Обилните врнежи што го зафатија регионот во последното деноноќие предизвикаа нагли покачувања на водостоите, излевања на реки и повеќе интервенции низ државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според првичните податоци, најсериозна е ситуацијата во Битолскиот и Преспанскиот регион, каде што неколку реки ги напуштиле своите корита, а водата влегла во куќи и стопански објекти. Битолски регион Реката Шемница се излеала кај селото ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информација за состојбата со обилните врнежи заклучно со 8 часот изутрината соопштува дека има поплавени домови и земјоделски површини, како и одрони на патишта во дел од државава. Во Општина Ресен, како последица на обилните врнежи, дошло до излевање на реките Болнска и Источка во селата Царев Двор и Дрмени, поради што поплавени се над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделски површини. – ...
Југозападниот и Пелагонискиот регион под вода.Најкритично во Охрид, Ресен и Битола.Поплавени се десеттина куќи во охридското село Орман .Поради одрони и поплави затворен е дел од патот Охрид Свети Наум. Жителите велат ова не е само временска непогода,туку и човечки фактор, дивоградби, но и негрижа - нередовно чистење на коритото и каналите.Родот во село Орман е потполно уништен, нивите и овоштарниците се под вода. Жителите велат ќе поднесат ...

