мандат Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воведе делегиран ...
Арнолд Шварценегер отворено зборувал за разводот од неговата поранешна сопруга, Марија Шрајвер, за време на појавувањето на церемонијата на доделување ѕвезди на Холивудската патека на славните на новинарот Крис Волас. Седумдесетиосумгодишниот актер отворено зборувал за своето искуство од бракот со новинарка додека зборувал како гостин на настанот. – Причината зошто знам дека е фантастичен новинар е затоа што знам многу за новинарите. Ме ...
Најмалку три лица се убиени во руското гранатирање на јужноукраинскиот град Запорожје, соопштија денес регионалните власти. Во гранатирањето се повредени и две лица, од кои едно е во сериозна состојба, напиша на Телеграм шефот на регионалната администрација на Запорожје, Иван Федоров. 🇺🇦 Zelensky: Rescue operations and clearing of rubble continue after the Russian strike on Zaporizhzhia. 15 high-rise buildings and 10 private houses have been ...
Aдминистрација на претседателот на САД Доналд Трамп планира да го стопира купувањето збогатен ураниум за нуклеарни централи со цел да постигне „независност“ од Русија и Кина и да премине на сопствен ураниум. Mинистерот за внатрешни работи Даглас Бергам и министерот за енергетика Крис Рајт развиваат план за враќање на домашното производство на збогатен ураниум. – Неприфатливо е Америка да купува ураниум од Русија, затоа работиме многу напорно на ...
Борислав Крмов, кој се претставува како аскет, кој е гласен во јавноста за еднаквоста на граѓаните и ги напаѓа останатите колеги пратеници за законски патни трошоци, тој од Левица, од парите на граѓаните преку Буџетот на државата и од нивните членови кои им донирале пикнал во џеб над 270 илјади денари, рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. – Дали и Крмов можеби е сметководител во Левица – праша Манасиевски. Лицемерието и дволичноста ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) започна процес на ребрендирање на полицијата со набавка на нови униформи, кои треба целосно да ги заменат досегашните, оценети како непрактични и нефункционални. Според надлежните, новите униформи ќе бидат модерни, квалитетни и функционални, изработени по пример на униформите што ги носат европските полициски сили. Во рамки на подготовките, МВР оствари технички дијалог со 13 компании кои пројавија ...
Германија смета дека признавањето на палестинската држава треба да се случи дури на крајот од преговарачкиот процес за решение со две држави. – Договорено решение за две држави е патот што може да им овозможи на Израелците и на Палестинците да живеат во мир, безбедност и достоинство – изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пред да отпатува за Њујорк на Генералното собрание на Обединетите Нации. Со оваа изјава Германија ја ...
Основниот кривичен суд во Скопје донесе пресуда со која докторката Мери Пешевска е прогласена за виновна за тешки дела против здравјето на луѓето во предметот „Онкологија“. Таа доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело. Судијката Снежана Марковска, која ја изрече пресудата, нагласи дека казната не значи избегнување на одговорност, туку предупредување кое може да ја ...
Монетарната политика и во иднина ќе биде претпазлива согласно предизвиците од неизвесностa поврзана со домашното и надворешното окружување. Народната банка и натаму проактивно ќе ги следи состојбите и ќе биде подготвена да ги искористи сите расположливи инструменти и да преземе соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност. Ова, како што соопшти Нардна банка, ...
Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најјасната слика за политичка измама, тие дури и не веруваат на зборовите што ги изговараат, соопшти Вреди. „Едниот држи митинг без другиот, вториот оди во Арачиново, не за да го честита затворањето на каналот што го реализираше Вреди, туку за да ги продаде истите теми што жителите ги слушаат 20 години. Лаги и измами! Оваа коалиција се удира по гради за Албанците, но едниот е зафатен со тендерите на ...
Игор Стефановски Иџе изминатиот викенд во Бузет, Хрватска, ја возеше својата 200-та трка во кариерата и ја заврши сезоната во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) со одлично трето место во група 1. Со своето „Ферари“, Иџе подготви вистинско шоу за публиката на последната трка, која традиционално собира голем број љубители на моторспортот. Поддршка доби и од бројни Македонци кои специјално дојдоа во Хрватска да го бодрат. – Завршен е ...
Македонската економија покажува висок номинален раст во последните четири квартали од 7,8%, имаме високи износи на странски инвеститори и капитални инвестиции, инфлација која ќе ја стабилизираме на 4% годинава и во следните години на 3% и влада која сака да му помогне на стопанството. Дополнително нема веќе политичко влијание врз работата на бизнисите. Овие показатели се добра препорака, со оглед на случувањата во Европа и светот. Мојот кабинет ...
Просечната концентрација на суспендирани цврсти честички (PM10) во Трубарево, измерена во периодот од 21 септември во 08:30 часот до 22 септември во 08:30 часот, изнесувала 14.2 µg/m³, соопшти Министерството за животна средина. Највисоката вредност регистрирана во истиот период е 44.1 µg/m³, додека тековното ниво на мерење изнесува 11.9 µg/m³. Од Министерството нагласуваат дека овие резултати се во рамки на дозволените и не ја надминуваат ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, утрово излезе на терен заедно со општинските хигиеничари и затекна контејнери опколени со купишта ѓубре. Од лицe место тој испрати остар апел до Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ редовно да го собира отпадот и да ја исполнува својата законска обврска. – Вака Комунална хигиена си ја завршува својата работа. Како изминативе години, така и денеска, центарци се будат во ѓубре. Нашите ...
Вечерва со почеток во 20 часот, Париз повторно ќе биде во центарот на светскиот фудбал – во театарот „Шателе“ ќе се одржи свечената церемонија за доделување на Златната топка за 2025 година. Еден од најпрестижните трофеи во спортот ќе го добие најдобриот фудбалер во светот, а името на добитникот сè уште се чува во строга тајност. По минатогодишните измени во правилата, победникот не се известува однапред, а единствената личност која го знае ...
Кевин Костнер разговарал со принцезата Дијана, преку Сара Фергусон, изразувајќи го својот интерес за продолжение на филмот „Телохранител“ каде што таа требало да игра принцеза, а Кевин да биде нејзин телохранител кој ќе ѝ го спаси животот. Притоа, ветил дека ова ќе биде направено со вкус и дека тој ќе се грижи за неа, пишува Дејли Мејл. Овие тврдења неодамна ги потврдил и поранешниот батлер на Дијана, Пол Барел, кој во својата најнова книга „The ...
Се наоѓаме во клучен момент од нашата историја кога безбедносните предизвици повеќе не се ограничени само на традиционалните закани како што е организираниот криминал, трговијата со дрога и корупцијата, туку се преплетуваат со нови и сè посложени опасности, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој ја отвори ретренинг конференцијата на европскиот огранок на Асоцијацијата на националната академија на Сојузното биро за истраги ...
Фудбалерот на Барселона, Маркус Рашфорд, беше изоставен од почетната постава на натпреварот со Хетафе (3:0) во петтото коло од шпанската Ла Лига од дисциплински причини, според „Мундо Депортиво“. Според извор, се очекувало 27-годишниот Англичанец да започне, но влегол во игра само во второто полувреме поради доцнење на состанок на тимот. Рашфорд на крајот му асистираше на Дани Олмо. Напаѓачот е позајмен во Барселона од Манчестер јунајтед. Тој ...
Најбогатиот човек во Европа и моден магнат Бернар Арно остро се спротивстави на евентуалното воведување данок на богатство во Франција, предупредувајќи дека таков потег би имал катастрофални последици за економијата. Основачот и директор на луксузниот конгломерат LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton изјави за Sunday Times дека предложениот данок од 2% на целиот имот е повеќе политичка порака отколку економско решение. -Тоа би била смртоносна ...
Се надеваме дека ќе постигнеме нешто, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на новинарско прашање дали мисли дека може да има дипломатско решение за конфликтот во Газа. – Ја проучуваме Газа и многу интензивно се занимаваме со Газа. Таму е вистински хаос – рече Трамп. „Тајмс оф Израел“ потсетува дека САД сметаат дека признавањето на државата Палестина од неколку нејзини сојузници, како што се Велика Британија, Австралија и Канада, е ...
На почетокот на септември, палестинскиот дипломат Хусан Зомлот беше поканет на интервју во аналитичкиот центар Чатам Хаус (Chatham House) во Лондон. Токму Белгија, како и Обединетото Кралство (Велика Британија), Франција и други земји, ветија дека ќе ја признаат Државата Палестина во Обединетите нации (ОН) во Њујорк. Д-р Зомлот го опиша ова како значаен момент. „Тоа што ќе го видите во Њујорк би можело да биде навистина последен обид за ...
Пејачот на „Watermelon Sugar“, Хари Стајлс (31), им се придружил на 50.000 тркачи на Берлинскиот маратон, користејќи го лажното име Стед Сарандос, во обид да остане невидлив. Хари ги импресионирал гледачите претрчувајќи ја импресивната дистанца од 42.2 километри за помалку од три часа, при што поставил личен рекорд. Тој ја поминал целта по импресивни 2:59:13 часа, што е просечно темпо од 6:50 по милја. За споредба, победникот на трката, ...