Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американската делегација, а претстои уште еден состанок во поширок формат, објави РБК Украина. Зеленски се сретна со секретарот на американската армија, Ден Дрискол и со генерали, а потоа ќе следи состанок во нов формат, на кој ќе присуствува и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров. Американските медиуми вчера објавија дека американски и руски претставници ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му рече на секретарот на американската армија, Ден Дрискол дека е подготвен да соработува со администрацијата на Трамп на нов мировен план, потврдија американски и украински претставници, пишува американскиот медиум Аксиос. Овој потег доаѓа и покрај тоа што планот бара огромни отстапки од Украина, вклучително и предавање на територија на Русија. Наместо целосно да го отфрли овој предлог, ...

Елон Маск наводно прашал друг гостин дали верува дека крунскиот принц на Саудиска Арабија е терорист, според читач на усни. Милијардерот филантроп, кој драматично ја заврши својата врска со Доналд Трамп пред шест месеци, сега е цврсто вратен во корист на претседателот, присуствувајќи на раскошна вечера во чест на Мохамед бин Салман во вторникот. Но, Маск очигледно не можел да одолее на лукава забелешка упатена до извршниот директор на Фајзер, ...

Белгиското вето за замрзнување на рускиот имот во ЕУ може да влијае на одлуката на Меѓународниот монетарен фонд за испраќање на следната транша помош за Украина, пишува бриселски „Политико“. ММФ ќе бара гаранции за долгорочна одржливост на украинските финансии, а европските претставници сметаат дека заплената на руските средства би можела да го убеди фондот во тоа. Всушност, Белгија, која ги држи најголемите руски депозити во Европа, е најгласен ...

Граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при подигнување на пратките од странство, вклучително и оние порачани преку платформата ТЕМУ, и по измените на Законот за ДДВ – уверуваат од Министерството за финансии. Од таму смируваат дека нема место за паника, бидејќи системот на прием и царинење останува ист. „И по измените, ДДВ и понатаму останува пресметан во цената на производот. Граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци, ниту каква било ...

Во услови на зголемена светска неизвесност и променлива економска средина, силните домашни економски фундаменти се клучот за зачувувањето на стабилноста и за постигнувањето одржлив раст. Последните години се одбележани со висока променливост, видлива и преку високите индекси на светската неизвесност, што значително влијае и врз процесите на носење економски одлуки, истакнува гувернерот на Народната банка Трајко Славески, во колумната објавена во ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември 2025 година изнесува 65.173 денари и споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за претходниот месец која изнесуваше 65.544 денари е намалена за 371 денари, соопшти Сојузот на синдикатите. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември кошничката изнесува 80.548 денари. Во оваа пресметка ССМ користи кирија и сметки за вода и струја кои овој месец чинеле 21.505 денари. ...

Истражувачка анализа за системски криминал, институционален колапс и масовна штета на граѓаните Автор: Истражувачко новинарство Датум: Ноември 2025 Извор: Финансиски извештаи на СН Осигурителен Брокер – Битола (во стечај) за период 2022-2025 Contents ИЗВРШНО РЕЗИМЕ Анализата на финансиските извештаи на СН Осигурителен Брокер – Битола открива скандал од епски размери во македонскиот осигурителен сектор. Долгот на осигурителната компанија Евроинс ...

Јапонија со години важи за земја со најдобри резултати во спречувањето на мозочниот удар, а дел од научната јавност сè повеќе внимание му посветува на едно едноставно, но длабоко вкоренето јапонско секојдневие – редовното капење во топла вода. Нови истражувања покажуваат дека таканаречената термална терапија, односно контролирано изложување на телото на топлина, може да игра важна улога во намалување на кардиоваскуларните ризици, вклучувајќи го ...

Филмот за едно неочекувано пријателство меѓу човек и птица, една визуелно маестрална приказна за надеж и исцелување – и три престижни номинации од International Documentary Association (IDA). „Приказната за Силјан“, документарец кој веќе се нарекува визуелна поезија на големото платно, официјално е номиниран за Најдобар документарен филм (Best Feature Documentary) и уште две големи награди на IDA, претставувајќи се како едно од најсилните ...

Четиригодишно дете од Куманово испило повеќе таблети и се затруло, а по пружената помош во кумановската општа болница детето е транспортирано во Клиника во Скопје. – Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно годишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Куманово. Во ...

Уставната судијка Добрила Кацарска предложи, а Уставниот суд прифати да поведе постапка за законот со кој пензиите беа линеарно покачени за 2.000 денари, донесен во јули 2025 година. Со овој закон е предидено за септември пензионерите да добијат покачување од 1.000 денари и од март 2026 година уште по 1.000 денари. Според Судот, со линеарното покачување на пензиите е направена дискриминација. Односно, дискриминирани се пензионерите со високи ...

Во присуство на голем број Македонци од Албанија денеска во Тирана е отворена канцеларијата на македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, а на отварањето присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени, Жаклина Пешевска. Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи можноста на Македонците во Албанија да имаат ...

Истражувачка мрежа на Охридскај открива скандалозни финансиски малверзации Битола/Скопје, 20 ноември 2025 Contents Табелата на пријавени побарувања во стечајната постапка на СН Осигурителен Брокер АД Битола, објавена од стечајната управничка Даниела Блажевска на 31 август 2025 година, открива скандалозни финансиски односи помеѓу пропаднатото осигурително друштво СН Осигурителен Брокер Битола и финансиското друштво ФД Фактор ИН ДОО Скопје ...

Повеќе бранители на обвинетите во процесот „Кочани“ денеска побараа одложување на главната расправа, затоа што Судот на почетокот на рочиштето со одлука ги спои обвинението против 34 лица, поднесено на 13 јуни 2025 година и обвинението против Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, поднесено на 4 септември 2025 година. Contents По спојувањето на двете обвиненија, јавните обвинители истакнаа дека доставуваат ...

Катастрофата во Кочани не настана од дејствие или пропусти на една човечка рака, не настана само како последица на активацијата на пиротехниката таа кобна ноќ на 16 март 2025 година од навидум обичен сценски ефект, пожарот е само завршниот и фатален чин на ова институционално невидливо, а реално, многу присутно и одгаено зло кое исплива на виделина таа вечер, рече обвинителот Борче Јанев од ОЈО Кочани во воедниот збор на судењето за поарот во ...

Пропусти во постоперативниот период по извршениот царски рез на Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар, на која по породувањето ѝ беа отстранети три органи – матка, јајник и бубрег, покажале резултатите од супервештачењето од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје. Одговорноста, според презентираниот извештај на денешното рочиште во Основниот суд во Струга, ја сноси докторот – хирург кој ја извел интервенцијата, во случајот ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска прашана за случаи кога студенти кои добиле ваучер за набавка на електронски уред, а потоа ги продаваат, кажа дека проектот бил ветен и реализиран, а на совеста на студентите е како ќе постапуваат со нив. – Проектот беше ветен. Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што сме ветиле, ние и го остваруваме. Има досетливи студенти кои на разно-разни начини се обидуваат некако да си го ...

Водостоите на реките ширум земјата алармантно растат, а најкритична е состојбата на Вардар, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Бранот вода од горниот тек денес се движи кон Скопје и селата низводно, со ризик за локални излевања, особено на потегот од Јурумлери до Зелениково. – Локалните излевања и мали заезерувања веќе се можни. Граѓаните треба да бидат внимателни при движење покрај овие делови од Вардар – велат од ...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вели дека формирање анкетна комисија во Собранието за трагедијата во „Пулс“ не би било целисходно и потребно во овој момент, а дека по судската постапка може да се формира таква комисија за да се бара политичка одговорност. Во гостување на ТВ Сител Коцевски порача „политиката да ги тргне рацете од оваа постапка затоа што се води судска постапка“. – Очекуваме транспарентна постапка, динамиката на судење ја ...

Тој има 22 години, студира на Техничкиот универзитет во Минхен и објави војна на вселенскиот отпад. Со својот стартап „Проект С“, тој сака да ја исчисти орбитата на Земјата пред облаците од отпад да ги загрозат сателитите и астронаутите. Секој што сака да разговара со Леонидас Аскианакис прво мора да најде состанок во својот календар. И тој календар е прецизно испланиран – во интервали од 30 минути, од 5 часот наутро до 23 часот. Состаноците? ...

Новото истражување нуди зрак надеж и потенцијално објаснување зошто доаѓа до еден од најтешките моменти во прогресијата на Алцхајмеровата болест, кога пациентите престануваат да ги препознаваат лицата на оние што им се најблиски, губејќи ги спомените за семејството и пријателите. Contents Имено, научниците открија клучен механизам зад ова болно губење на социјалната меморија, отворајќи ја вратата за нови опции за третман, пишува Science Alert. ...

Како продолжение на активностите за развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост, Општина Охрид успешно ја реализираше Обуката за менторство за почетници во бизнис и постојни претпријатија управувани од жени. Обуката е втора фаза од спроведувањето на поддршката за жени-претприемачи. Во оваа фаза учествуваа жените кои претходно добија сертификати на Обуката за претприемништво и стекнаа предуслови да продолжат со дополнителен ...

Претставници на Европската Унија ги повикаа сите заинтересирани компании да се пријават на повикот за стратешки проекти на ЕУ, кој трае до средината на јануари. Со вториот повик ќе се финансираат нови инвестиции во рудници и центри за преработка и рециклирање на минерални суровини, преку забрзано издавање дозволи за работа. Апелот го сподели Керстин Јорне, генералната директорка во Европската комисија задолжена за внатрешниот пазар, индустријата ...

Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека руската страна се согласила да го продаде својот удел во НИС, објавија српските медиуми. – Руските сопственици се согласиле да го продадат својот удел во Нафтената индустрија на Србија, кој изнесува 56,15%. Тие преговараат за тоа. Ние сме вклучени и информирани за овие дискусии, коментираме речиси час по час, бидејќи сме втор најголем акционер со 29,8% и ...

Силни резултати за деветте месеци од 2025 година со прилагодена EBITDA од 1,7 милијарди евра и нето добивка од 0,4 милијарди евра прикажа компанијата PPC во чија сопственост е ЕДС, снабдувач со електрична енергија. Клучни финансиски податоци Најважни моменти од деветте месеци во 2025 година PPC забележа силни перформанси во третиот квартал, по солидните резултати од вториот квартал, поради подобрувањето на целокупниот интегриран бизнис, како и ...

Големиот пожар што во понеделник навечер ја зафати загрепската зграда на „Вјесник“ предизвика интерес во целиот регион. Според првичните наоди на истрагата, пожарот избувнал поради дефект во противпожарниот систем, кој овозможил огнот брзо да се прошири низ внатрешните делови на објектот, јавува ХРТ. Подрачјето околу Славонска авенија, каде се наоѓа зградата, сè уште е под силно полициско и противпожарно обезбедување. Влезот во зградата е ...

Неколку млади лица биле повикани на информативен разговор во хрватската полиција поради сомнение дека можат да се поврзат со можната подметната палеж на зградата „Вјесник“ во Загреб, јави Јутарњи лист. Според изворите, тие не се третирани како осомничени, но полицијата располага со сознанија кои ги поврзуваат со местото на пожарот. Хрватската полиција не сакала ниту да потврди ниту да демантира информации за разговорите, додека увидот на местото ...

Обилните дождови што утрово ја зафатија општина Будва предизвикале масовно поплавување на улиците и се заканиле со неколку населени места. Три екипи на Службата за заштита и спасување биле испратени веднаш на терен. Големата количина врнежи го отежнала нормалното одвивање на сообраќајот, јавија црногорските медиуми. Граѓаните се јавувале во надлежните служби, пријавувајќи поплави што го попречуваат секојдневното движење и активностите. Еден ...

Американскиот претседател Доналд Трамп испратил висока воена делегација во Киев за да ги рестартира мировните преговори со Москва. Според „Волстрит Џурнал“, делегацијата која веќе слетала во Киев оваа недела е составена од секретарот за одбрана Ден Дрискол и двајца генерали. Нивната посета на Киев не била јавно објавена од безбедносни причини. Белата куќа изрази надеж дека до крајот на месецот ќе биде договорена рамка за завршување на војната ...

weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1021
weather icon

Загреб

1ᴼ / -1ᴼ
0.0
92%
1020
weather icon

Софија

3ᴼ / -2ᴼ
0.0
67%
1023
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.63
89%
1022
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -1ᴼ
0.19
92%
1020
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
84%
1021
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
95%
1022
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
93%
1022
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1022
Currency

61.635

Currency

53.0901

Currency

70.1569

Currency

34.6746

Currency

37.9141

Currency

65.9323

Currency

7.4921

Currency

0.682

Currency

0.34103

Currency

0.52443

Currency

1.24727

Currency

0.5921

Платина

53335.15

Никел

471217.42

Злато

136226.64

Родиум

258009.74

Кобалт

55.67

Рутениум

29192.88

Сребро

1861.11

Цинк

3.25

Иридиум

145787.60

Паладиум

45043.20

Калај

39.30

Бакар

10.60